поетски портрет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetski-portret/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 12:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетски портрет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetski-portret/ 32 32 Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetski-portret-na-laureatot-na-svp-zhan-pjer-simeon-vecherva-vo-tsrkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Sat, 24 Aug 2024 11:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=809677

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација.

Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година.

На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова.

Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години.

- Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова.

За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење.

- Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски.

За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време.

- Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева.

Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација. Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година. На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова. Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години. - Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова. За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење. - Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски. За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време. - Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева. Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Поетски портрет на Веле Смилевски денеска во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetski-portret-na-vele-smilevski-deneska-vo-ofitserskiot-dom-vo-bitola/ Tue, 14 May 2024 08:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=777593

Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, утре (14 мај) во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски.

За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.

Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“

The post Поетски портрет на Веле Смилевски денеска во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, утре (14 мај) во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски. За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник. Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“

The post Поетски портрет на Веле Смилевски денеска во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>
Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portret-i-promocija-na-tvoreshtvoto-na-olivera-jovanovska/ Wed, 15 Jun 2022 07:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=515328

Денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско - литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.

Всушност во Охрид во Прличевата одаја промоторите - поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ ,  „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска.

Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни  - стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе .

Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.

The post Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>

Денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско - литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија. Всушност во Охрид во Прличевата одаја промоторите - поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ ,  „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска. Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни  - стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе . Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.

The post Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>