почеток на снимање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochetok-na-snimane/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 08:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почеток на снимање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochetok-na-snimane/ 32 32 Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-na-lokatsii-vo-skopje-deneska-pochna-so-snimaneto-na-dolgometrazhniot-film-skejtaneto-ne-e-za-devojchina-vo-produktsija-na-sestri-i-brat-mitevski/ Tue, 02 Apr 2024 08:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=761179

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа.

Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа.

Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.

Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

„Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија.

„Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

 

 

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа. Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа. Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата. Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж. „Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија. „Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.    

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>