подобрува живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podobruva-zhivot/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 18:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подобрува живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podobruva-zhivot/ 32 32 Храна што го подобрува животот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hrana-shto-go-podobruva-zhivotot/ Sat, 29 Jun 2024 19:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=791961

Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни да ги врзат нездравите материи присутни во храната.

Според лекарите, најдобро за телото е да јадете круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го доживееме преку подобрено варење.

Покрај горенаведените намирници, лушпите од псилиум се уште еден извор на растворливи диететски влакна. Докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол, што е важно за превенција од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Освен влакна кои помагаат во нормализирање на работата на цревата, псилиумот содржи и несварливи јаглехидрати кои позитивно влијаат на микрофлората, пишува магазинот „Health“.

Според сегашните упатства, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно.

Влакната помагаат и во губење на тежината

Влакната се варат побавно, така што ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да посегнете по грицки. Друг плус е тоа што овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со растителни влакна, односно храна која сочинува здрава исхрана.

Не претерувајте

Ако внесувате премногу влакна, може да почувствувате гасови, надуеност и варење. Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.

The post Храна што го подобрува животот appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни да ги врзат нездравите материи присутни во храната. Според лекарите, најдобро за телото е да јадете круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го доживееме преку подобрено варење.
Покрај горенаведените намирници, лушпите од псилиум се уште еден извор на растворливи диететски влакна. Докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол, што е важно за превенција од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Освен влакна кои помагаат во нормализирање на работата на цревата, псилиумот содржи и несварливи јаглехидрати кои позитивно влијаат на микрофлората, пишува магазинот „Health“.
Според сегашните упатства, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно. Влакната помагаат и во губење на тежината Влакната се варат побавно, така што ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да посегнете по грицки. Друг плус е тоа што овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со растителни влакна, односно храна која сочинува здрава исхрана. Не претерувајте Ако внесувате премногу влакна, може да почувствувате гасови, надуеност и варење. Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.

The post Храна што го подобрува животот appeared first on Република.

]]>