појас газа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pojas-gaza/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 11:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png појас газа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pojas-gaza/ 32 32 Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hanije-podgotveni-sme-za-seopfaten-dogovor-vo-soglasnost-so-planot-na-sad/ Sun, 16 Jun 2024 11:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=788116

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.

На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази.

Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали.

И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни.

Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД.

Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.
На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази. Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали. И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни. Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД. Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.  

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-go-poddrzha-planot-na-bajden-za-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Sat, 01 Jun 2024 18:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=783967

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа американскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјавувајќи дека работи со француските партнери во регионот за да обезбеди „мир и безбедност за сите“.

Макрон на мрежата „х“ соопшти дека се работи на „ослободување на заложниците, траен прекин на огнот со цел да се работи на мирот и напредокот на решението за две држави“.

The post Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа американскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјавувајќи дека работи со француските партнери во регионот за да обезбеди „мир и безбедност за сите“. Макрон на мрежата „х“ соопшти дека се работи на „ослободување на заложниците, траен прекин на огнот со цел да се работи на мирот и напредокот на решението за две држави“.

The post Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
Србија испраќа хуманитарна помош вредна три милиони евра за Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ispraka-humanitarna-pomosh-vredna-tri-milioni-evra-za-pojasot-gaza/ Fri, 10 May 2024 15:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=776867

Владата на Србија донесе заклучок со кој се упатува хуманитарна помош во стоки за државата Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, јави дописникот на МИА од Белград.

Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, а тежината е близу 900 тони, соопшти Владата на Србија.

Со оглед на итноста на ситуацијата и решителноста на Србија да му се помогне на палестинското население, помошта се испраќа во два лета, од кои првиот авион ќе лета денеска, додека вториот утре.

Друга хуманитарна помош ќе се транспортира со брод во неколку наврати. Планот е кога помошта ќе пристигне во Египет, египетската Црвена полумесечина да ја подигне и понатаму со камиони да се транспортирана до Појасот Газа. Ова зборува за сложеноста на постапката за извршување на испораката на хуманитарна помош, како и за нејзината неопходност, соопшти Владата на Србија.

Со истиот заклучок, Владата се согласи и со предлогот на Министерството за надворешни работи, Владата на Република Србија да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиски поддршка на Програмата за итна помош за Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.

The post Србија испраќа хуманитарна помош вредна три милиони евра за Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија донесе заклучок со кој се упатува хуманитарна помош во стоки за државата Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, јави дописникот на МИА од Белград. Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, а тежината е близу 900 тони, соопшти Владата на Србија. Со оглед на итноста на ситуацијата и решителноста на Србија да му се помогне на палестинското население, помошта се испраќа во два лета, од кои првиот авион ќе лета денеска, додека вториот утре.
Друга хуманитарна помош ќе се транспортира со брод во неколку наврати. Планот е кога помошта ќе пристигне во Египет, египетската Црвена полумесечина да ја подигне и понатаму со камиони да се транспортирана до Појасот Газа. Ова зборува за сложеноста на постапката за извршување на испораката на хуманитарна помош, како и за нејзината неопходност, соопшти Владата на Србија.
Со истиот заклучок, Владата се согласи и со предлогот на Министерството за надворешни работи, Владата на Република Србија да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиски поддршка на Програмата за итна помош за Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.

The post Србија испраќа хуманитарна помош вредна три милиони евра за Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
УНРВА: На секои 10 минути загинува по едно дете во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unrva-na-sekoi-10-minuti-zaginuva-po-edno-dete-vo-pojasot-gaza/ Sun, 21 Apr 2024 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=768714

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека на секои 10 минути во Појасот Газа загинува по едно дете.

„По едно дете е убиено на секои 10 минути во Појасот Газа. Жално е што голем број деца се повредени во интензивните и често неселективни израелски напади. Моментално примирјето е последната преостаната надеж“, се вели во објавата на УНРВА на мрежата Икс.

Бројот на загинати во Појасот Газа се зголеми на најмалку 34.049, по повеќе од шест месеци војна меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе претходно Си-Ен-Ен.

The post УНРВА: На секои 10 минути загинува по едно дете во Појасот Газа appeared first on Република.

Хамас пресмета: Најмалку 17.700 луѓе загинаа во Газа од почетокот на војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-presmeta-najmalku-17-700-luge-zaginaa-vo-gaza-od-pochetokot-na-vojnata/ Sat, 09 Dec 2023 18:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=721357

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во двомесечната војна меѓу Израел и Хамас во израелските напади во Појасот Газа загинале 17.700 луѓе, а 48.780 се ранети.

Владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, проценува дека реалниот број на загинати и ранети е всушност многу поголем бидејќи спасувачките служби и странските невладини организации не можат да стигнат до сите бомбардирани области и да ги извлечат жртвите од урнатините.

Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, во нападот изведен од Хамас, при што беа земени и околу 240 заложници и одведени во Газа

The post Хамас пресмета: Најмалку 17.700 луѓе загинаа во Газа од почетокот на војната appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во двомесечната војна меѓу Израел и Хамас во израелските напади во Појасот Газа загинале 17.700 луѓе, а 48.780 се ранети. Владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, проценува дека реалниот број на загинати и ранети е всушност многу поголем бидејќи спасувачките служби и странските невладини организации не можат да стигнат до сите бомбардирани области и да ги извлечат жртвите од урнатините. Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, во нападот изведен од Хамас, при што беа земени и околу 240 заложници и одведени во Газа

The post Хамас пресмета: Најмалку 17.700 луѓе загинаа во Газа од почетокот на војната appeared first on Република.

]]>
Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/palestinskoto-ministerstvo-za-zdravstvo-tvrdi-deka-vo-pojasot-gaza-zaginale-nad-9-000-luge/ Thu, 02 Nov 2023 12:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=697432

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека повеќе од 9.000 Палестинци се убиени од избувнувањето на конфликтот со Израел на 7 октомври.

Бројот на загинати се искачи на 9.061, соопшти палестинското Министерство за здравство, додавајќи дека меѓу нив има 3.760 деца.

Додека бројот на повредени се искачи на повеќе од 32.000 луѓе.

Бројките на жртвите не можат да се потврдат независно.

The post Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека повеќе од 9.000 Палестинци се убиени од избувнувањето на конфликтот со Израел на 7 октомври. Бројот на загинати се искачи на 9.061, соопшти палестинското Министерство за здравство, додавајќи дека меѓу нив има 3.760 деца. Додека бројот на повредени се искачи на повеќе од 32.000 луѓе. Бројките на жртвите не можат да се потврдат независно.  

The post Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
Во Појасот Газа влегоа 12 камиони со хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-pojasot-gaza-vlegoa-12-kamioni-so-humanitarna-pomosh/ Thu, 26 Oct 2023 11:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=695230

Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми.

Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел. Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74.

Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека состојбата во Газа е лоша и бараат помошта да се достави побрзо.

Светската здравствена организација претходно денеска повика на итен и непречен пристап на хуманитарна помош до Газа, за да може да профункционира здравствениот систем.

The post Во Појасот Газа влегоа 12 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми. Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел. Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74. Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека состојбата во Газа е лоша и бараат помошта да се достави побрзо. Светската здравствена организација претходно денеска повика на итен и непречен пристап на хуманитарна помош до Газа, за да може да профункционира здравствениот систем.

The post Во Појасот Газа влегоа 12 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Хамас: Нема разговор за заробениците од израелската војска додека Израел не запре со агресијата во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-nema-razgovor-za-zarobenitsite-od-izraelskata-vojska-dodeka-izrael-ne-zapre-so-agresijata-vo-pojasot-gaza/ Sat, 21 Oct 2023 16:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=693682

Милитантното палестинско движење Хамас денеска соопшти дека нема да разговара за судбината на заробениците од израелската армија додека Израел не ја прекине својата „агресија“ врз Појасот Газа.

Нашиот став во однос на заробениците од израелската армија е јасен: тоа е поврзано со (можната) размена на затвореници и нема да разговараме за тоа додека Израел не ја прекине агресијата врз Газа и Палестинците“, рече претставникот на Хамас, Осама Хамдан, говорејќи од Либан.

The post Хамас: Нема разговор за заробениците од израелската војска додека Израел не запре со агресијата во Појасот Газа appeared first on Република.

Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pojasot-gaza-e-dolg-samo-41-kilometar-i-vo-nego-se-napikani-dva-milioni-palestintsi/ Mon, 16 Oct 2023 07:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=690985

Околу 2,1 милиони луѓе живеат во Појасот Газа, распоредени во пет провинции: Северна Газа, Град Газа, Деир ел Балах, Кан Јунис и Рафах.

Појасот што се граничи со Израел и Египет на брегот на Средоземното Море зафаќа површина од 365 квадратни километри. Долг е само 41 километар, па возењето од Рафа на југ до Беит Ханун на север може да потрае помалку од еден час.

The post Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци appeared first on Република.

]]>

Околу 2,1 милиони луѓе живеат во Појасот Газа, распоредени во пет провинции: Северна Газа, Град Газа, Деир ел Балах, Кан Јунис и Рафах. Појасот што се граничи со Израел и Египет на брегот на Средоземното Море зафаќа површина од 365 квадратни километри. Долг е само 41 километар, па возењето од Рафа на југ до Беит Ханун на север може да потрае помалку од еден час.

The post Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци appeared first on Република.

]]>
Израелските напади раселија 100.000 Палестинци од Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-napadi-raselija-100-000-palestintsi-od-gaza/ Mon, 09 Oct 2023 06:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=689358

Израелските воздушни напади и гранатирањата насочени кон домови и станбени згради раселија околу 123.538 Палестинци во Газа, според Агенцијата за хуманитарна помош на ОН.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, во својот најнов извештај соопшти дека многумина од оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови се засолнети во околу 64 училишта во крајбрежната енклава.

Значајните објекти уништени во израелските напади вклучуваат четири големи згради со повеќе ката на станбени единици, се вели во извештајот, додавајќи дека вкупно се уништени 159 станбени единици, додека 1.210 претрпеле сериозна штета. 

The post Израелските напади раселија 100.000 Палестинци од Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските воздушни напади и гранатирањата насочени кон домови и станбени згради раселија околу 123.538 Палестинци во Газа, според Агенцијата за хуманитарна помош на ОН. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, во својот најнов извештај соопшти дека многумина од оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови се засолнети во околу 64 училишта во крајбрежната енклава. Значајните објекти уништени во израелските напади вклучуваат четири големи згради со повеќе ката на станбени единици, се вели во извештајот, додавајќи дека вкупно се уништени 159 станбени единици, додека 1.210 претрпеле сериозна штета. 

The post Израелските напади раселија 100.000 Палестинци од Газа appeared first on Република.

]]>