поетска работилница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-rabotilnitsa/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 13:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетска работилница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-rabotilnitsa/ 32 32 Македонско-кинеска поетска работилница во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonsko-kineska-poetska-rabotilnitsa-vo-ohrid/ Tue, 27 Aug 2024 19:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=810700

„Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ е насловот на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Пекиншкиот јазичен универзитет изминатите три дена се одржуваше во Охрид.

На настанот учествуваа повеќе реномирани поети, синолози и книжевни преведувачи од Македонија и Кина, меѓу кои Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Андреј Ал-Асади... како и припадниците на современата кинеска поетска сцена Чжао Си, Ли Суо, Аку Вуву, Лју Јуе, Минг Ди и Ши Чуан, кој воедно со своето творештво се претстави и на манифестацијата Мостови на годнешеново издание на Струшките вечери на поезијата.

На работилницата учествуваа и синолозите и препејувачите Игор Радев, Сара Цветановска и Елена Дамјаноска, Милан Дамјаноски.

Работилницата се состоеше од сесии на заемно преведување и анализирање на поезија, како и отворени дебати на теми сврзани со проблемите и предизвиците на поетското творештво и превод во интеркултурен контекст.

Резултатите од годинешната работилница ќе бидат објавени во посебно тројазично издание (македонско, кинеско и англиско), што ќе содржи песни на македонски и кинески поети, придружени со анализи и соодветен критички апарат.

The post Македонско-кинеска поетска работилница во Охрид appeared first on Република.

]]>

„Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ е насловот на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Пекиншкиот јазичен универзитет изминатите три дена се одржуваше во Охрид. На настанот учествуваа повеќе реномирани поети, синолози и книжевни преведувачи од Македонија и Кина, меѓу кои Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Андреј Ал-Асади... како и припадниците на современата кинеска поетска сцена Чжао Си, Ли Суо, Аку Вуву, Лју Јуе, Минг Ди и Ши Чуан, кој воедно со своето творештво се претстави и на манифестацијата Мостови на годнешеново издание на Струшките вечери на поезијата. На работилницата учествуваа и синолозите и препејувачите Игор Радев, Сара Цветановска и Елена Дамјаноска, Милан Дамјаноски. Работилницата се состоеше од сесии на заемно преведување и анализирање на поезија, како и отворени дебати на теми сврзани со проблемите и предизвиците на поетското творештво и превод во интеркултурен контекст. Резултатите од годинешната работилница ќе бидат објавени во посебно тројазично издание (македонско, кинеско и англиско), што ќе содржи песни на македонски и кинески поети, придружени со анализи и соодветен критички апарат.

The post Македонско-кинеска поетска работилница во Охрид appeared first on Република.

]]>