подземен премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podzemen-premin/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 19:00:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подземен премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podzemen-premin/ 32 32 Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/podzemniot-premin-kaj-tts-skopjanka-preplaven-so-fekalii/ Sat, 09 Mar 2024 19:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=753095

Повеќе од една седмица подземниот премин пред трговскиот центар и станбен комплекс „Скопјанка“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу' бр. 15 е преплавен со фекалии. Сопствениците на деловните простории и група станари од шесте влеза на комплекс „Скопјанка“ реагираат до АД за стопанисување со деловен простор (ДЕЛПРО), ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и комуналната и санитарна инспекција на општина Аеродром.

Сопствениците на деловните простории поплавени со фекалии закажуваат состанок пред влезот на подземниот премин во понеделник, 11 март во 9 часот со надлежните служби на АД ДЕЛПРО, ЈП „Водовод и канализација“ и комунална и санитарна инспекција на Општина Аеродром и станари на сите шест влеза од комплексот „Скопјанка“ заради изнаоѓање решение на отстранување на проблемот.

Според кажувањето на сопствениците на деловните простории известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но до овој момент проблемот се уште не е решен.

Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ е одалечен 200 метри од Железничката станица и 100 метри од порта „Аеродром“, и таму седум дена истекуваат неконтролирано фекалии. Фекалиите го поплавија подземниот премин под булеварот, завршувајќи во деловните простории. На тој начин е блокирано движењето во подземниот премин. Се шири неподнослива смрдеа во околината, а граѓаните се принудени непрописно да го поминуваат булеварот, велат жителите на ТЦ „Скопјанка“.

The post Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии appeared first on Република.

]]>

Повеќе од една седмица подземниот премин пред трговскиот центар и станбен комплекс „Скопјанка“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу' бр. 15 е преплавен со фекалии. Сопствениците на деловните простории и група станари од шесте влеза на комплекс „Скопјанка“ реагираат до АД за стопанисување со деловен простор (ДЕЛПРО), ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и комуналната и санитарна инспекција на општина Аеродром. Сопствениците на деловните простории поплавени со фекалии закажуваат состанок пред влезот на подземниот премин во понеделник, 11 март во 9 часот со надлежните служби на АД ДЕЛПРО, ЈП „Водовод и канализација“ и комунална и санитарна инспекција на Општина Аеродром и станари на сите шест влеза од комплексот „Скопјанка“ заради изнаоѓање решение на отстранување на проблемот. Според кажувањето на сопствениците на деловните простории известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но до овој момент проблемот се уште не е решен.
Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ е одалечен 200 метри од Железничката станица и 100 метри од порта „Аеродром“, и таму седум дена истекуваат неконтролирано фекалии. Фекалиите го поплавија подземниот премин под булеварот, завршувајќи во деловните простории. На тој начин е блокирано движењето во подземниот премин. Се шири неподнослива смрдеа во околината, а граѓаните се принудени непрописно да го поминуваат булеварот, велат жителите на ТЦ „Скопјанка“.

The post Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии appeared first on Република.

]]>
Тунелот под „Лимак“ речиси готов, но колку долго ќе чекаме на кружните текови од Градот не се знае https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tunelot-pod-limak-rechisi-gotov-no-kolku-dolgo-ke-chekame-na-kruzhnite-tekovi-od-gradot-ne-se-znae/ Thu, 16 Nov 2023 14:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=702200

Инвеститорите од „Лимак“ според договореното со Град Скопје ја изградија подземната сообраќајница под мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, но ништо не е мрднато од место кога станува збор за кружните текови на источната и западната страна од објектот, кои требаше да ги изгради Градот, анализира „Плусинфо“.

Инвеститорот на комплексот „Diamond of Skopje“ вели дека основата на сообраќајницата е готова, бидејќи таа морала да биде завршена за да може врз неа да се градат останатите објекти кои се составен дел од инвестицијата вредна 350 милиони евра.

Дел од проектот е и подземната сообраќајница што се протега под комплексот „Diamond of Skopje“ и е долга 746 метри и широка 37 метри. Подземната сообраќајница има по две сообраќајни ленти и помошна лента во двата правци и две трамвајски линии во средината. Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. За нејзината изградба е извршен 14 метри длабок ископ, по што се изградени потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава, и на нив е поставен фундамент. Се работи за важен инфраструктурен проект чие ставање во функција ќе овозможи брзо движење низ центарот на градот, што е клучен предизвик во централните градски подрачја. Изградбата на подземната сообраќајница, како и изградбата на останатите две станбени згради, e планирано да се заврши во текот на следната година. Вкупната инвестиција во целиот проект достигна 350 милиони евра, изјавија инвеститорите за Плусинфо.

 

Оттаму додаваат дека се во постојана комуникација со Град Скопје, но дека засега нема никакви активности, ниту во делот на кружниот тек кај Водњанска, ниту пак кај Јужниот булевар, особено откако во октомври се случи отворањето на трговски центар „Diamond Mall“, при што се зголеми бројот на возила кои се движат во овој дел од градот.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Тунелот под „Лимак“ речиси готов, но колку долго ќе чекаме на кружните текови од Градот не се знае appeared first on Република.

]]>

Инвеститорите од „Лимак“ според договореното со Град Скопје ја изградија подземната сообраќајница под мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, но ништо не е мрднато од место кога станува збор за кружните текови на источната и западната страна од објектот, кои требаше да ги изгради Градот, анализира „Плусинфо“. Инвеститорот на комплексот „Diamond of Skopje“ вели дека основата на сообраќајницата е готова, бидејќи таа морала да биде завршена за да може врз неа да се градат останатите објекти кои се составен дел од инвестицијата вредна 350 милиони евра.
Дел од проектот е и подземната сообраќајница што се протега под комплексот „Diamond of Skopje“ и е долга 746 метри и широка 37 метри. Подземната сообраќајница има по две сообраќајни ленти и помошна лента во двата правци и две трамвајски линии во средината. Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. За нејзината изградба е извршен 14 метри длабок ископ, по што се изградени потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава, и на нив е поставен фундамент. Се работи за важен инфраструктурен проект чие ставање во функција ќе овозможи брзо движење низ центарот на градот, што е клучен предизвик во централните градски подрачја. Изградбата на подземната сообраќајница, како и изградбата на останатите две станбени згради, e планирано да се заврши во текот на следната година. Вкупната инвестиција во целиот проект достигна 350 милиони евра, изјавија инвеститорите за Плусинфо.
  Оттаму додаваат дека се во постојана комуникација со Град Скопје, но дека засега нема никакви активности, ниту во делот на кружниот тек кај Водњанска, ниту пак кај Јужниот булевар, особено откако во октомври се случи отворањето на трговски центар „Diamond Mall“, при што се зголеми бројот на возила кои се движат во овој дел од градот. Целата сторија на „Плусинфо

The post Тунелот под „Лимак“ речиси готов, но колку долго ќе чекаме на кружните текови од Градот не се знае appeared first on Република.

]]>
Овца се прошета низ подземниот паркинг во ГТЦ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovca-se-prosheta-niz-podzemniot-parking-vo-gtc-vo-skopje/ Sun, 19 Jun 2022 16:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=517310

Видео поставено во групата „Миленичиња“ на социјалната мрежа Фејсбук, покажува дека во подземниот паркинг на Градскиот трговски центар – Скопје залутала овца.

Не е познато како ова исплашено животно се нашло во паркингот на ГТЦ, а за случајот информирана е и полицијата.

The post Овца се прошета низ подземниот паркинг во ГТЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Видео поставено во групата „Миленичиња“ на социјалната мрежа Фејсбук, покажува дека во подземниот паркинг на Градскиот трговски центар – Скопје залутала овца. Не е познато како ова исплашено животно се нашло во паркингот на ГТЦ, а за случајот информирана е и полицијата.

The post Овца се прошета низ подземниот паркинг во ГТЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>