поевтино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poevtino/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 15:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поевтино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poevtino/ 32 32 Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и ЈП од областа на водоснабдувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/ Sun, 30 Oct 2022 14:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=567467

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици.

За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае и врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи.

Ќе обезбедиме поевтина струја во износот од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковечевски.

Toj потсети дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат најмалку за 10 проценти.

Основните и средните училишта ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија.

Во оваа тешка зима им помагаме и на основните и средните јавни училишта за да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја. Основните и средните јавни училиште при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија можат да склучат договор за снабдување со ЕСМ продажба по цена од 95 евра по мегават час. Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковечевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании. Посочи дека ќе се помогнат овие компании се со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата.

The post Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и ЈП од областа на водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици. За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае и врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи.
Ќе обезбедиме поевтина струја во износот од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковечевски.
Toj потсети дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат најмалку за 10 проценти. Основните и средните училишта ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија.
Во оваа тешка зима им помагаме и на основните и средните јавни училишта за да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја. Основните и средните јавни училиште при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија можат да склучат договор за снабдување со ЕСМ продажба по цена од 95 евра по мегават час. Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковечевски.
Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании. Посочи дека ќе се помогнат овие компании се со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата.

The post Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и ЈП од областа на водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>
Се очекува поевтинување на основните производи за 10 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-proizvodi-za-10-otsto/ Thu, 27 Oct 2022 11:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=566316

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.

 

The post Се очекува поевтинување на основните производи за 10 отсто appeared first on Република.

]]>

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука. Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.  

The post Се очекува поевтинување на основните производи за 10 отсто appeared first on Република.

]]>