подготовена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podgotovena/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Jun 2022 16:05:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подготовена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podgotovena/ 32 32 Хрватска е подготвена да го користи еврото https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-e-podgotvena-da-go-koristi-evroto/ Wed, 01 Jun 2022 16:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=509858

Хрватска ги исполнува критериумите за конвергенција и Европската комисија заклучи дека е подготвена да стане 20-та членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година.

Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор кон усвојување на еврото, нашата заедничка валута. Помалку од една деценија по пристапувањето во ЕУ, Хрватска сега е подготвена да се приклучи на еврото на 1 јануари, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека влезот во еврозоната ќе ја направи хрватската економија посилна, ќе донесе придобивки за граѓаните, компаниите и општеството воопшто, а еврото исто така ќе стане посилно со влезот на Хрватска во еврозоната.

Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија објавија извештај за конвергенција, оценувајќи го напредокот на земјите-членки во исполнувањето на критериумите за да го прифатат еврото. Извештајот опфаќа седум земји – Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска. Данска има трајно ослободување од обврската за прифаќање на еврото и не е опфатена со извештајот.

ЕЦБ и ЕК подготвуваат комплементарни двегодишни извештаи кои ја формираат основата за одлуката на Советот за тоа дали една земја се квалификува за еврото. Истовремено со објавувањето на Извештајот за конвергенција, Комисијата објави и предлог за Одлука на Советот и предлог за Регулатива за пристапување на Хрватска во еврозоната.

Во светло на проценката на Комисијата и земајќи ги предвид дополнителните фактори релевантни за економската интеграција и конвергенција, вклучително и развојот на платниот биланс и интеграцијата на стоките, трудот и финансиските пазари, Комисијата смета дека Хрватска е подобна за еврото, наведе извршното тело на Европската унија.

The post Хрватска е подготвена да го користи еврото appeared first on Република.

]]>

Хрватска ги исполнува критериумите за конвергенција и Европската комисија заклучи дека е подготвена да стане 20-та членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година.
Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор кон усвојување на еврото, нашата заедничка валута. Помалку од една деценија по пристапувањето во ЕУ, Хрватска сега е подготвена да се приклучи на еврото на 1 јануари, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека влезот во еврозоната ќе ја направи хрватската економија посилна, ќе донесе придобивки за граѓаните, компаниите и општеството воопшто, а еврото исто така ќе стане посилно со влезот на Хрватска во еврозоната. Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија објавија извештај за конвергенција, оценувајќи го напредокот на земјите-членки во исполнувањето на критериумите за да го прифатат еврото. Извештајот опфаќа седум земји – Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска. Данска има трајно ослободување од обврската за прифаќање на еврото и не е опфатена со извештајот. ЕЦБ и ЕК подготвуваат комплементарни двегодишни извештаи кои ја формираат основата за одлуката на Советот за тоа дали една земја се квалификува за еврото. Истовремено со објавувањето на Извештајот за конвергенција, Комисијата објави и предлог за Одлука на Советот и предлог за Регулатива за пристапување на Хрватска во еврозоната.