поевтинува Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poevtinuva/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 11:27:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поевтинува Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poevtinuva/ 32 32 Бензините поевтинуваат за половина денар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/benzinite-poevtinuvaat-za-polovina-denar/ Mon, 02 Sep 2024 11:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=812285

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ден/лит.

За 0,390 денари поевтинува цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 44,780 денари.

The post Бензините поевтинуваат за половина денар appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ден/лит. За 0,390 денари поевтинува цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 44,780 денари.

The post Бензините поевтинуваат за половина денар appeared first on Република.

]]>
Очекуваме намалување на цената на струјата од јули, рече министерот за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ochekuvame-namaluvane-na-tsenata-na-strujata-od-juli-reche-ministerot-za-ekonomija/ Fri, 10 Feb 2023 14:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=607442

Согласно домашните капацитети за производство на електрична енергија и анализите од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)  не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите, кажа министерот Бектеши.

За кризната состојба во енергетскиот сектор која што трае до крајот на април, министерот Бектеши кажа дека цента на нејзиното прогласување е да се влијае во делот на цената на електрична енергија и во ликвидност на ЕСМ.

Целта на кризната состојба е Владата да има директни механизми да влијае кај енергетските компании за нивната ликвидност и да креира мерки како што е мерката за повластена цена на компаниите, кажа министерот Бектеши.

The post Очекуваме намалување на цената на струјата од јули, рече министерот за економија appeared first on Република.