Почакување плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochakuvane-plata/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 14:29:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Почакување плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pochakuvane-plata/ 32 32 Синдикатот на Клинички центар бара потпишување на договорот што го имале со претходниот министер за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-klinichki-tsentar-bara-potpishuvane-na-dogovorot-shto-go-imale-so-prethodniot-minister-za-zdravstvo/ Tue, 07 Mar 2023 14:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=616959

Да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер за здравство и Фондот за здравство, побара попладнево потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски, пред состанокот со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата, нагласи Серафимовски.

Синдикатот бара под итно да се потпише договорот што го имале договорено пред три ипол-четири месеци.

Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри три илјади денари бруто, а за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по две илјади денари. Таков е договорот, рече Серафимовски.

Со барање за покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, синдикатите минатиот месец излегоа на протест пред Клиничкиот центар и ГОБ ,,8 Септември" во Скопје, како и во други градови низ државата.

The post Синдикатот на Клинички центар бара потпишување на договорот што го имале со претходниот министер за здравство appeared first on Република.

]]>