поетска порака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-poraka/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 23:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетска порака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-poraka/ 32 32 Веле Смилевски, автор на поетската порака на СВП: Пораките на поетите од сите меридијани ги запознаваат и зближуваат народите, литературите и културите од светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vele-smilevski-avtor-na-poetskata-poraka-na-svp-porakite-na-poetite-od-site-meridijani-gi-zapoznavaat-i-zblizhuvaat-narodite-literaturite-i-kulturite-od-svetot/ Thu, 22 Aug 2024 23:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=809218

На вечерашното свечено отворање на најстариот поетски фестивал во светот „Струшките вечери на поезијата“, поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат на „Златниот венец“,  Жан Пјер Симеон.

Почитувано поетско собрание, „Струшките вечери на поезијата“ во изминатите децении одиграа значајна улога во одржувањето на чувството за потреба од пораките на поетите од сите меридијани, во мисија за запознавање и зближување на народите, литературите и културите од светот. Таа мисија ѝ овозможува на поезијата да биде составен дел на животот со улога која, овогодишниот добитник на наградата „Златен венец“, францускиот поет Жан Пјер Симеон, смело ја истакнува во својата песна со наслов „Поезијата треба да владее со светот“. Во својата порака лауреатот вели: „Поезијата е, всушност, одбрана на целото човештво против оние што го поседуваат и владеат со светот. Свет кој секојдневно е исполнет со убиства, масакри, деструкции. Свет кој го уништува оној живот за кој поезијата сонува, во својата потрага по идеалната слобода во кој ќе владее љубовта.“ ,рече Смилевски.

Тој подвлече дека и покрај скептицизмот дека ова не е време за поезија и дека поезијата е потисната во овој бескрупулозен свет одговорен за ужаси, страдања, страв и неизвесност за својата иднина, факт е дека силата на поезијата е во проникливата и истрајна потрага по смислата на животот, а токму во тоа е надежта која е жива и животворна.

Никогаш последна песна. Всушност сите ние ја живееме вечноста на мигот. Богати и пребогати со мислата дека можеби ќе бидат разбрани пораките кои секоја година од овде, од градот на браќата Миладиновци ги испраќаат десетици поети од целиот свет со полни грстови надеж кој совршено се римува со овој волшебен простор крај езерото и реката, со оваа убавина која природата со сета раскош ја растурила, заврши Смилевски.

The post Веле Смилевски, автор на поетската порака на СВП: Пораките на поетите од сите меридијани ги запознаваат и зближуваат народите, литературите и културите од светот appeared first on Република.

]]>