покачување плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokachuvanje-plati/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 13:21:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покачување плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokachuvanje-plati/ 32 32 Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/linearno-pokachuvane-na-platite-vo-jp-deponija-drisla/ Wed, 31 May 2023 13:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=646502

Управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла донесе одлука за линеарно покачување на платите.

На сите вработени, платите ќе им бидат исплатени со покачување во висина од 2200 денари.

The post Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла донесе одлука за линеарно покачување на платите. На сите вработени, платите ќе им бидат исплатени со покачување во висина од 2200 денари.

The post Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла appeared first on Република.

]]>
Левица гласаше против покачување на платите во Водовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/levitsa-glasashe-protiv-pokachuvane-na-platite-vo-vodovod/ Fri, 12 May 2023 17:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=640258

Согласно препораките и колективниот договор со синдикатот, надзорниот одбор на скопски Водовод донесол долука за зголемување на платите. Но, како што објави претседателот Никола Несторовски, единствено „борците за права на работниците“, партијата Левица, гласале против.

За неполни 10 месеци уште едно покачување на платите во Водовод со едногласно донесена одлука(се разбира борците за права на работниците од Левица гласаа против). Нека е Аирлија!!!, пишува тој.

The post Левица гласаше против покачување на платите во Водовод appeared first on Република.

Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-na-sostanok-so-sindikatite-od-noemvri-pripadnicite-na-armijata-kje-dobijat-pokachuvanje-na-platata-od-2-000-denari/ Wed, 26 Oct 2022 07:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=565694

Во рамките на воспоставениот дијалог на министерката Славјанка Петровска со синдикатите во Министерството и Армијата, вчера во Министерството за одбрана се одржа средба на министерката Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата на која беше потврдено дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.

Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет”, рече министерката.

Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата.

На средбата на која со министерката Петровска и претставниците на синдикатите разговараа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и советникот на премиерот за одбрана, Драган Василевски, беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе допринесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата.

The post Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во рамките на воспоставениот дијалог на министерката Славјанка Петровска со синдикатите во Министерството и Армијата, вчера во Министерството за одбрана се одржа средба на министерката Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата на која беше потврдено дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.
Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет”, рече министерката.
Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата. На средбата на која со министерката Петровска и претставниците на синдикатите разговараа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и советникот на премиерот за одбрана, Драган Василевски, беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе допринесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата.

The post Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Разговараме со синдикатите, но потребно е решение кое нема да ја зголеми инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-razgovarame-so-sindikatite-no-potrebno-e-reshenie-koe-nema-da-ja-zgolemi-inflacijata/ Sun, 10 Apr 2022 09:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=486108

Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, премиерот Димитар Ковачевски.

Во врска со барањето на синдикатите за зголемување на платите, тој истакнува дека евентуалните мерки од фискалната политика „не смеат да влијаат негативно на монетарната политика и да предизвикаат инфлација“.

„Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите аспекти на економијата, а ние сме во секојдневна комуникација и неделна координација со Народната банка, бидејќи не смееме да дозволиме одредени мерки коишто би се носеле од фискалната политика да влијаат негативно на монетарната политика и да ја подгреваат инфлацијата“, нагласува Ковачевски.

Тој потоа во разговорот со МИА потсетува за мерките кои биле досега преземени со цел ублажување на кризата.

„Јас знам дека нашите граѓани ја чувствуваат кризата, се работи за исклучително тешка економска криза. Ние сите ресурси ги имаме насочено кон справување со истата. Презедовме мерки за да ја одржуваме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор и како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме, бидејќи сметаме дека не смее ценовниот шок да се прелее кај граѓаните. Само за споредба до колку не се тие мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки, сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе и сметам дека граѓаните тоа го препознаваат“,вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Разговараме со синдикатите, но потребно е решение кое нема да ја зголеми инфлацијата appeared first on Република.

Ковачевски: Ако се направи наеднаш зголемувањето на платите може да предизвика инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ako-se-napravi-naednash-zgolemuvanjeto-na-platite-moze-da-predizvika-inflacija/ Thu, 07 Apr 2022 10:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=484659

По порастот на минималната треба да растат и останатите, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторен притисок, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Разговорите со синдикатите за да се изнајдат решенија продолжуваат, нагласува Ковачевски, но не е добро што прво се најавија или веќе се организираат штрајкови како форма на притисоци, за тоа што на крај решение со кое ќе бидат задоволни сите мора да се најде низ преговори.

Сметам дека треба да се зголемуваат сите плати, меѓутоа тоа зголемување на платите треба да се прави низ методолошка рамка којашто нема да биде направена веднаш во еден момент затоа, што тоа може да предизвика дополнителен инфлаторен притисок од кој никој нема да има полза со оглед на тоа што зголемена инфлација само ќе ги изеде приходите коишто ги имаат работниците. Од таа причина и МТСП и вицепремиерот за економски прашања и министерот за финансии и министерот за образование се во постојани разговори со сите синдикати коишто покриваат различни гранки од општеството, рече премиерот во одговор на новинарско прашање.

Тој потсети дека од 2017 година наваму, најголемиот дел од платите се зголемени за повеќе од 20 проценти. Во образованието, рече, платите беа зголемени кумулативно 21 процент во изминатите години, платите на лекарите беа зголемени, исто како и капитациите за здравството. Тој додаде дека сето тоа е постигнато со разговори и оти така ќе се продолжи и во наредниот период.

Меѓутоа, исто така има една важна работа. Не е добро за економско-социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата. И во такви услови Владата разговара нормално со сите претставници на синдикатите и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение коешто ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние коишто ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати, рече Ковачевски.

Посочи дека ги замолил сите синдикати кои учествуваа во социјалниот дијалог, минималната плата да не биде причина за отпочнување на протести во однос на зголемувањето на платите.

Зошто? Затоа што тоа се работниците коишто работат во фабрики, кои работат во услужни сектори, кои доминантно работат со 85 до 90 проценти од сите вкупно вработени на минимална плата во приватниот сектор. Тој приватен сектор ги плаќа платите на сите коишто работат во јавниот сектор. Јавниот сектор има 138 илјади вработени. Тие 138 илјади вработени ги примаат своите плати благодарение на придонесите, на даноците коишто ги плаќа приватниот сектор. И тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести, истакна Ковачевски.

Според него, сите граѓани треба да имаат предвид во каква економска состојба се наоѓа светот, а со тоа и земјава.

Се надевам дека сите сме свесни дека светот, Европа и државата се наоѓаме во најголемата економска криза од Втората Светска војна наваму. Таа економска криза влијае врз зголемената цена на енергенсите, на храната и ако ги погледнете стапките на инфлација во САД и во Германија, во ЕУ тие се идентични како кај нас од причина што инфлацијата овде е увезена заради зголемувањето на цените на основните продукти, нафтата и нафтените деривати, електричната енергија, рече премиерот и притоа потсети дека како Влада преземале голем број мерки за поддршка на граѓаните за надминување на последиците од ваквата криза.

The post Ковачевски: Ако се направи наеднаш зголемувањето на платите може да предизвика инфлација appeared first on Република.

Итно усогласување на платите, а ако Владата не одговори КСС од понеделник ќе одлучува како ќе постапи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/itno-usoglasuvanje-na-platite-a-ako-vladata-ne-odgovori-kss-od-ponedelnik-kje-odluchuva-kako-kje-postapi/ Fri, 25 Feb 2022 12:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=463811

Уште еднаш повикуваме на разум и да седнеме да преговараме, во спротивно КСС следната недела ќе ги донесе своите одлуки како ќе постапува понатаму, мислам дека нема да биде коректно и натаму да бидеме игнорирани, изјави Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на Македонија, која на Владата и постави рок до 15 март да ги усогласи законите со Законот за минимална плата за да може сите плати соодветно да растат.

Бараме усогласување на платите согласно колективните договори и платите во јавниот сектор. Затоа што најголеми приматели на минимална плата во моментов се вработените во јавниот сектор. Ако има 80 илјади приматели на минимална плата, тие што земаат минимална и под минимална плата, според нашите анализи, 50 проценти односно околу 40 илјади се во јавниот сектор. Со покачувањето на минималната плата, тој процент во јавниот сектор ќе биде над 60, рече претседателот на КСС која денеска организираше конференција „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“ .

Одлучиле да ја организираат конференцијата и, покрај меѓународни претставници и експерти за работнички права од Меѓународната организација на трудот од Будимпешта, ги поканиле надлежните за да поразговараат и да им ги презентираат своите аргументи. Но, од Владата пратиле, како што рече Ралповски, „само чиновник од Министерството за труд и социјална политика колку да се каже дека во Македонија има дијалог“.

Во Македонија нема социјален дијалог, а ние му даваме шанса на дијалогот зашто сме синдикат и во вистинска смисла репрезент на работниците. Нашиот притисок од членството секој ден е пожесток. Од понеделник почнуваме со органите на синдикатот, се надевам дека ќе стигнеме до петок да го свикаме највисокиот орган на синдикатот – конференцијата, која одлучува за протести и генерални штрајкови. Часовникот истекува, 15 март се ближи, КСС нема да остане коректен до крај како што е сега, тоа манипулирање со нас за социјален дијалог и одложување на термините нема да помине. Ние не го бараме тоа од сега, туку веќе пет години Владата ги крши и законите и колективните договори. Време е да ставиме крај на ваквото однесување. Усогласување со колективните договори досега немало. Имаше само покачување на платите во 2019 година од 5 отсто во јавниот сектор, имаше 10 плус 10 проценти во образование и околу 20 до 30 проценти во здравството само за одредени групи. Време е да ги усогласиме платите затоа што јавниот сектор стана социјална категорија и со вакви плати не можеме да одиме ниту со реформи, ниту со дигитализација во јавниот сектор, истакна Ралповски.

Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полицијата, рече дека минималната плата утврдена на 18.000 денари е за две до три илјади денари повисока од основната плата на полицискиот службеник.

Полицаецот зема основна плата три илјади помалку од оваа плата што сега ќе ја дава Владата. Ова е срамно, жално и мизерно. Министерот пред Нова година се пофали дека ќе ја покачи платата 5 отсто во 2022 година, го нема со месеци и најверојатно планира тие 5 отсто да ги покачи во декември 2022 за да ја земеме платата во 2023-та. Апелираме Владата и премиерот да ја слушне пораката на КСС затоа што министерот Спасовски воопшто нема слух за оваа тема, рече Коцевски.

Лазар Јовевски, професор од Правниот факултет и експерт за трудово право, истакна дека клучот за скалестото покачување на платите е кај Владата како социјален партнер.

Социјалниот партнер кој ја има таа одговорност треба час поскоро да се одважи и да собере храброст да влезе во реален, вистински, издржан социјален дијалог со синдикатите и работодавачите за зголемување на платите на сите категории, нивоа, групи и подгрупи на вработени во сите сектори во нашата земја. На тој начин не само што ќе се добијат позитивни ефекти кај сите вработени, туку и ќе се почитуваат и законите и колективните договори, што е основен услов и нешто за што не се дискутира во правна држава и систем со владеење на правото, изјави Јовевски.

The post Итно усогласување на платите, а ако Владата не одговори КСС од понеделник ќе одлучува како ќе постапи appeared first on Република.

МОН и синдикатот уште денес може да потпишат за повисоки плати на наставниците, сè друго е лага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-sindikatot-ushte-denes-moze-da-potpishat-za-povisoki-plati-na-nastavnicite-se-drugo-e-laga/ Thu, 17 Feb 2022 14:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=459966

Многу пати пишував за Предлог законот за измени и дополнување на Законот за наставници, но и покрај бројните објави имам впечаток дека некои нешта останаа нејасни за широката јавност, вели професорката Весна Јаневска, која објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој закон не е добар за наставниците.

1. Предвидува вработување на наставници на неопределено време без приправнички стаж со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието
2. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот, кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањатра. На ВМРО-ДПМНЕ со оглед на бројот на градоначалници освоени на последните локални избори ова и може да му оди во прилог, однсно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би можеле да ја искористат ситуацијата во корист на сопствената партија, но решението е лошо и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува.
3. Законот е крајно дискриминаторски затоа што во членот 25 се предвидуваат различни плати за наставници вработени пред и по изгласување на законот (види слика).
4. Има и други елементи, но најбитните се погоре кажани, вели таа.

Јаневска потенцира и дека Законот не предвидува покачување на платите.

Во законот е дадена категоризација според ниво на квалификации/образование на вработените во образованието како основа за пресметка на плата. Нивото на квалификација е изразено во бодови, што не значи покачување на платата. Пракса е во Македонија МОН и репрезентативниот синдикат да потпишат спогодба за износот на вредноста на бодот на наставниците. Тоа значи дека МОН и синдикатот уште денес/ утре може да потпишат спогодба и платите на наставниците да се покачат. Сè друго е лага. Инсистирањето за донесување на овој закон е за да поминат другите членовите од законот, а не покачување на платата на наставниците, вели Јаневска.

The post МОН и синдикатот уште денес може да потпишат за повисоки плати на наставниците, сè друго е лага appeared first on Република.

]]>

Многу пати пишував за Предлог законот за измени и дополнување на Законот за наставници, но и покрај бројните објави имам впечаток дека некои нешта останаа нејасни за широката јавност, вели професорката Весна Јаневска, која објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој закон не е добар за наставниците.
1. Предвидува вработување на наставници на неопределено време без приправнички стаж со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието 2. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот, кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањатра. На ВМРО-ДПМНЕ со оглед на бројот на градоначалници освоени на последните локални избори ова и може да му оди во прилог, однсно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би можеле да ја искористат ситуацијата во корист на сопствената партија, но решението е лошо и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува. 3. Законот е крајно дискриминаторски затоа што во членот 25 се предвидуваат различни плати за наставници вработени пред и по изгласување на законот (види слика). 4. Има и други елементи, но најбитните се погоре кажани, вели таа.
Јаневска потенцира и дека Законот не предвидува покачување на платите.
Во законот е дадена категоризација според ниво на квалификации/образование на вработените во образованието како основа за пресметка на плата. Нивото на квалификација е изразено во бодови, што не значи покачување на платата. Пракса е во Македонија МОН и репрезентативниот синдикат да потпишат спогодба за износот на вредноста на бодот на наставниците. Тоа значи дека МОН и синдикатот уште денес/ утре може да потпишат спогодба и платите на наставниците да се покачат. Сè друго е лага. Инсистирањето за донесување на овој закон е за да поминат другите членовите од законот, а не покачување на платата на наставниците, вели Јаневска.

The post МОН и синдикатот уште денес може да потпишат за повисоки плати на наставниците, сè друго е лага appeared first on Република.

]]>
Славески: Според сегашното покачување на минималната, наставник треба да има плата од 44.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-spored-segashnoto-pokachuvanje-na-minimalnata-nastavnik-treba-da-ima-plata-od-44-000-denari/ Thu, 10 Feb 2022 06:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=456445

Никој не кажал дека против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е зголемување на платите, напротив, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.

– Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани, рече Славески.

Славески изјави дека кога ќе праша некој зошто нема синдикати кај приватниците, а 5 години имаме социјалдемократска влада, треба да се знае дека СДСМ ја носи вината зошто е тоа така во приватниот сектор и има вакви тензии во општеството.

Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот, истакна Славески

The post Славески: Според сегашното покачување на минималната, наставник треба да има плата од 44.000 денари appeared first on Република.

]]>

Никој не кажал дека против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е зголемување на платите, напротив, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески. Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.
– Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани, рече Славески.
Славески изјави дека кога ќе праша некој зошто нема синдикати кај приватниците, а 5 години имаме социјалдемократска влада, треба да се знае дека СДСМ ја носи вината зошто е тоа така во приватниот сектор и има вакви тензии во општеството. Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот, истакна Славески

The post Славески: Според сегашното покачување на минималната, наставник треба да има плата од 44.000 денари appeared first on Република.

]]>
Славевски: Да бидеме на чисто, никој не е против зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slavevski-da-bideme-na-chisto-nikoj-ne-e-protiv-zgolemuvanje-na-platite/ Wed, 09 Feb 2022 20:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=456442

„Да бидеме начисто никој не е против зголемување на платите. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните“, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.

„Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот“, истакна Славески.

The post Славевски: Да бидеме на чисто, никој не е против зголемување на платите appeared first on Република.