податоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podatoci/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 15:09:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png податоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podatoci/ 32 32 Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmama-vo-tetovo-lekar-zloupotrebuval-lichni-podatotsi-na-patsienti-a-advokatot-i-ushte-edno-litse-mu-pomagale-vo-finansiskata-izmama/ Fri, 28 Jul 2023 16:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=666374

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари.

Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари. Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>
ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzo-pri-kiber-napadot-nema-izlevane-na-podatotsite-nadvor-od-bazite-na-institutsijata/ Thu, 09 Feb 2023 19:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=607053

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

- ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува. Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека „во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО.

Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023. Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура.

-Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.  Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.  Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување. 

The post ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

- ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува. Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека „во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО.

Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023. Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура.

-Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.  Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.  Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување. 

The post ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата appeared first on Република.

]]>
НБРМ предупредува: Банките да ги ажурираат податоците на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nbrm-predupreduva-bankite-da-gi-azhuriraat-podatotsite-na-graganite/ Tue, 07 Feb 2023 09:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=605819

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги, соопштија од НБРМ.

Банките, како што појаснуваат од таму, треба да го потврдат идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик при воспоставувањето на деловниот однос. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите. При промена на некој од личните податоци (адреса, нова лична карта и сл.), клиентот е должен соодветно да ја извести и банката чиишто услуги ги користи.

Банките треба да ги информираат граѓаните за наједноставниот, најлесниот и најбрзиот начин на кој можат да ги ажурираат своите лични податоци, како и колку често треба да врши ажурирање на нивните лични податоци кај банката (дури и тогаш кога нема промена на податоците). Во некои банки постои можност ажурирањето на податоците да се врши по електронски пат, без доаѓање на шалтер во банките, се дополнува во информацијата.

Оценуваат дека изнаоѓањето начини за известување за новините во регулативата, како и редовната комуникација со клиентите за сите аспекти при користењето на услугите од банкарскиот сектор придонесува кон зголемување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор, а со тоа се намалува просторот за шпекулации и дезинформации коишто можат да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем.

The post НБРМ предупредува: Банките да ги ажурираат податоците на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги, соопштија од НБРМ. Банките, како што појаснуваат од таму, треба да го потврдат идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик при воспоставувањето на деловниот однос. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите. При промена на некој од личните податоци (адреса, нова лична карта и сл.), клиентот е должен соодветно да ја извести и банката чиишто услуги ги користи. Банките треба да ги информираат граѓаните за наједноставниот, најлесниот и најбрзиот начин на кој можат да ги ажурираат своите лични податоци, како и колку често треба да врши ажурирање на нивните лични податоци кај банката (дури и тогаш кога нема промена на податоците). Во некои банки постои можност ажурирањето на податоците да се врши по електронски пат, без доаѓање на шалтер во банките, се дополнува во информацијата. Оценуваат дека изнаоѓањето начини за известување за новините во регулативата, како и редовната комуникација со клиентите за сите аспекти при користењето на услугите од банкарскиот сектор придонесува кон зголемување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор, а со тоа се намалува просторот за шпекулации и дезинформации коишто можат да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем.

The post НБРМ предупредува: Банките да ги ажурираат податоците на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hakerite-pochnaa-da-objavuvaat-tajni-dokumenti-na-albanskata-policija/ Mon, 19 Sep 2022 18:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=552371

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција.

„По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијата“, констатира Топ чанел.

Телевизијата додава дека она што е повеќе од загрижувачко  е што тие располагаат со  повеќе од 1.400 дојдовни и 1.200 испратени е-пораки од мејлот на Нано.

„Меѓу хакираните пораки, обележани како строга тајна е онаа испратена до Амбасадата на САД за планиран терористички напад врз Албанската амбасада во Атина на 25 април минатата година. Во неа се наведени детали за планираниот напад со експлозив од четворица албански екстремисти“, наведува телевизијата.

Под строга тајна се шифрираните, а сега објавени мејлови за планирани убиства на поранешниот лидер на опозициската демократска партија Ауљзим Баша и за косовскиот премиер Албин Курти, како и двајца други косовски функционери.

Објавени се и други податоци сите шифрирани како строга тајна за следење на опасни криминалци како и пораки кои се однесуваат на прашања од безбедноста.

„Е- поштата е од 2021 и 2022 година. Објавувањето на овие тајни податоци ја преминуваат границата на заштитата на личните податоци со загрозување на националната безбедност“, заклучува Топ чанел.

The post Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција appeared first on Република.

]]>

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција. „По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијата“, констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека она што е повеќе од загрижувачко  е што тие располагаат со  повеќе од 1.400 дојдовни и 1.200 испратени е-пораки од мејлот на Нано. „Меѓу хакираните пораки, обележани како строга тајна е онаа испратена до Амбасадата на САД за планиран терористички напад врз Албанската амбасада во Атина на 25 април минатата година. Во неа се наведени детали за планираниот напад со експлозив од четворица албански екстремисти“, наведува телевизијата. Под строга тајна се шифрираните, а сега објавени мејлови за планирани убиства на поранешниот лидер на опозициската демократска партија Ауљзим Баша и за косовскиот премиер Албин Курти, како и двајца други косовски функционери. Објавени се и други податоци сите шифрирани како строга тајна за следење на опасни криминалци како и пораки кои се однесуваат на прашања од безбедноста. „Е- поштата е од 2021 и 2022 година. Објавувањето на овие тајни податоци ја преминуваат границата на заштитата на личните податоци со загрозување на националната безбедност“, заклучува Топ чанел.

The post Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција appeared first on Република.

]]>
ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzs-go-objavi-chetvrtiot-set-popisni-podatoci-63-4-procenti-od-vkupniot-broj-stanovi-se-naseleni/ Wed, 27 Jul 2022 11:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=533787

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Македонија, 2021г,  Државниот завод за статистика, во четвртиот сет  ги објави  пописните податоците кои се однесуваат на:

  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.

 

Според податоците:

  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата  изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или  5% живеат  во четиричлени  домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат  брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или  1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод, додека  2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,                       34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.

Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за  Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

The post ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени appeared first on Република.

]]>

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Македонија, 2021г,  Државниот завод за статистика, во четвртиот сет  ги објави  пописните податоците кои се однесуваат на:
  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.
  Според податоците:
  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата  изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или  5% живеат  во четиричлени  домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат  брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или  1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод, додека  2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,                       34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.
Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за  Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

The post ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени appeared first on Република.

]]>
Збогатена статистиката на Народна банка со нови податоци за финансиската вклученост на населението според возраста и полот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zbogatena-statistikata-na-narodna-banka-so-novi-podatoci-za-finansiskata-vkluchenost-na-naselenieto-spored-vozrasta-i-polot/ Sat, 04 Jun 2022 12:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=511058

Народната банка за првпат започна со обработка и објавување на податоците[1] за степенот на финансиската вклученост на населението и употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата според родовата и возрасната структура на населението. Со новата збогатена збирка податоци од доменот на платежната статистика се постигнува подобро следење на дигиталната трансформација на банкарството во земјата и развојното ниво на финансиската вклученост на населението во користењето на дигиталните канали за извршување на плаќањата. Прибирањето податоци од оваа сфера ќе ја зајакне информативната основа за формулирање на политиките за развој на платежните услуги и платните системи во рамките на Народната банка, за дефинирање на стратегиски насоки за развој на националниот платен систем во рамките на надлежностите на Националниот совет за платни системи, како и пошироко, за сите засегнати страни во целокупниот финансиски систем во земјата преку зголемување на нивото на транспарентност со објавување на овие податоци. Имајќи предвид дека поседувањето трансакциска сметка (во натaмошниот текст: сметка) е првиот чекор кон финансиска вклученост на населението, според обработените податоци се утврди дека на крајот на 2021 година граѓаните располагале во просек со 1,9 сметки по глава на жител. Притоа, сопствениците на сметките ги користат дигиталните услуги за пристап кај околу 43% од сметките, додека пак електронски плаќања се извршуваат кај 17% од сметките.

Од аспект на возрасната структура, помладата популација на возраст до 34 години располага во просек со 1,7 сметки и се најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања. Имено, поголем дел од сметките во нивна сопственост, односно над 65% им биле достапни за електронски увид, а 25% за извршување на електронските плаќања. Граѓаните од возрасните групи од 35 до 64 години, на кои отпаѓаат по 2,5 сметки, што е над просекот по глава на жител, помалку ги користат дигиталните услуги и вршат електронски увид во своите сметки до 43% и електронски плаќања преку 17% од сметките.

Граѓаните на возраст над 65 години најмалку ги користеле дигиталните канали за увид (само на 23% од сметките) и електронско плаќање (околу 6% од сметките), иако им припаѓаат по 2,4 сметки, односно 0,5 сметки повеќе од просекот по глава на жител. Сепак, овие граѓани релативно поактивно ги користеле платежните картички за повлекување готовина, учествувајќи со 17,8% во вкупниот број трансакции за повлекување готовина на банкомати во земјата.

Генерално, во однос на минатата година се забележува поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, што е причина за нагорно поместување на учеството и на сметките со електронски пристап и на сметките за електронски плаќања.

Од аспект на родовата структура на сопствениците на сметките, податоците посочуваат на родов јаз од 0,6 сметки повеќе во корист на мажите (2,2 сметки по глава на жител[2] од машки пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женски пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2021 година жените биле поактивни пристапувачи преку дигиталните канали кон своите сметки, правејќи најмалку еден увид во состојбата или промените, како и поактивни плаќачи, користејќи ги погодностите на интернет-банкарството или мобилните платежни апликации. Така, сметките коишто се во сопственост на жените и со можност за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација биле искористени за таа намена 41,6%, додека во истиот период мажите користеле 39,5% од своите сметки за таа можност. Инаку, жените и мажите подеднакво направиле најмалку еден увид во состојбата и промените во неа кај 50% од нивните сметки.

Од аспект на инфраструктурната покриеност по општини за извршување на платежните трансакции, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Скопје (10), Дојран (10) и во Гевгелија (9), додека, пак, најголема покриеност со уреди на физички места на продажба е евидентирана во Скопје (566), Гевгелија (325) и во Охрид (299). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физички места на продажба имаат општините Центар, Аеродром и Карпош.

 

The post Збогатена статистиката на Народна банка со нови податоци за финансиската вклученост на населението според возраста и полот appeared first on Република.

]]>

Народната банка за првпат започна со обработка и објавување на податоците[1] за степенот на финансиската вклученост на населението и употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата според родовата и возрасната структура на населението. Со новата збогатена збирка податоци од доменот на платежната статистика се постигнува подобро следење на дигиталната трансформација на банкарството во земјата и развојното ниво на финансиската вклученост на населението во користењето на дигиталните канали за извршување на плаќањата. Прибирањето податоци од оваа сфера ќе ја зајакне информативната основа за формулирање на политиките за развој на платежните услуги и платните системи во рамките на Народната банка, за дефинирање на стратегиски насоки за развој на националниот платен систем во рамките на надлежностите на Националниот совет за платни системи, како и пошироко, за сите засегнати страни во целокупниот финансиски систем во земјата преку зголемување на нивото на транспарентност со објавување на овие податоци. Имајќи предвид дека поседувањето трансакциска сметка (во натaмошниот текст: сметка) е првиот чекор кон финансиска вклученост на населението, според обработените податоци се утврди дека на крајот на 2021 година граѓаните располагале во просек со 1,9 сметки по глава на жител. Притоа, сопствениците на сметките ги користат дигиталните услуги за пристап кај околу 43% од сметките, додека пак електронски плаќања се извршуваат кај 17% од сметките. Од аспект на возрасната структура, помладата популација на возраст до 34 години располага во просек со 1,7 сметки и се најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања. Имено, поголем дел од сметките во нивна сопственост, односно над 65% им биле достапни за електронски увид, а 25% за извршување на електронските плаќања. Граѓаните од возрасните групи од 35 до 64 години, на кои отпаѓаат по 2,5 сметки, што е над просекот по глава на жител, помалку ги користат дигиталните услуги и вршат електронски увид во своите сметки до 43% и електронски плаќања преку 17% од сметките. Граѓаните на возраст над 65 години најмалку ги користеле дигиталните канали за увид (само на 23% од сметките) и електронско плаќање (околу 6% од сметките), иако им припаѓаат по 2,4 сметки, односно 0,5 сметки повеќе од просекот по глава на жител. Сепак, овие граѓани релативно поактивно ги користеле платежните картички за повлекување готовина, учествувајќи со 17,8% во вкупниот број трансакции за повлекување готовина на банкомати во земјата. Генерално, во однос на минатата година се забележува поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, што е причина за нагорно поместување на учеството и на сметките со електронски пристап и на сметките за електронски плаќања. Од аспект на родовата структура на сопствениците на сметките, податоците посочуваат на родов јаз од 0,6 сметки повеќе во корист на мажите (2,2 сметки по глава на жител[2] од машки пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женски пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2021 година жените биле поактивни пристапувачи преку дигиталните канали кон своите сметки, правејќи најмалку еден увид во состојбата или промените, како и поактивни плаќачи, користејќи ги погодностите на интернет-банкарството или мобилните платежни апликации. Така, сметките коишто се во сопственост на жените и со можност за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација биле искористени за таа намена 41,6%, додека во истиот период мажите користеле 39,5% од своите сметки за таа можност. Инаку, жените и мажите подеднакво направиле најмалку еден увид во состојбата и промените во неа кај 50% од нивните сметки. Од аспект на инфраструктурната покриеност по општини за извршување на платежните трансакции, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Скопје (10), Дојран (10) и во Гевгелија (9), додека, пак, најголема покриеност со уреди на физички места на продажба е евидентирана во Скопје (566), Гевгелија (325) и во Охрид (299). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физички места на продажба имаат општините Центар, Аеродром и Карпош.  

The post Збогатена статистиката на Народна банка со нови податоци за финансиската вклученост на населението според возраста и полот appeared first on Република.

]]>
Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlastite-na-zapadni-zemji-urnaa-platforma-za-kupuvanje-i-prodavanje-podatoci-na-milioni-lugje/ Tue, 12 Apr 2022 19:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=487536

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица.

Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите.

Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција.

Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица.

Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија

The post Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица. Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите. Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција. Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица. Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија

The post Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>