Поетска ноќ во велестово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-nokj-vo-velestovo/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 07:03:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поетска ноќ во велестово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetska-nokj-vo-velestovo/ 32 32 Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-ushte-edno-uspeshno-izdanie-na-festivalot-poetska-nok-vo-velestovo/ Wed, 21 Aug 2024 06:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=808489

Заврши 36-то издание на поетската манифестација Поетска ноќ во Велестово. На фестивалот што се одржа во преубавиот амбиент во охридско Велестово, настапија поети од земјава, од Хрватска, Ирска, Србија и од Кина, а беше претставен поетски портрет на авторката Елизабета Баковска.

Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“.

Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ.

Заврши уште едно успешно издание на фестивалот Поетска ноќ во Велестово, настаните беа посетени од многубројна, внимателна и посветена публика, па би сакале да им се заблагодариме на сите што присуствуваа, како и на нашите гости што со нивната убава поетска мисла, со музиката и со фотографиите со кои се претставија создадоа магија и на сцената, но и во сите неофицијални дружби и прошетки во Велестово и во Охрид. Голема благодарност и до поддржувачите на фестивалот, изјавија организаторите.

Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, „Традуки“, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), како и компанија од финансискиот сектор и поголем број локални фирми.

 

The post Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>

Заврши 36-то издание на поетската манифестација Поетска ноќ во Велестово. На фестивалот што се одржа во преубавиот амбиент во охридско Велестово, настапија поети од земјава, од Хрватска, Ирска, Србија и од Кина, а беше претставен поетски портрет на авторката Елизабета Баковска. Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“. Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ.
Заврши уште едно успешно издание на фестивалот Поетска ноќ во Велестово, настаните беа посетени од многубројна, внимателна и посветена публика, па би сакале да им се заблагодариме на сите што присуствуваа, како и на нашите гости што со нивната убава поетска мисла, со музиката и со фотографиите со кои се претставија создадоа магија и на сцената, но и во сите неофицијални дружби и прошетки во Велестово и во Охрид. Голема благодарност и до поддржувачите на фестивалот, изјавија организаторите.
Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, „Традуки“, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), како и компанија од финансискиот сектор и поголем број локални фирми.  

The post Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>
36. Поетска ноќ во Велестово од 16-18 август со автори од Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/36-poetska-nok-vo-velestovo-od-16-18-avgust-so-avtori-od-britanija-irska-sad-hrvatska-srbija-i-makedonija/ Fri, 26 Jul 2024 11:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=800477

36. Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија.
‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид ‒ истакна програмскиот директор на фестивалот, Јулијана Величковска.

Годинешното издание ќе биде отворено на 16 август од 21 часот на сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потем и настанот „Поетско интермецо“. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.Автор на постерот за годинешното издание е Андреј Павлов.

На 17 август со почеток од 19 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“ на кое ќе настапат: Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија, а по читањето, публиката ќе има можност да ужива во уште еден настап на Нина Ромиќ и Јелена Галиќ.

Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини на планината Галичица, придружено со неформални поетски читања.

Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, Традуки и Комерцијална банка АД Скопје, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), кафе и бар „Шила“ од Охрид, Пелистерка АД Скопје, вила „Сансет“ од Велестово, ресторан „Домаќинска куќа Велестово“ и пицерија „Немо“ од Охрид.

The post 36. Поетска ноќ во Велестово од 16-18 август со автори од Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

36. Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија. ‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид ‒ истакна програмскиот директор на фестивалот, Јулијана Величковска. Годинешното издание ќе биде отворено на 16 август од 21 часот на сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потем и настанот „Поетско интермецо“. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.Автор на постерот за годинешното издание е Андреј Павлов. На 17 август со почеток од 19 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“ на кое ќе настапат: Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија, а по читањето, публиката ќе има можност да ужива во уште еден настап на Нина Ромиќ и Јелена Галиќ. Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини на планината Галичица, придружено со неформални поетски читања. Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, Традуки и Комерцијална банка АД Скопје, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), кафе и бар „Шила“ од Охрид, Пелистерка АД Скопје, вила „Сансет“ од Велестово, ресторан „Домаќинска куќа Велестово“ и пицерија „Немо“ од Охрид.

The post 36. Поетска ноќ во Велестово од 16-18 август со автори од Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Триесетина поети од девет земји учестуваа на 35. Поетска ноќ во Велестово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/triesetina-poeti-od-devet-zemji-uchestuvaa-na-35-poetska-nok-vo-velestovo/ Tue, 22 Aug 2023 08:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=674432

Со настанот „OH READ #2 (дијалог низ поезија)“ беше затворена 35. Поетска ноќ во Велестово. Во рамки на овој настан поетите учесници: Албан Туфа (Албанија), Павлина Атанасова (Македонија), Марија Костиќ (Србија) и Шпетим Селмани (Косово), најпрвo во гимназијата „Св. Климент Охридски“ одржаа работилница за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, а подоцна се одржа и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид.

Годинава во фокусот беше македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан беше промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.

Во своето обраќање поетесата Лидија Димковска истакна дека тоа е книга што ќе ја обележи историјата на македонската книжевност, а големата значајност на настанот и на издавањето на оваа книга го истакна и поетсата Весна Ацевска. Во рамки на фестивалот беше отворена и изложбата „Минливост“ на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово.

Во соработка Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржа промоција и на „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, од приредувачите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“.

На овие настани им претходеше и откривањето на скулптурата „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов, поставена на сретсело во Велестово, интернационалното поетско читање „Прелудиум“ во кафе и бар „Шила“ во Охрид, и потпишувањето меморандум за соработка со АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО, односно славењето на двата јубилеја: 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО.

Годинешното 35. јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово се одржa од 12-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово, во Охрид и во Слоештица, а учествуваа 30-ина поети и уметници од девет земји и беше проследен од повеќе од шестотини гледачи.

The post Триесетина поети од девет земји учестуваа на 35. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>

Со настанот „OH READ #2 (дијалог низ поезија)“ беше затворена 35. Поетска ноќ во Велестово. Во рамки на овој настан поетите учесници: Албан Туфа (Албанија), Павлина Атанасова (Македонија), Марија Костиќ (Србија) и Шпетим Селмани (Косово), најпрвo во гимназијата „Св. Климент Охридски“ одржаа работилница за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, а подоцна се одржа и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Годинава во фокусот беше македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан беше промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска. Во своето обраќање поетесата Лидија Димковска истакна дека тоа е книга што ќе ја обележи историјата на македонската книжевност, а големата значајност на настанот и на издавањето на оваа книга го истакна и поетсата Весна Ацевска. Во рамки на фестивалот беше отворена и изложбата „Минливост“ на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово. Во соработка Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржа промоција и на „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, од приредувачите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. На овие настани им претходеше и откривањето на скулптурата „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов, поставена на сретсело во Велестово, интернационалното поетско читање „Прелудиум“ во кафе и бар „Шила“ во Охрид, и потпишувањето меморандум за соработка со АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО, односно славењето на двата јубилеја: 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО. Годинешното 35. јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово се одржa од 12-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово, во Охрид и во Слоештица, а учествуваа 30-ина поети и уметници од девет земји и беше проследен од повеќе од шестотини гледачи.

The post Триесетина поети од девет земји учестуваа на 35. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>
Со промоција на книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ почнува Фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promotsija-na-knigata-samodivi-panorama-na-makedonskata-poezija-pishuvana-od-zheni-od-prerodbata-do-denes-pochnuva-festivalot-poetska-nok-vo-velestovo/ Fri, 18 Aug 2023 06:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=673192

На повеќе локации во Велестово и Охрид од денеска до недела ќе се одржи 35. издание на Интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“, а ќе учествуваат околу 30 поети и уметници од пет земји.

Годинава, во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока фестивалот вечерва ќе започне со промоција на книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територија на државата.

Фестивалот традиционално ќе се одржи во Велестово, а ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, Албанија, Србија и Косово.

Во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид утре ќе се одржи промоција на книгата „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрана и приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилница за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.

Годинашниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.

Фестивалот е поддржан од Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност), Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка.

 

The post Со промоција на книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ почнува Фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>

На повеќе локации во Велестово и Охрид од денеска до недела ќе се одржи 35. издание на Интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“, а ќе учествуваат околу 30 поети и уметници од пет земји. Годинава, во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока фестивалот вечерва ќе започне со промоција на книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територија на државата. Фестивалот традиционално ќе се одржи во Велестово, а ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, Албанија, Србија и Косово. Во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид утре ќе се одржи промоција на книгата „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрана и приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилница за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија. Годинашниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов. Фестивалот е поддржан од Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност), Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка.  

The post Со промоција на книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ почнува Фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>
Македонска поезија пишувана од жени во фокусот на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-poezija-pishuvana-od-zheni-vo-fokusot-na-35-izdanie-na-poetska-nok-vo-velestovo/ Wed, 16 Aug 2023 07:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=672568

Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18 до 20 август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји.

Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија. Настанот традиционално ќе се одржи на сретсело, во Велестово, а потоа ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово.

Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, од Албанија, од Србија и од Косово. Следниот ден во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи промоција на уште една важна книга за развојот на македонската поезија: „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрале и приредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилницата за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.

Годинешниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.

Фестивалот го овозможија: Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка.

35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Програма

Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово, сретсело

• 21:00 часот: Официјално отворање:

– САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата. Приредиле: Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.

Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.

– Интернационално поетско читање

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).

• 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов

Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро

• 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.

• 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.

Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид

• 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.

OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.

Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.

Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.

• 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид

OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)

19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.

Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).

САМОДИВИ (поетско читање): Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.

 

The post Македонска поезија пишувана од жени во фокусот на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>

Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18 до 20 август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји. Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија. Настанот традиционално ќе се одржи на сретсело, во Велестово, а потоа ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово. Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, од Албанија, од Србија и од Косово. Следниот ден во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи промоција на уште една важна книга за развојот на македонската поезија: „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрале и приредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилницата за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија. Годинешниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов. Фестивалот го овозможија: Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка. 35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО Програма Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово, сретсело • 21:00 часот: Официјално отворање: – САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата. Приредиле: Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска. Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова. – Интернационално поетско читање Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово). • 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово. Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро • 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска. • 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија. Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид • 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид. OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади. Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи. Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат. • 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија) 19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката. Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија). САМОДИВИ (поетско читање): Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.  

The post Македонска поезија пишувана од жени во фокусот на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>
Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portret-na-lidija-dimkovska-na-34-poetska-nokj-vo-velestovo/ Fri, 19 Aug 2022 08:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=541895

Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август.

Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид.

Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите на Поетска ноќ.

На отворањето, кое ќе почне со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, за нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски.

Наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, велат организаторите.

По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“.

Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“.

Настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија).

А истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, известуваат од Поетска ноќ.

Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје, како и од програмата на РЕАД ‒ Регионална Мрежа за Културна Разновидност, поддржана од Европската Унија, и други спонзори и пријатели на манифестацијата.

 

The post Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>

Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид.
Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите на Поетска ноќ.
На отворањето, кое ќе почне со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, за нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски.
Наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, велат организаторите.
По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“. Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“. Настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија).
А истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, известуваат од Поетска ноќ.
Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје, како и од програмата на РЕАД ‒ Регионална Мрежа за Културна Разновидност, поддржана од Европската Унија, и други спонзори и пријатели на манифестацијата.  

The post Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>
Поетски портрет на Лидија Димковска за старт на 34. Поетска ноќ во Велестово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetski-portret-na-lidija-dimkovska-za-start-na-34-poetska-nokj-vo-velestovo/ Sun, 14 Aug 2022 13:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=540231

На традиционалната „Поетска ноќ во Велестово“, која годинава ќе се одржи по 34. пат, се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за младите од регионот. Исто така, ќе се одржат и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно за подигањето на еколошката свест

Традиционалната „Поетска ноќ во Велестово“ годинава ќе се одржи по 34. пат, од 19 до 21 август, на неколку локации во селото Велестово и во Охрид. Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за младите од регионот. Исто така, ќе се одржат и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно за подигањето на свеста за екологијата.

Програмата ќе започне в петок, на 19 август, од 21 часот, традиционално во Велестово, на сретсело, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. За нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски, а специјални гости ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

По поетскиот портрет, таа вечер од 22 часот, на тремот од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов – „Плачот на Адам“.

Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ поетски викенд и работилница за младите од регионот“. Настаните ќе почнат во 11 часот, во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за учениците од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ и за другите заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија) – посочуваат организаторите.

Тој ден, со почеток во 18 часот, во кафе-барот „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка-Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи.

Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би се подигнала свеста за екологијата.

The post Поетски портрет на Лидија Димковска за старт на 34. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>

На традиционалната „Поетска ноќ во Велестово“, која годинава ќе се одржи по 34. пат, се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за младите од регионот. Исто така, ќе се одржат и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно за подигањето на еколошката свест Традиционалната „Поетска ноќ во Велестово“ годинава ќе се одржи по 34. пат, од 19 до 21 август, на неколку локации во селото Велестово и во Охрид. Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за младите од регионот. Исто така, ќе се одржат и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно за подигањето на свеста за екологијата. Програмата ќе започне в петок, на 19 август, од 21 часот, традиционално во Велестово, на сретсело, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. За нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски, а специјални гости ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. По поетскиот портрет, таа вечер од 22 часот, на тремот од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов – „Плачот на Адам“.
Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ поетски викенд и работилница за младите од регионот“. Настаните ќе почнат во 11 часот, во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање на поезијата наменета за учениците од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ и за другите заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија) – посочуваат организаторите.
Тој ден, со почеток во 18 часот, во кафе-барот „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка-Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи. Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би се подигнала свеста за екологијата.

The post Поетски портрет на Лидија Димковска за старт на 34. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>
34. Поетска ноќ во Велестово од 19 до 21 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/34-poetska-nokj-vo-velestovo-od-19-do-21-avgust/ Thu, 11 Aug 2022 10:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=539064

34. Поетска ноќ во Велестово годинава ќе се одржи од 19 до 21 август на неколку локации во с. Велестово и во Охрид. Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите.

Официјално, програмата ќе започне во петок, на 19 август, од 21 часот, традиционално во Велестово на сретсело, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. За нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски, а наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“, велат од организацијата на „Поетска ноќ во Велестово“.

Програмата, додаваат, ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“, а настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот.

Искуствата, велат, ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија).

Истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, додаваат организаторите.

Фестивалот ќе заврши во недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.

The post 34. Поетска ноќ во Велестово од 19 до 21 август appeared first on Република.

]]>

34. Поетска ноќ во Велестово годинава ќе се одржи од 19 до 21 август на неколку локации во с. Велестово и во Охрид. Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите.
Официјално, програмата ќе започне во петок, на 19 август, од 21 часот, традиционално во Велестово на сретсело, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. За нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски, а наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“, велат од организацијата на „Поетска ноќ во Велестово“.
Програмата, додаваат, ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“, а настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот. Искуствата, велат, ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија).
Истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, додаваат организаторите.
Фестивалот ќе заврши во недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.

The post 34. Поетска ноќ во Велестово од 19 до 21 август appeared first on Република.

]]>