почината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinata/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 10:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinata/ 32 32 Исчезнатата Олгица по два месеца пронајдена почината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatata-olgitsa-po-dva-mesetsa-pronajdena-pochinata/ Wed, 09 Oct 2024 10:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=824497

Во Полициското одделение Теарце вчера било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на с.Јелошник, биле пронајдени човечки коски.

Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото, соопшти СВР Тетово.

По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција.

80-годишната Олгица Димитровска, која боледувала од деменција, за викендот 10,11 август престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце.

Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата. Семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите. Неколку дена во атарот на селото Јелошник беа организирани повеќе неуспешни потраги во кои учествуваа специјални единици на МВР, планинари, алпинисти, пожарникари и граѓани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-bara-80-godishnata-olgitsa-dimitrovska/

The post Исчезнатата Олгица по два месеца пронајдена почината appeared first on Република.

]]>

Во Полициското одделение Теарце вчера било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на с.Јелошник, биле пронајдени човечки коски.
Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото, соопшти СВР Тетово.
По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција. 80-годишната Олгица Димитровска, која боледувала од деменција, за викендот 10,11 август престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата. Семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите. Неколку дена во атарот на селото Јелошник беа организирани повеќе неуспешни потраги во кои учествуваа специјални единици на МВР, планинари, алпинисти, пожарникари и граѓани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-bara-80-godishnata-olgitsa-dimitrovska/

The post Исчезнатата Олгица по два месеца пронајдена почината appeared first on Република.

]]>
Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatata-planinarka-utrovo-pronajdena-pochinata-na-shar-planina/ Mon, 30 Sep 2024 07:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=820877

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината.

Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.

Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце.

Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот.

За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.

Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината. Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Sat, 28 Sep 2024 11:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=820526

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/

Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.

Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.

Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/  
Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.
Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.
Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.
  Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.
Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.
Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Во скопско основно училиште пронајдена почината вработена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-skopsko-osnovno-uchilishte-pronajdena-pochinata-vrabotena/ Thu, 26 Sep 2024 14:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=819931

На 25.09. во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти МВР.

The post Во скопско основно училиште пронајдена почината вработена appeared first on Република.

Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-shto-v-politsija-prijavila-napad-vrz-nea-i-nejzinoto-kuche-pochinala-od-shok-kratko-po-povikot/ Sun, 28 Apr 2024 15:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=771905

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето.

Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала.

Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.

Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.

Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето. Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала. Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.
Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.
Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.  

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>
Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/struzhanka-pochina-vo-ohridskata-bolnitsa-bila-primena-vo-teshka-sostojba-2/ Wed, 28 Feb 2024 14:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=749326

Т.К.(52) од Струга починала вчера попладне во болницата во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случај бил пријавен од болницата во охридската полиција.

-Жената била примена во тешка здравствена состојба и покрај укажаната помош, по кратко време починала, вели Димоски.

За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатат е предадено на семејството.

The post Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Т.К.(52) од Струга починала вчера попладне во болницата во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случај бил пријавен од болницата во охридската полиција. -Жената била примена во тешка здравствена состојба и покрај укажаната помош, по кратко време починала, вели Димоски. За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатат е предадено на семејството.

The post Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Скопјанка пронајдена почината во својот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-pronajdena-pochinata-vo-svojot-dom/ Sun, 28 Jan 2024 16:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=737838

На 27.01.2024 во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје во својот дом била пронајдена почината Д.М.(91) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

The post Скопјанка пронајдена почината во својот дом appeared first on Република.

]]>

На 27.01.2024 во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје во својот дом била пронајдена почината Д.М.(91) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.  

The post Скопјанка пронајдена почината во својот дом appeared first on Република.

]]>
Струмичанка пронајдена почината во деловен објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichanka-pronajdena-pochinata-vo-deloven-objekt/ Wed, 03 Jan 2024 13:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=729321

Во деловен објект во Струмица синоќа била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмца.

Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.

Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.

The post Струмичанка пронајдена почината во деловен објект appeared first on Република.

]]>

Во деловен објект во Струмица синоќа била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмца. Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција. Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.  

The post Струмичанка пронајдена почината во деловен објект appeared first on Република.

]]>
Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krvava-drama-zhena-pronajdena-pochinata-politsijata-se-somneva-deka-ja-ubil-sinot/ Fri, 24 Nov 2023 16:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=716002

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско.

Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).

Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.

Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74). Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>
Туристка од Србија пронајдена мртва во хотел на Крит https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turistka-od-srbija-pronajdena-mrtva-vo-hotel-na-krit/ Mon, 18 Sep 2023 10:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=682854

32-годишна туристка од Србија починала во хотел на Крит, јавуваат грчките медиуми.

Според нивните информации, девојката, која летувала заедно со другарки, во саботата вечерим кажала дека се чувствува лошо и дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба и да се одмори, наместо да излезе со нив. Нејзините пријатели излегле на пијачка, а кога се вратиле во хотелската соба околу 22 часот ја нашле девојката мртва!

Веднаш била повикана брза помош, но за несреќната девојка веќе било доцна.

The post Туристка од Србија пронајдена мртва во хотел на Крит appeared first on Република.

]]>

32-годишна туристка од Србија починала во хотел на Крит, јавуваат грчките медиуми. Според нивните информации, девојката, која летувала заедно со другарки, во саботата вечерим кажала дека се чувствува лошо и дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба и да се одмори, наместо да излезе со нив. Нејзините пријатели излегле на пијачка, а кога се вратиле во хотелската соба околу 22 часот ја нашле девојката мртва! Веднаш била повикана брза помош, но за несреќната девојка веќе било доцна.  

The post Туристка од Србија пронајдена мртва во хотел на Крит appeared first on Република.

]]>
Жена почина по вадење на заб, медицинската сестра имала завршено за кројачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-pochina-po-vadene-na-zab-meditsinskata-sestra-imala-zavrsheno-za-krojachka/ Fri, 25 Aug 2023 08:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=675633

Пациентка почина по вадење на заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршила зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1.

Стоматологот е осомничен за несовесно лечење и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.

Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет.

За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката починала во дворот од ординацијата по вадењето на забот, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при самото вадење, јавува Н1.

The post Жена почина по вадење на заб, медицинската сестра имала завршено за кројачка appeared first on Република.

]]>

Пациентка почина по вадење на заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршила зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1. Стоматологот е осомничен за несовесно лечење и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги. Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет. За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката починала во дворот од ординацијата по вадењето на забот, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при самото вадење, јавува Н1.

The post Жена почина по вадење на заб, медицинската сестра имала завршено за кројачка appeared first on Република.

]]>
Веќе не пиела ни вода: 39-годишна веганка почина од неухранетост и исцрпеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/veke-ne-piela-ni-voda-39-godishna-veganka-pochina-od-neuhranetost-i-istsrpenost/ Wed, 02 Aug 2023 09:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=667753

Веганка чија диета со сурова храна вклучувала само егзотично овошје почина од глад и исцрпеност, пишува Дејли мејл. Русинката Жана Самсонова (39) десет години била на сирова диета, составена од овошје, семки од сончоглед, овошни смути и сокови. Имало и периоди кога практикувала „сув пост“ кога со денови не јадела и не пиела ништо.

Жана, која не пиела вода повеќе од шест години и ја заменила оваа неопходна течност за човековото тело со соковите од овошје и зеленчук, починала на 21 јули во Малезија.

Како што изјавила нејзината мајка, Вера Самсонова, за рускиот весник „Вечерњаја Казан“, таа починала од инфекција слична на колера, која се влошила поради нејзината екстремно рестриктивна исхрана. Официјалната причина за смртта сè уште не е утврдена бидејќи нејзиното семејство се обидува да го врати телото во Русија и моментално се справува со административни пречки. Жана требало да одлета дома во Казан на денот на нејзината смрт, открива мајката, која потенцираше дека не ја поддржувала исхраната на нејзината ќерка и се обидувала да ја убеди да воведе поурамнотежени навики во исхраната, но Жана одбивала.

Жана има над 10.000 следбеници на Инстаграм и патувала низ Азија во последните 17 години.

На веганска диета била повеќе од 15 години, а започнала со повремено конзумирање риба и млечни производи. Но, со текот на времето исфрлала сè повеќе храна од менито, па на крајот јадела само сирово овошје и зеленчук со сок.

Тогаш почна и рецептите што ги подготвува да ги споделува на својот инстаграм-профил. Со текот на времето, видливо станува послаба. Во едно видео јаде цела диња и пие сок од морков, во друго јаде чери-домати, авокадо и сок од авокадо.

И покрај тоа што готвам отмени сурови јадења, се хранам многу едноставно. Мојата храна е едноставна, без масло, без сол, без дехидрирана храна и без протеини, пишува Самсонова во една објава.

Жана тврдеше дека десетгодишното јадење сурова храна придонело таа да биде со совршено здравје и дека затоа никогаш немала сезонска настинка.

Но, во 2021 година, кога таа отпатувала во родната Русија за првпат по 9 години, веднаш фатила коронавирус. Тврдеше дека се излекувала со постење, не јадејќи или пиејќи ништо повеќе од десет дена.

Болеста постепено почна да се повлекува, секој ден со сув пост станував сè подобра и подобра... Најкритичното е зад мене и ја победив оваа болест, иако на неконвенционален начин што многумина го осудуваат, напиша таа во објава на Инстаграм.

The post Веќе не пиела ни вода: 39-годишна веганка почина од неухранетост и исцрпеност appeared first on Република.

]]>

Веганка чија диета со сурова храна вклучувала само егзотично овошје почина од глад и исцрпеност, пишува Дејли мејл. Русинката Жана Самсонова (39) десет години била на сирова диета, составена од овошје, семки од сончоглед, овошни смути и сокови. Имало и периоди кога практикувала „сув пост“ кога со денови не јадела и не пиела ништо. Жана, која не пиела вода повеќе од шест години и ја заменила оваа неопходна течност за човековото тело со соковите од овошје и зеленчук, починала на 21 јули во Малезија. Како што изјавила нејзината мајка, Вера Самсонова, за рускиот весник „Вечерњаја Казан“, таа починала од инфекција слична на колера, која се влошила поради нејзината екстремно рестриктивна исхрана. Официјалната причина за смртта сè уште не е утврдена бидејќи нејзиното семејство се обидува да го врати телото во Русија и моментално се справува со административни пречки. Жана требало да одлета дома во Казан на денот на нејзината смрт, открива мајката, која потенцираше дека не ја поддржувала исхраната на нејзината ќерка и се обидувала да ја убеди да воведе поурамнотежени навики во исхраната, но Жана одбивала. Жана има над 10.000 следбеници на Инстаграм и патувала низ Азија во последните 17 години.
На веганска диета била повеќе од 15 години, а започнала со повремено конзумирање риба и млечни производи. Но, со текот на времето исфрлала сè повеќе храна од менито, па на крајот јадела само сирово овошје и зеленчук со сок. Тогаш почна и рецептите што ги подготвува да ги споделува на својот инстаграм-профил. Со текот на времето, видливо станува послаба. Во едно видео јаде цела диња и пие сок од морков, во друго јаде чери-домати, авокадо и сок од авокадо.
И покрај тоа што готвам отмени сурови јадења, се хранам многу едноставно. Мојата храна е едноставна, без масло, без сол, без дехидрирана храна и без протеини, пишува Самсонова во една објава.
Жана тврдеше дека десетгодишното јадење сурова храна придонело таа да биде со совршено здравје и дека затоа никогаш немала сезонска настинка. Но, во 2021 година, кога таа отпатувала во родната Русија за првпат по 9 години, веднаш фатила коронавирус. Тврдеше дека се излекувала со постење, не јадејќи или пиејќи ништо повеќе од десет дена.
Болеста постепено почна да се повлекува, секој ден со сув пост станував сè подобра и подобра... Најкритичното е зад мене и ја победив оваа болест, иако на неконвенционален начин што многумина го осудуваат, напиша таа во објава на Инстаграм.

The post Веќе не пиела ни вода: 39-годишна веганка почина од неухранетост и исцрпеност appeared first on Република.

]]>
Почина позната пејачка: Се обидела да се убие после борбата со депресијата, а почина после неколку дена во болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-poznata-pejachka-se-obidela-da-se-ubie-posle-borbata-so-depresijata-a-pochina-posle-nekolku-dena-vo-bolnitsa/ Wed, 05 Jul 2023 19:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=658483

Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст откако се обиде да си го одземе животот во текот на викендот.

Ѕвездата родена во Хонг Конг веќе неколку години се бореше со депресија, изјавија нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли во изјава на Фејсбук и Инстаграм.

Странските медиуми јавуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци.

Иако Коко побарала стручна помош и се потрудила да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победил, се вели во соопштението на семејството.

Ли се обидела да си го одземе животот дома во текот на викендот и била пренесена во болница, изјавила нејзината сестра.

Таа беше во кома пред да почине денес.

The post Почина позната пејачка: Се обидела да се убие после борбата со депресијата, а почина после неколку дена во болница appeared first on Република.

]]>

Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст откако се обиде да си го одземе животот во текот на викендот. Ѕвездата родена во Хонг Конг веќе неколку години се бореше со депресија, изјавија нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли во изјава на Фејсбук и Инстаграм. Странските медиуми јавуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци. Иако Коко побарала стручна помош и се потрудила да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победил, се вели во соопштението на семејството. Ли се обидела да си го одземе животот дома во текот на викендот и била пренесена во болница, изјавила нејзината сестра. Таа беше во кома пред да почине денес.

The post Почина позната пејачка: Се обидела да се убие после борбата со депресијата, а почина после неколку дена во болница appeared first on Република.

]]>
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-so-zadolzhenija-za-prilepskata-bolnitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=612816

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.

Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.

Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.

Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите.

Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники. Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност. Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка. Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите. Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>
Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhenite-vo-makedonija-umiraat-poradi-kontinuirana-sistemska-negrizha-za-zdravjeto/ Fri, 24 Feb 2023 09:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=612676

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.

Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација.

Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:

- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп;
- Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата;
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.

Организации-членки:

1. Tiiiit! Inc.
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за локален рурален развој
7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС
11. Институтот за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
16. Националниот совет за родова рамноправност
17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
18. Организација на жените на општина Свети Николе
19. Организација на жените “Кумановка“
20. Реактор – Истражување во акција
21. Рурална Коалиција
22. Стела
23. ТАКТ
24. Хелсиншки комитет за човекови права
25. Х.Е.Р.А.
26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.
Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:
- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; - Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; - Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.
Организации-членки: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. Х.Е.Р.А. 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)  

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drama-na-neboto-nad-belgrad-edno-litse-pochinalo-za-vreme-na-letot/ Wed, 01 Feb 2023 08:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=603189

Шеесет и осумгодишна жена починала за време на летот од Келн за Ниш, соопштија утрово за „Танјуг“ од Итната помош во Србија.

Оттаму додаваат дека нивните екипи биле повикани да интервенираат синоќа во 22 часот и 24 минути кога авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград бидејќи на патник му се слошило.

The post Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот appeared first on Република.

]]>

Шеесет и осумгодишна жена починала за време на летот од Келн за Ниш, соопштија утрово за „Танјуг“ од Итната помош во Србија. Оттаму додаваат дека нивните екипи биле повикани да интервенираат синоќа во 22 часот и 24 минути кога авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград бидејќи на патник му се слошило.

The post Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот appeared first on Република.

]]>
Млада скопјанка пронајдена мртва во Мичурин, се чека обдукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mlada-skopjanka-pronajdena-mrtva-vo-michurin-se-cheka-obdukcija/ Fri, 09 Dec 2022 20:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=583868

Млада скопјанка починала во стан во скопската населба Мичурин. Се чека обдукцијата, за да се открие причината за смртта.

Како што соопшти МВР, вчера околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

The post Млада скопјанка пронајдена мртва во Мичурин, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>

Млада скопјанка починала во стан во скопската населба Мичурин. Се чека обдукцијата, за да се открие причината за смртта. Како што соопшти МВР, вчера околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.
 
The post Млада скопјанка пронајдена мртва во Мичурин, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>
Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prostrelna-rana-vo-glavata-i-pishtol-do-teloto-oskudni-informacii-za-smrtta-na-maja-mia-vo-juzna-afrika/ Mon, 05 Dec 2022 16:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=582286

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба.

Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција.

На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид.

Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата.

Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија.

Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба. Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција. На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид. Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата. Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија. Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР. Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>
МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на почината Македонка во Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-kje-go-organizira-transportot-na-posmrtnite-ostanki-na-pochinata-makedonka-vo-juzna-afrika/ Mon, 05 Dec 2022 13:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=582239

По добиените информации за почината државјанка на Република Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.

Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.

The post МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на почината Македонка во Јужна Африка appeared first on Република.

27-годишна девојка почина по ноќ во скопски хотел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/27-godishna-devojka-pochina-po-nokj-vo-skopski-hotel/ Sun, 13 Nov 2022 15:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=573300

Ноќва во 00.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на ул.„Чаирска“ за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Лицето е предадено на обдукција.

The post 27-годишна девојка почина по ноќ во скопски хотел appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на ул.„Чаирска“ за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Лицето е предадено на обдукција.

The post 27-годишна девојка почина по ноќ во скопски хотел appeared first on Република.

]]>