Поддршка за онлајн настава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poddrshka-za-onlajn-nastava/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Aug 2022 16:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поддршка за онлајн настава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poddrshka-za-onlajn-nastava/ 32 32 Родители бараат опцијата онлајн-настава да постои и понатаму https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditeli-baraat-opcijata-onlajn-nastava-da-postoi-i-ponatamu/ Wed, 31 Aug 2022 16:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=546173

Членовите на групата „Поддршка за онлајн настава“ бараат опцијата онлајн да постои и понатаму и истата да се одобрува одделно од страна на секој директор на училиште. Опцијата онлајн исто така ќе биде добредојдена и во периодот на криза која се најавува особено во зимскиот период и ладното време, затоплувањето на училиштата, а и во согласност мерките за штедење на Владата, се наведува во соопштението испратено од неформалната група „Поддршка за онлајн настава“.

Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк, се вели во соопштението.

Од „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести.

Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сеуште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг прилател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група, се додава во соопштението од групата.

The post Родители бараат опцијата онлајн-настава да постои и понатаму appeared first on Република.

]]>

Движењето„Поддршка за онлајн настава” бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvizenjeto-poddrshka-za-onlajn-nastava-bara-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-godina-da-pochne-onlajn/ Mon, 10 Jan 2022 12:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=442582

Движењето „Поддршка за онлајн настава" произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава.

Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава".

Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, двајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега не се придржуваа до протоколите во првото полугодие, децата се заразуваа во ноември иако тоа се криеше, дел од децата кои беа онлајн според законот беа изложени на мобинг од страна на одредени наставници, не беа ни вклучувани. Имаме дете од внатрешноста на Македонија кое цело прво полугодие не било вклучено, одземено му е уставното право на образование на тоа дете, кое е шесто одделение. Сега таткото презема правни мерки да го реши случајот. Се работи за огромен број случаи кои едноставно сакаат онлајн настава во второто полугодие поради здравствениот ризик во земјава, рече Глигорова.

Правото на образование, наведе таа, е загарантирано со Уставот, а дел од законите се грубо прекршени.

Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, велат од Движењето „Поддршка за онлајн настава".

The post Движењето„Поддршка за онлајн настава” бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн appeared first on Република.