поикан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poikan/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 16:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поикан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poikan/ 32 32 Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-povikan-vo-mnr-se-bara-dopolnitelno-objasnuvane-poradi-otstapkite-od-dogovoreniot-protokol/ Mon, 16 Sep 2024 14:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=816845

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираат преку соопштение од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се вели во соопштението на МНР.

 

The post Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол appeared first on Република.

]]>

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираат преку соопштение од МНР. Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна. На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се вели во соопштението на МНР.  

The post Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, се бара дополнително објаснување поради отстапките од договорениот протокол appeared first on Република.

]]>