подметната бомба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podmetnata-bomba/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 13:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подметната бомба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podmetnata-bomba/ 32 32 Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/itna-evakuatsija-vo-trgovski-tsentar-vo-sankt-peterburg-mazh-prijavil-deka-podmetnal-eksploziv/ Sun, 24 Mar 2024 13:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=758150

Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.

Како што пренесува Б92, маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај.

Тој е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.

Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви.

The post Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив appeared first on Република.

]]>

Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“. Како што пренесува Б92, маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај. Тој е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот. Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви.

The post Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив appeared first on Република.

]]>
Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lazna-dojava-za-postavena-bomba-vo-avion-na-letot-rim-prishtina/ Fri, 03 Jun 2022 07:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=510451

Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот и на сиот багаж на патниците кои биле во него.

Информацијата предизвикала вознемиреност кај патниците, но нивната здравствена состојба е добра и набргу ситуацијата се смирила, објави шефот на полицијата на аеродромот „Адем Јашари“, Шпенд Малиќи.

– Околу 22 часот добивме информација за закана со бомба на летот од Рим за Приштина. Веднаш одговоривме со сите релевантни единици. Патниците беа евакуирани и е извршена контрола на авионот и на багажот, при што не е откриено ништо, изјави Малиќи за косовските медиуми.

Според него, во авионот имало околу 200 патници.

Инцидентот не предизвика доцнење на другите летови и работата на аеродромот набргу се нормализирала.

Изминатите недели имаше неколку лажни дојави за подметнати бомби во зградата на ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“, како и во едно средно училиште во косовскиот главен град. 

The post Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот и на сиот багаж на патниците кои биле во него. Информацијата предизвикала вознемиреност кај патниците, но нивната здравствена состојба е добра и набргу ситуацијата се смирила, објави шефот на полицијата на аеродромот „Адем Јашари“, Шпенд Малиќи. – Околу 22 часот добивме информација за закана со бомба на летот од Рим за Приштина. Веднаш одговоривме со сите релевантни единици. Патниците беа евакуирани и е извршена контрола на авионот и на багажот, при што не е откриено ништо, изјави Малиќи за косовските медиуми. Според него, во авионот имало околу 200 патници. Инцидентот не предизвика доцнење на другите летови и работата на аеродромот набргу се нормализирала. Изминатите недели имаше неколку лажни дојави за подметнати бомби во зградата на ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“, како и во едно средно училиште во косовскиот главен град. 

The post Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина appeared first on Република.

]]>