под просек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pod-prosek/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Mar 2023 10:51:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png под просек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pod-prosek/ 32 32 Нивото на водата во Охридското Езеро сѐ уште далеку под просекот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nivoto-na-vodata-vo-ohridskoto-ezero-s-ushte-daleku-pod-prosekot/ Mon, 13 Mar 2023 10:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=619085

Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но сѐ уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март.

Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се сѐ уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е 7,5 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.

The post Нивото на водата во Охридското Езеро сѐ уште далеку под просекот appeared first on Република.

]]>

Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но сѐ уште е далеку под просекот за овој период од годината. Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март. Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се сѐ уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој. Температурата на водата е 7,5 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.

The post Нивото на водата во Охридското Езеро сѐ уште далеку под просекот appeared first on Република.

]]>
Според стандардот на куповна моќ, Македонија е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/spored-standardot-na-kupovna-mokj-makedonija-e-na-nivo-od-42-otsto-od-prosekot-na-eu/ Sat, 17 Dec 2022 09:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=586774

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).

Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ, соопшти Монстат.

Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ.

Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.

Реалната индивидуална потрошувачка по жител според СКМ, според конечните податоци меѓу земјите-членки, се движеше од 65 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 144 проценти од просекот на ЕУ во Луксембург“, посочува Монстат.

The post Според стандардот на куповна моќ, Македонија е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).
Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ, соопшти Монстат.
Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ. Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.