подметнување пожар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podmetnuvanje-pozar/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подметнување пожар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podmetnuvanje-pozar/ 32 32 Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-prijavi-za-podmetnati-pozhari-protiv-osum-litsa/ Tue, 24 Sep 2024 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=819204

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско.

ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река.

ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.

ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16.08.2024 ,А.М. ,поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

 

The post Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица appeared first on Република.

]]>

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско. ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река. ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели. ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16.08.2024 ,А.М. ,поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик.  

The post Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-struzhanets-poradi-predizvikuvane-pozhar/ Tue, 17 Sep 2024 13:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=817146

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти денеска МВР, на 8 септември годинава пријавениот на земјен пат во село Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К..

The post Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што соопшти денеска МВР, на 8 септември годинава пријавениот на земјен пат во село Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К..

The post Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар appeared first on Република.

]]>
За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozharite-vo-bitola-ke-se-gonat-chetiri-litsa-i-edna-firma/ Sat, 14 Sep 2024 09:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=816270

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“.

Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви.

Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар.

Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

The post За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма appeared first on Република.

]]>

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“. Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви. Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар. Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

The post За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма appeared first on Република.

]]>
Скопјанец се обидел да им ја запали куќата на родителите, соседите го спречиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-se-obidel-da-im-ja-zapali-kukata-na-roditelite-sosedite-go-sprechile/ Mon, 12 Aug 2024 15:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=805910

Рано утрово во 5 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите.

А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Скопјанец се обидел да им ја запали куќата на родителите, соседите го спречиле appeared first on Република.

]]>

Рано утрово во 5 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка. Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Скопјанец се обидел да им ја запали куќата на родителите, соседите го спречиле appeared first on Република.

]]>
Фатен велешанец кој го предизвикал пожарот кај Папрадиште и Ореше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-veleshanets-koj-go-predizvikal-pozharot-kaj-papradishte-i-oreshe/ Thu, 08 Aug 2024 10:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=804524

МВР соопшти дека вчера во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, велат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ. 

The post Фатен велешанец кој го предизвикал пожарот кај Папрадиште и Ореше appeared first on Република.

]]>

МВР соопшти дека вчера во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, велат од МВР. За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ. 

The post Фатен велешанец кој го предизвикал пожарот кај Папрадиште и Ореше appeared first on Република.

]]>
Уапсен уште еден предизвикувач на пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-ushte-eden-predizvikuvach-na-pozhar/ Tue, 06 Aug 2024 07:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=803747

Вчера во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар.

Околу 9 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица, соопштија од МВР, од каде додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

The post Уапсен уште еден предизвикувач на пожар appeared first on Република.

]]>

Вчера во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар.
Околу 9 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица, соопштија од МВР, од каде додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

The post Уапсен уште еден предизвикувач на пожар appeared first on Република.

]]>
Тошковски: МВР ќе презема жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-mvr-ke-prezema-zhestoki-merki-kon-sekoj-koj-namerno-predizvikuva-pozhari/ Wed, 31 Jul 2024 12:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=801969

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.

Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани, напиша Тошковски на неговиот Фејсбук профил.

Тој на социјалната мрежа споделува и објава од МВР за приведен маж од радовишко затоа што подметнал пожари.


Објавата на министерот Тошковски следи по обвинувањата од СДСМ дека состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка и оти Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија.

Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен? Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи, кажа на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. 

The post Тошковски: МВР ќе презема жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.
Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани, напиша Тошковски на неговиот Фејсбук профил.
Тој на социјалната мрежа споделува и објава од МВР за приведен маж од радовишко затоа што подметнал пожари. Објавата на министерот Тошковски следи по обвинувањата од СДСМ дека состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка и оти Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија.
Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен? Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи, кажа на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. 

The post Тошковски: МВР ќе презема жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари appeared first on Република.

]]>
Уште еден радовишанец уапсен за подметнување пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-radovishanets-uapsen-za-podmetnuvane-pozhari/ Thu, 21 Sep 2023 09:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=683714

Во полициската станица Радовиш денеска е приведен Ф.Б.(70) кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано „Раклишки чаири“.

Пожарот беше предизвикан во вторникот при што беше опожарена сува трева и дрва.

Како што соопшти МВР, лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вторникот уапсен беше и С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч, кој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-predizvikuvane-na-pozhari-uapsen-mazh-od-radovishko/

The post Уште еден радовишанец уапсен за подметнување пожари appeared first on Република.

]]>

Во полициската станица Радовиш денеска е приведен Ф.Б.(70) кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано „Раклишки чаири“. Пожарот беше предизвикан во вторникот при што беше опожарена сува трева и дрва. Како што соопшти МВР, лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во вторникот уапсен беше и С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч, кој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-predizvikuvane-na-pozhari-uapsen-mazh-od-radovishko/

The post Уште еден радовишанец уапсен за подметнување пожари appeared first on Република.

]]>
Уапсен човек под сомнение дека предизвикал најмалку четири шумски пожари во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-chovek-pod-somnenie-deka-predizvikal-najmalku-chetiri-shumski-pozari-vo-germanija/ Sun, 31 Jul 2022 19:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=535452

Триесет и шестгодишен маж е уапсен во источната германска покраина Бранденбург за наводно подметнување на неколку пожари во блиската шума.

Локалната полиција информира дека апсењето доаѓа по пријава на сведок кој го набљудувал човекот во саботата. Приведениот е осомничен дека подметнал пожари на четири места во радиус од 500 метри.

Со оглед на тоа што пожарите биле брзо откриени, припадниците на единиците за брза интервенција успеале да ги изгаснат пожарите пред да се прошират.

Во потрагата по осомничениот, кој сега се товари за подметнување пожар, беше вклучен и хеликоптер.

Ротштајн, заедницата каде што човекот наводно ги запалил пожарите, е оддалечен околу 20 километри од шумскиот пожар од големи размери што речиси една недела гори низ јужниот дел на Бранденбург.

The post Уапсен човек под сомнение дека предизвикал најмалку четири шумски пожари во Германија appeared first on Република.

]]>

Триесет и шестгодишен маж е уапсен во источната германска покраина Бранденбург за наводно подметнување на неколку пожари во блиската шума. Локалната полиција информира дека апсењето доаѓа по пријава на сведок кој го набљудувал човекот во саботата. Приведениот е осомничен дека подметнал пожари на четири места во радиус од 500 метри. Со оглед на тоа што пожарите биле брзо откриени, припадниците на единиците за брза интервенција успеале да ги изгаснат пожарите пред да се прошират. Во потрагата по осомничениот, кој сега се товари за подметнување пожар, беше вклучен и хеликоптер. Ротштајн, заедницата каде што човекот наводно ги запалил пожарите, е оддалечен околу 20 километри од шумскиот пожар од големи размери што речиси една недела гори низ јужниот дел на Бранденбург.

The post Уапсен човек под сомнение дека предизвикал најмалку четири шумски пожари во Германија appeared first on Република.

]]>