починато новороденче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinato-novorodenche/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 11:17:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починато новороденче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinato-novorodenche/ 32 32 Министерството за здравство ќе формира комисија за случајот со новороденчето од Ресен, oбјави Таравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-ke-formira-komisija-za-sluchajot-so-novorodencheto-od-resen-objavi-taravari/ Mon, 24 Jun 2024 11:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=790240

Министерството за здравство ќе формира комисија која ќе треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето на родилката и новороденчето од Ресен кое минатата недела почина 30 часа по породувањето.

По барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат, денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите рече дека ваква комисија ќе се формира.

Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило, изјави Таравари кој по преземањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот вонреден надзор соопшти дека ќе иницира формирање комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување. Како што информираа денеска оттаму вонреден инспекциски надзор бил извршен на 20 јуни во битолската Болница, на Клиниката за детски болести во Скопје и во приватната здравствена установа „Д-р Тони“ во Битола.

Од увидот во неонатолошката документација е констатирано дека новороденчето било доносено и при раѓање имало ливидна кожа, ослабен тонус, ослабени рефлекси и брадикардија.

Веднаш е направена аспирација, вештачка вентилација, тактилна стимулација и срцева масажа. Ординирана е терапија, направени се лабораториски анализи (крвна слика и ацидобазен статус) на ден 14.06.2024 и 15.06.2024. Поради влошување на клиничката слика на ден 15.06.2024 година од страна на неонатлог од битолската Болница по претходна консултација со анестезиолог од КАРИЛ и ЈЗУ УК за детски болести - Скопје извршен е транспорт со медицинско возило но во тек на транспортот доаѓа до дополнително влошувањена општата состојба со брадикардијата. При прием на Клиниката за детски болести новороденчето е без срцева акција и дишење, спроведена е реанимациска постапка по протокол, без одговор на истата и е констатиран Exitus letalis во 16.55 часот. Упатената дијагноза е P22.9 (респираторен дистрес синром) а причина за смртта Insufitientio cardiorespiratoria, се наведува во соопштението.  

The post Министерството за здравство ќе формира комисија за случајот со новороденчето од Ресен, oбјави Таравари appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ќе формира комисија која ќе треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето на родилката и новороденчето од Ресен кое минатата недела почина 30 часа по породувањето. По барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат, денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите рече дека ваква комисија ќе се формира.
Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило, изјави Таравари кој по преземањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Скопје.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот вонреден надзор соопшти дека ќе иницира формирање комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување. Како што информираа денеска оттаму вонреден инспекциски надзор бил извршен на 20 јуни во битолската Болница, на Клиниката за детски болести во Скопје и во приватната здравствена установа „Д-р Тони“ во Битола. Од увидот во неонатолошката документација е констатирано дека новороденчето било доносено и при раѓање имало ливидна кожа, ослабен тонус, ослабени рефлекси и брадикардија.
Веднаш е направена аспирација, вештачка вентилација, тактилна стимулација и срцева масажа. Ординирана е терапија, направени се лабораториски анализи (крвна слика и ацидобазен статус) на ден 14.06.2024 и 15.06.2024. Поради влошување на клиничката слика на ден 15.06.2024 година од страна на неонатлог од битолската Болница по претходна консултација со анестезиолог од КАРИЛ и ЈЗУ УК за детски болести - Скопје извршен е транспорт со медицинско возило но во тек на транспортот доаѓа до дополнително влошувањена општата состојба со брадикардијата. При прием на Клиниката за детски болести новороденчето е без срцева акција и дишење, спроведена е реанимациска постапка по протокол, без одговор на истата и е констатиран Exitus letalis во 16.55 часот. Упатената дијагноза е P22.9 (респираторен дистрес синром) а причина за смртта Insufitientio cardiorespiratoria, се наведува во соопштението.  

The post Министерството за здравство ќе формира комисија за случајот со новороденчето од Ресен, oбјави Таравари appeared first on Република.

]]>
Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-ministerka-za-zdravstvo-ne-znae-od-shto-pochinalo-novorodencheto-vo-bitola/ Wed, 19 Jun 2024 14:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=789107

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница - Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство.

https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/

Засега, нема подетални информации во врска со случајот.

Претходно, дел од медиумите пренесоа дека постојат сомнежи за ненавремено преземени мерки за да се спаси животот на бебето во Битолската болница

The post Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола appeared first on Република.

]]>

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница - Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство. https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Засега, нема подетални информации во врска со случајот. Претходно, дел од медиумите пренесоа дека постојат сомнежи за ненавремено преземени мерки за да се спаси животот на бебето во Битолската болница

The post Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола appeared first on Република.

]]>
Tаткото на починатото новороденче од Прилеп: Жена ми немаше бактерија, сите испитувања беа добри https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-pochinatoto-novorodenche-od-prilep-zhena-mi-nemashe-bakterija-site-ispituvana-bea-dobri/ Mon, 13 Nov 2023 11:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=701010

Таткото на починатото новороденче денеска реагираше до редакцијата на „Телма“, по утринската програма во која гостуваше докторка која зборуваше околу овој случај.

Тврди дека кај мајката претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредни… Информира дека првично мајката требало да се пораѓа со царски рез. Но, вели не знае од кои причини докторката која ги примила на приемно одделение одлучила сепак да се пораѓа во природен пат. Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, добило сепса.

Претхдодно, свое сведоштво до јавноста имаше и мајката:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rodiv-zdravo-dete-shto-mu-napravivte-kako-od-blaga-zholtitsa-se-umira-so-teshka-sepsa-prashuva-rodilkata-od-prilep/

 

The post Tаткото на починатото новороденче од Прилеп: Жена ми немаше бактерија, сите испитувања беа добри appeared first on Република.

]]>

Таткото на починатото новороденче денеска реагираше до редакцијата на „Телма“, по утринската програма во која гостуваше докторка која зборуваше околу овој случај. Тврди дека кај мајката претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредни… Информира дека првично мајката требало да се пораѓа со царски рез. Но, вели не знае од кои причини докторката која ги примила на приемно одделение одлучила сепак да се пораѓа во природен пат. Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, добило сепса. Претхдодно, свое сведоштво до јавноста имаше и мајката: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rodiv-zdravo-dete-shto-mu-napravivte-kako-od-blaga-zholtitsa-se-umira-so-teshka-sepsa-prashuva-rodilkata-od-prilep/  

The post Tаткото на починатото новороденче од Прилеп: Жена ми немаше бактерија, сите испитувања беа добри appeared first on Република.

]]>
Родив здраво дете, што му направивте? Како од блага жолтица се умира со тешка сепса?, прашува родилката од Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rodiv-zdravo-dete-shto-mu-napravivte-kako-od-blaga-zholtitsa-se-umira-so-teshka-sepsa-prashuva-rodilkata-od-prilep/ Sun, 12 Nov 2023 16:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=700779

Новореденче со сепса почина на Детската клиника во Скопје, потврди демесла директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/novorodenche-od-prilep-pochina-na-detska-klinika/

Мајката на бебето на социјалните мрежи ја опишува голготата која ја поминала и обвини за негрижа, на сестрите и на докторите.

Иако знам дека нема здравство има едно нешто, а тоа е Господ. Тој гледа се и тој ќе ви суди. Секој врисок на родителот и детски плач ќе ве мачи до последниот здив!!, пишува таа.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Целиот персонал кој ме породуваше во Прилеп знаат дека родив здраво машко дете со 2700g и АПГАР 10(многу редок АПГАР). Бев префрлена во болничката соба после пораѓај, а детето беше земено за испитувања на кои ми потврдија дека сé е во ред. По неколку часа го донесоа да го видам, беше едно од бебињата кое беше највесело, веднаш почна да цица и сé се чинеше во ред. По два дена ми беше кажано дека ќе го носат на зрачење од бебешка жолтица 6 часа и после тоа дека ќе ме пуштат дома. Во меѓувреме докторката која нема да ја споменам ми спремаше отпусна листа и ми даваше насоки како да му давам Д3 капки и по една недела да одиме на контрола. По 6 часа јас бев спремна да си одиме, дојде сестрата и ми кажа дека бебето ќе биде зрачено уште 6 часа за да не морало да се враќаме пак тука. Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоја. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел. Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да му вика што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која сега ми кажува дека “ БЕШЕ СУПЕР”и дека немало никакви знаци на инфекција. Во меѓувреме доаѓа кај мене исплашена и исто така ме прашува што се случува со бебето која немам врска што му правеле предходно, растревожена не и одговорив ништо на што се надоврза дека не е ништо страшно и дека ќе биде пратено Скопје поради жолтицата и дека таму имале подобри апарати. И поверував и на тоа и слегов во ходникот, ги чекав да го донесат бебето и да одиме во амбулантското комбе додека тие заминаа преку друг излез за да ме избегнат и да не го видам детето. Кога отидов го видов детето со кислородна маска за дишење (ДАЛИ НА БЕБЕ СО ЖОЛТИЦА СЕ СТАВА КИСЛОРОДНА МАСКА ЗА ДИШЕЊЕ?). Стигнавме на Клиниката за Детски Болести, и веднаш беше хоспитализирано на интензивна нега. Си заминав дома со празни раце. Дента на хоспитализирање ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилепската Болница. Детето ми го лечеа во Скопската Клиника една недела но за жал не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничката НЕгрижа на сестрите и докторите кои ги нема. Како е можно дете испратено од болницата со многу добар изговор за мали деца “БЕБЕШКА ЖОЛТИЦА” а таму однесено со ТЕШКА СЕПСА која е добијана од НЕгрижата на сестрите кои во тек на своите вечерни смени спијат, докторите кои ги нема и НЕхигиената на целата болница. Иако не сме лекари знаеме дека зад сето ова постои друга причина која треба да биде кажана но сите се кријат зад своите бели мантили и купени дипломи. Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја носи одговорноста за моето дете излегоа докторката и сестрата која била на смена таа вечер кои без никаков срам одговорот им беше “Се чудиме и ние” (Бидејќи во здравството сите се чудат и немаат одговор за никакви нивни грешки). За смртта на моето дете вие СЕ ЧУДИТЕ?? Моето дете водеше битка за животот која му беше нанесена. Уште колку деца на душа ќе земете? Зошто кријавте? Што му направивте? Колкава е разликата помеѓу жолтица и сепса? Зошто ако беше болно од почеток не беше однесено туку чекавте три дена? Затоа што детето беше здраво право и со толку голема желба за живот, ете затоа.
Иако знам дека нема здравство има едно нешто, а тоа е Господ. Тој гледа се и тој ќе ви суди. Секој врисок на родителот и детски плач ќе ве мачи до последниот здив!!

The post Родив здраво дете, што му направивте? Како од блага жолтица се умира со тешка сепса?, прашува родилката од Прилеп appeared first on Република.

]]>

Новореденче со сепса почина на Детската клиника во Скопје, потврди демесла директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/novorodenche-od-prilep-pochina-na-detska-klinika/ Мајката на бебето на социјалните мрежи ја опишува голготата која ја поминала и обвини за негрижа, на сестрите и на докторите.
Иако знам дека нема здравство има едно нешто, а тоа е Господ. Тој гледа се и тој ќе ви суди. Секој врисок на родителот и детски плач ќе ве мачи до последниот здив!!, пишува таа.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост: Целиот персонал кој ме породуваше во Прилеп знаат дека родив здраво машко дете со 2700g и АПГАР 10(многу редок АПГАР). Бев префрлена во болничката соба после пораѓај, а детето беше земено за испитувања на кои ми потврдија дека сé е во ред. По неколку часа го донесоа да го видам, беше едно од бебињата кое беше највесело, веднаш почна да цица и сé се чинеше во ред. По два дена ми беше кажано дека ќе го носат на зрачење од бебешка жолтица 6 часа и после тоа дека ќе ме пуштат дома. Во меѓувреме докторката која нема да ја споменам ми спремаше отпусна листа и ми даваше насоки како да му давам Д3 капки и по една недела да одиме на контрола. По 6 часа јас бев спремна да си одиме, дојде сестрата и ми кажа дека бебето ќе биде зрачено уште 6 часа за да не морало да се враќаме пак тука. Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоја. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел. Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да му вика што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која сега ми кажува дека “ БЕШЕ СУПЕР”и дека немало никакви знаци на инфекција. Во меѓувреме доаѓа кај мене исплашена и исто така ме прашува што се случува со бебето која немам врска што му правеле предходно, растревожена не и одговорив ништо на што се надоврза дека не е ништо страшно и дека ќе биде пратено Скопје поради жолтицата и дека таму имале подобри апарати. И поверував и на тоа и слегов во ходникот, ги чекав да го донесат бебето и да одиме во амбулантското комбе додека тие заминаа преку друг излез за да ме избегнат и да не го видам детето. Кога отидов го видов детето со кислородна маска за дишење (ДАЛИ НА БЕБЕ СО ЖОЛТИЦА СЕ СТАВА КИСЛОРОДНА МАСКА ЗА ДИШЕЊЕ?). Стигнавме на Клиниката за Детски Болести, и веднаш беше хоспитализирано на интензивна нега. Си заминав дома со празни раце. Дента на хоспитализирање ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилепската Болница. Детето ми го лечеа во Скопската Клиника една недела но за жал не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничката НЕгрижа на сестрите и докторите кои ги нема. Како е можно дете испратено од болницата со многу добар изговор за мали деца “БЕБЕШКА ЖОЛТИЦА” а таму однесено со ТЕШКА СЕПСА која е добијана од НЕгрижата на сестрите кои во тек на своите вечерни смени спијат, докторите кои ги нема и НЕхигиената на целата болница. Иако не сме лекари знаеме дека зад сето ова постои друга причина која треба да биде кажана но сите се кријат зад своите бели мантили и купени дипломи. Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја носи одговорноста за моето дете излегоа докторката и сестрата која била на смена таа вечер кои без никаков срам одговорот им беше “Се чудиме и ние” (Бидејќи во здравството сите се чудат и немаат одговор за никакви нивни грешки). За смртта на моето дете вие СЕ ЧУДИТЕ?? Моето дете водеше битка за животот која му беше нанесена. Уште колку деца на душа ќе земете? Зошто кријавте? Што му направивте? Колкава е разликата помеѓу жолтица и сепса? Зошто ако беше болно од почеток не беше однесено туку чекавте три дена? Затоа што детето беше здраво право и со толку голема желба за живот, ете затоа. Иако знам дека нема здравство има едно нешто, а тоа е Господ. Тој гледа се и тој ќе ви суди. Секој врисок на родителот и детски плач ќе ве мачи до последниот здив!!

The post Родив здраво дете, што му направивте? Како од блага жолтица се умира со тешка сепса?, прашува родилката од Прилеп appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-nema-dobieno-izvestuvane-za-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/ Mon, 17 Jul 2023 12:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=662337

Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот.

 

 

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство.

ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА.

МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор.

Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола.

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.

The post ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.

]]>

Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот.     Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство.
ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА.
МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор. Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола. Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.

The post ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.

]]>