поетски митинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetski-miting/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 07:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетски митинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetski-miting/ 32 32 Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-megunaroden-poetski-miting-pred-msu-zavrshuva-63-izdanie-na-svp/ Mon, 26 Aug 2024 07:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=810133

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

 

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.  

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>