подготовка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podgotovka/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 11:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подготовка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podgotovka/ 32 32 Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kako-da-go-izberete-i-kako-da-go-podgotvite-jagneshkoto-meso-za-veligden/ Sun, 05 May 2024 11:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=774488

Ако никогаш досега не сте правеле јагнешко, овие совети ќе ви помогнат да испадне совршено при првиот обид.

За ручек традиционално се служи јагнешко месо, а како прилог можете да послужите компири и сезонски салати. Постојат многу начини на кои можете да подготвите јагнешко месо, а познатиот готвач Џенаро Конталдо го откри својот рецепт за ова вкусно месо.

Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е купувањето месо. Јагнето треба да има розова или светло црвена боја и да нема многу маснотии. Маснотијата што ја има месото треба да биде бела, затоа што така ќе знаете дека јагнето е младо. Ако маснотијата е жолта, тоа значи дека јагнето е постаро.

Ако месото сте го купиле неколку дена претходно, тогаш завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 3 дена.

На денот на подготовката прво треба добро да го зачините јагнето. Секогаш се подготвува претходната вечер, бидејќи е добро да стои во маринадата. Се подготвува така што во сад се мешаат маслото, биберот, мелениот лук и другите зачини. За мирисот би било добро да додадете малку рузмарин. Маринадата не ја посолувате, бидејќи овој вид месо се посолува пред печење.

По маринадата следи печење на јагнешкото. Ставете го во сад и додадете вино или вода, повеќе зачини по желба и печете во загреана рерна. Ако не знаете како да го подготвите јагнето, ви предлагаме да го печете во рерна како под сач.

Месото е подготвено за сервирање, а со овие совети нема грешка, бидејќи ќе изберете одлично месо и ќе го зачините правилно.

The post Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден appeared first on Република.

]]>

Ако никогаш досега не сте правеле јагнешко, овие совети ќе ви помогнат да испадне совршено при првиот обид.
За ручек традиционално се служи јагнешко месо, а како прилог можете да послужите компири и сезонски салати. Постојат многу начини на кои можете да подготвите јагнешко месо, а познатиот готвач Џенаро Конталдо го откри својот рецепт за ова вкусно месо.
Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е купувањето месо. Јагнето треба да има розова или светло црвена боја и да нема многу маснотии. Маснотијата што ја има месото треба да биде бела, затоа што така ќе знаете дека јагнето е младо. Ако маснотијата е жолта, тоа значи дека јагнето е постаро. Ако месото сте го купиле неколку дена претходно, тогаш завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 3 дена.
На денот на подготовката прво треба добро да го зачините јагнето. Секогаш се подготвува претходната вечер, бидејќи е добро да стои во маринадата. Се подготвува така што во сад се мешаат маслото, биберот, мелениот лук и другите зачини. За мирисот би било добро да додадете малку рузмарин. Маринадата не ја посолувате, бидејќи овој вид месо се посолува пред печење. По маринадата следи печење на јагнешкото. Ставете го во сад и додадете вино или вода, повеќе зачини по желба и печете во загреана рерна. Ако не знаете како да го подготвите јагнето, ви предлагаме да го печете во рерна како под сач. Месото е подготвено за сервирање, а со овие совети нема грешка, бидејќи ќе изберете одлично месо и ќе го зачините правилно.

The post Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден appeared first on Република.

]]>
Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najdobrite-amerikanski-generali-gi-podgotvuvaat-ukraintsite-za-golem-napad/ Sat, 04 Mar 2023 19:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=615935

Американските генерали беа домаќини на украинските воени претставници оваа недела за заедно да спроведат воени вежби на голема воена маса и да му помогнат на Киев да го отвори патот низ следната фаза од битката за ослободување на својата територија. Украинските генерали за време на вежбите поминуваа низ сценарија со американските генерали и ги одмеруваа последиците од можните стратешки одлуки од идната офанзива.

Украинските функционери, пишува Њујорк тајмс, на крајот ќе одлучат во која насока да се движат, но најдобрите американски генерали вежбале со нив и симулирале потенцијални непријателски реакции. Се чини дека Американците се задоволни од борбените инстинкти на Украинците.

Генералот Кристофер Г. Чаволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, ги пофали воените лидери на Украина како феноменални кога станува збор за приспособливоста. „Ќе им помогнеме да го развијат тој квалитет уште повеќе“, рече Чаволи и додаде: – САД и НАТО можат да продолжат се додека е потребно.

Со воени вежби на самиот врв, Украина се подготвува за претстојниот крај на зимата и за нови големи операции. Генералот Марк А. Мили, претседател на Здружениот штаб на американската армија, учествуваше на вежбите во четвртокот.

Тој опиша како присутните вежбале покрај голема маса со мапи, обележја и други воени реквизити. Мили, се разбира, одби да открие важни детали за вежбите. Сепак, неименувани извори им откриле на медиумите дека би можеле да тргнат во насока на офанзива на североисток и исток, вклучувајќи ги Доњецк и Луганск. Исто така, во офанзивата на југот на земјата, кон копнената врска меѓу Крим и Русија.

Се верува дека би можело да биде реално Украинците да го пресечат тој копнен мост. Мили откри дека приоритет во моментов е противвоздушната одбрана, способноста да се брани воздушниот простор над Украина. Досега во војната Русија не навлезе премногу длабоко во украинскиот воздушен простор со своите борбени авиони. Со поддршка на САД, Украина успеа да ги задржи непријателските авиони надвор од своето небо со противвоздушни системи.

Генерал Даниел Р. Хокансон, началник на штабот на Националната гарда, го посети Графенвер, еден од центрите за обука на украинските војници во Германија. Тој помина време таму во кампот Херсон, додека силите беа обучени. Тој не ги соопшти деталите за воените вежби таму, но „Њујорк Тајмс“ пишува дека од јануари Пентагон ја проширил обуката. Во почетокот, обуката беше поврзана со оружје како хаубици што Америка им ги снабдуваше на Украинците.

Сега тоа е петнеделна програма чија цел е да научи како да се движи и како да ги координира четите и баталјоните на терен, да ја синхронизира употребата на артилерија, оклоп и пешадија. Американските инструктори обучија повеќе од 1.000 украински војници од јануари. Со тоа бројот на обучени украински борци од почетокот на војната достигна четири илјади.

The post Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад appeared first on Република.

]]>

Американските генерали беа домаќини на украинските воени претставници оваа недела за заедно да спроведат воени вежби на голема воена маса и да му помогнат на Киев да го отвори патот низ следната фаза од битката за ослободување на својата територија. Украинските генерали за време на вежбите поминуваа низ сценарија со американските генерали и ги одмеруваа последиците од можните стратешки одлуки од идната офанзива. Украинските функционери, пишува Њујорк тајмс, на крајот ќе одлучат во која насока да се движат, но најдобрите американски генерали вежбале со нив и симулирале потенцијални непријателски реакции. Се чини дека Американците се задоволни од борбените инстинкти на Украинците.
Генералот Кристофер Г. Чаволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, ги пофали воените лидери на Украина како феноменални кога станува збор за приспособливоста. „Ќе им помогнеме да го развијат тој квалитет уште повеќе“, рече Чаволи и додаде: – САД и НАТО можат да продолжат се додека е потребно.
Со воени вежби на самиот врв, Украина се подготвува за претстојниот крај на зимата и за нови големи операции. Генералот Марк А. Мили, претседател на Здружениот штаб на американската армија, учествуваше на вежбите во четвртокот. Тој опиша како присутните вежбале покрај голема маса со мапи, обележја и други воени реквизити. Мили, се разбира, одби да открие важни детали за вежбите. Сепак, неименувани извори им откриле на медиумите дека би можеле да тргнат во насока на офанзива на североисток и исток, вклучувајќи ги Доњецк и Луганск. Исто така, во офанзивата на југот на земјата, кон копнената врска меѓу Крим и Русија. Се верува дека би можело да биде реално Украинците да го пресечат тој копнен мост. Мили откри дека приоритет во моментов е противвоздушната одбрана, способноста да се брани воздушниот простор над Украина. Досега во војната Русија не навлезе премногу длабоко во украинскиот воздушен простор со своите борбени авиони. Со поддршка на САД, Украина успеа да ги задржи непријателските авиони надвор од своето небо со противвоздушни системи. Генерал Даниел Р. Хокансон, началник на штабот на Националната гарда, го посети Графенвер, еден од центрите за обука на украинските војници во Германија. Тој помина време таму во кампот Херсон, додека силите беа обучени. Тој не ги соопшти деталите за воените вежби таму, но „Њујорк Тајмс“ пишува дека од јануари Пентагон ја проширил обуката. Во почетокот, обуката беше поврзана со оружје како хаубици што Америка им ги снабдуваше на Украинците. Сега тоа е петнеделна програма чија цел е да научи како да се движи и како да ги координира четите и баталјоните на терен, да ја синхронизира употребата на артилерија, оклоп и пешадија. Американските инструктори обучија повеќе од 1.000 украински војници од јануари. Со тоа бројот на обучени украински борци од почетокот на војната достигна четири илјади.

The post Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад appeared first on Република.

]]>
МНТ ја подготвува „Народен непријател“ – премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-ja-podgotvuva-naroden-neprijatel-premiera-vo-ramkite-na-proektot-patishtata-na-heroite/ Wed, 09 Mar 2022 09:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=469931

Во подготовка е и финалниот продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“ со премиера на претставата „Народен непријател“ од авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, чиј носител е Македонскиот народен театар, поддржан од програмата „Креативна Европа во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Во копродукцискиот проект учествуваат автори од сите партнерски земји: Србија, Словенија, БиХ, Грција и Италија, а во изведба на актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска.

Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој е во право. Премиерата на претставата се очекува кон почетокот на мај 2022 година, на големата сцена на Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и во регионот.

Проектот „Патиштата на хероите“ е со времетраење од две и пол години, а во рамките на истиот опфатени се бројни програми меѓу кои: професионални работилници, изложби, креативни истражувања, издавачка дејност за деца, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн.

До сега се реализирани неколку креативни работилници преку кои Македонскиот народен театар заедно со издавачката куќа Гаврош со уште 5 (пет) други партнерски земји од Италија - Ла Драматурџи, Грција - Лооп Амке, Босна и Херцеговина - Студио Театар, Словенија - Институт за театарска игра и Србија - Ехо Анимато се занимаваат со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се истражуваат механизмите на создавање и соработка во креативен тим, здружувајќи ги уметниците за преиспитување на нивните сопствени практики, со цел да се подобри уметничкиот тим и да создаде силно општество/заедница.
Исто така, од вкупно дванаесет, снимени се шест краткометражни филмови на повеќе јазици од земјите соработници, кои ќе се емитуваат на првиот програмски сервис на МРТВ. Филмовите, од областа на екологијата, за подигнување на свеста на поединецот и како да се биде општествено одговорен кон природата се титлувани на македонски јазик.

The post МНТ ја подготвува „Народен непријател“ – премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите“ appeared first on Република.

]]>

Во подготовка е и финалниот продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“ со премиера на претставата „Народен непријател“ од авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, чиј носител е Македонскиот народен театар, поддржан од програмата „Креативна Европа во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Во копродукцискиот проект учествуваат автори од сите партнерски земји: Србија, Словенија, БиХ, Грција и Италија, а во изведба на актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска.

Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој е во право. Премиерата на претставата се очекува кон почетокот на мај 2022 година, на големата сцена на Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и во регионот.

Проектот „Патиштата на хероите“ е со времетраење од две и пол години, а во рамките на истиот опфатени се бројни програми меѓу кои: професионални работилници, изложби, креативни истражувања, издавачка дејност за деца, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн.

До сега се реализирани неколку креативни работилници преку кои Македонскиот народен театар заедно со издавачката куќа Гаврош со уште 5 (пет) други партнерски земји од Италија - Ла Драматурџи, Грција - Лооп Амке, Босна и Херцеговина - Студио Театар, Словенија - Институт за театарска игра и Србија - Ехо Анимато се занимаваат со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се истражуваат механизмите на создавање и соработка во креативен тим, здружувајќи ги уметниците за преиспитување на нивните сопствени практики, со цел да се подобри уметничкиот тим и да создаде силно општество/заедница. Исто така, од вкупно дванаесет, снимени се шест краткометражни филмови на повеќе јазици од земјите соработници, кои ќе се емитуваат на првиот програмски сервис на МРТВ. Филмовите, од областа на екологијата, за подигнување на свеста на поединецот и како да се биде општествено одговорен кон природата се титлувани на македонски јазик.

The post МНТ ја подготвува „Народен непријател“ – премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите“ appeared first on Република.

]]>