починети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochineti/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 10:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochineti/ 32 32 За 25 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во однос на минатата сезона https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/ Tue, 16 Jan 2024 10:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=733531

Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 проценти, а во споредба со бројот за прва недела од типичната епидемиска крива - моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 68,8 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на првата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ на РСМ, пристигнаа 37 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектиран е 21 позитивен случај на Influenza, 19 А(H1)pdm09 и по еден Influenza А(H3) и Influenza А - несубтипизиран. Регистриран е и по еден пациент со респираторен синцицијален вирус (RSV) и SARS-CoV-2. Пријавената инциденца за првпат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно достигнат е прагот на влез во сезоната на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 544 лица се на возраст од 15-64 години, 233 кај деца на возраст од 5-14 години, 185 кај деца на возраст од 0-4 години и 63 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 269, Дебар – 188, Гостивар – 114, Штип – 107, Битола – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100. Во осум извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во шест сезонска, во три средна, а во една, Дебар, висока активност на вирусот на грип. Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 56 и 61 години од Скопје и Куманово, кои биле хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - кардиоваскуларни и белодробни и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09, додаваат од ИЈЗ.

Од Институтот повторуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО, односно постарите лица - над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, како и здравствени работници.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). На 25.10.2023 година започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и-или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата www.vakcinacija.mk, истакнуваат од ИЈЗ.

Заклучно со првата недела од оваа година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 60.766 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post За 25 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во однос на минатата сезона appeared first on Република.

]]>