Подваријанта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podvarijanta/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Aug 2022 19:24:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Подваријанта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podvarijanta/ 32 32 Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-albanija-potvrdena-nova-kovid-varijanta-ova-se-simptomite/ Thu, 25 Aug 2022 19:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=544168

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.

– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.

Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.

– Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.

Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата.

Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

The post Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите appeared first on Република.

]]>

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.
– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.
Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.
– Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.
Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата. Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

The post Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите appeared first on Република.

]]>
Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-potvrdena-pozaraznata-podvarijanta-na-omikron-ba2/ Mon, 04 Apr 2022 16:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=483239

Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон - БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде што биле испратени мостри за анализа.

Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на Омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку Омикрон - наведува Топ чанел.

Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.

Вакцинацијата е многу битна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува - апелираат од Институтот.

Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, на почетокот на март 2020 година, до сега во земјата се направени 1.780.345 тестови, позитивни биле 273.870 лица, закрепнале 269.862, починале 3.492, додека активни се 516 лица.

Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина. Можност за вакцинирање имаат сите над 12-годишна возраст.

The post Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 appeared first on Република.

]]>

Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон - БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде што биле испратени мостри за анализа.
Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на Омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку Омикрон - наведува Топ чанел.
Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.
Вакцинацијата е многу битна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува - апелираат од Институтот.
Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, на почетокот на март 2020 година, до сега во земјата се направени 1.780.345 тестови, позитивни биле 273.870 лица, закрепнале 269.862, починале 3.492, додека активни се 516 лица. Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина. Можност за вакцинирање имаат сите над 12-годишна возраст.

The post Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 appeared first on Република.

]]>
Во Австрија забрзано се шири подваријантата на омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-avstrija-zabrzano-se-shiri-podvarijantata-na-omikron/ Mon, 14 Feb 2022 09:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=458224

Подваријантата на омикрон „БА.2“, која е позаразна, се повеќе се шири во Австрија. Тоа го покажуваат и податоците од провинцијата Долна Австрија, каде секоја петта инфекција била предизвикана од „БА.2“.

„БА.2“ се шири побрзо отколку што очекуваа австриските власти.

Во изминатите две недели уделот на новата варијанта се зголеми на 20% – објасни покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.

Во Долна Австрија, според податоците, експертите предупредуваат на „бран во бран“.

The post Во Австрија забрзано се шири подваријантата на омикрон appeared first on Република.

]]>

Подваријантата на омикрон „БА.2“, која е позаразна, се повеќе се шири во Австрија. Тоа го покажуваат и податоците од провинцијата Долна Австрија, каде секоја петта инфекција била предизвикана од „БА.2“. „БА.2“ се шири побрзо отколку што очекуваа австриските власти.
Во изминатите две недели уделот на новата варијанта се зголеми на 20% – објасни покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.
Во Долна Австрија, според податоците, експертите предупредуваат на „бран во бран“.

The post Во Австрија забрзано се шири подваријантата на омикрон appeared first on Република.

]]>
Подваријанта на омикрон станува доминантна во делови на Европа и Азија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podvarijanta-na-omikron-stanuva-dominantna-vo-delovi-na-evropa-i-azija/ Mon, 31 Jan 2022 11:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=451931

Варијантата омикрон на вирусот САРСКоВ-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји.

Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.

Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека е 1 и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта, рече д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон.

ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела.

Дали е полоша оваа подваријанта од омикрон или делта? д-р Сривастава објаснува: Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа, рече д-р Сривастава.

Професорот Неван Кроган е директор на Институтот за квантитативни бионауки. Тој го анализираше BA.2 во споредба со оригиналниот сој омикрон: На многу начини тие се слични. Секој од нив има околу 50 мутации. Има 30 мутации кои се преклопуваат помеѓу овие два вируса, појасни професорот Кроган.

The post Подваријанта на омикрон станува доминантна во делови на Европа и Азија appeared first on Република.

]]>

Варијантата омикрон на вирусот САРСКоВ-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји. Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека е 1 и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта, рече д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон.
ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела.
Дали е полоша оваа подваријанта од омикрон или делта? д-р Сривастава објаснува: Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа, рече д-р Сривастава.
Професорот Неван Кроган е директор на Институтот за квантитативни бионауки. Тој го анализираше BA.2 во споредба со оригиналниот сој омикрон: На многу начини тие се слични. Секој од нив има околу 50 мутации. Има 30 мутации кои се преклопуваат помеѓу овие два вируса, појасни професорот Кроган.

The post Подваријанта на омикрон станува доминантна во делови на Европа и Азија appeared first on Република.

]]>
Подваријанта на омикрон забрзано се шири во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podvarijanta-na-omikron-zabrzano-se-shiri-vo-evropa/ Fri, 21 Jan 2022 10:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=447593

На северот на Европа, подваријантата на сојот „омикрон“ на коронавирусот веќе брзо се шири, што е утврдено и во Австрија.

Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „БА.1“ и стана доминантен.

Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходно прележување на болеста или вакцина.

The post Подваријанта на омикрон забрзано се шири во Европа appeared first on Република.

]]>

На северот на Европа, подваријантата на сојот „омикрон“ на коронавирусот веќе брзо се шири, што е утврдено и во Австрија. Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „БА.1“ и стана доминантен. Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходно прележување на болеста или вакцина.

The post Подваријанта на омикрон забрзано се шири во Европа appeared first on Република.

]]>