подземна гаража Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podzemna-garazha/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подземна гаража Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podzemna-garazha/ 32 32 Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-odvoi-20-milioni-evra-za-izgradba-na-nova-podzemna-garazha-kaj-ploshtadot-skenderbeg/ Tue, 26 Nov 2024 14:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=841970

Владата на денешната седница донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Новата гаража, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, ќе има 371 паркинг место распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.

Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот Скендербег и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвисци со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар, рече Меџити.

Нагласи дека изградбата на оваа гаража е од особено значење за чаршијата и за Чаир и ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места во овој дел од градот со што се очекува зголемување на бројот на туристите во Старата чаршија.

Во наредниот период ќе работиме проектот да биде реализиран во најкраток можен рок и со највисок квалитет. Ќе обезбедиме транспарентност и отчетност во сите фази од реализацијата со цел да ги оправдаме довербата и очекувањата на граѓаните, рече Меџити.

Во одговор на прашање рече дека наскоро ќе биде објавен тендерот за изградба и додаде дека очекува градежните работи да почнат на почетокот на следната година.

 

The post Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Новата гаража, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, ќе има 371 паркинг место распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.
Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот Скендербег и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвисци со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар, рече Меџити.
Нагласи дека изградбата на оваа гаража е од особено значење за чаршијата и за Чаир и ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места во овој дел од градот со што се очекува зголемување на бројот на туристите во Старата чаршија.
Во наредниот период ќе работиме проектот да биде реализиран во најкраток можен рок и со највисок квалитет. Ќе обезбедиме транспарентност и отчетност во сите фази од реализацијата со цел да ги оправдаме довербата и очекувањата на граѓаните, рече Меџити.
Во одговор на прашање рече дека наскоро ќе биде објавен тендерот за изградба и додаде дека очекува градежните работи да почнат на почетокот на следната година.  

The post Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег appeared first on Република.

]]>
Британец пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/britanets-pronajden-so-povredi-vo-podzemna-garazha-vo-skopje/ Sat, 21 Sep 2024 18:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=818577

Државјанин на Велика Британија бил најден паднат и со повреди во подземна гаража во скопски Аеродром.

-На 20.09.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ во подземна гаража бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Британец пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Велика Британија бил најден паднат и со повреди во подземна гаража во скопски Аеродром. -На 20.09.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ во подземна гаража бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Британец пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје appeared first on Република.

]]>