поетска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-vecher/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-vecher/ 32 32 Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „Антево перо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-vecher-so-dobitnitsite-na-nagradite-na-manifestatsijata-antevo-pero/ Wed, 27 Nov 2024 12:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=842296

Во рамките на Град Скопје како престолнина на културата 2028 година Културно информативниот центар – Скопје и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски имаат особена чест и задоволство да ве поканат на Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „АНТЕВО ПЕРО“, денес од 19:00 часот во Салон Империјал 2.

Убавината и оригиналноста на овој настан, e во тоа што на едно место овојпат ќе бидат собрани и ќе се претстават со извадоци од своето поетско писмо, досегашните добитници на наградите „Антево перо“, „Антев златник и „Антев часовник“. Овие традиционални награди им беа доделени по конкурсите за необјавена збирка поезија на македонски јазик, реализирани во рамките на седумте досегашни изданија на „Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. Вљубениците во поезијата ќе имаат ретка можност да слушнат квалитетни поетски сочиненија кои се одраз на новите модерни текови во македонската поезија, а се инспирирани од името и творештвото на нашиот поетски великан Анте Поповски.

 

Низ сценариото и програмата ќе водат професорките Татјана Алексиќ и м-р Митра Мими Спасова, кои ќе интерпретираат и одделни извадоци од творештвото на Анте Поповски и на други поети, а присутните посетители ќе имаат можност да проследат и видео материјали изворно со гласот на Анте Поповски.

 

The post Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „Антево перо“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Град Скопје како престолнина на културата 2028 година Културно информативниот центар – Скопје и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски имаат особена чест и задоволство да ве поканат на Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „АНТЕВО ПЕРО“, денес од 19:00 часот во Салон Империјал 2. Убавината и оригиналноста на овој настан, e во тоа што на едно место овојпат ќе бидат собрани и ќе се претстават со извадоци од своето поетско писмо, досегашните добитници на наградите „Антево перо“, „Антев златник и „Антев часовник“. Овие традиционални награди им беа доделени по конкурсите за необјавена збирка поезија на македонски јазик, реализирани во рамките на седумте досегашни изданија на „Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. Вљубениците во поезијата ќе имаат ретка можност да слушнат квалитетни поетски сочиненија кои се одраз на новите модерни текови во македонската поезија, а се инспирирани од името и творештвото на нашиот поетски великан Анте Поповски.   Низ сценариото и програмата ќе водат професорките Татјана Алексиќ и м-р Митра Мими Спасова, кои ќе интерпретираат и одделни извадоци од творештвото на Анте Поповски и на други поети, а присутните посетители ќе имаат можност да проследат и видео материјали изворно со гласот на Анте Поповски.  

The post Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „Антево перо“ appeared first on Република.

]]>
Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-vecher-so-vlada-uroshevik-na-ukim-vo-chest-na-zlaten-venets-na-svp/ Wed, 15 Nov 2023 08:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=701663

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП.

За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици.

За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото.

Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области.

– Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.

 

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП. За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици. За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото. Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области. – Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.  

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>