подарок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podarok/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:19:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подарок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/podarok/ 32 32 Русија и подари 447 кози на Северна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-podari-447-kozi-na-severna-koreja/ Wed, 14 Aug 2024 07:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=806334

Руското надзорно тело за безбедност на земјоделството (Роселкознадзор) соопшти дека Русија испратила 447 кози во Северна Кореја. Козите се само дел од животни што Русија планира да и ги достави на Северна Кореја.

Подарокот од Москва уследи по неодамнешната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Козите се од Ленинградската област, а доставени се во севернокорејскиот град Расон.

Козите ќе обезбедат млечни производи за локалните деца, со што треба да се намали недостигот на храна во Северна Кореја, кој во голема мера е предизвикан од владините политики. Ситуацијата со недостигот на храна дополнително се влоши за време на пандемијата со Ковид-19, наведе бриселскиот портал „Политико“.

Според „Хјуман рајтс воч“ (Human rights watch), 10,7 милиони од 25,9 милиони луѓе во Северна Кореја се ненахранети, а 18 отсто од децата имаат застој во растот поради хронична ненахранетост.

Северна Кореја отворено ја поддржува руската инвазија врз Украина и е обвинета за снабдување со оружје што им помага на руските сили на бојното поле. И Москва и Пјонгјанг негираат дека Пјонгјанг испраќа оружје и муниција за руските сили.

За време на неодамнешната посета на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој се обврзаа на „заемна помош во случај некој да ги нападне“. Тоа е дел од сеопфатниот договор, што опфаќа од образование до земјоделство и туризам.

The post Русија и подари 447 кози на Северна Кореја appeared first on Република.

]]>

Руското надзорно тело за безбедност на земјоделството (Роселкознадзор) соопшти дека Русија испратила 447 кози во Северна Кореја. Козите се само дел од животни што Русија планира да и ги достави на Северна Кореја. Подарокот од Москва уследи по неодамнешната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Козите се од Ленинградската област, а доставени се во севернокорејскиот град Расон.
Козите ќе обезбедат млечни производи за локалните деца, со што треба да се намали недостигот на храна во Северна Кореја, кој во голема мера е предизвикан од владините политики. Ситуацијата со недостигот на храна дополнително се влоши за време на пандемијата со Ковид-19, наведе бриселскиот портал „Политико“.
Според „Хјуман рајтс воч“ (Human rights watch), 10,7 милиони од 25,9 милиони луѓе во Северна Кореја се ненахранети, а 18 отсто од децата имаат застој во растот поради хронична ненахранетост. Северна Кореја отворено ја поддржува руската инвазија врз Украина и е обвинета за снабдување со оружје што им помага на руските сили на бојното поле. И Москва и Пјонгјанг негираат дека Пјонгјанг испраќа оружје и муниција за руските сили. За време на неодамнешната посета на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој се обврзаа на „заемна помош во случај некој да ги нападне“. Тоа е дел од сеопфатниот договор, што опфаќа од образование до земјоделство и туризам.

The post Русија и подари 447 кози на Северна Кореја appeared first on Република.

]]>
E, oва е газдарица: Сопственичка на фитнес клуб на вработена и подари нов „Мерцедес“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/e-ova-e-gazdaritsa-sopstvenichka-na-fitnes-klub-na-vrabotena-i-podari-nov-mertsedes/ Fri, 07 Jun 2024 07:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=785409

Сопственичката на фитнес центарот од Груд, мало место во Хрватска , во околината на Дубровник, близу границата со БиХ , ја награди својата вредна работничка со скап „мерцедес“ кој ја пречека со машна пред куќата.

Кога сопственикот на фирмата е задоволен од својот вработен, му дава поголема плата, подолга годишна плата, можеби и патување. А ако е навистина пресреќен - дајте му нов црвен мерцедес.

Лијана Бодловиќ, сопственичката на фитнес центарот 'Fitness Annie' била толку задоволна од својата вработена Дражана Палац од Груд што ја изненадила со нов автомобил кој ја дочекал пред куќата со голема машна.,

Претпочитам некој кој беше покрај мене кога немав ништо“. Заедно бевме чистачки, таа ми беше клиентка, вработена и пријателка. Можев да и се јавам на полноќ и да сметам на неа. Таа е некорумпирана личност, некој кој е секогаш покрај мене и ми ја враќа вербата дека се уште има добри луѓе, навистина добри. Среќен сум што можам да бидам нејзин пријател и што е со мене.

Screenshot 2024-06-06 202650.png

Би знаела скромно да спомне дека токму овој автомобил е нејзина желба и дека еден ден ќе го купи. Решив да и го подарам во знак на благодарност за се што ми дава. И верувајте, колку што се радуваше Дража, уште повеќе се израдував кога ги видов нејзините искрени солзи радосници и кога ме прегрна со срцето.

Среќата навистина се множи со споделување! Автомобилот не е ништо во споредба со бесценетиот подарок на луѓе како мојот Дража. Ѝ посакувам многу среќни километри со порака дека секогаш ќе бидам тука за неа, како и таа за мене“, изјави Лиана Бодловиќ.

Дражана беше целосно покрај себе од среќа за подарокот.

Во никој случај не се посомневав дека ми прават изненадување. Ниту во најлудите соништа, ниту 0,1 отсто“, вели Дражана Палац, која веќе шест години работи во фитнес центарот на Илијана.

„Се знаеме долго време. Кога го започна проектот, отидов кај неа на тренинг и тогаш ѝ се допадна мојот начин на работа, па ми понуди да бидам фитнес тренер во клубот - вели воодушевената Дражана, пишува hercegovina.info.

The post E, oва е газдарица: Сопственичка на фитнес клуб на вработена и подари нов „Мерцедес“ appeared first on Република.

]]>

Сопственичката на фитнес центарот од Груд, мало место во Хрватска , во околината на Дубровник, близу границата со БиХ , ја награди својата вредна работничка со скап „мерцедес“ кој ја пречека со машна пред куќата.

Кога сопственикот на фирмата е задоволен од својот вработен, му дава поголема плата, подолга годишна плата, можеби и патување. А ако е навистина пресреќен - дајте му нов црвен мерцедес. Лијана Бодловиќ, сопственичката на фитнес центарот 'Fitness Annie' била толку задоволна од својата вработена Дражана Палац од Груд што ја изненадила со нов автомобил кој ја дочекал пред куќата со голема машна.,
Претпочитам некој кој беше покрај мене кога немав ништо“. Заедно бевме чистачки, таа ми беше клиентка, вработена и пријателка. Можев да и се јавам на полноќ и да сметам на неа. Таа е некорумпирана личност, некој кој е секогаш покрај мене и ми ја враќа вербата дека се уште има добри луѓе, навистина добри. Среќен сум што можам да бидам нејзин пријател и што е со мене.
Screenshot 2024-06-06 202650.png Би знаела скромно да спомне дека токму овој автомобил е нејзина желба и дека еден ден ќе го купи. Решив да и го подарам во знак на благодарност за се што ми дава. И верувајте, колку што се радуваше Дража, уште повеќе се израдував кога ги видов нејзините искрени солзи радосници и кога ме прегрна со срцето. Среќата навистина се множи со споделување! Автомобилот не е ништо во споредба со бесценетиот подарок на луѓе како мојот Дража. Ѝ посакувам многу среќни километри со порака дека секогаш ќе бидам тука за неа, како и таа за мене“, изјави Лиана Бодловиќ. Дражана беше целосно покрај себе од среќа за подарокот.
Во никој случај не се посомневав дека ми прават изненадување. Ниту во најлудите соништа, ниту 0,1 отсто“, вели Дражана Палац, која веќе шест години работи во фитнес центарот на Илијана.
„Се знаеме долго време. Кога го започна проектот, отидов кај неа на тренинг и тогаш ѝ се допадна мојот начин на работа, па ми понуди да бидам фитнес тренер во клубот - вели воодушевената Дражана, пишува hercegovina.info.

The post E, oва е газдарица: Сопственичка на фитнес клуб на вработена и подари нов „Мерцедес“ appeared first on Република.

]]>
Се ближи 8 Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-blizhi-8-mart-shto-da-podarite-spored-nejziniot-horoskopski-znak/ Sun, 05 Mar 2023 08:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=615978

Се ближи 8.Март, а доколку немате идеја што да подарите еве неколку предлози.

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Пред да тргнете да купувате подарок за огнените дами, добро слушајте за што зборуваат, што сакаат и планираат да купат, а потоа изненадете ги.

Добра идеја е да им уплатите некое патување или третман во спа центар. Накит нема да одбијат, но нека не биде претенциозен.

Романтична вечера во некој убав удобен ресторан. Исто така, можете сами да им направите вечера, сервирана со свеќи, добро вино и многу бакнежи…

Жените кои припаѓаат на огнените хоропски знаци наизглед се јаки и самостојни, но во суштина се кревки и нежни.

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Овие дами обожуваат слатки, но и добра храна. Тие се најголеми гурмани во хороскопот. Затоа, резервирајте вечера во нејзиниот омилен ресторан. Можете да земете и нешто слатко.

Можете и сами нешто да подготвите, но не претерувајте со романтична атмосфера, бидејќи тие не сакаат многу тоа.

Овие жени се деловни и можете да им подарите нешто поврзано со работата како, квалитетно пенкало, интересен календар или торба за компјутер.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

Со овие жени морате внимателно, не смеете да претерувате.

Тие најмногу сакаат ситници како добра книга, нешто слатко, миризлива свеќа, марама или шал.

Исто така, можете да ја однесете на театар, во кино, на некоја изложба.

Водени знаци: Рак, Шкорпија, Риби

Овие жени сакаат изненадувања. Затоа не ги прашувајте што сакаат, едноставно изненадете ги!

Добро вино е одличен подарок за нив, а може и парче долна облека.

Можете да ја однесете на романтична вечера.

The post Се ближи 8 Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак? appeared first on Република.

]]>

Се ближи 8.Март, а доколку немате идеја што да подарите еве неколку предлози. Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец Пред да тргнете да купувате подарок за огнените дами, добро слушајте за што зборуваат, што сакаат и планираат да купат, а потоа изненадете ги. Добра идеја е да им уплатите некое патување или третман во спа центар. Накит нема да одбијат, но нека не биде претенциозен. Романтична вечера во некој убав удобен ресторан. Исто така, можете сами да им направите вечера, сервирана со свеќи, добро вино и многу бакнежи… Жените кои припаѓаат на огнените хоропски знаци наизглед се јаки и самостојни, но во суштина се кревки и нежни. Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец Овие дами обожуваат слатки, но и добра храна. Тие се најголеми гурмани во хороскопот. Затоа, резервирајте вечера во нејзиниот омилен ресторан. Можете да земете и нешто слатко. Можете и сами нешто да подготвите, но не претерувајте со романтична атмосфера, бидејќи тие не сакаат многу тоа. Овие жени се деловни и можете да им подарите нешто поврзано со работата како, квалитетно пенкало, интересен календар или торба за компјутер. Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија Со овие жени морате внимателно, не смеете да претерувате. Тие најмногу сакаат ситници како добра книга, нешто слатко, миризлива свеќа, марама или шал. Исто така, можете да ја однесете на театар, во кино, на некоја изложба. Водени знаци: Рак, Шкорпија, Риби Овие жени сакаат изненадувања. Затоа не ги прашувајте што сакаат, едноставно изненадете ги! Добро вино е одличен подарок за нив, а може и парче долна облека. Можете да ја однесете на романтична вечера.

The post Се ближи 8 Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак? appeared first on Република.

]]>
Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/katarski-milioner-pokani-novinarka-vo-negovoto-lamborgini-i-podari-vreden-paket/ Fri, 09 Dec 2022 13:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=583736

Дописничката на ЕСПН и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборгини.

Притоа, на едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство.

„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.

Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра.

https://twitter.com/perroscalleok/status/1598305216805347335?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598305216805347335%7Ctwgr%5E9fa14ecec84900f6cdac2acb1cced8f33b90ab5f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bad0b0d182d0b0d180d181d0bad0b8-d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b5d180-d0bfd0bed0b2d0b8d0bad0b0-d0bdd0bed0b2d0b8d0bdd0b0d180d0bad0b0-d0b2%2F

Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи тоа, бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец.

Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.

The post Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет appeared first on Република.

]]>

Дописничката на ЕСПН и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборгини. Притоа, на едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство.
„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.
Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра. https://twitter.com/perroscalleok/status/1598305216805347335?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598305216805347335%7Ctwgr%5E9fa14ecec84900f6cdac2acb1cced8f33b90ab5f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bad0b0d182d0b0d180d181d0bad0b8-d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b5d180-d0bfd0bed0b2d0b8d0bad0b0-d0bdd0bed0b2d0b8d0bdd0b0d180d0bad0b0-d0b2%2F Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи тоа, бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец. Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.

The post Катарски милионер покани новинарка во неговото Ламборгини и ѝ подари вреден пакет appeared first on Република.

]]>
Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golema-reprodukcija-sostavena-od-dve-dela-na-francuskiot-umetnik-zan-pejrisak-postavena-vo-oshtina-bitola/ Thu, 10 Nov 2022 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=572263

Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) е поставена во внатрешноста на битолската општинска зграда и отсликува фрагмент од животот во Битола за време на Првата светска војна.

Уметничкото дело на Пејрисак, претставник на француската модерна уметност од 20 век, го промовираа амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и градоначалникот Тони Коњановски.

Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Фреската е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доброволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот со кој толку многу бил поврзан, истакна францускиот амбасадор Бомгартнер.

Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. Авторските права за делата се отстапени лично од семејството Пејрисак, чија внука Стефани, посочи дека сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите во битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.

Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува општината, посочи градоначалникот Коњановски.

Денес во Битола, француските гробишта во овој град со комеморација ќе биде одбележан 11 ноември, Денот на примирјето.

The post Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола appeared first on Република.

]]>

Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) е поставена во внатрешноста на битолската општинска зграда и отсликува фрагмент од животот во Битола за време на Првата светска војна. Уметничкото дело на Пејрисак, претставник на француската модерна уметност од 20 век, го промовираа амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и градоначалникот Тони Коњановски.
Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Фреската е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доброволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот со кој толку многу бил поврзан, истакна францускиот амбасадор Бомгартнер.
Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. Авторските права за делата се отстапени лично од семејството Пејрисак, чија внука Стефани, посочи дека сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите во битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.
Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува општината, посочи градоначалникот Коњановски.
Денес во Битола, француските гробишта во овој град со комеморација ќе биде одбележан 11 ноември, Денот на примирјето.

The post Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола appeared first on Република.

]]>
Газда од Врање ѝ подари автомобил на готвачката за 10 години верност и работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gazda-od-vranje-podari-avtomobil-na-gotvachkata-za-10-godini-vernost-i-rabota/ Thu, 10 Nov 2022 07:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=572102

Готвачката во „Градска меана“ во Врање, Јована Јанковиќ за десетгодишната работа во познатата кафана од работодавците доби автомобил. За овој гест сопственикот Ивица Цветковиќ вели дека е нешто сосема нормално, особено затоа што добра работничка е вистинска реткост.

За 10 години напорнo, но пред сè убавo работење, за твојата лојалност, верност, посветеност кон работата, која ја постигна работејќи во „Градска меана“, овој подарок е знак на внимание! Со здравје да се вози, напиша тој споделувајќи го новиот автомобил.

Цветковиќ за „Нова.рс“ вели дека кај нив е пракса да се наградува добрата работа. Јанковиќ, пак, вели дека иако знаела дека ќе добие автомобил, зошто само што го положила возачкиот испит, не знаела дека тоа ќе биде нејзиниот омилен - „буба“.

Инаку, ресторанот секој Митровден им подарува часовник на вработените кои биле ангажирани пред една година.

 

The post Газда од Врање ѝ подари автомобил на готвачката за 10 години верност и работа appeared first on Република.

]]>

Готвачката во „Градска меана“ во Врање, Јована Јанковиќ за десетгодишната работа во познатата кафана од работодавците доби автомобил. За овој гест сопственикот Ивица Цветковиќ вели дека е нешто сосема нормално, особено затоа што добра работничка е вистинска реткост.
За 10 години напорнo, но пред сè убавo работење, за твојата лојалност, верност, посветеност кон работата, која ја постигна работејќи во „Градска меана“, овој подарок е знак на внимание! Со здравје да се вози, напиша тој споделувајќи го новиот автомобил.
Цветковиќ за „Нова.рс“ вели дека кај нив е пракса да се наградува добрата работа. Јанковиќ, пак, вели дека иако знаела дека ќе добие автомобил, зошто само што го положила возачкиот испит, не знаела дека тоа ќе биде нејзиниот омилен - „буба“. Инаку, ресторанот секој Митровден им подарува часовник на вработените кои биле ангажирани пред една година.  

The post Газда од Врање ѝ подари автомобил на готвачката за 10 години верност и работа appeared first on Република.

]]>
Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-kaj-dojdoa-tamu-se-vratija-po-tenkovite-makedonija-gi-podari-i-suhoite-na-ukraina/ Thu, 04 Aug 2022 07:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=536594

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина.

Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.

Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бопбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.

 

The post Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина appeared first on Република.

]]>

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година. Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО. Деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина. Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули. Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бопбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.  

The post Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина appeared first on Република.

]]>
Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vselenskiot-patrijarh-mu-podari-na-arhiepiskopot-stefan-komplet-arhiepiskopski-panagii/ Tue, 14 Jun 2022 09:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=514898

Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан.

По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ, блажениот патријарх Вартоломеј уште еднаш нескриено ја искажа својата голема љубов кон архиепископот Стефан.

Тој пак, видно воодушевен, од своја страна несомнено ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата Црква.

Овој дар е уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која блажениот патријарх Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија.

The post Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии appeared first on Република.

]]>

Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан. По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ, блажениот патријарх Вартоломеј уште еднаш нескриено ја искажа својата голема љубов кон архиепископот Стефан. Тој пак, видно воодушевен, од своја страна несомнено ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата Црква. Овој дар е уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која блажениот патријарх Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија.

The post Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии appeared first on Република.

]]>
Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kakvo-cvekje-da-podarite-spored-horoskopskiot-znak/ Mon, 07 Mar 2022 17:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=469104

Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима.

Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци.

Овен
Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и по некоја љубовна искра.
Овните секогаш се движат од силни емоции, па омилени бои им се црвената, пурпурната и сите бордо нијанси. Вистински избор е букет од црвени каранфили.
Бик
Владее планетата Венера, која на сите припадници на овој знак им подарува убавина и привлечност, а не ретко и уметнички талент. Според легендата, црвената роза настанала кога Венера, златната планета на Бикот, се боцнала од три бели рози, а нејзината крв ги обоила во црвени. Розата е симбол на љубовта, а Биковите живеат за љубов, па затоа овој преубав цвет е прогласен за нивен симбол. Вистински избор се букетите со складни тонови или пак рози комбинирани со зелени листови.

Близнаци
Синоним за авангардност, нови модни трендови и интелигенција. Бидејќи често се непостојани, на луѓето им се симпатични поради својата снаодливост и подвижност. Вистински избор се ирисот и кринот, по можност во бела боја, или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни.
Рак
Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Нежни се, чувствителни и романтични, па од луѓето очекуваат големо внимание. Нив најбрзо може да ги расположите ако им направите вкусна вечера или ако им подарите романтичен букет. Нема да погрешите со виолетовиот јоргован, рози во пастелни бои или ситно бело цвеќе. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина.

Лав
Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Ова е знак кој поседува најголема моќ, амбициозност, виталност и често во разните односи се наметнува. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот, цвет со величествени портокалово-жолти цветови, на кој никој не може да му одолее. Сакаат да им подарувате цвеќе во голем стил, галантно и искрено. Вистински избор е букет од портокалови цветови.
Девица
Сакаат бел крин, а при изборот пресудни се срамежливоста и опседнатоста со хигиена. Девицата е земјен знак, па доколку се одлучите да и подарите цвеќе, знајте дека таа од вас очекува да бидете крајно искрени и сериозни. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, посебно во бела боја, а од хортензијата ќе и блеснат очите.

Вага
Имаат грациозност и складни движења, заштитени се од Венера, па затоа во емотивниот живот се доста чувствителни и ранливи. Лалињата најдобро ги претставуваат, бидејќи се со високо и тенко стебло, нежни листови, што е симбол на елеганција. Тие се многу пребирливи, а ќе ги израдува заносниот ирис или голем букет од бели рози.
Скорпија
Се вели дека не се многу нежни, но затоа се многу еротични и магнетски го привлекуваат спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, па ако одлучите да им подарите цвеќе, таа на тоа ќе одговори со некоја еротска порака. Посебно ќе ги израдувате ако им подарите букет гладиоли во црвена, виолетова и во портокалова боја. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат.

Стрелец
Се карактеризираат со идеализам, сонување и мала доза на детинесто однесување. Главен виновник за тоа е нивната планета Јупитер, која им дава неодолив шарм. Цветниот симбол на Стрелците ја симболизира желбата за разновидност. Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во силно-жолта боја. Не заборавајте дека Стрелците реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата. Поради нивниот сензибилитет најмногу ги погодува различен и шарен цвет.

Јарец
Јарецот е многу рационален и секогаш знае што сака. Тој повеќе ќе биде задоволен од еден убаво спакуван цвет отколку од раскошен букет. Сепак, букетот од миризливи зумбули или саксиското цвеќе ниеден Јарец нема да го остави рамнодушен.

Водолија
Со водолијата владее планетата Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципација и слобода. Кога им подарувате цвеќе определете се за букет од крин, зимски ружи или полско цвеќе во сина боја. Посебно се препорачува нарцисот.
Риби
Не можат да го замислат животот без љубов и нежност. Тие се големи љубители на цвеќиња и со задоволство ги одгледуваат бидејќи им се извор на неизмерна среќа. Рибите ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат со богати гранки, како и цветови со опоен мирис. Омилен цвет на Рибата е јасминот што најмногу одговара на нивната романтична природа.

The post Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак appeared first on Република.

]]>

Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима. Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци. Овен Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и по некоја љубовна искра. Овните секогаш се движат од силни емоции, па омилени бои им се црвената, пурпурната и сите бордо нијанси. Вистински избор е букет од црвени каранфили. Бик Владее планетата Венера, која на сите припадници на овој знак им подарува убавина и привлечност, а не ретко и уметнички талент. Според легендата, црвената роза настанала кога Венера, златната планета на Бикот, се боцнала од три бели рози, а нејзината крв ги обоила во црвени. Розата е симбол на љубовта, а Биковите живеат за љубов, па затоа овој преубав цвет е прогласен за нивен симбол. Вистински избор се букетите со складни тонови или пак рози комбинирани со зелени листови. Близнаци Синоним за авангардност, нови модни трендови и интелигенција. Бидејќи често се непостојани, на луѓето им се симпатични поради својата снаодливост и подвижност. Вистински избор се ирисот и кринот, по можност во бела боја, или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни. Рак Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Нежни се, чувствителни и романтични, па од луѓето очекуваат големо внимание. Нив најбрзо може да ги расположите ако им направите вкусна вечера или ако им подарите романтичен букет. Нема да погрешите со виолетовиот јоргован, рози во пастелни бои или ситно бело цвеќе. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина. Лав Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Ова е знак кој поседува најголема моќ, амбициозност, виталност и често во разните односи се наметнува. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот, цвет со величествени портокалово-жолти цветови, на кој никој не може да му одолее. Сакаат да им подарувате цвеќе во голем стил, галантно и искрено. Вистински избор е букет од портокалови цветови. Девица Сакаат бел крин, а при изборот пресудни се срамежливоста и опседнатоста со хигиена. Девицата е земјен знак, па доколку се одлучите да и подарите цвеќе, знајте дека таа од вас очекува да бидете крајно искрени и сериозни. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, посебно во бела боја, а од хортензијата ќе и блеснат очите. Вага Имаат грациозност и складни движења, заштитени се од Венера, па затоа во емотивниот живот се доста чувствителни и ранливи. Лалињата најдобро ги претставуваат, бидејќи се со високо и тенко стебло, нежни листови, што е симбол на елеганција. Тие се многу пребирливи, а ќе ги израдува заносниот ирис или голем букет од бели рози. Скорпија Се вели дека не се многу нежни, но затоа се многу еротични и магнетски го привлекуваат спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, па ако одлучите да им подарите цвеќе, таа на тоа ќе одговори со некоја еротска порака. Посебно ќе ги израдувате ако им подарите букет гладиоли во црвена, виолетова и во портокалова боја. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат. Стрелец Се карактеризираат со идеализам, сонување и мала доза на детинесто однесување. Главен виновник за тоа е нивната планета Јупитер, која им дава неодолив шарм. Цветниот симбол на Стрелците ја симболизира желбата за разновидност. Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во силно-жолта боја. Не заборавајте дека Стрелците реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата. Поради нивниот сензибилитет најмногу ги погодува различен и шарен цвет. Јарец Јарецот е многу рационален и секогаш знае што сака. Тој повеќе ќе биде задоволен од еден убаво спакуван цвет отколку од раскошен букет. Сепак, букетот од миризливи зумбули или саксиското цвеќе ниеден Јарец нема да го остави рамнодушен. Водолија Со водолијата владее планетата Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципација и слобода. Кога им подарувате цвеќе определете се за букет од крин, зимски ружи или полско цвеќе во сина боја. Посебно се препорачува нарцисот. Риби Не можат да го замислат животот без љубов и нежност. Тие се големи љубители на цвеќиња и со задоволство ги одгледуваат бидејќи им се извор на неизмерна среќа. Рибите ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат со богати гранки, како и цветови со опоен мирис. Омилен цвет на Рибата е јасминот што најмногу одговара на нивната романтична природа.

The post Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак appeared first on Република.

]]>
Свекрвата пред свадба им испратила шокантен подарок: Сешто ми падна на памет! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/svekrvata-pred-svadba-im-ispratila-shokanten-podarok-seshto-mi-padna-na-pamet/ Mon, 07 Feb 2022 08:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=454933

Шокирана невеста со „Редит“ ја сподели својата хорор приказна за подарокот кој неа и на партнерот им го испратила неговата мајка пред венчавката. Нејзината свекрва му направила нова бурма на синот бидејќи не ѝ се допаднала онаа што брачниот пар го избрал пред венчавката.

Пред да се венчаме, таа нè праша какви венчални прстени одбравме. Со задоволство ѝ ги покажавме. Успеав да набавам делови од бурињата од првата пиварница што заедно ја посетивме, ги дадов во една златара со чија работа бев опседната со години, за да ги вгради во нашите бурми, раскажува невестата.

Свекрвата воопшто не била воодушевена од изборот, па решила да се вмеша и да му купи „подобра“ бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемирила невестата, која вели дека во еден момент си рекла дека свекрва ѝ сака да се земи со синот.

Откако ни стигна пакетот, бевме кај неа на гости, но не сакав да зборувам за тоа и да ја почнувам темата. Меѓутоа, таа нè прашала зошто сме ѝ го вратиле пакетот, на што мојот сопруг ѝ објасни зошто нејзината постапка е несоодветна. Ѝ објасни зошто ни се важни баш тие бурмите и колку ни значат и дека на крајот на денот не му е гајле што мисли таа за прстените. Ја предупреди и да не прави такви слични потези во иднина, пишува таа.

The post Свекрвата пред свадба им испратила шокантен подарок: Сешто ми падна на памет! appeared first on Република.

]]>

Шокирана невеста со „Редит“ ја сподели својата хорор приказна за подарокот кој неа и на партнерот им го испратила неговата мајка пред венчавката. Нејзината свекрва му направила нова бурма на синот бидејќи не ѝ се допаднала онаа што брачниот пар го избрал пред венчавката.
Пред да се венчаме, таа нè праша какви венчални прстени одбравме. Со задоволство ѝ ги покажавме. Успеав да набавам делови од бурињата од првата пиварница што заедно ја посетивме, ги дадов во една златара со чија работа бев опседната со години, за да ги вгради во нашите бурми, раскажува невестата.
Свекрвата воопшто не била воодушевена од изборот, па решила да се вмеша и да му купи „подобра“ бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемирила невестата, која вели дека во еден момент си рекла дека свекрва ѝ сака да се земи со синот.
Откако ни стигна пакетот, бевме кај неа на гости, но не сакав да зборувам за тоа и да ја почнувам темата. Меѓутоа, таа нè прашала зошто сме ѝ го вратиле пакетот, на што мојот сопруг ѝ објасни зошто нејзината постапка е несоодветна. Ѝ објасни зошто ни се важни баш тие бурмите и колку ни значат и дека на крајот на денот не му е гајле што мисли таа за прстените. Ја предупреди и да не прави такви слични потези во иднина, пишува таа.

The post Свекрвата пред свадба им испратила шокантен подарок: Сешто ми падна на памет! appeared first on Република.

]]>
Владата не подарува возила туку постапува по обврските кои произлегуваат од Законот за влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-podaruva-vozila-tuku-postapuva-po-obvrskite-koi-proizleguvaat-od-zakonot-za-vlada/ Mon, 24 Jan 2022 12:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=448744

Владата не подарува возила, туку постапува законски, велат од Владата откако медиумите информираа дека Заев, кој се откажа од привилегиите, сепак ќе добие службено возило.

Владата на Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада.Со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да му подари возила, стои во владината реакција.

На Заев, како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година.

Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

 

The post Владата не подарува возила туку постапува по обврските кои произлегуваат од Законот за влада appeared first on Република.

]]>

Владата не подарува возила, туку постапува законски, велат од Владата откако медиумите информираа дека Заев, кој се откажа од привилегиите, сепак ќе добие службено возило. Владата на Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада.Со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да му подари возила, стои во владината реакција. На Заев, како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3. Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.
Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.
 

The post Владата не подарува возила туку постапува по обврските кои произлегуваат од Законот за влада appeared first on Република.

]]>
Ковачевски му подари „шкода суперб“ на Заев, кој се откажа од привилегиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-podari-shkoda-superb-na-zaev-koj-se-otkaza-od-privilegiite/ Mon, 24 Jan 2022 09:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=448644

Премиерот Димитар Ковачевски му подари нов автомобил, „шкода суперб“ на поранешниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој по напуштење на функцијата се откажа од привилегиите.

На Заев, како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави „Фактор“.

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата.

Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

 

The post Ковачевски му подари „шкода суперб“ на Заев, кој се откажа од привилегиите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски му подари нов автомобил, „шкода суперб“ на поранешниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој по напуштење на функцијата се откажа од привилегиите. На Заев, како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави „Фактор“. Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3. Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило. На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.
Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.
 

The post Ковачевски му подари „шкода суперб“ на Заев, кој се откажа од привилегиите appeared first on Република.

]]>