погреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pogreb/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 12:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png погреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pogreb/ 32 32 Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debarsko-kichevskiot-mitropolit-timotej-ke-bide-pogreban-vo-chetvrtok-na-plaoshkiot-manastir-vo-ohrid/ Tue, 26 Nov 2024 12:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=841897

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаош

Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024).

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско" и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

The post Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид appeared first on Република.

]]>

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.
На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид. Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј. Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаош Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024). Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога. Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година. По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско" и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје. На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија. Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

The post Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ален Делон ќе биде погребан в сабота на неговиот приватен имот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alen-delon-ke-bide-pogreban-v-sabota-na-negoviot-privaten-imot/ Wed, 21 Aug 2024 12:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=808694

Погребот на иконата на француската кинематографија Ален Делон, кој почина во неделата на 88-годишна возраст, ќе се одржи в сабота на неговиот имот, пишува агенцијата „Франс прес“.

Погребот е закажан за 17 часот во Души-Монкорбон, мало гратче во централна Франција каде го мина последниот дел од својот живот и каде почина.

Церемонијата ќе ја предводи монсињор Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен епископ на Гап кој лично се познаваше Делон.

Актерот сакал да биде погребан на својот имот, во близина на неговите кучиња, за што морал да добие дозвола од властите. Побарал и збогувањето да се одржи во присуство на само неколку десетина членови на семејството, без национални почести.

 

The post Ален Делон ќе биде погребан в сабота на неговиот приватен имот appeared first on Република.

]]>

Погребот на иконата на француската кинематографија Ален Делон, кој почина во неделата на 88-годишна возраст, ќе се одржи в сабота на неговиот имот, пишува агенцијата „Франс прес“. Погребот е закажан за 17 часот во Души-Монкорбон, мало гратче во централна Франција каде го мина последниот дел од својот живот и каде почина. Церемонијата ќе ја предводи монсињор Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен епископ на Гап кој лично се познаваше Делон. Актерот сакал да биде погребан на својот имот, во близина на неговите кучиња, за што морал да добие дозвола од властите. Побарал и збогувањето да се одржи во присуство на само неколку десетина членови на семејството, без национални почести.  

The post Ален Делон ќе биде погребан в сабота на неговиот приватен имот appeared first on Република.

]]>
Убиениот полицаец погребан во златен ковчег со знамето на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubienot-politsaets-pogreban-so-znameto-na-srbija/ Mon, 22 Jul 2024 09:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=799119

Храбриот полицаец Никола Крсмановиќ (34) е погребан на селските гробишта кај Лозница, а го испрати многубројното семејство  и голем број пријатели и колеги.

Пприпадникот на Граничната полиција кој беше застрелан заедно со неговиот колега Вјекослав Илиќ (50) на должност во средата на 17 јули,при вршење на рутинска гранична контрола.На погребот присуствуваше и министерот за полиција Ивица Дачиќ, како и голем број припадници на полицијата и жандармеријата.

The post Убиениот полицаец погребан во златен ковчег со знамето на Србија appeared first on Република.

]]>

Храбриот полицаец Никола Крсмановиќ (34) е погребан на селските гробишта кај Лозница, а го испрати многубројното семејство  и голем број пријатели и колеги. Пприпадникот на Граничната полиција кој беше застрелан заедно со неговиот колега Вјекослав Илиќ (50) на должност во средата на 17 јули,при вршење на рутинска гранична контрола.На погребот присуствуваше и министерот за полиција Ивица Дачиќ, како и голем број припадници на полицијата и жандармеријата.

The post Убиениот полицаец погребан во златен ковчег со знамето на Србија appeared first on Република.

]]>
Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raisi-pogreban-vo-negoviot-roden-grad-mashhad-vo-prisustvo-na-tri-milioni-gragani/ Thu, 23 May 2024 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=781241

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раисија. Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад.

Голем број луѓе и група слуги на светилиштето на Имам Реза се собраа на аеродромот во Машхад за да му оддадат почит на маченичкиот претседател, јавува иранската новинска агенција ИРНА.

На погребот присуствуваа високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, како и претставници на Ирак, Авганистан, Турција, Туркменистан и Саудиска Арабија.

Тридневните погребни ритуали за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси започнаа во вторникот во градот Табриз во иранската провинција Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше пренесено во Техеран и Бирџанд, каде луѓето му оддадоа почит на претседателот.

Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптер се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран.

Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, јави Ирна.

The post Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раисија. Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад. Голем број луѓе и група слуги на светилиштето на Имам Реза се собраа на аеродромот во Машхад за да му оддадат почит на маченичкиот претседател, јавува иранската новинска агенција ИРНА. На погребот присуствуваа високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, како и претставници на Ирак, Авганистан, Турција, Туркменистан и Саудиска Арабија. Тридневните погребни ритуали за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси започнаа во вторникот во градот Табриз во иранската провинција Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше пренесено во Техеран и Бирџанд, каде луѓето му оддадоа почит на претседателот. Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптер се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран. Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, јави Ирна.

The post Раиси погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани appeared first on Република.

]]>
Мечка упадна на погреб во Романија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-upadna-na-pogreb-vo-romanija/ Sat, 20 Apr 2024 18:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=768572

Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.

Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, изјавил еден од присутните.

По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил.

Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.

The post Мечка упадна на погреб во Романија appeared first on Република.

]]>

Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.
Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, изјавил еден од присутните.
По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил. Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.

The post Мечка упадна на погреб во Романија appeared first on Република.

]]>
Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-zgolemuva-brojot-na-privedeni-na-mitinzite-vo-znak-na-sekavane-na-navalni/ Fri, 01 Mar 2024 19:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=750201

Најмалку 56 лица се уапсени денеска низ Русија на собири по повод погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави на Телеграм невладината организација за човекови права ОВД-Инфо.

Според организацијата, апсења биле регистрирани во 14 градови.

Најмалку 14 лица, меѓу кои и локалниот советник Антон Картавин, беа уапсени во Новосибирск откако положија цвеќе во чест на Навални. Во Екатеринбург се регистрирани десет апсења.

Во Воронеж беа уапсени десет лица, кои биле на пат за Москва на погребот на Навални. Сите, освен координаторот на локалниот политичар Борис Надеждин, набрзо биле ослободени од полицијата, објави порталот Медуза.

Најмалку шест лица се уапсени во Москва, меѓу кои и Андреј Морев, заменик-претседател на московскиот огранок на партијата Јаблоко, кој беше уапсен во метрото по враќањето од погребот. Морев подоцна беше ослободен.

Новинарот Василиј Полонски беше уапсен на гробиштата Борисов, каде што беше погребан Навални по опелото во блиската црква.

Руската полиција уапси луѓе кои му оддадоа почит на Навални во Нижневартовск, Улан-Уде, Владикавказ, Нижни Новгород, Казан и Златоуст.

Илјадници Руси се собраа во близина на црквата и гробиштата каде што беше погребан Навални, носејќи цвеќиња и скандирајќи го неговото име.

The post Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални appeared first on Република.

]]>

Најмалку 56 лица се уапсени денеска низ Русија на собири по повод погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави на Телеграм невладината организација за човекови права ОВД-Инфо. Според организацијата, апсења биле регистрирани во 14 градови. Најмалку 14 лица, меѓу кои и локалниот советник Антон Картавин, беа уапсени во Новосибирск откако положија цвеќе во чест на Навални. Во Екатеринбург се регистрирани десет апсења. Во Воронеж беа уапсени десет лица, кои биле на пат за Москва на погребот на Навални. Сите, освен координаторот на локалниот политичар Борис Надеждин, набрзо биле ослободени од полицијата, објави порталот Медуза. Најмалку шест лица се уапсени во Москва, меѓу кои и Андреј Морев, заменик-претседател на московскиот огранок на партијата Јаблоко, кој беше уапсен во метрото по враќањето од погребот. Морев подоцна беше ослободен. Новинарот Василиј Полонски беше уапсен на гробиштата Борисов, каде што беше погребан Навални по опелото во блиската црква. Руската полиција уапси луѓе кои му оддадоа почит на Навални во Нижневартовск, Улан-Уде, Владикавказ, Нижни Новгород, Казан и Златоуст. Илјадници Руси се собраа во близина на црквата и гробиштата каде што беше погребан Навални, носејќи цвеќиња и скандирајќи го неговото име.

The post Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални appeared first on Република.

]]>
Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-e-pogrebot-a-kovchegot-so-teloto-na-navalni-se-ushte-ne-e-predaden-na-semejstvoto/ Fri, 01 Mar 2024 10:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=749936

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва.

Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна.

Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања.

Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“.

Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“.

Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.

 

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва. Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна. Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања. Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“. Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“. Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.  

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>
Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogrebalni-pretprijatija-vo-rusija-odbile-da-go-organiziraat-pogrebot-na-navalni/ Tue, 27 Feb 2024 14:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=748982

Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.

Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.

Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.

Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.

 

The post Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални appeared first on Република.

]]>

Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.
Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.
Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.
Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.
 

The post Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални appeared first on Република.

]]>
Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majkata-na-navalni-dobi-rok-od-tri-chasa-da-se-soglasi-na-privaten-pogreb/ Fri, 23 Feb 2024 16:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=747539

Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави неговата портпаролка.

„Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Јармиш додаде дека Људмила Навални го отфрла ултиматумот и продолжува да инсистира телото на нејзиниот син да и биде предадено.

Засега нема коментар од руските власти.

 

The post Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб appeared first on Република.

]]>

Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави неговата портпаролка. „Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска портпаролката на Навални, Кира Јармиш. Јармиш додаде дека Људмила Навални го отфрла ултиматумот и продолжува да инсистира телото на нејзиниот син да и биде предадено. Засега нема коментар од руските власти.  

The post Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб appeared first on Република.

]]>
Операција „Менаи бриџ“: Британија има воспоставен план во случај на смрт на кралот Чарлс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/operatsija-menai-bridh-britanija-ima-vospostaven-plan-vo-sluchaj-na-smrt-na-kralot-charls/ Sat, 10 Feb 2024 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=742461

Откако Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс (75) му е дијагностициран рак, во јавноста се појавија стравувања за животот на британскиот монарх, но логистиката за смртта на монархот одамна е разработена.

Со кодно име Операција „Менаи бриџ“, планот ги вклучува сите делови на британската влада, полицијата, војската и разузнавачките служби, како и приватни организации поврзани со монархот.

Операцијата предвидува дека откако ќе завршат постапките за погреб на кралот Чарлс, принцот Вилијам ќе седне на престолот  заедно со неговата сопруга Кејт Мидлтон, која ќе ја преземе улогата на кралицата Консорт.

Бакингемската палата потврди дека неговиот рак е „одвоен“ од зголемената простата и бил откриен додека се лекувал од оваа состојба, но известија дека тој не се соочува со непосредна опасност по живот.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-britanskiot-kral-charls-treti-mu-e-dijagnostitsiran-oblik-na-rak/

The post Операција „Менаи бриџ“: Британија има воспоставен план во случај на смрт на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>

Откако Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс (75) му е дијагностициран рак, во јавноста се појавија стравувања за животот на британскиот монарх, но логистиката за смртта на монархот одамна е разработена. Со кодно име Операција „Менаи бриџ“, планот ги вклучува сите делови на британската влада, полицијата, војската и разузнавачките служби, како и приватни организации поврзани со монархот. Операцијата предвидува дека откако ќе завршат постапките за погреб на кралот Чарлс, принцот Вилијам ќе седне на престолот  заедно со неговата сопруга Кејт Мидлтон, која ќе ја преземе улогата на кралицата Консорт. Бакингемската палата потврди дека неговиот рак е „одвоен“ од зголемената простата и бил откриен додека се лекувал од оваа состојба, но известија дека тој не се соочува со непосредна опасност по живот. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-britanskiot-kral-charls-treti-mu-e-dijagnostitsiran-oblik-na-rak/

The post Операција „Менаи бриџ“: Британија има воспоставен план во случај на смрт на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>
Погребан Панче Жежовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pogreban-panche-zhezhovski/ Tue, 05 Dec 2023 16:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=720004

Велешанецот Панче Жежовски денеска беше погребан на гробиштата „Раштани“ во родниот град. Погребот се одржал во 13:30 часот, а последна почит му оддале роднини, пријатели, познаници.

Панче беше пријавен за исчезнат на 24 ноември, а неговото тело беше пронајдено на 3 декември, во околината на Велес.

Автомобилот на Панче, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на 14-годишната Вања, а подоцна запален во скопско Бразда.

За нивните убиства осомничени се пет лица.

The post Погребан Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>

Велешанецот Панче Жежовски денеска беше погребан на гробиштата „Раштани“ во родниот град. Погребот се одржал во 13:30 часот, а последна почит му оддале роднини, пријатели, познаници. Панче беше пријавен за исчезнат на 24 ноември, а неговото тело беше пронајдено на 3 декември, во околината на Велес. Автомобилот на Панче, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на 14-годишната Вања, а подоцна запален во скопско Бразда. За нивните убиства осомничени се пет лица.

The post Погребан Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>
Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogreban-do-negoviot-tatko-objaveni-prvite-fotografii-od-grobot-na-prigozhin/ Tue, 29 Aug 2023 15:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=677051

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург.

Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“.

Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко.

Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург. Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“. Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко. Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин. https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/ Tue, 29 Aug 2023 10:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=676871

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ.

Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов и напредуваа кон Москва пред да се вратат кога беа на 200 километри од главниот град.

„Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува.

Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот кој го организира семејството.

Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те лица кои загинале во авионот.

Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин од одмазда.

 

The post Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ. Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов и напредуваа кон Москва пред да се вратат кога беа на 200 километри од главниот град. „Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува. Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот кој го организира семејството. Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те лица кои загинале во авионот. Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин од одмазда.  

The post Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Италија се збогува со Силвио Берлускони: Се очекуваат илјадници луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-se-zboguva-so-silvio-berluskoni-se-ochekuvaat-iljadnitsi-luge/ Wed, 14 Jun 2023 07:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=651100

Италија  ќе се прости од поранешниот премиер Силвио Берлускони на државен погреб, каде се очекуваат илјадници луѓе, меѓу кои и врвни политичари од Апенинскиот полуостров и неколку странски претставници, а во земјата е прогласен и ден на жалост.

Официјалниот погреб на 86-годишниот милијардер, кој почина во понеделникот од леукемија, ќе започне во 15 часот во катедралата во Милано.

Церемонијата треба да се емитува на големи екрани кои ќе бидат поставени на плоштадот и пред катедралата за да можат оние кои не можат да влезат да ја следат церемонијата.

Присутни ќе бидат претседателот Серџо Матарела, премиерката Џорџија Мелони и двајцата вицепремиери Матео Салвини и Антонио Тајани - број два на неговата партија Напред Италија.

Европската комисија ќе ја претставува нејзиниот комесар за економија, Италијанецот Паоло Џентилони, поранешен италијански премиер.

Заедно со државното испраќање, во среда во Италија беше прогласен и ден на жалост, што, сепак, не е по вкус на сите Италијанци.

Планиран е државен погреб и тоа е во ред, но националната жалост за личност како Силвио Берлускони кој предизвика поделби ми се чини несоодветен избор - изјави Рози Бинди, поранешна левичарска министерка во владата на Романо Проди (2006-2008) гостувајќи на национално радио.

Силвио Берлускони, милијардер склон кон скандали, доминира во италијанската политика, бизнис и фудбал најмалку три децении.

Покрај тоа што четири пати беше италијански премиер, Берлускони поседуваше деловна империја вклучувајќи ја медиумската група MFE и фудбалските клубови АЦ Милан од 1986 до 2017 година и АЦ Монца од 2018 година

The post Италија се збогува со Силвио Берлускони: Се очекуваат илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>

Италија  ќе се прости од поранешниот премиер Силвио Берлускони на државен погреб, каде се очекуваат илјадници луѓе, меѓу кои и врвни политичари од Апенинскиот полуостров и неколку странски претставници, а во земјата е прогласен и ден на жалост. Официјалниот погреб на 86-годишниот милијардер, кој почина во понеделникот од леукемија, ќе започне во 15 часот во катедралата во Милано. Церемонијата треба да се емитува на големи екрани кои ќе бидат поставени на плоштадот и пред катедралата за да можат оние кои не можат да влезат да ја следат церемонијата. Присутни ќе бидат претседателот Серџо Матарела, премиерката Џорџија Мелони и двајцата вицепремиери Матео Салвини и Антонио Тајани - број два на неговата партија Напред Италија. Европската комисија ќе ја претставува нејзиниот комесар за економија, Италијанецот Паоло Џентилони, поранешен италијански премиер. Заедно со државното испраќање, во среда во Италија беше прогласен и ден на жалост, што, сепак, не е по вкус на сите Италијанци.
Планиран е државен погреб и тоа е во ред, но националната жалост за личност како Силвио Берлускони кој предизвика поделби ми се чини несоодветен избор - изјави Рози Бинди, поранешна левичарска министерка во владата на Романо Проди (2006-2008) гостувајќи на национално радио.
Силвио Берлускони, милијардер склон кон скандали, доминира во италијанската политика, бизнис и фудбал најмалку три децении. Покрај тоа што четири пати беше италијански премиер, Берлускони поседуваше деловна империја вклучувајќи ја медиумската група MFE и фудбалските клубови АЦ Милан од 1986 до 2017 година и АЦ Монца од 2018 година

The post Италија се збогува со Силвио Берлускони: Се очекуваат илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>
Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-ke-bide-pogreban-v-sreda-so-drzhavni-pochesti/ Mon, 12 Jun 2023 13:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=650538

Поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести во катедралата во Милано в среда, соопштија црковните власти во Милано, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА.

На погребот се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Според изворите, посмртните останки на Берлускони денеска ќе бидат префрлени во неговата приватна резиденција – вилата Сан Мартино, во близина на градот Аркоре, недалеку од Милано. Утре ќе бидат положени во седиштето на медиумската империја на Берлускони Медиасет во Колоно Монзесе.

 

The post Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести во катедралата во Милано в среда, соопштија црковните власти во Милано, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА. На погребот се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела. Според изворите, посмртните останки на Берлускони денеска ќе бидат префрлени во неговата приватна резиденција – вилата Сан Мартино, во близина на градот Аркоре, недалеку од Милано. Утре ќе бидат положени во седиштето на медиумската империја на Берлускони Медиасет во Колоно Монзесе.  

The post Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести appeared first on Република.

]]>
Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-se-zboguvaa-so-deset-od-zhrtvite-na-dvete-masovni-ubistva/ Sat, 06 May 2023 15:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=637706

Семејствата, другарите и голем број граѓани на Србија денеска се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства што се случија во основно училиште во Белград и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац.

Во Белград денеска беа погребани четворица ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“.

Дел од учениците беа погребани на градските гробишта. Едно девојче, пак, беше погребано на централните гробишта, додека убиениот чувар – на гробиштата „Лешче“.

Стотина лица, меѓу кои и поранешни и сегашни ученици, но и бројни граѓани, се збогуваа со членот на обезбедувањето на училиштето „Владислав Рибникар“, пренесува РТС.

Масакрот во ова училиште го изврши 13-годишен ученик, Коста К., а уби вкупно деветмина (чуварот и осум деца) и рани седуммина (наставничка и шест деца).

21-годишниот Урош Б., пак, за неполни 48-часа изврши уште едно масовно убиство што ја потресе Србија. Во селата Дубона и Мало Орашје тој уби вкупно осум лица. Три жртви убиени во Дубона ќе бидат погребани утре, а денеска пет другари од Мало Орашје беа испратени во вечните почивалишта.

На погребот, јавува РТС, присуствуваа стотина мештани, а опелото го служеле 10 свештеници.

 

The post Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства appeared first on Република.

]]>

Семејствата, другарите и голем број граѓани на Србија денеска се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства што се случија во основно училиште во Белград и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац. Во Белград денеска беа погребани четворица ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“. Дел од учениците беа погребани на градските гробишта. Едно девојче, пак, беше погребано на централните гробишта, додека убиениот чувар – на гробиштата „Лешче“. Стотина лица, меѓу кои и поранешни и сегашни ученици, но и бројни граѓани, се збогуваа со членот на обезбедувањето на училиштето „Владислав Рибникар“, пренесува РТС. Масакрот во ова училиште го изврши 13-годишен ученик, Коста К., а уби вкупно деветмина (чуварот и осум деца) и рани седуммина (наставничка и шест деца). 21-годишниот Урош Б., пак, за неполни 48-часа изврши уште едно масовно убиство што ја потресе Србија. Во селата Дубона и Мало Орашје тој уби вкупно осум лица. Три жртви убиени во Дубона ќе бидат погребани утре, а денеска пет другари од Мало Орашје беа испратени во вечните почивалишта. На погребот, јавува РТС, присуствуваа стотина мештани, а опелото го служеле 10 свештеници.  

The post Србија се збогуваа со десет од жртвите на двете масовни убиства appeared first on Република.

]]>
Лука Дончиќ, човек со големо срце: Ќе го плати погребот на загинатите во масакрот на Врачар https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/luka-donchik-chovek-so-golemo-srtse-ke-go-plati-pogrebot-na-zaginatite-vo-masakrot-na-vrachar/ Thu, 04 May 2023 20:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=637087

Лука Дончиќ, големата НБА-ѕвезда, кој потекнува од Словенија е човек со големо срце. Вечерва објави дека ќе ги плати сите трошоци околу погребот и сѐ што е потребно за семејствата на деветмината загинати, од кои осум деца од незапаметениот масакр што вчера се случи во основно училиште во населбата Врачар, во Белград, кога седмооделенец уби осум деца и чуварот на училиштето вчера наутро.

Поради трагедијата и изгубените детски невини животи моето срце е скршено. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со цела нација. Мојата фондација портади овој тежок и немил настан им пружа поддршка на сите семејства, учениците и настаниците на ОУ 'Владислав Рибникар'“, објави Дончиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Лука Дончиќ, човек со големо срце: Ќе го плати погребот на загинатите во масакрот на Врачар appeared first on Република.

]]>

Лука Дончиќ, големата НБА-ѕвезда, кој потекнува од Словенија е човек со големо срце. Вечерва објави дека ќе ги плати сите трошоци околу погребот и сѐ што е потребно за семејствата на деветмината загинати, од кои осум деца од незапаметениот масакр што вчера се случи во основно училиште во населбата Врачар, во Белград, кога седмооделенец уби осум деца и чуварот на училиштето вчера наутро.
Поради трагедијата и изгубените детски невини животи моето срце е скршено. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со цела нација. Мојата фондација портади овој тежок и немил настан им пружа поддршка на сите семејства, учениците и настаниците на ОУ 'Владислав Рибникар'“, објави Дончиќ.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Лука Дончиќ, човек со големо срце: Ќе го плати погребот на загинатите во масакрот на Врачар appeared first on Република.

]]>
Три жени и седумгодишно девојче се ранети при престрелка на погреб во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-zheni-i-sedumgodishno-devojche-se-raneti-pri-prestrelka-na-pogreb-vo-london/ Sat, 14 Jan 2023 21:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=596934

Седумгодишно девојче и три жени се повредени во престрелка што се случила пред црква во којашто се одржувал погреб, а се наоѓа недалеку од станицата Еустон во центарот на Лондон.

Како што објавија британските медиуми, трите жени на возраст од 41, 48, и 54 години се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Полицијата соопшти дека верува оти се пукало од возило во движење.

Истрагата е во тек, а службениците за спроведување на законот информираат дека во првичната фаза сè уште никој не е уапсен.

The post Три жени и седумгодишно девојче се ранети при престрелка на погреб во Лондон appeared first on Република.

]]>

Седумгодишно девојче и три жени се повредени во престрелка што се случила пред црква во којашто се одржувал погреб, а се наоѓа недалеку од станицата Еустон во центарот на Лондон. Како што објавија британските медиуми, трите жени на возраст од 41, 48, и 54 години се пренесени во болница и се надвор од животна опасност. Полицијата соопшти дека верува оти се пукало од возило во движење. Истрагата е во тек, а службениците за спроведување на законот информираат дека во првичната фаза сè уште никој не е уапсен.

The post Три жени и седумгодишно девојче се ранети при престрелка на погреб во Лондон appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-na-pogrebnata-tseremonija-go-sporedi-pochinatiot-benedikt-shesnaesetti-so-isus/ Thu, 05 Jan 2023 11:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=593848

Папата Франциск кој ја предводеше погребната церемонија на упокоениот Бенедикт Шеснаесетти, во молитвата пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан својот претходник го спореди со Исус.

Во проповедта тој употреби десетици библиски референци и црковни списи, споредувајќи го Бенедикт со Исус, вклучувајќи ги и неговите последни зборови пред да умре на крстот: „Оче, во твои раце го предавам мојот дух“.

Франциск индиректно се осврна на Бенедикт при парафразирањето други библиски референци за Исус, вклучително и „љубовта значи да бидеш подготвен да страдаш“, како и дека заедницата „го препорачува нашиот брат во рацете на Отецот”.

На мисата на која присуствуваа 125 кардинали, 200 бискупи и околу 3.700 свештеници, Франциск уште зборуваше за „мудроста, нежноста и лојалноста“ што Бенедикт им ја давал на луѓето низ годините.

Тој го спомна поранешниот папа по име само еднаш, во последниот пасус од проповедта: “Бенедикт, верен пријателе на Исус, нека ти биде целосна радост кога ќе го слушнеш неговиот глас, сега и секогаш”.

По погребната церемонија ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде вратен назад во базиликата „Свети Петар“. На негово барање поранешниот поглавар на Римокатоличката црква ќе биде погребан во подземните катакомби на Ватикан, во криптата каде што беше погребан папата Јован 12, а потоа Јован Павле Втори, чии останки подоцна беа пренесени во базиликата.

The post Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск кој ја предводеше погребната церемонија на упокоениот Бенедикт Шеснаесетти, во молитвата пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан својот претходник го спореди со Исус. Во проповедта тој употреби десетици библиски референци и црковни списи, споредувајќи го Бенедикт со Исус, вклучувајќи ги и неговите последни зборови пред да умре на крстот: „Оче, во твои раце го предавам мојот дух“. Франциск индиректно се осврна на Бенедикт при парафразирањето други библиски референци за Исус, вклучително и „љубовта значи да бидеш подготвен да страдаш“, како и дека заедницата „го препорачува нашиот брат во рацете на Отецот”. На мисата на која присуствуваа 125 кардинали, 200 бискупи и околу 3.700 свештеници, Франциск уште зборуваше за „мудроста, нежноста и лојалноста“ што Бенедикт им ја давал на луѓето низ годините. Тој го спомна поранешниот папа по име само еднаш, во последниот пасус од проповедта: “Бенедикт, верен пријателе на Исус, нека ти биде целосна радост кога ќе го слушнеш неговиот глас, сега и секогаш”. По погребната церемонија ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде вратен назад во базиликата „Свети Петар“. На негово барање поранешниот поглавар на Римокатоличката црква ќе биде погребан во подземните катакомби на Ватикан, во криптата каде што беше погребан папата Јован 12, а потоа Јован Павле Втори, чии останки подоцна беа пренесени во базиликата.

The post Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус appeared first on Република.

]]>
„Ми рече да облечам кратко црно фустанче, кој да очекува дека таму ќе ме носи на рандеву“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mi-reche-da-oblecham-kratko-tsrno-fustanche-koj-da-ochekuva-deka-tamu-ke-me-nosi-na-randevu/ Wed, 04 Jan 2023 21:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=593737

Една жена го споделила своето искуство на Твитер и нејзината објава за миг станала вирална. На оваа социјална мрежа Бриџет опишала непријатна ситуација што ѝ се случила на првиот состанок со дечкото што ѝ се допаѓал.

Имено, мажот што ја поканил на рандеву ѝ кажал да облече мало црно фустанче и дека има изненадување за неа. За неа, тоа било многу мистериозно и романтично.

Сѐ одело според планот додека не стигнале до крајната дестинација, а таму пишувало: Крематориум.

Бриџет мислела дека мажот со којшто излегла на состанок само застанал на бензинска пумпа. Но не. Тој ја одвел на погребот на неговата баба! Ѝ се извинил и објаснил дека знаел дека нема да сака да дојде со него, па затоа ништо не ѝ кажал.

„Замисли да викнам Убер да ме собере од крематориум“, ѝ напишала таа на пријателка.

„Луѓе плачеа, а јас стоев таму и размислував дека не можам да си заминам, бидејќи би излегла најголемата ку**а на светот“, објаснила во пораката.

The post „Ми рече да облечам кратко црно фустанче, кој да очекува дека таму ќе ме носи на рандеву“ appeared first on Република.

]]>

Една жена го споделила своето искуство на Твитер и нејзината објава за миг станала вирална. На оваа социјална мрежа Бриџет опишала непријатна ситуација што ѝ се случила на првиот состанок со дечкото што ѝ се допаѓал. Имено, мажот што ја поканил на рандеву ѝ кажал да облече мало црно фустанче и дека има изненадување за неа. За неа, тоа било многу мистериозно и романтично. Сѐ одело според планот додека не стигнале до крајната дестинација, а таму пишувало: Крематориум. Бриџет мислела дека мажот со којшто излегла на состанок само застанал на бензинска пумпа. Но не. Тој ја одвел на погребот на неговата баба! Ѝ се извинил и објаснил дека знаел дека нема да сака да дојде со него, па затоа ништо не ѝ кажал. „Замисли да викнам Убер да ме собере од крематориум“, ѝ напишала таа на пријателка. „Луѓе плачеа, а јас стоев таму и размислував дека не можам да си заминам, бидејќи би излегла најголемата ку**а на светот“, објаснила во пораката.

The post „Ми рече да облечам кратко црно фустанче, кој да очекува дека таму ќе ме носи на рандеву“ appeared first on Република.

]]>