„Почитувани бубачки и други морничави приказни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochituvani-bubachki-i-drugi-mornichavi-prikazni/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 08:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochituvani-bubachki-i-drugi-mornichavi-prikazni/ 32 32 Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/onlajn-promotsija-na-pochituvani-bubachki-i-drugi-mornichavi-prikazni-od-masha-kolanovik/ Tue, 26 Sep 2023 08:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=685188

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ ќе биде претставена со онлајн-промоција на 27 септември (среда), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Колановиќ, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Дејан Василевски, кој ја преведе од хрватски јазик.

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Ивона Јанчевска.

Расказите „Почитувани бубачки…“ раскажуваат за апсурдноста на постоењето, поврзано со безмилосниот капитализам, со протагонисти кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство додека претаат како бубачки, а понекогаш буквално се распукуваат. Збирката брои 12 раскази на повеќе теми. Една стара тетка на умирање, која се плаши да не биде закопана жива, одлучува да го понесе својот мобилен телефон во гробот, барајќи од нејзиното семејство да ù се јави следниот ден по погребот. Раскажувачка му чита рекламни слогани од каталогот на ИКЕА на нејзиниот сопруг на смртна постела и поранешен директор на стоковна куќа. Девојка чија мајка починала од рак на дебелото црево го отвора плакарот на мајка си за да го најде нејзиниот „дневник на трошоци“ за тоа како и што купила преку „Ибеј“, очајнички трошејќи пари за да не размислува за својата дијагноза. Еден стар татко „паѓа“ во рацете на телеоператор со кој потпишал неповолен договор и почнува да добива огромни сметки бидејќи не може да се справи со технологијата. Мало девојче ги замолува родителите да ù купат иста таква кукла каква што случајно видела во документарецот за Чернобил. Сите дванаесет раскази се приказни во кои животот и смртта се испреплетуваат со смеата, солзите во очите и грутката во грлото.

Маша Колановиќ е родена во 1979 година во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Дипломира и докторира на истиот факултет на катедрата за хрватски јазик и компаративна книжевност. Објавува голем број трудови за книжевноста и за популарната култура, а авторка е на романот „Барби од подрумот“ (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ (2019), за која ја добива наградата на Европската унија. Таа е авторка и на две поетски збирки, „Пијавици за осамени“ (2001) и „Јамерика“ (2013) и на монографијата „Ударник! Бунтовник? Потрошувач…“ (2011). Уредничка е на зборниците „Компаративниот постсоцијализам: словенски искуства“ и „Културниот живот на капитализмот во Југославија: (пост)социјализмот и другиот“ (2017).

The post Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ ќе биде претставена со онлајн-промоција на 27 септември (среда), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Колановиќ, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Дејан Василевски, кој ја преведе од хрватски јазик. Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Ивона Јанчевска. Расказите „Почитувани бубачки…“ раскажуваат за апсурдноста на постоењето, поврзано со безмилосниот капитализам, со протагонисти кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство додека претаат како бубачки, а понекогаш буквално се распукуваат. Збирката брои 12 раскази на повеќе теми. Една стара тетка на умирање, која се плаши да не биде закопана жива, одлучува да го понесе својот мобилен телефон во гробот, барајќи од нејзиното семејство да ù се јави следниот ден по погребот. Раскажувачка му чита рекламни слогани од каталогот на ИКЕА на нејзиниот сопруг на смртна постела и поранешен директор на стоковна куќа. Девојка чија мајка починала од рак на дебелото црево го отвора плакарот на мајка си за да го најде нејзиниот „дневник на трошоци“ за тоа како и што купила преку „Ибеј“, очајнички трошејќи пари за да не размислува за својата дијагноза. Еден стар татко „паѓа“ во рацете на телеоператор со кој потпишал неповолен договор и почнува да добива огромни сметки бидејќи не може да се справи со технологијата. Мало девојче ги замолува родителите да ù купат иста таква кукла каква што случајно видела во документарецот за Чернобил. Сите дванаесет раскази се приказни во кои животот и смртта се испреплетуваат со смеата, солзите во очите и грутката во грлото. Маша Колановиќ е родена во 1979 година во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Дипломира и докторира на истиот факултет на катедрата за хрватски јазик и компаративна книжевност. Објавува голем број трудови за книжевноста и за популарната култура, а авторка е на романот „Барби од подрумот“ (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ (2019), за која ја добива наградата на Европската унија. Таа е авторка и на две поетски збирки, „Пијавици за осамени“ (2001) и „Јамерика“ (2013) и на монографијата „Ударник! Бунтовник? Потрошувач…“ (2011). Уредничка е на зборниците „Компаративниот постсоцијализам: словенски искуства“ и „Културниот живот на капитализмот во Југославија: (пост)социјализмот и другиот“ (2017).

The post Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ appeared first on Република.

]]>