поетроника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetronika/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 07:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетроника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poetronika/ 32 32 Поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“ на Оливер Митковски и Андреја Салпе на малата сцена во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-muzichkiot-elektronski-akt-poetronika-na-oliver-mitkovski-i-andreja-salpe-na-malata-stsena-vo-mnt/ Mon, 09 Oct 2023 07:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=689383

Поетско-музичкиот проект „Поетроника“ на двајцата современи уметници, Оливер Митковски и Андреја Салпе, ќе биде изведен во вторник, 10 октомври, во живо по втор пат на малата сцена во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот.

Публиката ќе има можност да проследи речиси двочасовен перформанс на Митковски и Салпе, каде на мошне современ и динамичен начин успеваат да ја реинвентираат и осовременат македонската уметничка форма и да фрлат ново светло на македонскиот пишан збор, прилагодувајќи го на современото време и потенцијално приближувајќи го до нова и млада генерација.

Во низата музичко-поетски делници, Салпе и Митковски, успеваат да реактуализираат дел од македонските поетски великани, меѓу кои Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски и Игор Исаковски. Понатаму, „Необичниот живот на Наташа Целакоска“ е необична, интересна и речиси непозната песна од Горан Петревски (професор на Економски факултет по Монетарна политика), која токму поради ингениозниот контекст звучи како вистинско мало ремек дело. Здравиот контекст на „Поетроника“ открива нови аспекти на стиховите од авторите Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески, кои припаѓаат на актуелната генерација, а прекрасно успева да блесне и „Осаменост“ на подзаборавената и трагично починатата поетеса Радмила Трифуновска.

Овој автентичен и висококвалитетен домашен уметнички продукт ќе биде издаден за нашата реномирана дискографска куќа ПМГ Џез.

 

The post Поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“ на Оливер Митковски и Андреја Салпе на малата сцена во МНТ appeared first on Република.

]]>

Поетско-музичкиот проект „Поетроника“ на двајцата современи уметници, Оливер Митковски и Андреја Салпе, ќе биде изведен во вторник, 10 октомври, во живо по втор пат на малата сцена во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот. Публиката ќе има можност да проследи речиси двочасовен перформанс на Митковски и Салпе, каде на мошне современ и динамичен начин успеваат да ја реинвентираат и осовременат македонската уметничка форма и да фрлат ново светло на македонскиот пишан збор, прилагодувајќи го на современото време и потенцијално приближувајќи го до нова и млада генерација. Во низата музичко-поетски делници, Салпе и Митковски, успеваат да реактуализираат дел од македонските поетски великани, меѓу кои Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски и Игор Исаковски. Понатаму, „Необичниот живот на Наташа Целакоска“ е необична, интересна и речиси непозната песна од Горан Петревски (професор на Економски факултет по Монетарна политика), која токму поради ингениозниот контекст звучи како вистинско мало ремек дело. Здравиот контекст на „Поетроника“ открива нови аспекти на стиховите од авторите Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески, кои припаѓаат на актуелната генерација, а прекрасно успева да блесне и „Осаменост“ на подзаборавената и трагично починатата поетеса Радмила Трифуновска. Овој автентичен и висококвалитетен домашен уметнички продукт ќе биде издаден за нашата реномирана дискографска куќа ПМГ Џез.  

The post Поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“ на Оливер Митковски и Андреја Салпе на малата сцена во МНТ appeared first on Република.

]]>
„Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе вечерва во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetronika-na-akterot-oliver-mitkovski-i-muzicharot-andreja-salpe-vecherva-vo-mnt/ Thu, 08 Jun 2023 08:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=649092

Во Македонскиот народен театар вечерва од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе.

Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика, велат од МНТ.

https://republika.mk/vesti/kultura/poetronika-na-mitkovski-i-salpe-e-sozdaden-so-golema-lubov-i-iskrenost/

Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко – сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

The post „Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар вечерва од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе.
Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика, велат од МНТ.
https://republika.mk/vesti/kultura/poetronika-na-mitkovski-i-salpe-e-sozdaden-so-golema-lubov-i-iskrenost/ Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко – сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

The post „Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>
„Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetronika-na-mitkovski-i-salpe-e-sozdaden-so-golema-lubov-i-iskrenost/ Fri, 02 Jun 2023 14:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=647145

На 8 јуни на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде промовиран „Поетроника“, проект на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе. Станува збор за повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо.

Во разговор за „Република“ Митковски и Салпе велат дека „Поетроника“ е создаден со голема љубов и искреност.

Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко - сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

Во најавата за „Поетроника“ се вели дека овој перформанс е резултат на Вашата посветеност и повеќенаменско експериментирање. Што ќе може да видат гледачите на МНТ? Како е замислен перформансот?

Оливер: Целиот овој проект е резултат на една синергија, која некако спонтано и сосема логично се појави по пат на интензивно дружење. Самиот факт што не можам да се сетам кога точно започна, зборува во некоја рака за самата посветеност, за релативноста на одвоеното време и со колкава љубов и искреност е создаден. Финалниот перформанс, исто како и името, изборот на песни и се останато, се случија попатно. Бевме прилично систематични во смисла на опфаќање на сите аспекти при изборот на поезијата, и секако, на самото творештво, па во некои случаи  и животот на избраните поети.

Андреја: Би рекол целиот проект е значаен на повеќе нивоа, како од музички, така и од книжевен аспект, бидејќи со самиот третман на македонската поезија, која патем ја лишивме од патетика, и начинот на изведување на електронската музика се создаде уникатен продукт сам по себе, кој е во духот на современиот човек денес.

Оливер: Во таа смисла сметам дека не е толку важен самиот перформанс. Верувам, дека гледачите ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко - сценски акт, но целиот продукт мислам дека има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

Дали е планирано „Поетроника“ да оди на редовен репертоар на МНТ? Имате ли во план гостувања?

Андреја: Она што е сигурно е настап на „Крај Вардарот џез” следната година, фестивал кој е во организација на издавачката куќа ПМГ Џез, каде всушност ќе излезе и албумот „Поетроника”. Исто така, има најави за некаков вид концерти оваа есен, но би напоменал дека не бркаме некаков квантитет, напротив.

Оливер: Што се однесува до МНТ тоа зависи од многу други околности, но што и да се случи сакам да нагласам дека МНТ е единствената институција која не само што го поддржа, туку ги понуди и сите свои човечки и технички ресурси и со тоа овозможи на најдостоинствен начин овој проект да има своа промоција. Колку и да ми е познат вредносниот систем на просечниот Македонец, сепак, за мене е фасцинантен фактот што од неколку наши големи компании не само што бевме одбиени за минимални средства неопходни за техника неопходна за настап во живо, туку по нивните задоцнети одговори или изговори можеше да се види комплетно отсуство на интерес за нешто поинакво и сенс за нешто попрефинето. Или, да се изразам со фраза од еден поет опфатен во нашата поетска компилација, „крцка од застоеност”.

[caption id="attachment_647168" align="alignnone" width="734"] Бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување: Aктерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе[/caption]

Кои македонски поети се застапени? Кои се вашите омилени песни од македонските поети? Дали успеавте да ги вклопите во оној музички жанр кој го замисливте (амбиент, електорника, џезелементи) или пак имаше некое изненадување?

Андреја: Целиот процес започна со „Псалм за m-lle Liili” од Ацо Караманов, едноставно од секогаш ми бил симпатичен ставот и позицијата од која пишува и ѝ се обраќа на Лили, па така сакав да направам некаква музичка форма за тој текст. Реално, се изненадивме од тоа, кај сè може да одиме, притоа музиката да не биде само подлога за нарацијата или обратно, туку тоа да биде кохезија од самиот текст, музиката и начинот на интерпретација. Оттука, стана непредвидливо и сосем неважно каков музички жанр ќе добиеме. Па, се втурнавме копајќи македонска поезија и попатно дознавме доста интересни и специфични информации.

Оливер: Секако дека секој текст се вклопи во музичкиот контекст затоа што беа работени паралелно. Со оглед на тоа што веројатно нема да имаме можност на самиот перформанс во живо, би сакал сега да му оддадам почит на еден извонреден не само поет туку мултимедијален уметник кој почина во периодов на создавање на Поетроника, Марко Петрушевски. Иако не го познававме лично, неговото луцидно и со извонреден смисол за хумор творештво, изврши огромен импакт врз финалниот облик на овој проект. Во неколку наврати обидуваќи се да снимиме материјал инспириран од негови песни на крајот успевавме да снимиме други. На овој начин снимивме можеби пола албум. На крајот само констатиравме дека неговиот специфичен начин на изразување е толку симпатичен, искрен и уникатен што претставува сам по себе уметничко дело.

Дали „Поетроника“ е пркос кон се она што ни се случува, посебно во јазикот, идентитетот, културата? Напад е или одбрана?

Оливер: Поетроника е премногу интимно и емотивно дело за да биде атак кон нешто или некого.

Андреја: Тука би додал дека целиот албум се бави со универзалните човекови проблематики, соодветствувајќи со современиот човек денес, кој има културолошка компетенција. Може да гледате и дека моменталните политички случувања се универзални проблеми на Македонецот низ времето. Но, бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување.

Оливер: Создадено е како резултат на перспективата и светогледот на македонските поетски творци, хронологијата и развојот на нивната мисла и тоа секако значи одбрана на нашиот културен идентитет. Во самата своја суштина, „Поетроника” се однесува генерално на човекот како битие, на смисолот на неговото постоење и на неговата макотрпна потрага по смисол.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post „Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност appeared first on Република.

]]>

На 8 јуни на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде промовиран „Поетроника“, проект на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе. Станува збор за повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо. Во разговор за „Република“ Митковски и Салпе велат дека „Поетроника“ е создаден со голема љубов и искреност. Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко - сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време. Во најавата за „Поетроника“ се вели дека овој перформанс е резултат на Вашата посветеност и повеќенаменско експериментирање. Што ќе може да видат гледачите на МНТ? Како е замислен перформансот? Оливер: Целиот овој проект е резултат на една синергија, која некако спонтано и сосема логично се појави по пат на интензивно дружење. Самиот факт што не можам да се сетам кога точно започна, зборува во некоја рака за самата посветеност, за релативноста на одвоеното време и со колкава љубов и искреност е создаден. Финалниот перформанс, исто како и името, изборот на песни и се останато, се случија попатно. Бевме прилично систематични во смисла на опфаќање на сите аспекти при изборот на поезијата, и секако, на самото творештво, па во некои случаи  и животот на избраните поети. Андреја: Би рекол целиот проект е значаен на повеќе нивоа, како од музички, така и од книжевен аспект, бидејќи со самиот третман на македонската поезија, која патем ја лишивме од патетика, и начинот на изведување на електронската музика се создаде уникатен продукт сам по себе, кој е во духот на современиот човек денес. Оливер: Во таа смисла сметам дека не е толку важен самиот перформанс. Верувам, дека гледачите ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко - сценски акт, но целиот продукт мислам дека има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време. Дали е планирано „Поетроника“ да оди на редовен репертоар на МНТ? Имате ли во план гостувања? Андреја: Она што е сигурно е настап на „Крај Вардарот џез” следната година, фестивал кој е во организација на издавачката куќа ПМГ Џез, каде всушност ќе излезе и албумот „Поетроника”. Исто така, има најави за некаков вид концерти оваа есен, но би напоменал дека не бркаме некаков квантитет, напротив. Оливер: Што се однесува до МНТ тоа зависи од многу други околности, но што и да се случи сакам да нагласам дека МНТ е единствената институција која не само што го поддржа, туку ги понуди и сите свои човечки и технички ресурси и со тоа овозможи на најдостоинствен начин овој проект да има своа промоција. Колку и да ми е познат вредносниот систем на просечниот Македонец, сепак, за мене е фасцинантен фактот што од неколку наши големи компании не само што бевме одбиени за минимални средства неопходни за техника неопходна за настап во живо, туку по нивните задоцнети одговори или изговори можеше да се види комплетно отсуство на интерес за нешто поинакво и сенс за нешто попрефинето. Или, да се изразам со фраза од еден поет опфатен во нашата поетска компилација, „крцка од застоеност”. [caption id="attachment_647168" align="alignnone" width="734"] Бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување: Aктерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе[/caption] Кои македонски поети се застапени? Кои се вашите омилени песни од македонските поети? Дали успеавте да ги вклопите во оној музички жанр кој го замисливте (амбиент, електорника, џезелементи) или пак имаше некое изненадување? Андреја: Целиот процес започна со „Псалм за m-lle Liili” од Ацо Караманов, едноставно од секогаш ми бил симпатичен ставот и позицијата од која пишува и ѝ се обраќа на Лили, па така сакав да направам некаква музичка форма за тој текст. Реално, се изненадивме од тоа, кај сè може да одиме, притоа музиката да не биде само подлога за нарацијата или обратно, туку тоа да биде кохезија од самиот текст, музиката и начинот на интерпретација. Оттука, стана непредвидливо и сосем неважно каков музички жанр ќе добиеме. Па, се втурнавме копајќи македонска поезија и попатно дознавме доста интересни и специфични информации. Оливер: Секако дека секој текст се вклопи во музичкиот контекст затоа што беа работени паралелно. Со оглед на тоа што веројатно нема да имаме можност на самиот перформанс во живо, би сакал сега да му оддадам почит на еден извонреден не само поет туку мултимедијален уметник кој почина во периодов на создавање на Поетроника, Марко Петрушевски. Иако не го познававме лично, неговото луцидно и со извонреден смисол за хумор творештво, изврши огромен импакт врз финалниот облик на овој проект. Во неколку наврати обидуваќи се да снимиме материјал инспириран од негови песни на крајот успевавме да снимиме други. На овој начин снимивме можеби пола албум. На крајот само констатиравме дека неговиот специфичен начин на изразување е толку симпатичен, искрен и уникатен што претставува сам по себе уметничко дело. Дали „Поетроника“ е пркос кон се она што ни се случува, посебно во јазикот, идентитетот, културата? Напад е или одбрана? Оливер: Поетроника е премногу интимно и емотивно дело за да биде атак кон нешто или некого. Андреја: Тука би додал дека целиот албум се бави со универзалните човекови проблематики, соодветствувајќи со современиот човек денес, кој има културолошка компетенција. Може да гледате и дека моменталните политички случувања се универзални проблеми на Македонецот низ времето. Но, бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување. Оливер: Создадено е како резултат на перспективата и светогледот на македонските поетски творци, хронологијата и развојот на нивната мисла и тоа секако значи одбрана на нашиот културен идентитет. Во самата своја суштина, „Поетроника” се однесува генерално на човекот како битие, на смисолот на неговото постоење и на неговата макотрпна потрага по смисол. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post „Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност appeared first on Република.

]]>
„Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андрија Салпе на сцената на МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetronika-na-akterot-oliver-mitkovski-i-muzicharot-andrija-salpe-na-stsenata-na-mnt/ Thu, 18 May 2023 12:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=642296

В четврток на 8 јуни, со почеток во 21 часот на големата сцена ќе се одржи „Поетроника“, проект кој претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање.

Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика.

Проектот е, исто така, некој вид сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво особено во време кога повторно јазикот, идентитетот и правото на културна самоидентификација се доведени во прашање.

The post „Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андрија Салпе на сцената на МНТ appeared first on Република.

]]>

В четврток на 8 јуни, со почеток во 21 часот на големата сцена ќе се одржи „Поетроника“, проект кој претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање. Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика. Проектот е, исто така, некој вид сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво особено во време кога повторно јазикот, идентитетот и правото на културна самоидентификација се доведени во прашање.

The post „Поетроника“ на актерот Оливер Митковски и музичарот Андрија Салпе на сцената на МНТ appeared first on Република.

]]>