побегнал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobegnal/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 11:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png побегнал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobegnal/ 32 32 Удрил во машина, па избегал оставајќи го другар му повреден во возилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/udril-vo-mashina-pa-izbegal-ostavajki-go-drugar-mu-povreden-vo-voziloto/ Tue, 31 Oct 2023 11:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=696648

Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки удрило во паркирана работна машина, по што возачот го оставил возилото и го напуштил местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, А.Д.(39) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Удрил во машина, па избегал оставајќи го другар му повреден во возилото appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки удрило во паркирана работна машина, по што возачот го оставил возилото и го напуштил местото. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, А.Д.(39) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Удрил во машина, па избегал оставајќи го другар му повреден во возилото appeared first on Република.

]]>
85-годишен возач удрил во пешак и побегнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/85-godishen-vozach-udril-vo-peshak-i-pobegnal/ Wed, 16 Nov 2022 13:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=574534

Тетовската полиција информира дека приведен бил возач кој заминал од местото на сообраќајката во која повреден бил пешак.

Незгодата се случила вчера на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово.

Во 16 часот и 10 минути во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки на улица Иво Лола Рибар во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото. При тоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата го расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post 85-годишен возач удрил во пешак и побегнал appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција информира дека приведен бил возач кој заминал од местото на сообраќајката во која повреден бил пешак. Незгодата се случила вчера на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово.
Во 16 часот и 10 минути во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки на улица Иво Лола Рибар во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото. При тоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата го расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post 85-годишен возач удрил во пешак и побегнал appeared first on Република.

]]>
Возачот побегнал: Детали за синоќешната сообраќајка во која беа повредени 35 мигранти на патот Гевгелија – Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-pobegnal-detali-za-sinokjeshnata-soobrakjajka-vo-koja-bea-povredeni-35-migranti-na-patot-gevgelija-demir-kapija/ Thu, 11 Aug 2022 09:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=538996

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот.

Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди.

Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија. Синоќа во 18:10 е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија – Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите, изјави Трајанова.

Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

-Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

Единаесет од повредените мигранти синоќа биле примени во струмичката болница, каде по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Инаку, многу често, полицијата ги фаќа мигрантите, а возачите на возилата кои ги превезуваат им бегаат, како што е и во синоќешниот случај.

The post Возачот побегнал: Детали за синоќешната сообраќајка во која беа повредени 35 мигранти на патот Гевгелија – Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди.
Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија. Синоќа во 18:10 е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија – Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите, изјави Трајанова.
Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
-Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.
Единаесет од повредените мигранти синоќа биле примени во струмичката болница, каде по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Инаку, многу често, полицијата ги фаќа мигрантите, а возачите на возилата кои ги превезуваат им бегаат, како што е и во синоќешниот случај.

The post Возачот побегнал: Детали за синоќешната сообраќајка во која беа повредени 35 мигранти на патот Гевгелија – Демир Капија appeared first on Република.

]]>