поетско читање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetsko-chitanje/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 15:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетско читање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetsko-chitanje/ 32 32 Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-moskva-literaturna-sredba-malku-za-makedonija-i-za-nejzinite-zheni-pisateli/ Sun, 21 Apr 2024 15:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=768939

Во Москва вчера е одржана литературната средба во рамки на отворениот проект „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи.

Овој пат, соопшти денеска Панкина, главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. Олга Панкина врз примерите од книгите што ги има преведено на руски ги запознала присутните со афирмацијата и развојот на женското писмо во Македонија.

Тргна од писателките кои ги положија неговите темели, какошто за пример Драгица Најческа, автор на еден од првите македонски романи напишани од жена, продолжи со романите на Оливера Николова, Тања Урошевиќ, Лилјана Пандева, Оливера Јовановска – се до помладите автори какошто Ксениjа Николова. Нејзините романи „Незадоволна“ и „Емотивен манипулатор“ каде станува збор за современи амбициозни жени кои бараат свое достојно место во животот ги објавија реномираните издавачки куќи „Ексмо“ (2023) и „У Никитских ворот“ (2024), се наведува во соопштението.

Артистите на театарот „Город“ прочитале извадоци од низа романи, што предизвикало големо одушевување и восхит кај публиката. На крајот, се додава во соопштението, на сите заинтересирани Олга Панкина им подарила книги од македонските автори.

 

The post Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ appeared first on Република.

]]>

Во Москва вчера е одржана литературната средба во рамки на отворениот проект „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи. Овој пат, соопшти денеска Панкина, главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. Олга Панкина врз примерите од книгите што ги има преведено на руски ги запознала присутните со афирмацијата и развојот на женското писмо во Македонија.
Тргна од писателките кои ги положија неговите темели, какошто за пример Драгица Најческа, автор на еден од првите македонски романи напишани од жена, продолжи со романите на Оливера Николова, Тања Урошевиќ, Лилјана Пандева, Оливера Јовановска – се до помладите автори какошто Ксениjа Николова. Нејзините романи „Незадоволна“ и „Емотивен манипулатор“ каде станува збор за современи амбициозни жени кои бараат свое достојно место во животот ги објавија реномираните издавачки куќи „Ексмо“ (2023) и „У Никитских ворот“ (2024), се наведува во соопштението.
Артистите на театарот „Город“ прочитале извадоци од низа романи, што предизвикало големо одушевување и восхит кај публиката. На крајот, се додава во соопштението, на сите заинтересирани Олга Панкина им подарила книги од македонските автори.  

The post Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ appeared first on Република.

]]>
Поетско читање на „Демонот во бел костум“ од Грета Парлиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-chitane-na-demonot-vo-bel-kostum-od-greta-parlik/ Thu, 22 Feb 2024 09:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=746875

Поетско читање на „Демонот во бел костум“ од Грета Парлиќ ќе се одржи вечерва, (четврток, 22 февруари) со почеток од 20.00 часот.
локација: Бифе Тафталиџе( Coffice)Булевар Партизански одреди 70, ТЦ Алуминка

The post Поетско читање на „Демонот во бел костум“ од Грета Парлиќ appeared first on Република.

]]>

Поетско читање на „Демонот во бел костум“ од Грета Парлиќ ќе се одржи вечерва, (четврток, 22 февруари) со почеток од 20.00 часот. локација: Бифе Тафталиџе( Coffice)Булевар Партизански одреди 70, ТЦ Алуминка

The post Поетско читање на „Демонот во бел костум“ од Грета Парлиќ appeared first on Република.

]]>
Со поетско читање на дваесетина поети во МСУ официјално завршија „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-poetsko-chitane-na-dvaesetina-poeti-vo-msu-ofitsijalno-zavrshija-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Tue, 29 Aug 2023 08:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=676781

Дваесетина поети од земјава и од странство синоќа имаа поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје, со што и официјално заврши 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Настанот наречен Меѓународен поетски митинг го проследија повеќе љубители на пишаниот збор.

Фестивалот, кој траеше од 24 до 28 август, свечено беше затворен завчера вечерта на Мостот на поезијата во Струга, каде што беа доделени и наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.

Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржуваше под мотото „Чувствотворен јазик“, настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ.

На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот.

Во рамки на програмата на СВП беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“.

По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет.

Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски.

The post Со поетско читање на дваесетина поети во МСУ официјално завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Дваесетина поети од земјава и од странство синоќа имаа поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје, со што и официјално заврши 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Настанот наречен Меѓународен поетски митинг го проследија повеќе љубители на пишаниот збор. Фестивалот, кој траеше од 24 до 28 август, свечено беше затворен завчера вечерта на Мостот на поезијата во Струга, каде што беа доделени и наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“. Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржуваше под мотото „Чувствотворен јазик“, настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ. На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Во рамки на програмата на СВП беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“. По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски.

The post Со поетско читање на дваесетина поети во МСУ официјално завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-poetsko-chitanje-zatvoreni-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Tue, 30 Aug 2022 08:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=545513

Осумнаесет поети од странство, гости на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата", синоќа има поетско читање во „Даутпашиниот амам". Со тоа и официјално заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинава „Струшките вечери на поезијата" се одржуваа под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот".

Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец", јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво", англискиот препев го прочита јапонскиот поет Јасухиро Јоцумото, а македонскиот препев го прочита Зоран Анчевски, кој воедно е препејувач на оваа песна. Анчевски е препејувач и на целокупниот избор песни на Таникава, застапени во објавената Монографија посветена на лауреатот на „Златниот венец".

Песната, пак, на поетот Ценд Ајуш Бујанзаја, кој не е присутен на фестивалот, ја прочита почесниот конзул на Монголија, Литов Намдагјанчивин.

Годинава специјален гостин на фестивалот беше лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

Наградата „Браќа Миладиновци" за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на „Струшките вечери на поезијата" годинава му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси".

Признанието „Мостови на Струга" што УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата" го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Во рамки на фестивалот имаше и меморијално чествување на доајенот на македонската поезија Радован Павловски, а објавена беше и тематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)", која ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.

 

The post Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Осумнаесет поети од странство, гости на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата", синоќа има поетско читање во „Даутпашиниот амам". Со тоа и официјално заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинава „Струшките вечери на поезијата" се одржуваа под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот". Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец", јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво", англискиот препев го прочита јапонскиот поет Јасухиро Јоцумото, а македонскиот препев го прочита Зоран Анчевски, кој воедно е препејувач на оваа песна. Анчевски е препејувач и на целокупниот избор песни на Таникава, застапени во објавената Монографија посветена на лауреатот на „Златниот венец". Песната, пак, на поетот Ценд Ајуш Бујанзаја, кој не е присутен на фестивалот, ја прочита почесниот конзул на Монголија, Литов Намдагјанчивин. Годинава специјален гостин на фестивалот беше лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Наградата „Браќа Миладиновци" за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на „Струшките вечери на поезијата" годинава му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси". Признанието „Мостови на Струга" што УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата" го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Во рамки на фестивалот имаше и меморијално чествување на доајенот на македонската поезија Радован Павловски, а објавена беше и тематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)", која ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.  

The post Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Поетско читање со Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-chitanje-so-jovica-ivanovski-elizabeta-bakovska-i-tihomir-janchovski-vo-kic/ Wed, 11 May 2022 07:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=500861

Во организација на Културно Информативниот Центар – Скопје, денеска во Изложбениот салон Империјал 1, ќе се одржи Поетско читање со македонските поети Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски.

Познатите македонски поети ќе читаат своја поезија, претставувајќи се еден со друг пред публиката.

Јовица Ивановски е роден 1961 година во Скопје. Автор е на книгите „Зошто мене ваков џигер“, „Три напред три назад“, „Деновиве, ако не и утре“, избор на македонски и англиски, Набилдана месечина, избор на македонски – прв дел и многу други. Еден е од шесте автори застапени во двојазичната книга Шест македноски поети (2011), објавена во Англија. Препеан е на петнаесетина јазици и застапен во повеќе антологии на македонската поезија. Учествувал на дваесетина поетски фестивали, саеми на книги, резиденции… Пишувал текстови за музика, колумни, сценарио за ТВ емисијата „Говорете македонски“. Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.

Елизабета Баковска е писателка и книжевна теоретичарка. Родена во 1969 година во Битола. Во 1992 година дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2000 година магистрирала на истиот факултет. Во 2013 година докторирала на родовите студии на институтот „Евро-Балкан“ во Скопје. Од 1998 работи во Холандската амбасада во Скопје. Уредничка е на Блесок Поезија во електронското списание Блесок Архивирано на 23 март 2014 година. Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно. Објавува свои литературни и критички текстови, најчесто за македонското женско писмо. Објавени книги: „Житие на нашата љубов“ (поезија, 2003), „Четири годишни времиња“ (раскази, 2004), „Состојби на духот и телото по триесеттата“ (поезија, 2005), „На пат кон Дамаск“ (роман, 2006).

Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач и колумнист. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Пред да наполни 30 години живеел во родниот град, во Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и Будимпешта, и пак во Скопје. Бил трипати на Света Гора, четирипати во Солт Лејк Сити. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, колумнист, преведувач и професор по литература и светска историја. Објавил единаесет книги поезија, два романи и една книга колумни.

The post Поетско читање со Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Културно Информативниот Центар – Скопје, денеска во Изложбениот салон Империјал 1, ќе се одржи Поетско читање со македонските поети Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски. Познатите македонски поети ќе читаат своја поезија, претставувајќи се еден со друг пред публиката. Јовица Ивановски е роден 1961 година во Скопје. Автор е на книгите „Зошто мене ваков џигер“, „Три напред три назад“, „Деновиве, ако не и утре“, избор на македонски и англиски, Набилдана месечина, избор на македонски – прв дел и многу други. Еден е од шесте автори застапени во двојазичната книга Шест македноски поети (2011), објавена во Англија. Препеан е на петнаесетина јазици и застапен во повеќе антологии на македонската поезија. Учествувал на дваесетина поетски фестивали, саеми на книги, резиденции… Пишувал текстови за музика, колумни, сценарио за ТВ емисијата „Говорете македонски“. Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје. Елизабета Баковска е писателка и книжевна теоретичарка. Родена во 1969 година во Битола. Во 1992 година дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2000 година магистрирала на истиот факултет. Во 2013 година докторирала на родовите студии на институтот „Евро-Балкан“ во Скопје. Од 1998 работи во Холандската амбасада во Скопје. Уредничка е на Блесок Поезија во електронското списание Блесок Архивирано на 23 март 2014 година. Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно. Објавува свои литературни и критички текстови, најчесто за македонското женско писмо. Објавени книги: „Житие на нашата љубов“ (поезија, 2003), „Четири годишни времиња“ (раскази, 2004), „Состојби на духот и телото по триесеттата“ (поезија, 2005), „На пат кон Дамаск“ (роман, 2006). Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач и колумнист. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Пред да наполни 30 години живеел во родниот град, во Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и Будимпешта, и пак во Скопје. Бил трипати на Света Гора, четирипати во Солт Лејк Сити. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, колумнист, преведувач и професор по литература и светска историја. Објавил единаесет книги поезија, два романи и една книга колумни.

The post Поетско читање со Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Поетско читање во МАНУ по повод Светскиот ден на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-chitanje-vo-manu-po-povod-svetskiot-den-na-poezijata/ Mon, 21 Mar 2022 15:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=476216

По повод Светскиот ден на поезијара, денеска во Македонската академија на науките и уметностите во организација на Друштвото на писателите на Македонија и Македонскиот ПЕН центар се одржа поетско читање.

Со свои стихови настапија: Влада Урошевиќ, Катица Ќулафкова, Димитар Башевски, Виолета Танчева-Златева, Веле Смилевски, Дeлвина Крлуку, Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Јовица Ивановски, Сузана В. Спасовска, Тихомир Јанчовски и Никола Маџиров, кој оваа година имаше чест да биде автор на традиционалното поетско послание од името на македонските поети. Во духот на повик за мир во светот, беа прочитани и стихови од неколкумина украински поети

The post Поетско читање во МАНУ по повод Светскиот ден на поезијата appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на поезијара, денеска во Македонската академија на науките и уметностите во организација на Друштвото на писателите на Македонија и Македонскиот ПЕН центар се одржа поетско читање. Со свои стихови настапија: Влада Урошевиќ, Катица Ќулафкова, Димитар Башевски, Виолета Танчева-Златева, Веле Смилевски, Дeлвина Крлуку, Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Јовица Ивановски, Сузана В. Спасовска, Тихомир Јанчовски и Никола Маџиров, кој оваа година имаше чест да биде автор на традиционалното поетско послание од името на македонските поети. Во духот на повик за мир во светот, беа прочитани и стихови од неколкумина украински поети

The post Поетско читање во МАНУ по повод Светскиот ден на поезијата appeared first on Република.

]]>