ПОЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poc/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 20:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПОЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poc/ 32 32 Утре бесплатен паркинг во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-besplaten-parking-vo-tsentar/ Thu, 20 Jun 2024 20:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=789457

По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.

The post Утре бесплатен паркинг во Центар appeared first on Република.

]]>

По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.  

The post Утре бесплатен паркинг во Центар appeared first on Република.

]]>
Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-besplaten-parking-na-ovie-lokatsii-vo-skopje/ Wed, 24 Apr 2024 09:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=769967

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно.

Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, денеска, 24.4.2024 нема да се врши наплата.

Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември – информираа од „Градски паркинг“.

Паркирањето редовно ќе се наплатува во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

Без плаќање денеска граѓаните можат да ги оставаат своите возила на сите паркиралишта на ПОЦ. Оттаму известуваат дека денеска нема да работи дирекцијата на претпријатието лоцирана во катната гаража „Судска палата“ , а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

The post Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје appeared first on Република.

]]>

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно. Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, денеска, 24.4.2024 нема да се врши наплата. Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември – информираа од „Градски паркинг“. Паркирањето редовно ќе се наплатува во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза. Без плаќање денеска граѓаните можат да ги оставаат своите возила на сите паркиралишта на ПОЦ. Оттаму известуваат дека денеска нема да работи дирекцијата на претпријатието лоцирана во катната гаража „Судска палата“ , а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

The post Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје appeared first on Република.

]]>
Од понеделник ПОЦ ќе врши и комунални услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-ponedelnik-pots-ke-vrshi-i-komunalni-uslugi/ Sat, 01 Apr 2023 08:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=626004

Советот на Општина Центар на последната седница изгласа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги.

Како што објаснуваат оттаму, префрлувањето на вработените и механизацијата е планирано за понеделник, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека хигиеничарите иако ќе бидат префрлени во ПОЦ финансирањето на платите ќе продолжи да се извршува од Буџетот на општината.

Во делот на работењето, во делот на ова преземање на хигиеничарите разговаравме уште минатата година и тоа беше усогласено. Од 3ти април се префрлаат сите хигиеничари заедно со механизацијата за кои и понатаму ќе се грижи општината. Имаме во програма и во буџет предвидено средства за истата. Имаме на број околу 110 хигиеничари. Ќе вложуваме и оваа година верувам и следната и ќе помагаме и ќе субвенционираме работење на ПОЦ поради тоа што и самите хигиеничари се таму и ние како општина мораме да одвојуваме средства и за нивните плати и за опремата којашто е на користење, изјави Герасимовски на Седницата на Совет.

Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидато држување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.

Со префрлање на хигиеничарите од општина во јавното општинско претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ градоначалникот Герасимовски исполни уште едно предизборно ветување. ПОЦ отвора нов сектор и освен за паркинзите ќе води грижа и за хигиената во општината.

The post Од понеделник ПОЦ ќе врши и комунални услуги appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Центар на последната седница изгласа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги. Како што објаснуваат оттаму, префрлувањето на вработените и механизацијата е планирано за понеделник, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека хигиеничарите иако ќе бидат префрлени во ПОЦ финансирањето на платите ќе продолжи да се извршува од Буџетот на општината.
Во делот на работењето, во делот на ова преземање на хигиеничарите разговаравме уште минатата година и тоа беше усогласено. Од 3ти април се префрлаат сите хигиеничари заедно со механизацијата за кои и понатаму ќе се грижи општината. Имаме во програма и во буџет предвидено средства за истата. Имаме на број околу 110 хигиеничари. Ќе вложуваме и оваа година верувам и следната и ќе помагаме и ќе субвенционираме работење на ПОЦ поради тоа што и самите хигиеничари се таму и ние како општина мораме да одвојуваме средства и за нивните плати и за опремата којашто е на користење, изјави Герасимовски на Седницата на Совет.
Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидато држување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл. Со префрлање на хигиеничарите од општина во јавното општинско претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ градоначалникот Герасимовски исполни уште едно предизборно ветување. ПОЦ отвора нов сектор и освен за паркинзите ќе води грижа и за хигиената во општината.

The post Од понеделник ПОЦ ќе врши и комунални услуги appeared first on Република.

]]>
Од утре нови зони и нови цени на ПОЦ: Паркингот во Центар 100, 70 и 60 денари од час https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nova-zonska-podelba-na-parkiralishtata-na-poc-kako-i-nova-poskapa-cena-od-utre-gragjanite-nema-da-plakjaat-parking-pod-50-denari-za-chas/ Fri, 30 Sep 2022 10:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=555921

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 1 октомври 2022 година, воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието, информираат од општина Центар.

https://republika.mk/zivot/servisi/poskapuva-pajak-sluzbata-sega-kje-chini-3500-denari/

„Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање на смс пораките. Следствено на тоа, јавните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се класифицираат во три паркинг зони: Зона 0, Зона 1 и Зона 2. Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и до сега: „8-ма Ударна бригада“, „Лермонтова“, „Никола Кљусев“, „Максим Горки“, „Наум Наумовски Борче“ (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), „Скопска“ и „Орце Николов“ (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Дебар Маало“, Сектор „Парк“ и Сектор „Буњаковец“, а во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Капиштец“ и Сектор „Пролет“. Цената за 1 час паркирање во Зона 0 ќе биде 100 денари, во Зона 1 – 70 денари и во Зона 2 – 60 денари. Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.

За подобро информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ ќе ги обнови сите информативни табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на корисниците на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во Општина Центар.

ЈП Паркинзи на Општина Центар, исто така, направи измени и во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта и Ценовникот на услуги и надоместоци за отстранување и преместување. Новите ценовници се јавно објавени на веб страната на претпријатието www.poc.mk.“ – се вели во соопштението на претпријатието.

Ценовникот со почетни цени од 50 денари за час погледнете ги ТУКА.

The post Од утре нови зони и нови цени на ПОЦ: Паркингот во Центар 100, 70 и 60 денари од час appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 1 октомври 2022 година, воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието, информираат од општина Центар. https://republika.mk/zivot/servisi/poskapuva-pajak-sluzbata-sega-kje-chini-3500-denari/
„Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање на смс пораките. Следствено на тоа, јавните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се класифицираат во три паркинг зони: Зона 0, Зона 1 и Зона 2. Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и до сега: „8-ма Ударна бригада“, „Лермонтова“, „Никола Кљусев“, „Максим Горки“, „Наум Наумовски Борче“ (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), „Скопска“ и „Орце Николов“ (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Дебар Маало“, Сектор „Парк“ и Сектор „Буњаковец“, а во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Капиштец“ и Сектор „Пролет“. Цената за 1 час паркирање во Зона 0 ќе биде 100 денари, во Зона 1 – 70 денари и во Зона 2 – 60 денари. Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината. За подобро информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ ќе ги обнови сите информативни табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на корисниците на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во Општина Центар. ЈП Паркинзи на Општина Центар, исто така, направи измени и во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта и Ценовникот на услуги и надоместоци за отстранување и преместување. Новите ценовници се јавно објавени на веб страната на претпријатието www.poc.mk.“ – се вели во соопштението на претпријатието.
Ценовникот со почетни цени од 50 денари за час погледнете ги ТУКА.

The post Од утре нови зони и нови цени на ПОЦ: Паркингот во Центар 100, 70 и 60 денари од час appeared first on Република.

]]>
Пајакот неделава собираше низ Центар, санкции за 211 возачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pajakot-nedelava-sobirashe-niz-centar-sankcii-za-211-vozachi/ Mon, 22 Aug 2022 08:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=542740

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 15-ти до 21 август со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 100 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, велат од ЈП ПОЦ и најавуваат дека заедно со СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

The post Пајакот неделава собираше низ Центар, санкции за 211 возачи appeared first on Република.

ПОЦ нема да го поевтини паркирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poc-nema-da-go-poevtini-parkiranjeto/ Wed, 02 Mar 2022 08:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=466254

Наспроти одлуката на Град Скопје, „Паркинзи на Општина Центар“ нема да го следи примерот на „Градски паркинг“ и не планира да направи корекција на цените за паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува.

„Политиката за намалување на цените за паркирање, според нас, е погрешна, бидејќи тоа ќе доведе до зголемување на бројот на возила во централното градско подрачје, а со тоа ќе се намали просторот за паркирање, кој и без возилата од другите општини не е доволен за потребите на жителите на Центар“ велат од ПОЦ.

Според нив, ако се има предвид дека сите јавни институции и многу приватни компании се лоцирани во центарот на градот, доколку ги намалат цените за паркирање, како што велат, би ги поттикнале граѓаните да ги користат своите автомобили повеќе и ќе се предизвика поголем сообраќаен хаос и узурпација на паркинзите за резиденти, кои претпријатието се обидува да им ги обезбедиме на жителите од општината.

„Ние како претпријатие веќе неколку години водиме доследна политика со цел да го намалиме бројот на паркирани возила на територија на Општина Центар и да им овозможиме на жителите похумани услови за живеење, кои секогаш имаат приоритет пред другите граѓани. Следствено на тоа, сите одлуки на претпријатието во изминатите години беа донесени за да се дестимулира користењето на возила, а истовремено да се стимулира користењето на градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети итн.) со кој значително ќе се реши сериозниот проблем со паркирањето во Центар, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина“, објаснуваат од ПОЦ.

Од вчера на зонските паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“, со одлуки на Управниот одбор на претпријатието и на Советот на Град Скопје се намалени цените за паркирање. Со новата одлука не е опфатено паркирањето во катните гаражи на ЈП „Градски паркинг“, каде што цената и понатаму останува непроменета.

The post ПОЦ нема да го поевтини паркирањето appeared first on Република.

Вработена во ПОЦ избркана од работа оти сакала да наплати паркинг на партиски моќник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotena-vo-poc-izbrkana-od-rabota-oti-sakala-da-naplati-parking-na-partiski-mokjnik/ Sat, 29 Jan 2022 10:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=451093

Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник.

„Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување, 3 гласа ЗА од СДСМ, 2 гласа Против од Левица и ШЗЦ. Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со “ќе видиш ти кој сум јас”. Па да видиме кој е тој!“, напиша на Твитер советникот Игор Димески од Левица.

The post Вработена во ПОЦ избркана од работа оти сакала да наплати паркинг на партиски моќник appeared first on Република.

]]>

Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник. „Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување, 3 гласа ЗА од СДСМ, 2 гласа Против од Левица и ШЗЦ. Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со “ќе видиш ти кој сум јас”. Па да видиме кој е тој!“, напиша на Твитер советникот Игор Димески од Левица.

The post Вработена во ПОЦ избркана од работа оти сакала да наплати паркинг на партиски моќник appeared first on Република.

]]>