покачени цени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokacheni-ceni/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Oct 2023 11:49:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покачени цени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokacheni-ceni/ 32 32 Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zgolemeniot-danok-za-luksuzni-proizvodi-se-pretvori-vo-povisok-danok-za-osnovnite-proizvodi/ Sat, 07 Oct 2023 11:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=688910

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Велес во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ запрашан како го коментира последното зголемување на ДДВ-то за многу производи потенцираше дека власта ова го прави затоа што на власта и недостасуваат пари во буџетот, бидејќи како што рече ги трошат на сомнителни тендери и криминал.

-Ако се сеќавате пред неколку месеци тоа го комуницираа со јавноста дека станува збор за зголемен данок на луксузни производи па како синоним споменуваа перки од ајкула, но видовте дека не е така, туку станува збор за основни прехранбени производи. Јасно е тоа што го зборувавме и тогаш и сега, излегува дека е точно а тоа е дека им недостасуваат пари во буџетот, а им недостасуваат пари во буџетот затоа што го трошат немилосрдно буџетот за проекти за кои што шајка не е закована. Знаете за еден таков проект потрошија повеќе од 200 милиони евра но за жал немаме ниту шајка заковано и затоа сега им требаат уште пари за тендери во четири очи, за провизии за кои што се враќаат. Јавна тајна е дека човек фирма со ташничка шетаат низ Македонија и нудат работа за тој проект, а за сметка на тоа бараат огромни провизии. Овие информации стигаат до нас, јас ги повикувам надлежните органи тоа да го проверат и истражат, доколку тие тоа не го направат, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно има намера да се занимава со овие девијантни однесувања, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски дополни дека кога власта нема пари во буџетот, тогаш единствен извор за повеќе пари се поголемите даноци кои треба да ги плаќаат граѓаните.

-Така што да сумирам им недостасуваат пари, што прават тогаш, тогаш единствен извор за повеќе пари им се поголеми даноци и на сметка на граѓаните, на грбот на граѓаните, затоа граѓаните треба да се свесни дека секој еден денар што го плаќаат повеќе за производите кои што до вчера ги плаќале поевтино се директно пари за тендери во четири очи на владата на ДУИ и СДСМ и се директно пари кои што ги плаќаат на овие луѓе кои што се дел од коалицијата ДУИ и СДСМ, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Велес во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ запрашан како го коментира последното зголемување на ДДВ-то за многу производи потенцираше дека власта ова го прави затоа што на власта и недостасуваат пари во буџетот, бидејќи како што рече ги трошат на сомнителни тендери и криминал. -Ако се сеќавате пред неколку месеци тоа го комуницираа со јавноста дека станува збор за зголемен данок на луксузни производи па како синоним споменуваа перки од ајкула, но видовте дека не е така, туку станува збор за основни прехранбени производи. Јасно е тоа што го зборувавме и тогаш и сега, излегува дека е точно а тоа е дека им недостасуваат пари во буџетот, а им недостасуваат пари во буџетот затоа што го трошат немилосрдно буџетот за проекти за кои што шајка не е закована. Знаете за еден таков проект потрошија повеќе од 200 милиони евра но за жал немаме ниту шајка заковано и затоа сега им требаат уште пари за тендери во четири очи, за провизии за кои што се враќаат. Јавна тајна е дека човек фирма со ташничка шетаат низ Македонија и нудат работа за тој проект, а за сметка на тоа бараат огромни провизии. Овие информации стигаат до нас, јас ги повикувам надлежните органи тоа да го проверат и истражат, доколку тие тоа не го направат, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно има намера да се занимава со овие девијантни однесувања, потенцираше Мицкоски. Мицкоски дополни дека кога власта нема пари во буџетот, тогаш единствен извор за повеќе пари се поголемите даноци кои треба да ги плаќаат граѓаните. -Така што да сумирам им недостасуваат пари, што прават тогаш, тогаш единствен извор за повеќе пари им се поголеми даноци и на сметка на граѓаните, на грбот на граѓаните, затоа граѓаните треба да се свесни дека секој еден денар што го плаќаат повеќе за производите кои што до вчера ги плаќале поевтино се директно пари за тендери во четири очи на владата на ДУИ и СДСМ и се директно пари кои што ги плаќаат на овие луѓе кои што се дел од коалицијата ДУИ и СДСМ, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи appeared first on Република.

]]>
Лебот и млекото повторно ќе поскапат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lebot-i-mlekoto-povtorno-kje-poskapat/ Sat, 08 Oct 2022 20:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=558928

Лебот и млекото повторно ќе поскапат. И покрај замрзнатите маржи, цените на основните продукти и натаму ќе одат нагоре. Од мелничко-пекарската индустрија во телефонски разговор за Сител велат дека ќе чекаат конкретни мерки од Владата до среда. Доколку не добијат помош, лебот и пекарските производи би поскапеле за најмалку 10%. Како главна основа за новите цени ги наведоа екстремно скапите енергенси.

Од истата причина и преработувачите на млеко веќе најавија дека до крајот на следниот месец, млекото и млечните прозиводи ќе поскапат за 20%. Производителите, пак, се чувствуваат оштетени.

„Да, слушнавме од млекарниците дека сакаат повторно да ги поскапат млекото и млечните производи,а нашето млеко останува на иста цена. За овој месец не знам колку ни е платено, се уште не се дојдени пресметките. Парите ги зедовме и мислам дека цената е 28 денари за литар млеко. Таа е мала цена“ –  вели сточарот Тони Петковски во изјава за Сител ТВ

Производителите бараат откупната цена на млекото да биде половина од продажната во маркетите. Доколку тоа барање не им се исполни, од следниот месец ќе прекинат да го даваат млекото на преработувачите.

„Што ќе се случи во државата ако го прекинеме предавањето на млекото и да го преработуваме дома? Сакам да ми кажат млекарниците. Ако ние прекинеме да даваме млеко, џабе му се капитал и инфраструктура. Кога ќе нема една капка млеко да ја преработат, се е бадијала“ - додава Петковски

Дека замрзнатите маржи немаат потврдија и економските експерти. Професорот Бранимир Јовановиќ вчера за Сител рече дека добро би било во справувањето со кризата, да земеме пример од регионот и да ги замрзнеме цените, а не маржите на производите.

„Сите земји во регионот поминуваат низ истото. Ја поминуваат истата криза ама немаат сите исти економски резултати. Не се сите толку лоши како ние. Тие оваа криза ќе ја поминат многу подобро затоа што нивните влади се одговорни и на време преземаа мерки. Како што кажав, ги замрзнаа цените на основните прехранбени производи, имаат мерки за покачување на платите и слично“ –  коментира Бранимир Јовановиќ, економски професор

Инаку Владата ги замрзна маржите на основните продукти до крајот на годината, а неделава тоа го стори и за сите млечни производи.

The post Лебот и млекото повторно ќе поскапат appeared first on Република.

]]>

Лебот и млекото повторно ќе поскапат. И покрај замрзнатите маржи, цените на основните продукти и натаму ќе одат нагоре. Од мелничко-пекарската индустрија во телефонски разговор за Сител велат дека ќе чекаат конкретни мерки од Владата до среда. Доколку не добијат помош, лебот и пекарските производи би поскапеле за најмалку 10%. Како главна основа за новите цени ги наведоа екстремно скапите енергенси. Од истата причина и преработувачите на млеко веќе најавија дека до крајот на следниот месец, млекото и млечните прозиводи ќе поскапат за 20%. Производителите, пак, се чувствуваат оштетени.