поени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poeni/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 12:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poeni/ 32 32 Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovski-advokat-na-ustaven-sud-go-ospori-opshtinskiot-pravilnik-za-isplata-na-shteta-po-napadi-od-bezdomni-kuchina/ Fri, 17 Mar 2023 12:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=620718

Правилникот кој Општина Тетово го изработи со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник е оспорен пред Уставниот суд. Оваа одлука која е донесена од Советот на Општината е оспорена од адвокатот Дарко Котески.

Советот на Општина Тетово нема надлежност за донесување на оспорениот правилник и затоа оценувам дека е спротивен на Законот за локална самоуправа. Таа надлежност му припаѓа исклучиво на градоначалникот. Правилник е спротивен на член 8 и член 51 од Уставот. Ги оспорувам и критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник според кои граѓаните се поделени според возраста за добивање отштета, вели адвокатот Дарко Котески.

И од Уставен суд информираа дека во текот на февруари меѓу вкупниот број на 21 нов предмет кои се оформени се наоѓа и предлогот на тетовскиот адвокат.

Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од судии и советници и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи поединечни реферати коишто ќе содржат предлози за гласање на седница, информираше Уставен суд.

Правилникот беше усвоен на седница на Совет во 2022 година. Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна петчлена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари. До барателот се доставува спогодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

The post Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>

Правилникот кој Општина Тетово го изработи со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник е оспорен пред Уставниот суд. Оваа одлука која е донесена од Советот на Општината е оспорена од адвокатот Дарко Котески.
Советот на Општина Тетово нема надлежност за донесување на оспорениот правилник и затоа оценувам дека е спротивен на Законот за локална самоуправа. Таа надлежност му припаѓа исклучиво на градоначалникот. Правилник е спротивен на член 8 и член 51 од Уставот. Ги оспорувам и критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник според кои граѓаните се поделени според возраста за добивање отштета, вели адвокатот Дарко Котески.
И од Уставен суд информираа дека во текот на февруари меѓу вкупниот број на 21 нов предмет кои се оформени се наоѓа и предлогот на тетовскиот адвокат. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од судии и советници и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи поединечни реферати коишто ќе содржат предлози за гласање на седница, информираше Уставен суд. Правилникот беше усвоен на седница на Совет во 2022 година. Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна петчлена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината. Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари. До барателот се доставува спогодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие. Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

The post Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>