поети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poeti/ За подобро да се разбереме Wed, 04 May 2022 09:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poeti/ 32 32 Од 5 до 7 мај во Софија ќе се одржи 13. издание на „Македонската книжевна визита во Софија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-5-do-7-maj-vo-sofija-kje-se-odrzi-13-izdanie-na-makedonskata-knizevna-vizita-vo-sofija/ Wed, 04 May 2022 09:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=497343

Со учество на 12 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 5 до 7 мај во Софија ќе се одржи 13-тото издание на „Македонската книжевна визита во Софија“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и вмрежување и соработка меѓу македонските и бугарските поети и издавачи.

Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското Министерство за култура.

Годинашната „Тринаeсетта македонска книжевна визита во Софија“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, реномиран преведувач и универзитетски професор д-р Зоран Анчевски, за чие поетско творештво ќе говори македонскиот поет и универзитетски професор д-р Владимир Мартиновски. На овој настан ќе бидат презентирани стихови од Анчевски на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе има и претседателката на Бугарскиот ПЕН-центар Здравка Евтимова.

Втората клучна содржина на Тринаесеттата македонска книжевна визита во Софија е и големиот бугарско-македонски поетски митинг на која оваа година ќе земат учество 12 македонски и бугарски поетеси: Надја Попова, Сузана В. Спасовска, Роза Бојанова, Наташа Сарџовска,  Анжела Димчева, Сузана Мицева, Наталија Недјалкова, Ана Стојановска, Поли Муканова, Ива Дамјановски, Емилија Авгинова, Билјана Стојановска, Виолета Христова, Гордана Стојковска Јовиќ и Маја Панајотова. Притоа ќе биде промовирано и специјалното антологиско издание на „Макавеј“ – панорамата на современи бугарски поетеси со наслов „Лирските музи на Бугарија“. Ова издание ќе го промовираат македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарската поетеса Роза Бојанова.

Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор-преведувач, кој во изминатиот период значајно придонел за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката и книжевните врски меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е преведувачот и писател Марјан Петров, кој во својот опус има близу дваесетина преведени книги од македонски писатели на бугарски јазик.

Во рамките на Тринаесеттата македонска книжевна визита во Софија ќе биде промовирана и книгата „Создавање“ од познатиот македонски дипломат, општественик и писател Марјан Ѓорчев, која неодамна се појави и на бугарски јазик.
Пред крајот на манифестацијата оваа година, учесниците ќе ја посетат спомен-куќата на Пејо Јаворов.

The post Од 5 до 7 мај во Софија ќе се одржи 13. издание на „Македонската книжевна визита во Софија“ appeared first on Република.

]]>

Со учество на 12 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 5 до 7 мај во Софија ќе се одржи 13-тото издание на „Македонската книжевна визита во Софија“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и вмрежување и соработка меѓу македонските и бугарските поети и издавачи. Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското Министерство за култура. Годинашната „Тринаeсетта македонска книжевна визита во Софија“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, реномиран преведувач и универзитетски професор д-р Зоран Анчевски, за чие поетско творештво ќе говори македонскиот поет и универзитетски професор д-р Владимир Мартиновски. На овој настан ќе бидат презентирани стихови од Анчевски на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе има и претседателката на Бугарскиот ПЕН-центар Здравка Евтимова. Втората клучна содржина на Тринаесеттата македонска книжевна визита во Софија е и големиот бугарско-македонски поетски митинг на која оваа година ќе земат учество 12 македонски и бугарски поетеси: Надја Попова, Сузана В. Спасовска, Роза Бојанова, Наташа Сарџовска,  Анжела Димчева, Сузана Мицева, Наталија Недјалкова, Ана Стојановска, Поли Муканова, Ива Дамјановски, Емилија Авгинова, Билјана Стојановска, Виолета Христова, Гордана Стојковска Јовиќ и Маја Панајотова. Притоа ќе биде промовирано и специјалното антологиско издание на „Макавеј“ – панорамата на современи бугарски поетеси со наслов „Лирските музи на Бугарија“. Ова издание ќе го промовираат македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарската поетеса Роза Бојанова. Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор-преведувач, кој во изминатиот период значајно придонел за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката и книжевните врски меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е преведувачот и писател Марјан Петров, кој во својот опус има близу дваесетина преведени книги од македонски писатели на бугарски јазик. Во рамките на Тринаесеттата македонска книжевна визита во Софија ќе биде промовирана и книгата „Создавање“ од познатиот македонски дипломат, општественик и писател Марјан Ѓорчев, која неодамна се појави и на бугарски јазик. Пред крајот на манифестацијата оваа година, учесниците ќе ја посетат спомен-куќата на Пејо Јаворов.

The post Од 5 до 7 мај во Софија ќе се одржи 13. издание на „Македонската книжевна визита во Софија“ appeared first on Република.

]]>