поезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poezija/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 19:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poezija/ 32 32 14. издание на „100 илјади поети за промена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/14-izdanie-na-100-iljadi-poeti-za-promena/ Fri, 23 Aug 2024 20:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=809601

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на Фестивалот.

Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

-Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе четиринаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, велат организаторите.

Покрај конкурсот за поезија, распишан е и тој за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот.

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истата електронска пошта- (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2024 година во Струмица.

Дизајнот на плакатот за годинашното издание на оваа манифестација е на Стефан Јакимовски, универзитетски професор и мултимедијален уметник.

The post 14. издание на „100 илјади поети за промена“ appeared first on Република.

]]>

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на Фестивалот. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација. -Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе четиринаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, велат организаторите. Покрај конкурсот за поезија, распишан е и тој за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот. Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истата електронска пошта- (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2024 година во Струмица. Дизајнот на плакатот за годинашното издание на оваа манифестација е на Стефан Јакимовски, универзитетски професор и мултимедијален уметник.

The post 14. издание на „100 илјади поети за промена“ appeared first on Република.

]]>
Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/velichkovska-ke-chita-poezija-na-izgrejsontse-na-planinata-nemrut-kojashto-e-pod-zashtita-na-unesko/ Fri, 23 Aug 2024 17:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=809565

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција.

Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е.

На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.

 

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција. Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е. На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.  

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dodeka-spiesh-od-makedonskata-poetesa-bilana-stojanovska-vecherva-vo-ohrid/ Sat, 13 Jul 2024 09:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=796317

Денес, со почеток во 19:30 часот во кафе барот „Ликвид“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска.

Издавачка куќа: „Чудна шума“

 

Промотор: Билјана Црвенковска

Стихови ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.

 

„Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена“, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>

Денес, со почеток во 19:30 часот во кафе барот „Ликвид“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска. Издавачка куќа: „Чудна шума“   Промотор: Билјана Црвенковска Стихови ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.   „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена“, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата. Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dodeka-spiesh-od-bilana-stojanovska-deneska-vo-bukva/ Mon, 27 May 2024 08:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=781963

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.
Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“.
Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески.

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов).

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена - вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“.
Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).
Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов). Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.
Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена - вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.
Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jasmina-shopova-lugeto-smetaat-deka-poezijata-e-prashane-na-elita-no-poezijata-ne-treba-da-se-razbere-taa-treba-da-dopre-do-publikata/ Sat, 23 Mar 2024 12:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=757753

Односот кон поезијата треба да се гради стратешки, институционално и осмислено. Во денешното технократско време, поезијата е наша насушна потреба. Тоа не е нешто напишано и наменето само за интелектуалци, туку е производ на духот, наменет за широка потрошувачка. Имаме задоволителен квалитет што треба да биде поддржан, за македонската поезија да биде видлива и на европската поетска мапа.

Како што вели во изјава за МИА, ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова, која е потпретседателка на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“, луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но, како што потенцира, поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката.

- Многу луѓе ми рекле „Не се разбирам јас во поезија“. Нема што да се разбираш или да не се разбираш во поезија. Поезијата треба да допре до публиката. Самата поезија која што луѓето понекогаш ја сметаат како нешто затворено, нешто неразбирливо кажува толку многу вистини за нашиот живот. Само кога ќе ни дојде нешто тешко, ќе се присетиме на некој стих. Да речеме, често се присетувам на стиховите на татко ми „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, вели Шопова.

 

The post Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката appeared first on Република.

]]>

Односот кон поезијата треба да се гради стратешки, институционално и осмислено. Во денешното технократско време, поезијата е наша насушна потреба. Тоа не е нешто напишано и наменето само за интелектуалци, туку е производ на духот, наменет за широка потрошувачка. Имаме задоволителен квалитет што треба да биде поддржан, за македонската поезија да биде видлива и на европската поетска мапа. Како што вели во изјава за МИА, ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова, која е потпретседателка на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“, луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но, како што потенцира, поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката. - Многу луѓе ми рекле „Не се разбирам јас во поезија“. Нема што да се разбираш или да не се разбираш во поезија. Поезијата треба да допре до публиката. Самата поезија која што луѓето понекогаш ја сметаат како нешто затворено, нешто неразбирливо кажува толку многу вистини за нашиот живот. Само кога ќе ни дојде нешто тешко, ќе се присетиме на некој стих. Да речеме, често се присетувам на стиховите на татко ми „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, вели Шопова.  

The post Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката appeared first on Република.

]]>
„Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Вечерва изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oktomvriska-nok-vo-prilep-izlozhba-na-dela-od-sergej-andreevski-akteri-ke-chitaat-poezija-od-petre-m-andreevski-i-svetlana-hristova-jotsik/ Tue, 10 Oct 2023 08:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=689230

Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.

На 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски, стои во најавата за настанот.

Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.

Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот., велат меѓудругото организаторите.

На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.

Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.

The post „Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Вечерва изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.
На 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски, стои во најавата за настанот.
Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.
Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот., велат меѓудругото организаторите.
На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.
Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.

The post „Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Вечерва изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ appeared first on Република.

]]>
„Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-cheka-pat-nova-kniga-poezija-od-sande-stojchevski/ Tue, 27 Jun 2023 15:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=655727

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен промислувач на уметноста на зборот, па оттука неговите книги се одликуваат со едно вдахнато поткревање на текстот и со негова нагласена лирска интонација. Во рамките на лирските слоеви тој вградува поетички елементи, збогатувајќи ги на тој начин опсегот и волуменот на лирската структура.

-Ова се квалитети и својства и на неговата најнова книга. Станува збор за едно ново, лирски поткренато и неотстапно навраќање на неговите, веќе со години прокламирани и аргументирани разбирања на природата на лирската песна, овојпат преку степенување на пристапот, преку проверка низ конкретна лирска пракса и преку очигледна потрага и преиспитување на формулите и патиштата што би можеле да водат кон творечка реализација на пев кој се доближува до атрибутите на поетска структура со елементи на врховност. Со други зборови, песните во најновата книга на Стојчевски се чекори, скали, степени на присност со визијата за песна што би се одликувала со полнота, со нагласен копнеж по неможност од инаков пев, се наведува за новата книга поезија на Стојчевски.

Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура.

 

The post „Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје. Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен промислувач на уметноста на зборот, па оттука неговите книги се одликуваат со едно вдахнато поткревање на текстот и со негова нагласена лирска интонација. Во рамките на лирските слоеви тој вградува поетички елементи, збогатувајќи ги на тој начин опсегот и волуменот на лирската структура. -Ова се квалитети и својства и на неговата најнова книга. Станува збор за едно ново, лирски поткренато и неотстапно навраќање на неговите, веќе со години прокламирани и аргументирани разбирања на природата на лирската песна, овојпат преку степенување на пристапот, преку проверка низ конкретна лирска пракса и преку очигледна потрага и преиспитување на формулите и патиштата што би можеле да водат кон творечка реализација на пев кој се доближува до атрибутите на поетска структура со елементи на врховност. Со други зборови, песните во најновата книга на Стојчевски се чекори, скали, степени на присност со визијата за песна што би се одликувала со полнота, со нагласен копнеж по неможност од инаков пев, се наведува за новата книга поезија на Стојчевски. Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура.  

The post „Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски appeared first on Република.

]]>
Средба со авторките од  „Битолскиот книжевен круг“ во „Матица Ексклузив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-avtorkite-od-bitolskiot-knizheven-krug-vo-matitsa-ekskluziv/ Tue, 23 May 2023 08:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=643843

Денес  (вторник, 23 мај) во 12,00 часот, во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје, ќе се одржи поетска средба со авторките од  „Битолскиот книжевен круг“.  Пред  љубителите на пишаниот збор ќе се претстават поетесите: Мирјана Стојановска, Милица Димитријовска-Радевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Гордана Стојановска,  Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџовска-Свидерска и Лили Бошевска.

За книжевните преокупации и пораки на авторките од  „Битолскиот книжевен круг“ ќе говори Милица Димитријовска-Радевска.

 

The post Средба со авторките од  „Битолскиот книжевен круг“ во „Матица Ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

Денес  (вторник, 23 мај) во 12,00 часот, во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје, ќе се одржи поетска средба со авторките од  „Битолскиот книжевен круг“.  Пред  љубителите на пишаниот збор ќе се претстават поетесите: Мирјана Стојановска, Милица Димитријовска-Радевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Гордана Стојановска,  Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџовска-Свидерска и Лили Бошевска. За книжевните преокупации и пораки на авторките од  „Битолскиот книжевен круг“ ќе говори Милица Димитријовска-Радевска.  

The post Средба со авторките од  „Битолскиот книжевен круг“ во „Матица Ексклузив“ appeared first on Република.

]]>
Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/struga-se-podgotvuva-za-tretata-trka-na-poezijata/ Thu, 11 May 2023 13:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=639778

Околу 1.200 учесници од 11 држави во три атлетски трки ќе бидат дел од третото издание на „Трка на поезијата“, што на 21 мај ќе се одржи во Струга во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“.

Новина годинава, како што најави организаторот на манифестацијата, е тоа што официјалните маици ќе бидат испишани со поезија.

– Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Познатата „Т`га за Југ“ ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот, соопшти атлетскиот клуб „Спортски мостови“.

Најавија дека дел од учесниците ќе бидат истакнати атлетски имиња мешу кои се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев…

Дел од манифестацијата, додаваат, ќе бидат и локалните компании со учество на нивни вработени во трките. На настанот со повеќе од 120 учесници ќе биде компанијата „Магна“, ИТ компанијата RLDatix со над 60 учесници, „Костал“ ќе учествува со над 50 учесници

Ден пред официјалмата трка, ќе се одржи Детска трка со најмладите, кои ќе се натпреваруваат во пет категории од 4 до 13 години.

Организаторот посочува дека стартните пакети ќе можат да се подигнат од четврток до сабота, нагласувајќи дека на денот на трка нема да има подигање.

The post Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Околу 1.200 учесници од 11 држави во три атлетски трки ќе бидат дел од третото издание на „Трка на поезијата“, што на 21 мај ќе се одржи во Струга во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Новина годинава, како што најави организаторот на манифестацијата, е тоа што официјалните маици ќе бидат испишани со поезија. – Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Познатата „Т`га за Југ“ ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот, соопшти атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Најавија дека дел од учесниците ќе бидат истакнати атлетски имиња мешу кои се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев… Дел од манифестацијата, додаваат, ќе бидат и локалните компании со учество на нивни вработени во трките. На настанот со повеќе од 120 учесници ќе биде компанијата „Магна“, ИТ компанијата RLDatix со над 60 учесници, „Костал“ ќе учествува со над 50 учесници Ден пред официјалмата трка, ќе се одржи Детска трка со најмладите, кои ќе се натпреваруваат во пет категории од 4 до 13 години.
Организаторот посочува дека стартните пакети ќе можат да се подигнат од четврток до сабота, нагласувајќи дека на денот на трка нема да има подигање.

The post Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
„Балканска вечер на поезијата“ по деветти пат во Домот на културата „Кочо Рацин“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkanska-vecher-na-poezijata-po-devetti-pat-vo-domot-na-kulturata-kocho-racin/ Mon, 26 Sep 2022 07:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=554203

Деветтото издание на поетскиот фестивал „Balkansko veče poezije“- " Балканска вечер на поезијата"- Скопје. Кој ќе се одржи на 27 септември, во Дом на културата" Кочо Рацин", Скопје, со почеток во 19:00 часот.
Вечерта ќе ја отвори г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Државен секретар во Министерство за економија, Влада на Репоблика Северна Македоније и г-дин Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија.
На деветтиот по ред поетски фестивал „Balkansko veče poezije“- " Балканска вечер на поезијата"- Скопје, ќе земат учество поети и поетеси кои кога пишуваат светот околу себе го гледаат со отворени очи и со слободно срце. Од нивните поетски атари се излеваат стихови на нивиот мајчин јазик, но и на македонски јазик. Преку мостот воспоставен преку јазиците би го разбрале и почувствувале тоа што е излеано од нивните души на белите листови од хартија.
На Фестивалот ќе чуете стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и српски јазик. Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа сме ја постигнале и нашата главна цел за мултикултурната разноликост. Ова шаренило од јазици со мозаички поетски слики од афирмирани поети, се одржува По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под нашето македонско сонце.
Затоа, нека оваа " Балканска вечер на поезијата"- биде поттик и за понатаму да се осознаеме едни со други, да ја почувствуваме љубовта и тагата на нашиот ближен, да ја споделуваме радоста и среќата и да се подготвиме за творечката сеидба на следните изданија.

Во склоп на оваа " Балканска вечер на поезијата"- ќе биде промовирана и поемата „Зулија“, од Бајро Перва (БиХ), која е преведена на македонски јазик.
Ѕидовите на холот во Дом на културата" Кочо Рацин" ќе ги красат уметнички слики од сликари-аматери.

 

The post „Балканска вечер на поезијата“ по деветти пат во Домот на културата „Кочо Рацин“ appeared first on Република.

]]>

Деветтото издание на поетскиот фестивал „Balkansko veče poezije“- " Балканска вечер на поезијата"- Скопје. Кој ќе се одржи на 27 септември, во Дом на културата" Кочо Рацин", Скопје, со почеток во 19:00 часот. Вечерта ќе ја отвори г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Државен секретар во Министерство за економија, Влада на Репоблика Северна Македоније и г-дин Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија. На деветтиот по ред поетски фестивал „Balkansko veče poezije“- " Балканска вечер на поезијата"- Скопје, ќе земат учество поети и поетеси кои кога пишуваат светот околу себе го гледаат со отворени очи и со слободно срце. Од нивните поетски атари се излеваат стихови на нивиот мајчин јазик, но и на македонски јазик. Преку мостот воспоставен преку јазиците би го разбрале и почувствувале тоа што е излеано од нивните души на белите листови од хартија. На Фестивалот ќе чуете стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и српски јазик. Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа сме ја постигнале и нашата главна цел за мултикултурната разноликост. Ова шаренило од јазици со мозаички поетски слики од афирмирани поети, се одржува По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под нашето македонско сонце. Затоа, нека оваа " Балканска вечер на поезијата"- биде поттик и за понатаму да се осознаеме едни со други, да ја почувствуваме љубовта и тагата на нашиот ближен, да ја споделуваме радоста и среќата и да се подготвиме за творечката сеидба на следните изданија. Во склоп на оваа " Балканска вечер на поезијата"- ќе биде промовирана и поемата „Зулија“, од Бајро Перва (БиХ), која е преведена на македонски јазик. Ѕидовите на холот во Дом на културата" Кочо Рацин" ќе ги красат уметнички слики од сликари-аматери.  

The post „Балканска вечер на поезијата“ по деветти пат во Домот на културата „Кочо Рацин“ appeared first on Република.

]]>
Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marko-videnovikj-sekoj-stih-od-do-sto-i-edna-i-nazad-e-del-od-mojata-dusha/ Mon, 16 May 2022 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=502779

Промоцијата на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ, беше придружена со познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано), актерката Драгана Левенска ја изведе „Понекогаш на тебе помислувам“, а оперскиот пејач Игор Дурловски ја читаше „Убав човек“ (во придружба на виолончело и клавир) и Часлав Митрички, кој ја интерпретираше „Аполон“ (придружуван од обоа и клавир). На крајот, повторно настапи Левенска, која во придружба на виолина и клавир ја прочита „Лечебна“.

Промоторка на книгата, која е во издание на „Попули“, беше уредничката Татјана Димовска-Атанасова, која истакна дека „стиховите во збирката поезија ’До сто и една и назад‘, која е во издание на ’Попули‘, пулсираат од љубов. Авторот ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до сто и една и назад“.

Виденовиќ, кој покрај својата богата музичка кариера и настапите во Македонската филхармонија, изминативе неколку години е популарен и како поет. Преку својот профил на „Фејсбук“ често споделува стихови, а селекција од нив се најде во „До сто и една и назад“. Повеќето од песни се создадени во изминативе две години, но има песни што се напишани и пред тоа.

Секоја од овие сто и една песна се дел од мојата душа, поточно, мојата душа е во секоја од овие песни. Некако природно се споени во една целина, односно да се прелеваат една во друга и на тој начин можат да се доживеат како една песна. Тука има љубов за многу души, за мојата сопруга, мојот син, моите родители, мојата сестра, внуки, внуци, нивните мајки и татковци, баби и дедовци, има љубов за моите пријатели, за моите две татковини – Македонија и Србија. Буквално има љубов за секого, а бидејќи јас стојам на тоа, дека сите ние, луѓето, сме исти или многу слични, со тоа што кај некои љубовта сјае, а кај некои спие, значи дека сите сме една целина какви се и песните што сум ги напишал... „Да не се родев, не ќе знаев што е љубов. Да не љубев, не ќе знаев што е живот“, ова е пораката што јас ја разбрав, а пред неа, јас умирав... Исто така, овие песни се посветени и на оние што не ги познавам лично, а сепак читајќи ги, ќе се пронајдат во нив – изјави Марко Виденовиќ.

Тој секојдневно објавува стихови на социјалните мрежи: Вели дека така остварува директен контакт со своите читатели. Од нов добива пофалби, критики, но и конструктивни сугестии и коментари

 

Морам да признам дека објавите на социјалните мрежи ми се огромна сатисфакција во моето пишување. Од друга страна, јас сум тип на човек кој не сака електронски книги, мене ми е битен физичкиот допир со книгата, како и нејзиниот мирис. Сепак, секојдневното објавување песни, интеракцијата со читателите, како и нивните реакции на песните се од голема полза и тоа е нешто што веднаш не би можел да го знае авторот доколку не е активен на социјалните мрежи. На пример, во една ситуација добив коментар од една моја читателка дека сум ги изгубил позитивните песни и мисли. Таа изрази жалење дека со моите тогашни песни ја загубила и последната надеж што сум ѝ ја давал додека ме читала. Се разбира дека тоа навистина ме погоди и, навраќајќи се наназад и читајќи ги песните што сум ги објавувал, забележав дека сум почнал да мрачам. Решението беше едноставно, беше потребно само да ја разбудам љубовта. Инспирација да се пишува за љубовта има буквално насекаде. Неа можев да ја најдам од моето семејство, природата, па дури и од туѓи искуства во секојдневието, дали тоа било гледајќи некој пар низ улиците како се прегрнува или читајќи најобичен статус на социјалните мрежи. Тогаш си зададов цел да посакам секому љубов „До сто и една и назад“, а со љубовта неизбежни се вербата и надежта – изјави тој.

На крајот, прави паралела со двете негови пасии – музиката и поезијата, велејќи дека овие две уметности се испреплетуваат во неговиот живот.

Музиката и поезијата се типичен пример за симбиоза. Зад секоја безвременска композиција мора да постои иста таква песна и обратно. Музиката го движи животот, а поезијата го испишува, доколку кое било од овие две не постои во некој живот, тогаш тоа значи дека тој живот веќе згаснал. Како растеме и созреваме, во зависност од тоа како созреваме духовно, таква поезија читаме и таква музика слушаме, така што таа поврзаност е нераскинлива- рече Виденовиќ.

The post Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ, беше придружена со познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано), актерката Драгана Левенска ја изведе „Понекогаш на тебе помислувам“, а оперскиот пејач Игор Дурловски ја читаше „Убав човек“ (во придружба на виолончело и клавир) и Часлав Митрички, кој ја интерпретираше „Аполон“ (придружуван од обоа и клавир). На крајот, повторно настапи Левенска, која во придружба на виолина и клавир ја прочита „Лечебна“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Попули“, беше уредничката Татјана Димовска-Атанасова, која истакна дека „стиховите во збирката поезија ’До сто и една и назад‘, која е во издание на ’Попули‘, пулсираат од љубов. Авторот ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до сто и една и назад“. Виденовиќ, кој покрај својата богата музичка кариера и настапите во Македонската филхармонија, изминативе неколку години е популарен и како поет. Преку својот профил на „Фејсбук“ често споделува стихови, а селекција од нив се најде во „До сто и една и назад“. Повеќето од песни се создадени во изминативе две години, но има песни што се напишани и пред тоа.
Секоја од овие сто и една песна се дел од мојата душа, поточно, мојата душа е во секоја од овие песни. Некако природно се споени во една целина, односно да се прелеваат една во друга и на тој начин можат да се доживеат како една песна. Тука има љубов за многу души, за мојата сопруга, мојот син, моите родители, мојата сестра, внуки, внуци, нивните мајки и татковци, баби и дедовци, има љубов за моите пријатели, за моите две татковини – Македонија и Србија. Буквално има љубов за секого, а бидејќи јас стојам на тоа, дека сите ние, луѓето, сме исти или многу слични, со тоа што кај некои љубовта сјае, а кај некои спие, значи дека сите сме една целина какви се и песните што сум ги напишал... „Да не се родев, не ќе знаев што е љубов. Да не љубев, не ќе знаев што е живот“, ова е пораката што јас ја разбрав, а пред неа, јас умирав... Исто така, овие песни се посветени и на оние што не ги познавам лично, а сепак читајќи ги, ќе се пронајдат во нив – изјави Марко Виденовиќ.
Тој секојдневно објавува стихови на социјалните мрежи: Вели дека така остварува директен контакт со своите читатели. Од нов добива пофалби, критики, но и конструктивни сугестии и коментари  
Морам да признам дека објавите на социјалните мрежи ми се огромна сатисфакција во моето пишување. Од друга страна, јас сум тип на човек кој не сака електронски книги, мене ми е битен физичкиот допир со книгата, како и нејзиниот мирис. Сепак, секојдневното објавување песни, интеракцијата со читателите, како и нивните реакции на песните се од голема полза и тоа е нешто што веднаш не би можел да го знае авторот доколку не е активен на социјалните мрежи. На пример, во една ситуација добив коментар од една моја читателка дека сум ги изгубил позитивните песни и мисли. Таа изрази жалење дека со моите тогашни песни ја загубила и последната надеж што сум ѝ ја давал додека ме читала. Се разбира дека тоа навистина ме погоди и, навраќајќи се наназад и читајќи ги песните што сум ги објавувал, забележав дека сум почнал да мрачам. Решението беше едноставно, беше потребно само да ја разбудам љубовта. Инспирација да се пишува за љубовта има буквално насекаде. Неа можев да ја најдам од моето семејство, природата, па дури и од туѓи искуства во секојдневието, дали тоа било гледајќи некој пар низ улиците како се прегрнува или читајќи најобичен статус на социјалните мрежи. Тогаш си зададов цел да посакам секому љубов „До сто и една и назад“, а со љубовта неизбежни се вербата и надежта – изјави тој.
На крајот, прави паралела со двете негови пасии – музиката и поезијата, велејќи дека овие две уметности се испреплетуваат во неговиот живот.
Музиката и поезијата се типичен пример за симбиоза. Зад секоја безвременска композиција мора да постои иста таква песна и обратно. Музиката го движи животот, а поезијата го испишува, доколку кое било од овие две не постои во некој живот, тогаш тоа значи дека тој живот веќе згаснал. Како растеме и созреваме, во зависност од тоа како созреваме духовно, таква поезија читаме и таква музика слушаме, така што таа поврзаност е нераскинлива- рече Виденовиќ.

The post Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа appeared first on Република.

]]>
„Овие песни“ од Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на авторот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovie-pesni-od-gligor-stojkovski-poetski-izbor-od-vkupnoto-tvoreshtvo-na-avtorot/ Tue, 12 Apr 2022 07:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=487125

Во издание на ВиГ Зеница од Скопје од печат излезе книгата „Овие песни“ од   Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на овој истакнат македонски поет, добитник на релевантни поетски награди.

Станува збор за опсежен еднотомник кој на шест стотини страници го донесува строгиот авторов избор на песни од речиси сите негови поетски книги. Појавата на ова авто-антологиско издание се совпаѓа со јубилејната година од животот на авторот роден 1952 година.

На македонската  книжевна сцена Глигор Стојковски – поет, новинар, критичар, публицист, уредник и издавач – се појави 1979 година со стихозбирката „Починка во чисти честички“, објава за која веднаш го добива и своето прво книжевно признание, проласена за најдобра поетска книга на конкурсот на Книжевната младина. Следат книгите Починка во чисти честички“, „Пајак“, „Очно дно“, „Студена минута“, „Зад билката молк“, „Око заборавено на небото“, „Порој“, „Земјата сама ќе се отвори“, на изборот „Капка оловно небо“. Со стихозбирката „Заборавено око на небото“ во 1997 година Стојковски стана лауреат на наградата „Браќа Миладиновци“. За своето творештво е добитник е и на наградите „Кочо Рацин“, „Нарциса“, а пред четири години за поемата „Кирил 1830-Кирил 2001“ ја освои наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2015 година. Следат книгата книга „Божја честичка“, една комплексна поетска книга во која постоењето го доживува како брз блесок среде вечната космичка ноќ и збирката „Неминовен молк“ со поезија длабоко замислена над конечноста составена од  стихови посветени на минливоста низ доживувњето на убавите моменти на животот.  

Од тогаш до денес овој автор реализираше деветнаесет поетски објави во книги, сѐ до оваа, најнова, книгата „Овие песни“. Збор е за еден опсежен избор од  вкупното тврештво поетот, со над стотина песни и со трите комплетни поеми на Стојковски: „Божја честичка“, „Завет. Јад“ и „Горки слова“. 

Глигор Стојковски е творец кој непрекинато трага по најдобриот поетски исказ на своите поетски идеи. Во оваа, зрела креативна фаза, тој автокритички се самоисчитува во неколку понови поетски објави, како на пример во книгата „Неминовен молк“ објавена пред две години во која, барајќи го перфектниот глас и израз на песната, Стојковски се навраќа на своите поранешни творби и одново ги бруси, при што еден дел од песните напишани во далечната 1995 „… толку се изменети што и тие се – нови“. Наспроти тоа, најновата антологиска книга „Овие песни“ се фиксирана поетска објава зад која авторот застанува и ги нуди како финално избрусени творби и завршени креативни потраги. Така, најновата книга е всушност избор од најдоброто во поетскиот опус на овој исклучителен автор.        

The post „Овие песни“ од Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на авторот appeared first on Република.

]]>

Во издание на ВиГ Зеница од Скопје од печат излезе книгата „Овие песни“ од   Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на овој истакнат македонски поет, добитник на релевантни поетски награди. Станува збор за опсежен еднотомник кој на шест стотини страници го донесува строгиот авторов избор на песни од речиси сите негови поетски книги. Појавата на ова авто-антологиско издание се совпаѓа со јубилејната година од животот на авторот роден 1952 година. На македонската  книжевна сцена Глигор Стојковски – поет, новинар, критичар, публицист, уредник и издавач – се појави 1979 година со стихозбирката „Починка во чисти честички“, објава за која веднаш го добива и своето прво книжевно признание, проласена за најдобра поетска книга на конкурсот на Книжевната младина. Следат книгите Починка во чисти честички“, „Пајак“, „Очно дно“, „Студена минута“, „Зад билката молк“, „Око заборавено на небото“, „Порој“, „Земјата сама ќе се отвори“, на изборот „Капка оловно небо“. Со стихозбирката „Заборавено око на небото“ во 1997 година Стојковски стана лауреат на наградата „Браќа Миладиновци“. За своето творештво е добитник е и на наградите „Кочо Рацин“, „Нарциса“, а пред четири години за поемата „Кирил 1830-Кирил 2001“ ја освои наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2015 година. Следат книгата книга „Божја честичка“, една комплексна поетска книга во која постоењето го доживува како брз блесок среде вечната космичка ноќ и збирката „Неминовен молк“ со поезија длабоко замислена над конечноста составена од  стихови посветени на минливоста низ доживувњето на убавите моменти на животот.   Од тогаш до денес овој автор реализираше деветнаесет поетски објави во книги, сѐ до оваа, најнова, книгата „Овие песни“. Збор е за еден опсежен избор од  вкупното тврештво поетот, со над стотина песни и со трите комплетни поеми на Стојковски: „Божја честичка“, „Завет. Јад“ и „Горки слова“.  Глигор Стојковски е творец кој непрекинато трага по најдобриот поетски исказ на своите поетски идеи. Во оваа, зрела креативна фаза, тој автокритички се самоисчитува во неколку понови поетски објави, како на пример во книгата „Неминовен молк“ објавена пред две години во која, барајќи го перфектниот глас и израз на песната, Стојковски се навраќа на своите поранешни творби и одново ги бруси, при што еден дел од песните напишани во далечната 1995 „… толку се изменети што и тие се – нови“. Наспроти тоа, најновата антологиска книга „Овие песни“ се фиксирана поетска објава зад која авторот застанува и ги нуди како финално избрусени творби и завршени креативни потраги. Така, најновата книга е всушност избор од најдоброто во поетскиот опус на овој исклучителен автор.        

The post „Овие песни“ од Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на авторот appeared first on Република.

]]>
Во Охрид за Светскиот ден на поезијата се плаќаше кафе со поезија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-ohrid-za-svetskiot-den-na-poezijata-se-plakjashe-kafe-so-poezija/ Mon, 21 Mar 2022 16:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=476219

Во понеделник  на 21 март од 11 до 15 часот, во кафе „Аквариус“ во Охрид  вашето омилено еспресо или макијато  ќе можете да го платите со напишан стих.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Аквариус“ во соработка со издавачката куќа „Три“ и „АБВ дизајн“и „Монкафе“ традиционално го организира настанот  „Напиши стих – купи кафе“ по повод Светскиот ден на поезијата, приклучувајќи и’ се на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки  строфи можете да купите кафе. Размислувајте уште од сега и најдобрите стихови ќе ги наградиме. Се разбира наградите ќе бидат во книги а во АКВАРИУС ќе има и мала презентација на кнги од издавачот ТРИ од Скопје од кои дел ќе бидат оставени во наградниот фонд.

Формирана е комисија која дополнително преку социјалните медиуми ќе ги соопшти имињата на наградените.

На масите во „Аквариус“ ќе ве чека  лист хартија и пенкало. Ваше е да напишете – најдобар стих и да оставите име презиме и ако сакате контакт за полесно да ве најдеме ако сте во наградените.

Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство, велат организаторите.

The post Во Охрид за Светскиот ден на поезијата се плаќаше кафе со поезија appeared first on Република.

]]>

Во понеделник  на 21 март од 11 до 15 часот, во кафе „Аквариус“ во Охрид  вашето омилено еспресо или макијато  ќе можете да го платите со напишан стих.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Аквариус“ во соработка со издавачката куќа „Три“ и „АБВ дизајн“и „Монкафе“ традиционално го организира настанот  „Напиши стих – купи кафе“ по повод Светскиот ден на поезијата, приклучувајќи и’ се на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки  строфи можете да купите кафе. Размислувајте уште од сега и најдобрите стихови ќе ги наградиме. Се разбира наградите ќе бидат во книги а во АКВАРИУС ќе има и мала презентација на кнги од издавачот ТРИ од Скопје од кои дел ќе бидат оставени во наградниот фонд. Формирана е комисија која дополнително преку социјалните медиуми ќе ги соопшти имињата на наградените. На масите во „Аквариус“ ќе ве чека  лист хартија и пенкало. Ваше е да напишете – најдобар стих и да оставите име презиме и ако сакате контакт за полесно да ве најдеме ако сте во наградените. Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство, велат организаторите.

The post Во Охрид за Светскиот ден на поезијата се плаќаше кафе со поезија appeared first on Република.

]]>
Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poezija-od-julijana-velichkovska-objavena-vo-nedelnikot-za-literatura-i-umetnost-edebijat-gazeti-vo-azerbedzan/ Tue, 15 Feb 2022 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=458717

Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербеџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин.

„Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. Весникот до 1991 г. излегувал како гласило на Друштвото на писателите на Азербејџан и на Министерството за култура на Азербејџан, а оттогаш е гласило на Друштвото на писателите. „Едебијат газети“ излегува од печат секоја сабота, на 32 страници, во 1700 примероци.

Ферид Хусеин е поет, есеист и преведувач, како и новинар и уредник. Тој е претседател на Младинското собрание во рамки на Друштвото на писателите на Азербејџан.

Јулијана Величковска е писател, уредник и преведувач. Автор е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на повеќе од дваесет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на осумнаесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова (2017, Ерго). Таа е член на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, и коосновач е на „Скопскиот поетски фестивал“.

The post Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан appeared first on Република.

]]>

Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербеџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин. „Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. Весникот до 1991 г. излегувал како гласило на Друштвото на писателите на Азербејџан и на Министерството за култура на Азербејџан, а оттогаш е гласило на Друштвото на писателите. „Едебијат газети“ излегува од печат секоја сабота, на 32 страници, во 1700 примероци. Ферид Хусеин е поет, есеист и преведувач, како и новинар и уредник. Тој е претседател на Младинското собрание во рамки на Друштвото на писателите на Азербејџан. Јулијана Величковска е писател, уредник и преведувач. Автор е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на повеќе од дваесет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик. Нејзините песни се препеани и објавени на осумнаесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова (2017, Ерго). Таа е член на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, и коосновач е на „Скопскиот поетски фестивал“.

The post Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан appeared first on Република.

]]>