подводни археолози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podvodni-arheolozi/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Apr 2022 10:13:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подводни археолози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podvodni-arheolozi/ 32 32 Наколните населби во Врбник под лупата на меѓународен тим истражувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nakolnite-naselbi-vo-vrbnik-pod-lupata-na-megjunaroden-tim-istrazuvachi/ Sun, 24 Apr 2022 10:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=493010

Меѓународен тим археолози ќе работат на подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга, во рамките на проектот „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник“, финансиран од Министерството за култура.

Македонските подводни археолози, палафитните наоѓалишта и наколните населби во Врбник ќе ги истражуваат заедно со колеги од Австрија, Швајцарија, Франција, Полска и Германија.

Според раководителот на истражувањата, лиценциран подводен археолог Валентина Тодороска, целта е откривање на начинот на живеење во наколните населби во Врбник и нивната старост, преку интердисциплинарен пристап, анализа, дендрохоронологија (испитување на старост на колците) и палеоботаника.

Се работи за интернационален проект со акцент на животот и активностите во наколните населби покрај езерата во Македонија, Албанија и Грција.

Ова е заеднички проект на универзитетите во Берн, Солун и Оксфорд. Во рамки на проектот досега се реализирани истражувања на локалитетот Деспилио, Костурско Езеро во Грција, Лин во Албанија и Заливот на коските кај Охрид – појасни Тодороска.

Активностите кај локалитетот Врбник ќе ги реализира Археолошкиот музеј на Република Македонија во соработка со музејот „Доктор Никола Незобински“ од Струга, како дел од проектот EXPLO предводен од Универзитетот во Берн, Швајцарија.

Во рамки на активностите, предвидени се и отворени денови за пошироката јавност кога ќе бидат претставени дел од резултатите од истражувањето и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со методологијата и работата на овој тип истражувања. Целта е подигање на јавната свест за културното наследство, неговото значење и промоција – информира Тодороска.

The post Наколните населби во Врбник под лупата на меѓународен тим истражувачи appeared first on Република.

]]>

Меѓународен тим археолози ќе работат на подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга, во рамките на проектот „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник“, финансиран од Министерството за култура. Македонските подводни археолози, палафитните наоѓалишта и наколните населби во Врбник ќе ги истражуваат заедно со колеги од Австрија, Швајцарија, Франција, Полска и Германија. Според раководителот на истражувањата, лиценциран подводен археолог Валентина Тодороска, целта е откривање на начинот на живеење во наколните населби во Врбник и нивната старост, преку интердисциплинарен пристап, анализа, дендрохоронологија (испитување на старост на колците) и палеоботаника. Се работи за интернационален проект со акцент на животот и активностите во наколните населби покрај езерата во Македонија, Албанија и Грција.