почеток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochetok/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 08:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почеток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochetok/ 32 32 „Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochetok-so-klarinetistot-zdravko-angelov-za-vtoriot-del-od-kontsertnata-sezona-na-filharmonija/ Thu, 18 Jan 2024 08:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=734241

„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија.

На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.

Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил надворешен соработник на Македонската опера и балет. Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија.

-Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти, како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти, наведува Филхармонијата.

Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано, кој вечер ќе го води оркестарот на Филхармонијата, веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работел како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012.

Покрај неговата работна позиција во Бангкок, Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул, Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија.

Соработувал со врвни инструменталисти, диригирал и оперски репертоар, поддржувач и промотор е на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли... Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Скарано, исто така, е фокусиран и на современ балет.

The post „Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио. Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил надворешен соработник на Македонската опера и балет. Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија. -Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти, како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти, наведува Филхармонијата. Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано, кој вечер ќе го води оркестарот на Филхармонијата, веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работел како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012. Покрај неговата работна позиција во Бангкок, Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул, Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија. Соработувал со врвни инструменталисти, диригирал и оперски репертоар, поддржувач и промотор е на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли... Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Скарано, исто така, е фокусиран и на современ балет.

The post „Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-do-krajot-na-nedelava-kje-ima-odluka-za-nastavata-vo-vtoroto-polugodie/ Wed, 26 Jan 2022 11:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=449718

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени - изјави Шаќири.

Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година.

Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив.

Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава - рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово.

Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство.

До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти - рече министерот за образование и наука.

Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари.

Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.

The post Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие appeared first on Република.

]]>

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени - изјави Шаќири.
Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година. Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив.
Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава - рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово.
Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство.
До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти - рече министерот за образование и наука.
Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари. Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.

The post Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochetokot-na-vtoroto-polugodie-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba-vo-drzavata/ Tue, 11 Jan 2022 12:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=443118

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледувала евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, соопштија од Министерството за здраввство.

Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, велат од МЗ.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

The post Почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба во државата appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледувала евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, соопштија од Министерството за здраввство.
Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, велат од МЗ.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

The post Почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба во државата appeared first on Република.

]]>