Подољак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podoljak/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 18:00:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Подољак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podoljak/ 32 32 Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podolak-nashata-kontraofanziva-ke-bide-dolga-i-teshka-ne-sme-podgotveni-na-kompromis-so-moskva/ Wed, 19 Jul 2023 18:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=663272

Украина очекува нејзината контраофанзива да биде „долга и тешка“ поради проблемите со снабдувањето со западно оружје и со мините поставени од руските сили.

„Несомнено, оваа операција ќе биде доста тешка, долга и ќе потрае многу време“, рече Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според него, „главна пречка за напредувањето на украинските сили се мините што ги поставува руската армија со месеци и главно длабочината на минските полиња, која може да биде од четири до шеснаесет километри“.

Подољак нагласи дека Киев не е подготвен на компромиси со Русија, „бидејќи Москва се обидува да ја уништи украинската држава и да ја врати целосната контрола што ја имаше во советско време“.

Тој, исто така, го наведе оружјето што и е потребно на неговата земја за да ја забрза својата контраофанзива.

„Станува збор за 200-300 оклопни возила, главно тенкови, меѓу 60 и 80 ловци Еф-16, системи за воздушна одбрана 'Патриот' или нивниот француски еквивалент САМП/Т“, појасни Подољак

The post Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва appeared first on Република.

]]>

Украина очекува нејзината контраофанзива да биде „долга и тешка“ поради проблемите со снабдувањето со западно оружје и со мините поставени од руските сили.
„Несомнено, оваа операција ќе биде доста тешка, долга и ќе потрае многу време“, рече Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, „главна пречка за напредувањето на украинските сили се мините што ги поставува руската армија со месеци и главно длабочината на минските полиња, која може да биде од четири до шеснаесет километри“. Подољак нагласи дека Киев не е подготвен на компромиси со Русија, „бидејќи Москва се обидува да ја уништи украинската држава и да ја врати целосната контрола што ја имаше во советско време“. Тој, исто така, го наведе оружјето што и е потребно на неговата земја за да ја забрза својата контраофанзива.
„Станува збор за 200-300 оклопни возила, главно тенкови, меѓу 60 и 80 ловци Еф-16, системи за воздушна одбрана 'Патриот' или нивниот француски еквивалент САМП/Т“, појасни Подољак

The post Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва appeared first on Република.

]]>
Подољак: Во Русија допрва почнува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podolak-vo-rusija-doprva-pochnuva/ Sat, 24 Jun 2023 09:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=654640

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, постапките на шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги опиша како „антитерористичка операција“ и кажа дека „во Русија допрва почнува“, пренесоа британските медиуми.

„Поделбата меѓу елитите е премногу очигледна. Согласноста и преправањето дека се е во ред едноставно нема да успее“, напиша Подољак на Твитер.

„Некој дефинитивно мора да загуби - или Пригожин... или колективниот „анти-Пригожин““, додаде тој.

„Во Русија допрва почнува“, заклучи Подољак.

The post Подољак: Во Русија допрва почнува appeared first on Република.

]]>

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, постапките на шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги опиша како „антитерористичка операција“ и кажа дека „во Русија допрва почнува“, пренесоа британските медиуми.
„Поделбата меѓу елитите е премногу очигледна. Согласноста и преправањето дека се е во ред едноставно нема да успее“, напиша Подољак на Твитер. „Некој дефинитивно мора да загуби - или Пригожин... или колективниот „анти-Пригожин““, додаде тој. „Во Русија допрва почнува“, заклучи Подољак.

The post Подољак: Во Русија допрва почнува appeared first on Република.

]]>
Подољак: Русија планира терористички напад, сака „сива зона без население“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podolak-rusija-planira-teroristichki-napad-saka-siva-zona-bez-naselenie/ Thu, 22 Jun 2023 12:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=654089

Еден од главните советници на украинскиот претседател, Михајло Подољак на Твитер објави дека Русија планира да ја нападне нуклеарната централа Запорожја за да создаде „сива зона без население“.

Русија не може да го задржи Енерходар и затоа размислува за голем терористички напад врз Запорожје, за да ја запре украинската контраофанзива и да создаде санитарна сива зона без население, како дел од територијалниот статус кво без прекин на огнот, напиша Подољак на Твитер.

Тој исто така наведе и дека Москва може да се обиде да ја нападне браната во Криви Рих со Кинжал.

Во моментов во тек е дополнително минирање на нуклеарната централа, вклучувајќи ги и базените за ладење. Дали Кремљ ќе одлучи да продолжи со ова сценарио зависи исклучиво од глобалната реакција. Мора да се дефинираат црвените линии. Тие мора да ги знаат последиците. Не утре. Денеска, посочи Подољак.

Претходно и Володимир Зеленски сугерираше дека Москва планира напад врз нуклеарна централа, на што Москва веднаш реагираше, истакнувајќи оти тоа е уште една лага.

The post Подољак: Русија планира терористички напад, сака „сива зона без население“ appeared first on Република.

Михаил Подољак: Преговори би значеле само едно – Русија победи … https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mihail-podoljak-pregovori-bi-znachele-samo-edno-rusija-pobedi/ Sat, 13 Aug 2022 17:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=539977

Киев ги отфрли мировните преговори со Москва во сегашните околности, споредувајќи ги сите разговори со „цивилизациска катастрофа“.

Продолжувањето на преговорите нема да придонесе ништо за целите на украинската влада, изјави за украински „Бабел“ Михаил Подољак, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува РТ.

„Денес Украина нема мотивација да води преговори“, рече Подољак, додавајќи дека „можноста да се победи оваа војна е многу поважна од каква било пауза“.
„Отпочнувањето преговори во сегашните околности само ќе го официјализира поразот на Украина и Европа, како и европските вредности“, додаде тој.

Тој предупреди дека поразот на Украина ќе означи и „колапс на глобалниот безбедносен систем и системот на демократски вредности“.

Постигнувањето на примирје сега нема да го спречи понатамошниот конфликт, рече тој, додавајќи дека Русија би можела да изврши нов напад врз Украина во одреден момент во иднина.

„Денешните преговори со Русија би значеле само едно – Русија победи… Дали сте подготвени за тоа“, праша тој.

Подољак, исто така, ја спореди идејата за започнување мировни преговори со Москва со преговорите со нацистичка Германија во 1942 година, кога нацистите окупираа големи делови од советската територија, вклучително и цела Украина.

„Тоа е незамисливо. Секој разговор во тој момент и со тој [однос на моќ] би значело цивилизациска катастрофа“, рече тој.

На почетокот на август, Кремљ ја сигнализираше својата подготвеност да склучи мировен договор со Киев, истовремено предупредувајќи дека ќе ги постигне целите на својата „воена операција“ во Украина без оглед на подготвеноста на Киев да направи отстапки.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш изјави дека двете земји се блиску до решавање на нивните разлики на начин прифатлив за Русија, но нацрт-договорот подготвен за време на состанокот во Истанбул беше отфрлен од Украина.

Киев ги прекина преговорите со Москва откако ја обвини Русија за наводни воени злосторства, тврдење што Русија рече дека се заснова на фабрикувани докази.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ја посети Москва на почетокот на август, исто така рече дека е можно решение преку преговори и рече дека неодамнешниот „почетен успех“ на договорот за извоз на жито треба да се искористи за да се постигне прекин на огнот.

The post Михаил Подољак: Преговори би значеле само едно – Русија победи … appeared first on Република.

]]>

Киев ги отфрли мировните преговори со Москва во сегашните околности, споредувајќи ги сите разговори со „цивилизациска катастрофа“. Продолжувањето на преговорите нема да придонесе ништо за целите на украинската влада, изјави за украински „Бабел“ Михаил Подољак, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува РТ.
„Денес Украина нема мотивација да води преговори“, рече Подољак, додавајќи дека „можноста да се победи оваа војна е многу поважна од каква било пауза“. „Отпочнувањето преговори во сегашните околности само ќе го официјализира поразот на Украина и Европа, како и европските вредности“, додаде тој. Тој предупреди дека поразот на Украина ќе означи и „колапс на глобалниот безбедносен систем и системот на демократски вредности“. Постигнувањето на примирје сега нема да го спречи понатамошниот конфликт, рече тој, додавајќи дека Русија би можела да изврши нов напад врз Украина во одреден момент во иднина. „Денешните преговори со Русија би значеле само едно – Русија победи… Дали сте подготвени за тоа“, праша тој. Подољак, исто така, ја спореди идејата за започнување мировни преговори со Москва со преговорите со нацистичка Германија во 1942 година, кога нацистите окупираа големи делови од советската територија, вклучително и цела Украина. „Тоа е незамисливо. Секој разговор во тој момент и со тој [однос на моќ] би значело цивилизациска катастрофа“, рече тој. На почетокот на август, Кремљ ја сигнализираше својата подготвеност да склучи мировен договор со Киев, истовремено предупредувајќи дека ќе ги постигне целите на својата „воена операција“ во Украина без оглед на подготвеноста на Киев да направи отстапки. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш изјави дека двете земји се блиску до решавање на нивните разлики на начин прифатлив за Русија, но нацрт-договорот подготвен за време на состанокот во Истанбул беше отфрлен од Украина. Киев ги прекина преговорите со Москва откако ја обвини Русија за наводни воени злосторства, тврдење што Русија рече дека се заснова на фабрикувани докази. Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ја посети Москва на почетокот на август, исто така рече дека е можно решение преку преговори и рече дека неодамнешниот „почетен успех“ на договорот за извоз на жито треба да се искористи за да се постигне прекин на огнот.

The post Михаил Подољак: Преговори би значеле само едно – Русија победи … appeared first on Република.

]]>
Подољак, украински преговарач: По 26 дена дојде до промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podoljak-ukrainski-pregovarach-po-26-dena-dojde-do-promeni/ Mon, 21 Mar 2022 20:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=476355

Украинскиот преговарач Михаил Подолјак за "BBC" рекол дека по 26 дена војна дошло до некои промени во мировните преговори. Порачал дека украинскиот отпор ја принудил Русија попримерно да ја процени реалната ситуација, што помогнало во постигнување на некој облик на дијалог.

Сепак, се истакнува дека секоја одлука за мировниот договор ќе биде донесена меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Засега, тврди Подолјак, нема договорен датум кога двајцата лидери би можеле да се состанат.

Не сакал да изнесува детали од преговорите, но дал до знаење дека Киев нема да прифати никаков компромис по прашањето за територијалниот интегритет или суверенитет на Украина. Претходно и Зеленски порачал дека Украина нема да ги прифати руските ултиматуми.

Подолјак порачал дека е фрустриран бидејќи НАТО не сака да воведе зона за забрана на летови во Украина.

Тие нам не ни го затвораат небото. Стојат на страна кога милиони бараат место за живот. Ова е хуманитарна катастрофа во Украина, додал тој.

The post Подољак, украински преговарач: По 26 дена дојде до промени appeared first on Република.

]]>

Украинскиот преговарач Михаил Подолјак за "BBC" рекол дека по 26 дена војна дошло до некои промени во мировните преговори. Порачал дека украинскиот отпор ја принудил Русија попримерно да ја процени реалната ситуација, што помогнало во постигнување на некој облик на дијалог. Сепак, се истакнува дека секоја одлука за мировниот договор ќе биде донесена меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Засега, тврди Подолјак, нема договорен датум кога двајцата лидери би можеле да се состанат. Не сакал да изнесува детали од преговорите, но дал до знаење дека Киев нема да прифати никаков компромис по прашањето за територијалниот интегритет или суверенитет на Украина. Претходно и Зеленски порачал дека Украина нема да ги прифати руските ултиматуми. Подолјак порачал дека е фрустриран бидејќи НАТО не сака да воведе зона за забрана на летови во Украина.