„Погром – Записи на Рафаел Дорон“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pogrom-zapisi-na-rafael-doron/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 11:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pogrom-zapisi-na-rafael-doron/ 32 32 „Темплум“ ја објави „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ од Миле Бошњаковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/templum-ja-objavi-pogrom-zapisi-na-rafael-doron-od-mile-boshnakovski/ Wed, 27 Dec 2023 11:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=727071

Издавачката куќа Темплум ја објавува првата книга на авторот Миле Бошњаковски, насловена „Погром записи на Рафаел Дорон“.

Според Искра Гешоска, еден од рецензентите на книгата истакна дека станува збор за полижанровска форма или записи направени во три херменевтички правци кои сепак се читаа со неверојатна леснотија.

Новинарот Валентин Нешовски, за „Погром – Записи на Рафаел Дорон” ќе наведе дека „приказните поместени во оваа книга удираат како чекан на наковалната, но од триењето не летаат искри туку еквиваленти на разлетани пеперутки од добри пораки, искуства, животни филозофии, веродостојни поуки за човештвото.“

Според, Нешовски „ликовите на Бошњаковски живеат со сласт и страст во едно опасно време пред втората светска војна во Скопје. Авторот низ приказните мајсторски ги црта контурите на животот доволно прецизни за читателот да додаде бои и мириси и чувства. Минимализмот, сличен на оној на Даниел Хармс, всушност отвора раскошна палета за размислување за сцените во книгата. Расказите – „Цицките на Јана“, „Ќерката на Ковачот“, „Шеќерно јаболко“, „Разговор со докторот“, „Пизма на писмото“, како и цртките „Мислевме ќе помине“, „Зелено црн“ и „А да немаш мајка“, се мали генијални таписерии со бои и мириси, но и феноменологии на едно време.“

Изданието има ексклузивна корица и илустрации во авторство на Зоран Кардула, а графичкиот дизајн е на КОМА.

„Погром – Записи на Рафаел Дорон” е достапна од денеска во книжарници Или – Или, Полица, Буква, Антолог, Три (во Дебар Маало), Чудна шума (позади Универзалната сала), а до петок на Малиот саем на книга во Бруталиск од 10 до 20 часот.

 

The post „Темплум“ ја објави „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ од Миле Бошњаковски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа Темплум ја објавува првата книга на авторот Миле Бошњаковски, насловена „Погром записи на Рафаел Дорон“. Според Искра Гешоска, еден од рецензентите на книгата истакна дека станува збор за полижанровска форма или записи направени во три херменевтички правци кои сепак се читаа со неверојатна леснотија. Новинарот Валентин Нешовски, за „Погром – Записи на Рафаел Дорон” ќе наведе дека „приказните поместени во оваа книга удираат како чекан на наковалната, но од триењето не летаат искри туку еквиваленти на разлетани пеперутки од добри пораки, искуства, животни филозофии, веродостојни поуки за човештвото.“ Според, Нешовски „ликовите на Бошњаковски живеат со сласт и страст во едно опасно време пред втората светска војна во Скопје. Авторот низ приказните мајсторски ги црта контурите на животот доволно прецизни за читателот да додаде бои и мириси и чувства. Минимализмот, сличен на оној на Даниел Хармс, всушност отвора раскошна палета за размислување за сцените во книгата. Расказите – „Цицките на Јана“, „Ќерката на Ковачот“, „Шеќерно јаболко“, „Разговор со докторот“, „Пизма на писмото“, како и цртките „Мислевме ќе помине“, „Зелено црн“ и „А да немаш мајка“, се мали генијални таписерии со бои и мириси, но и феноменологии на едно време.“ Изданието има ексклузивна корица и илустрации во авторство на Зоран Кардула, а графичкиот дизајн е на КОМА. „Погром – Записи на Рафаел Дорон” е достапна од денеска во книжарници Или – Или, Полица, Буква, Антолог, Три (во Дебар Маало), Чудна шума (позади Универзалната сала), а до петок на Малиот саем на книга во Бруталиск од 10 до 20 часот.  

The post „Темплум“ ја објави „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ од Миле Бошњаковски appeared first on Република.

]]>