почината пациентка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinata-pacientka/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Mar 2023 17:43:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почината пациентка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochinata-pacientka/ 32 32 Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/treta-nedela-bez-osnovni-informatsii-nitu-initsiran-struchen-nadzor-za-meditsinskiot-tretman-na-patsientkata-koja-pochina-vo-prilep/ Sun, 05 Mar 2023 18:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=616158

Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор со кој ќе се утврди медицинскиот третман на пациентката која почина во болницата во Прилеп, по рутинска интервенција и по пријавите со интерхоспитална инфекција, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Јавното обвинителство отвори предмети за случаи во оваа ЈЗУ, меѓу кои и за починатата пациентка, ниту тоа не е доволно ДСЗИ и МЗ да иницираат стручен надзор по допрен глас. Нула одговорност и нула преземени мерки за овој случај кој резултира со смртен исход.
Колку редовни а колку вонредни надзори има ДСЗИ во Болницата во Прилеп и сите останати јавни здравствени установи?Кои се констатираните неправилности, што е преземено и дали има санкции?
Во меѓувреме 1.400 вработени во Здравствен дом Скопје се без осигурување, иако беа херои во ковид пандемијата.
Нема основен лек ниту за трансплантираните пациенти, ама има плакати за нив.
Нема исплата на боледувања и породилно за сите осигуреници по здравствениот крах на ФЗОМ согласно медиумските објави.
Затоа што нема одговорност ниту отчет од нитуедно одговорно лице, неопходно е преземање колективна одговорност, порачаа од Комисијата.

The post Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор со кој ќе се утврди медицинскиот третман на пациентката која почина во болницата во Прилеп, по рутинска интервенција и по пријавите со интерхоспитална инфекција, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Јавното обвинителство отвори предмети за случаи во оваа ЈЗУ, меѓу кои и за починатата пациентка, ниту тоа не е доволно ДСЗИ и МЗ да иницираат стручен надзор по допрен глас. Нула одговорност и нула преземени мерки за овој случај кој резултира со смртен исход. Колку редовни а колку вонредни надзори има ДСЗИ во Болницата во Прилеп и сите останати јавни здравствени установи?Кои се констатираните неправилности, што е преземено и дали има санкции? Во меѓувреме 1.400 вработени во Здравствен дом Скопје се без осигурување, иако беа херои во ковид пандемијата. Нема основен лек ниту за трансплантираните пациенти, ама има плакати за нив. Нема исплата на боледувања и породилно за сите осигуреници по здравствениот крах на ФЗОМ согласно медиумските објави. Затоа што нема одговорност ниту отчет од нитуедно одговорно лице, неопходно е преземање колективна одговорност, порачаа од Комисијата.

The post Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-so-zadolzhenija-za-prilepskata-bolnitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=612816

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.

Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.

Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.

Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите.

Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники. Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност. Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка. Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите. Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>