под Кале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pod-kale/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 14:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png под Кале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pod-kale/ 32 32 МВР: Се утврдуваат причините за пожарот вчера под Скопско кале https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-se-utvrduvaat-prichinite-za-pozharot-vchera-pod-skopsko-kale/ Sun, 07 Apr 2024 14:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=763480

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот што избувна вчера под Скопското кале, во кој беа опожарени пет патнички возила и нема повредени лица.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е извршен увид по пожарот кој настанал на ул. „Лазар Личеновски", на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање возачки испити, при што горела сува трева.

Пожарот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 13.25 часот, а бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.

Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ - сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ - сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ - сопственост на М.Т.(19) од населба Илинден, Скопје, „тојота“ - сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ - сопственост на Б.Б.(42) од Скопје. Од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје, соопшти МВР.

Како што вчера информираше Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, во гасењето на пожарот биле вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

Томевски за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

The post МВР: Се утврдуваат причините за пожарот вчера под Скопско кале appeared first on Република.

]]>

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот што избувна вчера под Скопското кале, во кој беа опожарени пет патнички возила и нема повредени лица. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е извршен увид по пожарот кој настанал на ул. „Лазар Личеновски", на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање возачки испити, при што горела сува трева. Пожарот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 13.25 часот, а бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.
Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ - сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ - сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ - сопственост на М.Т.(19) од населба Илинден, Скопје, „тојота“ - сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ - сопственост на Б.Б.(42) од Скопје. Од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје, соопшти МВР.
Како што вчера информираше Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, во гасењето на пожарот биле вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари. Томевски за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

The post МВР: Се утврдуваат причините за пожарот вчера под Скопско кале appeared first on Република.

]]>