победници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobednici/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 12:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png победници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobednici/ 32 32 АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/arno-gi-proglasi-pobednitsite-od-desettoto-izdanie-na-natprevarot-zeleni-idei/ Sat, 01 Jun 2024 12:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=783852

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “. Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација.

Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“, бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.

„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година, за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ - изјави Ирина Јаневска од АРНО.

„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.

 

„Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм

„ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.

 

The post АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ appeared first on Република.

]]>

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “. Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација. Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“, бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.
„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година, за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ - изјави Ирина Јаневска од АРНО.
„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.   „Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм „ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.  

The post АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-vo-site-anketi-dui-i-bujar-osmani-se-apsolutni-pobednitsi/ Thu, 21 Mar 2024 14:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=757025

Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Македонија, се велии во соопштението на партијата.

Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција.

За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто.

Во противна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%.

Не само на републичко ниво, туку и посебно во секоја изборна единица, Демократската унија за интеграција е апсолутен победник. Во овој случај, резултатите од анкетите покажуваат дека Европскиот фронт и коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе имаат двојно поголем број пратеници во Собранието на РСМ наспроти албанската опозиција.

Демократската унија за интеграција оценува дека кампањата на идниот претседател, Бујар Османи и на Изборниот штаб ќе ги постават новите европски стандарди во Македонија, додека напорите за обезвреднување на кое било достигнување на земјата ќе бидат победени на 24-ти април и 8-ми мај, кога граѓаните ќе се постројат со европската иднина на државата.

 

The post ДУИ: Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Македонија, се велии во соопштението на партијата. Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција. За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто. Во противна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%. Не само на републичко ниво, туку и посебно во секоја изборна единица, Демократската унија за интеграција е апсолутен победник. Во овој случај, резултатите од анкетите покажуваат дека Европскиот фронт и коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе имаат двојно поголем број пратеници во Собранието на РСМ наспроти албанската опозиција. Демократската унија за интеграција оценува дека кампањата на идниот претседател, Бујар Османи и на Изборниот штаб ќе ги постават новите европски стандарди во Македонија, додека напорите за обезвреднување на кое било достигнување на земјата ќе бидат победени на 24-ти април и 8-ми мај, кога граѓаните ќе се постројат со европската иднина на државата.  

The post ДУИ: Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници appeared first on Република.

]]>
Дамјан Димовски и Леонид Петковски победници во натпреварите за дигитални вештини https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/damjan-dimovski-i-leonid-petkovski-pobednitsi-vo-natprevarite-za-digitalni-veshtini/ Thu, 22 Jun 2023 21:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=654174

Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје и Леонид Петковски од Куманово се годинашни победници во финалните натпревари за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години, кој седма година по ред се одржува во организација на CertiAdria, со поддршка на Град Скопје.

Националните шампиони, Димовски и Петковски, ќе ја претставуваат нашата земја на светските натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP) во Орландо, Флорида, САД.

Учесниците кои успешно ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати.

Од „Семос едукација“ посочија дека овој проект им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународни и глобално признаени сертификати, што им го отвора патот за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера.

- Поддржувачите исто така ги покриваат патувањето и престојот на националните шампиони на светските натпревари во САД. Стопанска Банка, Град Скопје, Општина Куманово и Семос Едукација ја поддржуваат и промовираат дигиталната писменост кај младите генерации, истакнуваа од Семос Едукација.

Оттаму, информираа дека веќе од следниот месец почнуваат тестирањата за следниот циклус на националните MOS/ACA натпревари 2023/24.

На прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која им честита на победниците.

-Голема мотивација е кога гледаме позитивни примери меѓу младите кои слободното време го користат да се надградат себеси, да вложуваат во себе, во своето образование, но и во тоа да се приспособат на новите дигитални трендови, рече Арсовска.

На настанот присуствуваа и Стефан Пепоски, директор на Секторот за картични производи и директно банкарство во Стопанска Банка, Марко Серафимовски, директор на CertiAdria и Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација.

Директорот на CertiAdria забележа дека пандемијата, покрај негативните последици, има и една позитивна, а тоа е дека успеа до максимум да ги забрза процесите на дигитализација и потребата од дигитална писменост на сите нивоа.

- Во оваа 2023, но и годините кои следат уште повеќе ќе се потенцира потребата од вештини кои ќе им ги отворат на младите генерации вратите на глобалниот пазар на трудот. Сè поинтензивна е употребата на технологиите во секој сегмент од нашите животи и на сите нас ни преостанува да работиме на себе за да се подобруваме, но уште поважно, да ги искористуваме технолошките потенцијали во насока на подобар живот за сите генерации. Ова не е само право на избор, туку наша реалност и неопходност, посочи Серафимовски.

Директорот на Секторот за картични производи и директно банкарство во Стопанска Банка АД Скопје, Стефан Пепоски, изрази надеж дека учениците ќе продолжат да инвестираат во својата едукација и  иднина и дека ќе бидат дел од локалните решенија и успешни приказни со кои ќе се движи државата напред. Тој нагласи дела вратите на Стопанска банка АД – Скопје се отворени за такви кандидати за идно вработување.

The post Дамјан Димовски и Леонид Петковски победници во натпреварите за дигитални вештини appeared first on Република.

]]>

Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје и Леонид Петковски од Куманово се годинашни победници во финалните натпревари за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години, кој седма година по ред се одржува во организација на CertiAdria, со поддршка на Град Скопје. Националните шампиони, Димовски и Петковски, ќе ја претставуваат нашата земја на светските натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP) во Орландо, Флорида, САД. Учесниците кои успешно ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати. Од „Семос едукација“ посочија дека овој проект им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународни и глобално признаени сертификати, што им го отвора патот за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера. - Поддржувачите исто така ги покриваат патувањето и престојот на националните шампиони на светските натпревари во САД. Стопанска Банка, Град Скопје, Општина Куманово и Семос Едукација ја поддржуваат и промовираат дигиталната писменост кај младите генерации, истакнуваа од Семос Едукација. Оттаму, информираа дека веќе од следниот месец почнуваат тестирањата за следниот циклус на националните MOS/ACA натпревари 2023/24. На прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која им честита на победниците. -Голема мотивација е кога гледаме позитивни примери меѓу младите кои слободното време го користат да се надградат себеси, да вложуваат во себе, во своето образование, но и во тоа да се приспособат на новите дигитални трендови, рече Арсовска. На настанот присуствуваа и Стефан Пепоски, директор на Секторот за картични производи и директно банкарство во Стопанска Банка, Марко Серафимовски, директор на CertiAdria и Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација. Директорот на CertiAdria забележа дека пандемијата, покрај негативните последици, има и една позитивна, а тоа е дека успеа до максимум да ги забрза процесите на дигитализација и потребата од дигитална писменост на сите нивоа. - Во оваа 2023, но и годините кои следат уште повеќе ќе се потенцира потребата од вештини кои ќе им ги отворат на младите генерации вратите на глобалниот пазар на трудот. Сè поинтензивна е употребата на технологиите во секој сегмент од нашите животи и на сите нас ни преостанува да работиме на себе за да се подобруваме, но уште поважно, да ги искористуваме технолошките потенцијали во насока на подобар живот за сите генерации. Ова не е само право на избор, туку наша реалност и неопходност, посочи Серафимовски. Директорот на Секторот за картични производи и директно банкарство во Стопанска Банка АД Скопје, Стефан Пепоски, изрази надеж дека учениците ќе продолжат да инвестираат во својата едукација и  иднина и дека ќе бидат дел од локалните решенија и успешни приказни со кои ќе се движи државата напред. Тој нагласи дела вратите на Стопанска банка АД – Скопје се отворени за такви кандидати за идно вработување.

The post Дамјан Димовски и Леонид Петковски победници во натпреварите за дигитални вештини appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-i-bilsherin-sulejman-se-pobednitsi-na-polumaratonot-na-ohrid-trchat/ Sun, 04 Jun 2023 10:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=647612

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој е и балкански шампион во полумаратон, годинава победи на 21. километарската патека во Охрид на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката ја мина за 1 час 11 минути и 18 секунди. Во женска конкуренција најдобра беше Билшерин Сулејман од Бугарија.

Втори на целта пристигнаа Тирон Мамуша од Албанија и Билјана Кираџиева, додека трети беа Муџаид Мислими и Марина Домазетоска од Македонија.

Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.

Во трката на пет километри победија Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути од мажите и Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути во женска конкуренција.

Втори беа Жорит ван дер Рат од Холандија и Николина Милевска Велјановска од Македонија, додека трети во машка, односно женска конкуренција беа Атила Расим од Бугарија и Бојана Наумовска од Македонија.

На штафетната трка од 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта, пред Битолски бавни тркачи и „Poetry Run“ . Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ пред „Ohrid running team girls“.

 

The post Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој е и балкански шампион во полумаратон, годинава победи на 21. километарската патека во Охрид на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката ја мина за 1 час 11 минути и 18 секунди. Во женска конкуренција најдобра беше Билшерин Сулејман од Бугарија. Втори на целта пристигнаа Тирон Мамуша од Албанија и Билјана Кираџиева, додека трети беа Муџаид Мислими и Марина Домазетоска од Македонија. Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви. Во трката на пет километри победија Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути од мажите и Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути во женска конкуренција. Втори беа Жорит ван дер Рат од Холандија и Николина Милевска Велјановска од Македонија, додека трети во машка, односно женска конкуренција беа Атила Расим од Бугарија и Бојана Наумовска од Македонија. На штафетната трка од 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта, пред Битолски бавни тркачи и „Poetry Run“ . Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ пред „Ohrid running team girls“.  

The post Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“ во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pendarovski-gi-primi-pobednicite-na-nasa-spejs-aps-chelindz-2022-vo-makedonija/ Wed, 12 Oct 2022 12:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=560146

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, соопштија од кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски беше информиран за високиот потенцијал на реализираните проекти на неодамнешниот натпревар, што резултира со избрани два победнички тима од страна на жири комисијата, за прв пат во 10 годишното одржување на „НАСА спејс апс челинџ“, кај нас. На средбата победниците говореа за нивните импресии и искуствата од хакатонот, како и за различните области на познавање кои им биле неопходни за реализација на нивните решенија.

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“,  кои го сочинуваат тимот YCCC-SPACE EAGLES ја прикажаа нивната интерактивна мобилна апликација и интернет страницата преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината предизвикани од земјотреси, користејќи сеизмички и геофизички податоци добиени од НАСА. Нивното решение е достапно на интернет страницата: https://www.moonquakes.earth а целосниот проект на којшто работеа на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/.../space.../project.

Вториот победнички тим, AERTH, составен од ученици од гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“ и  „Орце Николов”, го запознаа претседателот Пендаровски со нивното решение кое овозможува следење и предвидување на движењето на Меѓународната Вселенска Станица, притоа осознавајќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. Изработката на ова решение наложува познавања од математика, орбитална механика, физика и програмирање, а достапно е на нивната интернет страница: https://aerthisstracker.study. Нивниот целосен проект, пак, е достапен на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/.../teams/aerth/project.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на овој интернационален настан кој го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе, поттикнувајќи го нивниот интерес за STEM технологиите. Упатувајќи честитки до победниците, тој изрази задоволство што од нашата држава континуирано произлегуваат високо мотивирани и креативни профили од различни области, кои тимски ги совладуваат зададените сложени предизвици на овој натпревар.

Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази уверување дека учесниците коишто ќе го посетат „НАСА Кенеди спејс центарот“ во Флорида, САД, ќе ја искористат оваа заслужена привилегија за нивниот натамошен личен и професионален развој, кој пак несомнено ќе има позитивен придонес кон пошироката заедница во која живеат.

The post Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“ во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, соопштија од кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски беше информиран за високиот потенцијал на реализираните проекти на неодамнешниот натпревар, што резултира со избрани два победнички тима од страна на жири комисијата, за прв пат во 10 годишното одржување на „НАСА спејс апс челинџ“, кај нас. На средбата победниците говореа за нивните импресии и искуствата од хакатонот, како и за различните области на познавање кои им биле неопходни за реализација на нивните решенија.

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“,  кои го сочинуваат тимот YCCC-SPACE EAGLES ја прикажаа нивната интерактивна мобилна апликација и интернет страницата преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината предизвикани од земјотреси, користејќи сеизмички и геофизички податоци добиени од НАСА. Нивното решение е достапно на интернет страницата: https://www.moonquakes.earth а целосниот проект на којшто работеа на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/.../space.../project.

Вториот победнички тим, AERTH, составен од ученици од гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“ и  „Орце Николов”, го запознаа претседателот Пендаровски со нивното решение кое овозможува следење и предвидување на движењето на Меѓународната Вселенска Станица, притоа осознавајќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. Изработката на ова решение наложува познавања од математика, орбитална механика, физика и програмирање, а достапно е на нивната интернет страница: https://aerthisstracker.study. Нивниот целосен проект, пак, е достапен на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/.../teams/aerth/project.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на овој интернационален настан кој го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе, поттикнувајќи го нивниот интерес за STEM технологиите. Упатувајќи честитки до победниците, тој изрази задоволство што од нашата држава континуирано произлегуваат високо мотивирани и креативни профили од различни области, кои тимски ги совладуваат зададените сложени предизвици на овој натпревар.

Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази уверување дека учесниците коишто ќе го посетат „НАСА Кенеди спејс центарот“ во Флорида, САД, ќе ја искористат оваа заслужена привилегија за нивниот натамошен личен и професионален развој, кој пак несомнено ќе има позитивен придонес кон пошироката заедница во која живеат.

The post Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“ во Македонија appeared first on Република.

]]>
Прогласени победниците во Венеција https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proglaseni-pobednicite-vo-venecija/ Sun, 11 Sep 2022 14:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=549739

Синоќа заврши 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а за најдобар филм е прогласен документарниот филм на Лаура Поитрас „Сета убавина и крвопролевање“...

Документарецот на Лаура Поитрас е приказна за фотографката Нан ​​Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, а наградената му се заблагодари на фестивалот во Венеција што призна дека „документарецот е кино“. Втората награда ја освои филмот „Свети Омер“ на Елис Диоп.

Кејт Бланшет и Колин Фарел ги добија наградите за најдобра актерска игра. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона.

Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.

Жирито, предводено од Џулијан Мур, ги избра победничките филмови од натпреварувачка категорија од 23 филмови, од кои многумина беа и кандидати за Оскар. Во жирито беа француската режисерка Одри Диван, чиј филм „Хепенинг“ минатата година го освои Златниот лав, авторот Казуо Ишигуро и иранската актерка Лејла Хатами. Главното жири го сочинуваа италијанскиот режисер Леонардо ди Костанцо, аргентинскиот режисер Маријано Кон и Родриго Сорогојен.

Силното учество на натпреварот во Венеција започна многу успешни кампањи за Оскар во последниве години, што доведе до номинации, па дури и победи во неколку наврати. Седум пати во последните девет години, Оскар за најдобра режија добиваше филм кој имаше светска премиера на фестивалот во Венеција, вклучувајќи ги филмовите на Клои Жао, Алфонсо Куарон, Алехандро Инариту, Гиљермо дел Торо и Демиен Шазел.

На фестивалот дебитираа и неколку идни победници за најдобар филм, како што се „Nomadland“, „The Shape of Water“ и „Birdman“.

The post Прогласени победниците во Венеција appeared first on Република.

]]>

Синоќа заврши 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а за најдобар филм е прогласен документарниот филм на Лаура Поитрас „Сета убавина и крвопролевање“... Документарецот на Лаура Поитрас е приказна за фотографката Нан ​​Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, а наградената му се заблагодари на фестивалот во Венеција што призна дека „документарецот е кино“. Втората награда ја освои филмот „Свети Омер“ на Елис Диоп. Кејт Бланшет и Колин Фарел ги добија наградите за најдобра актерска игра. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона. Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.
Жирито, предводено од Џулијан Мур, ги избра победничките филмови од натпреварувачка категорија од 23 филмови, од кои многумина беа и кандидати за Оскар. Во жирито беа француската режисерка Одри Диван, чиј филм „Хепенинг“ минатата година го освои Златниот лав, авторот Казуо Ишигуро и иранската актерка Лејла Хатами. Главното жири го сочинуваа италијанскиот режисер Леонардо ди Костанцо, аргентинскиот режисер Маријано Кон и Родриго Сорогојен.
Силното учество на натпреварот во Венеција започна многу успешни кампањи за Оскар во последниве години, што доведе до номинации, па дури и победи во неколку наврати. Седум пати во последните девет години, Оскар за најдобра режија добиваше филм кој имаше светска премиера на фестивалот во Венеција, вклучувајќи ги филмовите на Клои Жао, Алфонсо Куарон, Алехандро Инариту, Гиљермо дел Торо и Демиен Шазел. На фестивалот дебитираа и неколку идни победници за најдобар филм, како што се „Nomadland“, „The Shape of Water“ и „Birdman“.

The post Прогласени победниците во Венеција appeared first on Република.

]]>
Победниците: Она кога мора професионално да се појавиш на настан, но не сакаш да те вмешаат во театарот на предавниците https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/pobednicite-ona-koga-mora-profesionalno-da-se-pojavish-na-nastan-no-ne-sakash-da-te-vmeshaat-vo-teatarot-na-predavnicite/ Tue, 02 Aug 2022 09:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=536019

На истата тема и Богдан Илиевски посвети статус на Фејсбук.

The post Победниците: Она кога мора професионално да се појавиш на настан, но не сакаш да те вмешаат во театарот на предавниците appeared first on Република.

]]>

На истата тема и Богдан Илиевски посвети статус на Фејсбук.

The post Победниците: Она кога мора професионално да се појавиш на настан, но не сакаш да те вмешаат во театарот на предавниците appeared first on Република.

]]>
Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pobednicite-na-likovniot-i-literaturen-konkus-svetot-na-hari-poter-kje-bidat-objaveni-v-sabota/ Wed, 13 Apr 2022 11:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=487854

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се одржа од 18 февруари до 20 март, а на кој учествуваа неколку стотици ученици од основните и од средните училишта од цела Македонија.

Во жирито за литературниот дел од конкурсот се: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“).
За победниците во ликовниот дел од конкурсот одлучуваат: Здравко Гиров (илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичката дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“).

Ќе следува промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите ќе зборуваат уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска.

Во продолжение ќе се одржи интерактивен дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер, со многу награди и изненадувања. Настанот ќе биде и од cosplay (костимиран) формат, односно секој што сака може да присуствува маскиран во некој од своите омилени ликови од серијалот „Хари Потер“.

Специјален гостин на дружбата ќе биде Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“.

Денот на Хари Потер е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучуваме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг.
Настанот е со поддршка на „Скопје сити мол“ и кината „Синеплекс“, каде што деновиве премиерно ќе се прикажува „Фантастични ѕверки 3: Тајните на Дамблдор“ – филм инспириран од светот на Хари Потер.
Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

The post Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота appeared first on Република.

]]>

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се одржа од 18 февруари до 20 март, а на кој учествуваа неколку стотици ученици од основните и од средните училишта од цела Македонија. Во жирито за литературниот дел од конкурсот се: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“). За победниците во ликовниот дел од конкурсот одлучуваат: Здравко Гиров (илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичката дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“). Ќе следува промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите ќе зборуваат уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска. Во продолжение ќе се одржи интерактивен дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер, со многу награди и изненадувања. Настанот ќе биде и од cosplay (костимиран) формат, односно секој што сака може да присуствува маскиран во некој од своите омилени ликови од серијалот „Хари Потер“. Специјален гостин на дружбата ќе биде Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“. Денот на Хари Потер е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучуваме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг. Настанот е со поддршка на „Скопје сити мол“ и кината „Синеплекс“, каде што деновиве премиерно ќе се прикажува „Фантастични ѕверки 3: Тајните на Дамблдор“ – филм инспириран од светот на Хари Потер. Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

The post Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота appeared first on Република.

]]>