победа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobeda/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 08:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png победа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pobeda/ 32 32 Ахмети му ја честиташе победата на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 08:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=834599

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави и до американскиот народ.

Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон, вели Ахмети во честитката.

Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор, додава Ахмети, и како што вели, го споделува уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа. 

The post Ахмети му ја честиташе победата на Трамп appeared first on Република.

]]>

Мицкоски му честиташе победа на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mu-chestitashe-pobeda-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 08:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=834584

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Честитката од премиерот на Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите.

„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, вели Мицкоски во честитката.

Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“.

Честитки до Трамп од регионот испратија и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Меѓу првите се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан нарекувајќи го ова „најголемиот камбек во политичката историја на САД“.

The post Мицкоски му честиташе победа на Трамп appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Честитката од премиерот на Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите. „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, вели Мицкоски во честитката. Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“. Честитки до Трамп од регионот испратија и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Меѓу првите се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан нарекувајќи го ова „најголемиот камбек во политичката историја на САД“.

The post Мицкоски му честиташе победа на Трамп appeared first on Република.

]]>
Ландо Норис победи на трката за големата награда во Ф1 во Сингапур https://arhiva3.republika.mk/vesti/lando-noris-pobedi-na-trkata-za-golemata-nagrada-vo-f1-vo-singapur/ Sun, 22 Sep 2024 15:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=818767

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур.

Дваесет и четиригодишниот Британец победи на третата трка сезонава. Тој по шести пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата.

Втор заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Неговата разлика од Норис беше +20,945 секунди. Првата тројка ја затвори уште еден пилот на Мекларен, Оскар Пјастри (+41,823).

Следуваа Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари) и Луис Хамилтон (Мерцедес). Бодови уште освоија: Карлос Сајнц (Ферари), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хулкенберг (Хас) и Серхио Перез (Ред Бул).

Верстапен со 331 поен е лидер во генералниот пласман кај возачите. Норис има 279 бодови и е на второто место. Леклер е трет со 245 бодови.

The post Ландо Норис победи на трката за големата награда во Ф1 во Сингапур appeared first on Република.

]]>

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Дваесет и четиригодишниот Британец победи на третата трка сезонава. Тој по шести пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата. Втор заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Неговата разлика од Норис беше +20,945 секунди. Првата тројка ја затвори уште еден пилот на Мекларен, Оскар Пјастри (+41,823). Следуваа Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари) и Луис Хамилтон (Мерцедес). Бодови уште освоија: Карлос Сајнц (Ферари), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хулкенберг (Хас) и Серхио Перез (Ред Бул). Верстапен со 331 поен е лидер во генералниот пласман кај возачите. Норис има 279 бодови и е на второто место. Леклер е трет со 245 бодови.

The post Ландо Норис победи на трката за големата награда во Ф1 во Сингапур appeared first on Република.

]]>
Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/britantsite-shokirani-po-pobedata-na-mila-dhejd-e-unishtena-skrsheni-sme-poradi-nea/ Thu, 08 Aug 2024 12:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=804599

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.

Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен.

Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.

Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, порача Кук.

The post Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! appeared first on Република.

]]>

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз. Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1. Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен. Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук. Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, порача Кук.

The post Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! appeared first on Република.

]]>
Убедливо: Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubedlivo-srpskiot-pretsedatel-aleksandar-vuchik-proglasi-pobeda-na-sns-na-lokalnite-izbori/ Mon, 03 Jun 2024 07:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=784270

Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните избори, изјави дека во Белград нивната изборна листа од вкупно 110 ќе има 63 мандати.

Тој истакна дека голема победа е забележана и во Нови Сад.

-Во Белград ќе имаме 63 одборнички места, нашата листа има 52 отсто од гласовите од оние што излегоа, тоа е неверојатна победа, убедлива победа и во Нови Сад, 45 места, речиси 53 отсто од гласовите, изјави Вучиќ.

Што се однесува до резултатите во белградските општини, Вучиќ рече дека во две се интересни резултатите, додека во другите 15 општини имаат мнозинство.

„Она што е важно е да им честитаме на политичките противници за големиот број гласови во одредени локални самоуправи“, додаде Вучиќ.

-Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешко, ќе биде 32-29, но за во Ниш имам предлог да разговараме и да видиме како и на кој начин може да се решат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани освои 23 проценти, тоа е огромен број гласови и тоа не смееме да го потцениме, рече Вучиќ.

Тој ги наведе и успесите во Војводина, каде во Суботица СНС освоила речиси 50 проценти, „а секаде од Кикинда, Сомбор, Сремска Митровица се освоени над 63, 64 проценти на гласови“.

Во врска со настаните околу Кол центрите на Новосадски саем и во Белград , тој кажа дека било тажно да се гледаат овие напади.

-Само сакам сите луѓе во Србија да знаат дека не само што е ова е дозволено, туку и пожелно е да постојат во сите нормални и цивилизирани земји, да се борите за секој глас, да ги повикате вашите гласачи да излезат, да обезбедете поголема излезност. Нема ниту една земја во светот каде тоа не се прави. Тоа го прават и нашите противници. Единственото прашање што може да се постави овде е дали сме платиле закупнина на просториите и закупнина на телефонски линии. Ако не, тоа е срамно за нас, рече Вучиќ.

The post Убедливо: Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните избори, изјави дека во Белград нивната изборна листа од вкупно 110 ќе има 63 мандати. Тој истакна дека голема победа е забележана и во Нови Сад. -Во Белград ќе имаме 63 одборнички места, нашата листа има 52 отсто од гласовите од оние што излегоа, тоа е неверојатна победа, убедлива победа и во Нови Сад, 45 места, речиси 53 отсто од гласовите, изјави Вучиќ. Што се однесува до резултатите во белградските општини, Вучиќ рече дека во две се интересни резултатите, додека во другите 15 општини имаат мнозинство. „Она што е важно е да им честитаме на политичките противници за големиот број гласови во одредени локални самоуправи“, додаде Вучиќ. -Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешко, ќе биде 32-29, но за во Ниш имам предлог да разговараме и да видиме како и на кој начин може да се решат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани освои 23 проценти, тоа е огромен број гласови и тоа не смееме да го потцениме, рече Вучиќ. Тој ги наведе и успесите во Војводина, каде во Суботица СНС освоила речиси 50 проценти, „а секаде од Кикинда, Сомбор, Сремска Митровица се освоени над 63, 64 проценти на гласови“. Во врска со настаните околу Кол центрите на Новосадски саем и во Белград , тој кажа дека било тажно да се гледаат овие напади. -Само сакам сите луѓе во Србија да знаат дека не само што е ова е дозволено, туку и пожелно е да постојат во сите нормални и цивилизирани земји, да се борите за секој глас, да ги повикате вашите гласачи да излезат, да обезбедете поголема излезност. Нема ниту една земја во светот каде тоа не се прави. Тоа го прават и нашите противници. Единственото прашање што може да се постави овде е дали сме платиле закупнина на просториите и закупнина на телефонски линии. Ако не, тоа е срамно за нас, рече Вучиќ.

The post Убедливо: Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhuvane-na-9-maj-denot-na-pobedata-nad-fashizmot-i-denot-na-evropa/ Thu, 09 May 2024 06:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=776106

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj.

Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.

Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република  Македонија.

The post Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj. Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје. Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република  Македонија.

The post Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>
Виктор Орбан му честиташе на Путин за победата на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/viktor-orban-mu-chestitashe-na-putin-za-pobedata-na-izborite/ Thu, 21 Mar 2024 21:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=757201

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој остана близок со Москва по руската инвазија врз Украина, денеска упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите.

- По официјалните резултати од изборите, премиерот Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор, истакнувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на взаемно почитување, овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти. Премиерот Орбан ја потврди посветеноста на Унгарија за мир и подготвеноста за интензивирање на соработката во секторите кои не се ограничени со меѓународното право, подвлекувајќи ја важноста на дијалогот за поттикнување на мирните односи, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х.

The post Виктор Орбан му честиташе на Путин за победата на изборите appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој остана близок со Москва по руската инвазија врз Украина, денеска упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите. - По официјалните резултати од изборите, премиерот Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор, истакнувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на взаемно почитување, овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти. Премиерот Орбан ја потврди посветеноста на Унгарија за мир и подготвеноста за интензивирање на соработката во секторите кои не се ограничени со меѓународното право, подвлекувајќи ја важноста на дијалогот за поттикнување на мирните односи, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х.

The post Виктор Орбан му честиташе на Путин за победата на изборите appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-ochekuvam-golema-pobeda-na-izborite-od-ovaa-vlast-vidovme-samo-krizi-i-skandali-bez-odgovornost/ Mon, 18 Mar 2024 21:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=756078

Очекувам голема победа на изборите во Изборната единица 2 и не само таму туку и во сите изборни единици, ќе биде историска победа. Дали е Оливер Спасовски носител или Лукаревска, сите на купче ќе ги победиме. Гледаме дека нема што да понудат, државата ја донесоа во криза на секаков план, дали економија, судство, здравство, еве и во МВР гледаме, скандал до скандал. Оливер Спасовски го остави МВР без координација за пасоши, остави заробена држава и треба да има одговорност, изјави за Анализа на ТВ24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во однос на тоа каква кампања ќе се води Мисисајловски истакна дека додека гледаме како СДС тера негативна кампања и почна со навреди, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и ќе покаже дека може поинаку.

Ние ќе покажеме со народот дека може позитивно, ќе пробаме да донесеме надеж. Тие ветуваа живот, донесоа црнила, на народот му требаат надеж и промени и да видат дека Македонија е нивна и тоа мора да го направиме, изјави Мисајловски.

Во однос на проблемот со Бугарија, Мисајловски нагласи дека СДС немаат проблем што било да дадат, ВМРО-ДПМНЕ оди со поинаков пристап да се седне да се разговара за Македонија и македонскиот народ да добијат нешто.

Дававме претходно решенија, но сето тоа беше одбиено од СДСМ. Треба да седнеме да разговараме. Видовте што се случи за Украина за да се усвои, излезе една членка надвор за да се усвои, за Македонија имаме историски најчуден договор каде се бараат отстапки за нешто што можеби ќе го добиеме, тоа е бугарски диктат. Зошто Бугарија на пример не прифати пресуди од Судот за човекови права и сега збориме за еднаквост? Ние ќе дадеме се од себе и ќе бидеме искрени пред целиот народ, додека Македонија и македонскиот народ не добијат нешто, рече Мисајловски.

Запрашан за црната листа на САД, тој истакна дека гледаме лица од власта или поврзувани со власта и тоа е затоа што правосудството во Македонија има најнизок рејтинг, а криминалот и корупцијата се највисоки и ако ги прашате граѓаните што е најцрно че речат дека е тоа.

Граѓаните немаат доверба и скандалите немаат завршница. Изминативе години гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на црна листа на САД. Овие забелешки и реакции од САД се поради тоа шти не функционираат институциите, ние може да имаме и најдобри закони но дали функционираат. Дали за сите овие скандали изминативе години има постапки? Еве со издавањето на пасоши, верувате дека неколку службеници во подолни ешалони се одговорни да се издадат пасоши на белосветски бандити? Имаме случај за модуларни болници, за Онкологија, немаме ништо, се развлекува за да нема одговорност, изјави Мисајловски.

The post Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност appeared first on Република.

]]>

Очекувам голема победа на изборите во Изборната единица 2 и не само таму туку и во сите изборни единици, ќе биде историска победа. Дали е Оливер Спасовски носител или Лукаревска, сите на купче ќе ги победиме. Гледаме дека нема што да понудат, државата ја донесоа во криза на секаков план, дали економија, судство, здравство, еве и во МВР гледаме, скандал до скандал. Оливер Спасовски го остави МВР без координација за пасоши, остави заробена држава и треба да има одговорност, изјави за Анализа на ТВ24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Во однос на тоа каква кампања ќе се води Мисисајловски истакна дека додека гледаме како СДС тера негативна кампања и почна со навреди, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и ќе покаже дека може поинаку.
Ние ќе покажеме со народот дека може позитивно, ќе пробаме да донесеме надеж. Тие ветуваа живот, донесоа црнила, на народот му требаат надеж и промени и да видат дека Македонија е нивна и тоа мора да го направиме, изјави Мисајловски.
Во однос на проблемот со Бугарија, Мисајловски нагласи дека СДС немаат проблем што било да дадат, ВМРО-ДПМНЕ оди со поинаков пристап да се седне да се разговара за Македонија и македонскиот народ да добијат нешто.
Дававме претходно решенија, но сето тоа беше одбиено од СДСМ. Треба да седнеме да разговараме. Видовте што се случи за Украина за да се усвои, излезе една членка надвор за да се усвои, за Македонија имаме историски најчуден договор каде се бараат отстапки за нешто што можеби ќе го добиеме, тоа е бугарски диктат. Зошто Бугарија на пример не прифати пресуди од Судот за човекови права и сега збориме за еднаквост? Ние ќе дадеме се од себе и ќе бидеме искрени пред целиот народ, додека Македонија и македонскиот народ не добијат нешто, рече Мисајловски.
Запрашан за црната листа на САД, тој истакна дека гледаме лица од власта или поврзувани со власта и тоа е затоа што правосудството во Македонија има најнизок рејтинг, а криминалот и корупцијата се највисоки и ако ги прашате граѓаните што е најцрно че речат дека е тоа.
Граѓаните немаат доверба и скандалите немаат завршница. Изминативе години гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на црна листа на САД. Овие забелешки и реакции од САД се поради тоа шти не функционираат институциите, ние може да имаме и најдобри закони но дали функционираат. Дали за сите овие скандали изминативе години има постапки? Еве со издавањето на пасоши, верувате дека неколку службеници во подолни ешалони се одговорни да се издадат пасоши на белосветски бандити? Имаме случај за модуларни болници, за Онкологија, немаме ништо, се развлекува за да нема одговорност, изјави Мисајловски.
 
The post Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Ќе победиме со 61 пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ke-pobedime-so-61-pratenik/ Mon, 18 Mar 2024 19:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=756049

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговара на прашања за нејзиното учество на претстојните избори, исходот од нив и евентуалната функција ако ВМРО-ДПМНЕ е дел од идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добро ги познава моите квалитети и стручност и најдобро знае каде можам да одговорам со мојот ангажман, вели потпретседателката на опозициската партија Гордана Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето – зошто, иако е потпретседателка, нема да биде носителка на пратеничка листа на претстојните парламентарни избори.

Јас, покрај тоа што сум потпретседател на партијата и, на некој начин, одговорна за финансискиот дел, да не заборавиме дека уште од назначувањето за претседател на партијата на проф. д-р Христијан Мицкоски, бев претседател на комисијата за надзор на материјалното и финансиското работење и тоа, впрочем, е договорот што го постигнавме ние двајца уште во 2017 година кога беше неговиот избор. Како резултат на тоа, мојата приоритетна цел и задача тука е надзор на материјалното и финансиското работење на партијата“, рече Димитриеска-Кочоска, дополнувајќи дека за неа е логично да биде повеќе присутна во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и да ги следи финансиите во текот на изборите.

The post Димитриеска-Кочоска: Ќе победиме со 61 пратеник appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговара на прашања за нејзиното учество на претстојните избори, исходот од нив и евентуалната функција ако ВМРО-ДПМНЕ е дел од идната влада Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добро ги познава моите квалитети и стручност и најдобро знае каде можам да одговорам со мојот ангажман, вели потпретседателката на опозициската партија Гордана Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето – зошто, иако е потпретседателка, нема да биде носителка на пратеничка листа на претстојните парламентарни избори.
Јас, покрај тоа што сум потпретседател на партијата и, на некој начин, одговорна за финансискиот дел, да не заборавиме дека уште од назначувањето за претседател на партијата на проф. д-р Христијан Мицкоски, бев претседател на комисијата за надзор на материјалното и финансиското работење и тоа, впрочем, е договорот што го постигнавме ние двајца уште во 2017 година кога беше неговиот избор. Како резултат на тоа, мојата приоритетна цел и задача тука е надзор на материјалното и финансиското работење на партијата“, рече Димитриеска-Кочоска, дополнувајќи дека за неа е логично да биде повеќе присутна во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и да ги следи финансиите во текот на изборите.

The post Димитриеска-Кочоска: Ќе победиме со 61 пратеник appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-site-priznavaat-deka-vmro-dpmne-ke-pobedi-na-slednite-parlamentarni-izbori-pa-duri-i-vladata/ Fri, 16 Feb 2024 08:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=744725

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за весникот „Коха“.

На прашањето дали можно е да се повтори ситуацијата од пред неколку години кога ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, но повторно не можеше да состави Влада, претседателот Мицкоски рече дека кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени.

„Видете, тоа го слушам во јавноста, провејува како теза и мојот одговор ќе го поделам во два дела. Прво, добро е што сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата. Кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен, ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени. И сега во услови како да го држат своето партиско ткиво, својата партиска структура, единствен начин им е оваа теза да ја расеменуваат во јавноста, да кажуваат „да, ВМРО ќе победи убедливо, ама нема да формира влада“. И сега тука ќе го надоврзам вториот дел од мојот одговор. Кога ги слушате луѓето коишто се дел од раководството на ДУИ, кога велат дека „без ДУИ не може да има влада во иднина, бидејќи тие ќе победеле во албанскиот блок“, па потоа еден политички маргиналец како Мендух Тачи којшто ќе повикува на војна ако ДУИ и останатите не биле дел од Владата, на едно интервју на една телевизија, тогаш се поставува прашањето како ВМРО-ДПМНЕ замислуваат со 55-58 пратеници да биде надвор од Владата, а ДУИ со 13-15 пратеници морало да биде во Владата? Малку ми е хаотична и би рекол сатирична целата таа ситуација. Но, на крај, мојот одговор е секако дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, појасни Мицкоски.

На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му беше поставено прашањето дали ставовите се дека сака да ја види ДУИ во опозиција, но последните анкети што се објавуваат покажуваат дека ДУИ ќе биде победник во албанскиот политички блок. Дали во тој случај, ВМРО нема да коалицира со ДУИ или ќе прави некој исклучок?

Номинално да бројката е таква. Сепак, разликите се огромни кога ќе се споредат победата на ВМРО визави СДСМ и евентуалната победа според ДУИ во однос на албанскиот блок. И сега јас бидејќи разгледувам многу анкети и правиме како политичка партија многу анкети, јавноста го гледа само оној дел кој што е излез од анкетата, односно рејтинзите на политичките партии. Јавноста не може да го види „влезот“ во анкетата. А што е влезот во анкетата? Влезот во анкетата е прашањето за кого гласавте на последните парламентарни избори. Сега, ако го споредите „влезот“ во анкетата и „излезот“, кај ВМРО-ДПМНЕ ќе видите дека има зголемување на тој процент. Условно кажано, на последните избори гласале 18-19%, а „излезот“ е 23-24%. Кај ДУИ „влезот“ е да речеме 8,5-9%, а „излезот“ е 6,5%-7%, што значи дека номинално има намалување. Кога ќе се направи оваа социолошка анализа, доаѓам до заклучок дека ДУИ ќе биде непријатно изненадена од резултатот којшто ќе се случи на парламентарните избори“, заклучи тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прашањето дали мисли дека е можно да се најде партнер кај албанските партии за формирање на Влада со оглед на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ по однос на промената на Уставот, одговори дека ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Повторно мојот одговор ќе го поделам на два дела. Лага е тезата дека со промена на Уставот, Македонија ќе стане членка на ЕУ. Со промена на Уставот, Македонија ќе отпочне процес кој што никој не гарантира дека успешно ќе заврши. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го бара, еве да речеме и да издегистираме сето тоа кое што треба да се случи, ајде да видиме дали постојат гаранции дека е тоа последното. Второ, ако Бугарите бараат од нас да бидат дел од Преамбулата на Уставот, тогаш зошто тоа го бараат? Дали се човекови права во прашање? Затоа што ако се човекови права во прашање, во Европа постои референтна институција која што се вика Суд за човековите права во Стразбур. И тој Суд за човекови права во Стразбур донел 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија дека човековите права не им се почитуваат и нула за бугарската заедница во Македонија. Ајде да видиме што ќе правиме со тоа. Затоа што не можете вие да барате од нас да направиме уште една отстапка, којашто повторно ќе остави лузна на нашиот идентитет, а од друга страна тоа што треба да го почитувате како држава која што ја ратификувала Конвенцијата за човекови права, не го почитувате“, рече Мицкоски и дополни дека како држава после сите отстапки заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но за жал никој никогаш не водеше сметка што има за овој народ и за овие граѓани, туку секогаш политичарите гледаа што имаат за себе.

„Така што ние како политичари во ВМРО-ДПМНЕ сега размислуваме малку понатаму, ајде да видиме што има за народот и за државата, па дури потоа може да седнеме и да разговараме за се. Ние сме подготвени за се да разговараме после изборите со секого. Кога сме кај коалицискиот капацитет, ќе ве потсетам дека денеска ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција, ако пледирате на албански политички партнер, и во општина Гостивар и во општина Тетово. Во општина Гостивар е со АА на Арбен Таравари, во општина Тетово со Билал Касами, односно Движењето БЕСА. Ако пледирате во македонскиот блок, еве ние сме во коалиција во Куманово со претседателот на Движењето „ЗНАМ“, односно градоначалникот Максим Димитриевски. Така што, ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, појасни Мицкоски и дополни дека желбата и опција на ВМРО-ДПМНЕ за коалиција после изборите е албанската опозиција.

Знам дека можеби ова ќе биде злоупотребено од страна на одредени про-ДУИ мегафони, но да, нашата и моја лична, еве да бидам попрецизен, желба како иден коалиционен партнер да бидат партиите кои се дел од албанската опозиција, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата appeared first on Република.

]]>

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за весникот „Коха“. На прашањето дали можно е да се повтори ситуацијата од пред неколку години кога ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, но повторно не можеше да состави Влада, претседателот Мицкоски рече дека кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени.
„Видете, тоа го слушам во јавноста, провејува како теза и мојот одговор ќе го поделам во два дела. Прво, добро е што сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата. Кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен, ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени. И сега во услови како да го држат своето партиско ткиво, својата партиска структура, единствен начин им е оваа теза да ја расеменуваат во јавноста, да кажуваат „да, ВМРО ќе победи убедливо, ама нема да формира влада“. И сега тука ќе го надоврзам вториот дел од мојот одговор. Кога ги слушате луѓето коишто се дел од раководството на ДУИ, кога велат дека „без ДУИ не може да има влада во иднина, бидејќи тие ќе победеле во албанскиот блок“, па потоа еден политички маргиналец како Мендух Тачи којшто ќе повикува на војна ако ДУИ и останатите не биле дел од Владата, на едно интервју на една телевизија, тогаш се поставува прашањето како ВМРО-ДПМНЕ замислуваат со 55-58 пратеници да биде надвор од Владата, а ДУИ со 13-15 пратеници морало да биде во Владата? Малку ми е хаотична и би рекол сатирична целата таа ситуација. Но, на крај, мојот одговор е секако дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, појасни Мицкоски.
На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му беше поставено прашањето дали ставовите се дека сака да ја види ДУИ во опозиција, но последните анкети што се објавуваат покажуваат дека ДУИ ќе биде победник во албанскиот политички блок. Дали во тој случај, ВМРО нема да коалицира со ДУИ или ќе прави некој исклучок?
Номинално да бројката е таква. Сепак, разликите се огромни кога ќе се споредат победата на ВМРО визави СДСМ и евентуалната победа според ДУИ во однос на албанскиот блок. И сега јас бидејќи разгледувам многу анкети и правиме како политичка партија многу анкети, јавноста го гледа само оној дел кој што е излез од анкетата, односно рејтинзите на политичките партии. Јавноста не може да го види „влезот“ во анкетата. А што е влезот во анкетата? Влезот во анкетата е прашањето за кого гласавте на последните парламентарни избори. Сега, ако го споредите „влезот“ во анкетата и „излезот“, кај ВМРО-ДПМНЕ ќе видите дека има зголемување на тој процент. Условно кажано, на последните избори гласале 18-19%, а „излезот“ е 23-24%. Кај ДУИ „влезот“ е да речеме 8,5-9%, а „излезот“ е 6,5%-7%, што значи дека номинално има намалување. Кога ќе се направи оваа социолошка анализа, доаѓам до заклучок дека ДУИ ќе биде непријатно изненадена од резултатот којшто ќе се случи на парламентарните избори“, заклучи тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прашањето дали мисли дека е можно да се најде партнер кај албанските партии за формирање на Влада со оглед на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ по однос на промената на Уставот, одговори дека ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ
Повторно мојот одговор ќе го поделам на два дела. Лага е тезата дека со промена на Уставот, Македонија ќе стане членка на ЕУ. Со промена на Уставот, Македонија ќе отпочне процес кој што никој не гарантира дека успешно ќе заврши. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го бара, еве да речеме и да издегистираме сето тоа кое што треба да се случи, ајде да видиме дали постојат гаранции дека е тоа последното. Второ, ако Бугарите бараат од нас да бидат дел од Преамбулата на Уставот, тогаш зошто тоа го бараат? Дали се човекови права во прашање? Затоа што ако се човекови права во прашање, во Европа постои референтна институција која што се вика Суд за човековите права во Стразбур. И тој Суд за човекови права во Стразбур донел 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија дека човековите права не им се почитуваат и нула за бугарската заедница во Македонија. Ајде да видиме што ќе правиме со тоа. Затоа што не можете вие да барате од нас да направиме уште една отстапка, којашто повторно ќе остави лузна на нашиот идентитет, а од друга страна тоа што треба да го почитувате како држава која што ја ратификувала Конвенцијата за човекови права, не го почитувате“, рече Мицкоски и дополни дека како држава после сите отстапки заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но за жал никој никогаш не водеше сметка што има за овој народ и за овие граѓани, туку секогаш политичарите гледаа што имаат за себе.
„Така што ние како политичари во ВМРО-ДПМНЕ сега размислуваме малку понатаму, ајде да видиме што има за народот и за државата, па дури потоа може да седнеме и да разговараме за се. Ние сме подготвени за се да разговараме после изборите со секого. Кога сме кај коалицискиот капацитет, ќе ве потсетам дека денеска ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција, ако пледирате на албански политички партнер, и во општина Гостивар и во општина Тетово. Во општина Гостивар е со АА на Арбен Таравари, во општина Тетово со Билал Касами, односно Движењето БЕСА. Ако пледирате во македонскиот блок, еве ние сме во коалиција во Куманово со претседателот на Движењето „ЗНАМ“, односно градоначалникот Максим Димитриевски. Така што, ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, појасни Мицкоски и дополни дека желбата и опција на ВМРО-ДПМНЕ за коалиција после изборите е албанската опозиција.
Знам дека можеби ова ќе биде злоупотребено од страна на одредени про-ДУИ мегафони, но да, нашата и моја лична, еве да бидам попрецизен, желба како иден коалиционен партнер да бидат партиите кои се дел од албанската опозиција, додаде Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochekuvam-pobeda-na-koalitsijata-predvodena-od-vmro-dpmne-so-poveke-od-61-pratenik/ Wed, 14 Feb 2024 14:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=744122

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот, заштитник на лозарите, Свети Трифун денеска беше во посета на Општина Кавадарци и Неготино каде што учествуваше на симболичното закројување на лозовите насади.

После настанот претседателот Мицкоски даде изјава за медиумите каде што, меѓу другото, од новинарите беше запрашан за неговите очекувања по денешното распишување на изборите кое се очекува да се случи некаде околу 17 часот.

Мицкоски изјави дека на парламентарните избори очекува историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освојување на повеќе од 61 пратеник, додека на претседателските, исто така, да победи кандидатот кој што биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Очекувам историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од повеќе од 61 пратеник и очекувам идниот претседател да биде кандидатот кој што ќе поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Очекувам победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот, заштитник на лозарите, Свети Трифун денеска беше во посета на Општина Кавадарци и Неготино каде што учествуваше на симболичното закројување на лозовите насади. После настанот претседателот Мицкоски даде изјава за медиумите каде што, меѓу другото, од новинарите беше запрашан за неговите очекувања по денешното распишување на изборите кое се очекува да се случи некаде околу 17 часот. Мицкоски изјави дека на парламентарните избори очекува историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освојување на повеќе од 61 пратеник, додека на претседателските, исто така, да победи кандидатот кој што биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Очекувам историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од повеќе од 61 пратеник и очекувам идниот претседател да биде кандидатот кој што ќе поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Очекувам победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник appeared first on Република.

]]>
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-ke-pobedi-osvojuvajki-apsolutno-mnozinstvo/ Fri, 26 Jan 2024 19:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=737295

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на хартија и тоа што излезе на терен со отисокот од прст, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Алсат-М, додавајќи дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на изборите, нема да ги речи сите проблеми, но ќе биде чекор плус кон фер и демократски избори.

Во однос на раководителите на секторите за Министерството за внатрешни работи, Николоски истакна дека тоа е еден значаен сегмент, ако не и најзначајниот, затоа што тука оперативно работи министерството на внатрешни работи, одлуката ќе се донесе во следните денови во консултација на сите релевантни структури.

„Но, она што можам ексклузивно вечерва да го кажам за ова интервју, е дека во однос на секторот за внатрешни работи Тетово, кој што ги покрива општините Тетово, Гостивар и помалите општини кои што гравитираат околу овие две големи општини, техничкиот министер за внатрешни работи ќе има средба и консултација со градоначалникот на општина Тетово и ќе побара од него да даде негова сугестија и негов предлог за раководител, односно началник, како што официјално се вика, на секторот за внатрешни работи во Тетово. Така што, очекуваме началникот на сектор за внатрешни работи во Тетово да биде именуван во консултација со градоначалникот на општина Тетово и ова е во насока на фер и демократски избори, затоа што сметаме дека опозицијата која што се формираше околу политичките партии на Изет Меџити, на Африм Гаши и на Билал Касами заслужува да добие шанса за фер и демократски избори, особено имајќи предвид што се случува со нивниот предлог за член во Државната изборна комисија“, рече Николоски.

Во врска со евентуалниот заеднички настап на СДСМ и ДУИ на претстојните парламентарни избори и дали тоа го плаши ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели дека посакува тие да одат заедно на избори и нив заедно да ги поразиме.

Посакувам да одат заедно и мислам дека еднаш засекогаш да се расчисти ова и да одат заедно и заеднички да ги поразиме на следните парламентарни избори и претседателски избори, затоа што народот тука ќе има јасен избор. Така што, ако можам да бирам и да имам желба, јас посакувам да одат заедно и да ги поразиме на избори, истакна Николоски.

Запрашан за тоа колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека и поранешниот премиер Димитар Ковачевски вели дека неговата коалиција ќе победи на изборите и дека тој повторно ќе биде премиер, Николоски вели дека во еден натпревар дури и најслабиот верува дека победи инаку не би се натпреварувал, но реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите на кои се очекува и освојување на апсолутно мнозинство.

Знаете како е, во секој натпревар дури и оној кој што е последен верува дека може да победи инаку не би се натпреварувал, така што претпоставувам дека е ова она што го води Ковачевски. Но, реалноста е различна и сите ја знаат и тоа е дека е извесна победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, прашање е само колкава ќе е разликата. Ние се надеваме на освојување на апсолутно мнозинство на овие избори, така што јасни се работите“, потенцираше Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство appeared first on Република.

]]>

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на хартија и тоа што излезе на терен со отисокот од прст, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Алсат-М, додавајќи дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на изборите, нема да ги речи сите проблеми, но ќе биде чекор плус кон фер и демократски избори. Во однос на раководителите на секторите за Министерството за внатрешни работи, Николоски истакна дека тоа е еден значаен сегмент, ако не и најзначајниот, затоа што тука оперативно работи министерството на внатрешни работи, одлуката ќе се донесе во следните денови во консултација на сите релевантни структури.
„Но, она што можам ексклузивно вечерва да го кажам за ова интервју, е дека во однос на секторот за внатрешни работи Тетово, кој што ги покрива општините Тетово, Гостивар и помалите општини кои што гравитираат околу овие две големи општини, техничкиот министер за внатрешни работи ќе има средба и консултација со градоначалникот на општина Тетово и ќе побара од него да даде негова сугестија и негов предлог за раководител, односно началник, како што официјално се вика, на секторот за внатрешни работи во Тетово. Така што, очекуваме началникот на сектор за внатрешни работи во Тетово да биде именуван во консултација со градоначалникот на општина Тетово и ова е во насока на фер и демократски избори, затоа што сметаме дека опозицијата која што се формираше околу политичките партии на Изет Меџити, на Африм Гаши и на Билал Касами заслужува да добие шанса за фер и демократски избори, особено имајќи предвид што се случува со нивниот предлог за член во Државната изборна комисија“, рече Николоски.
Во врска со евентуалниот заеднички настап на СДСМ и ДУИ на претстојните парламентарни избори и дали тоа го плаши ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели дека посакува тие да одат заедно на избори и нив заедно да ги поразиме.
Посакувам да одат заедно и мислам дека еднаш засекогаш да се расчисти ова и да одат заедно и заеднички да ги поразиме на следните парламентарни избори и претседателски избори, затоа што народот тука ќе има јасен избор. Така што, ако можам да бирам и да имам желба, јас посакувам да одат заедно и да ги поразиме на избори, истакна Николоски.
Запрашан за тоа колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека и поранешниот премиер Димитар Ковачевски вели дека неговата коалиција ќе победи на изборите и дека тој повторно ќе биде премиер, Николоски вели дека во еден натпревар дури и најслабиот верува дека победи инаку не би се натпреварувал, но реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите на кои се очекува и освојување на апсолутно мнозинство.
Знаете како е, во секој натпревар дури и оној кој што е последен верува дека може да победи инаку не би се натпреварувал, така што претпоставувам дека е ова она што го води Ковачевски. Но, реалноста е различна и сите ја знаат и тоа е дека е извесна победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, прашање е само колкава ќе е разликата. Ние се надеваме на освојување на апсолутно мнозинство на овие избори, така што јасни се работите“, потенцираше Николоски.
 
The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-zabelezhaa-vazhna-pobeda-na-gostuvaneto-kaj-litvanija/ Sun, 15 Oct 2023 16:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=691458

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2024, откако денес забележа значајна победа на гостувањето кај Литванија со 31:28.

На полувреме Македонките водеа со 17:15, на петнаесетина минути пред крајот резултатот беше нерешен 23:23, но на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Капитенот Сара Ристовски со девет голови беше најефикасна во победничкиот состав, Андреа Седлоска постигна осум погодоци без промашување.

Македонската и шпанската репрезентација со по две победи се на првите две места во Групата-5, Литванија и Азербејџан се без бодови по двете одиграни кола.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани, а шанса има и третопласираната.

The post Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2024, откако денес забележа значајна победа на гостувањето кај Литванија со 31:28. На полувреме Македонките водеа со 17:15, на петнаесетина минути пред крајот резултатот беше нерешен 23:23, но на крајот заслужено ги освоија бодовите. Капитенот Сара Ристовски со девет голови беше најефикасна во победничкиот состав, Андреа Седлоска постигна осум погодоци без промашување. Македонската и шпанската репрезентација со по две победи се на првите две места во Групата-5, Литванија и Азербејџан се без бодови по двете одиграни кола. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани, а шанса има и третопласираната.

The post Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија appeared first on Република.

]]>
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години освои втора победа откако ја порази Ерменија со 4-0 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonskata-zhenska-fudbalska-reprezentatsija-do-17-godini-osvoi-vtora-pobeda-otkako-ja-porazi-ermenija-so-4-0/ Fri, 06 Oct 2023 16:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=688691

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ја освојува втората победа на евроквалификацискиот турнир во Косово, откако попладнево ја совлада Ерменија со 4-0 (2-0) во рамки на 2. коло во Б1 групата.
Македонските фудбалерки дојдоа во водство со голот на Меланија Грозданова во 18 минута, а до крајот на полувреме „црвено – жолтите“ ја зголемија предноста со автоголот на Сусана Сахакјан во 40 минута.

По пет минути игра во вториот дел Калина Попески зголеми на 3-0, а печат на убедливиот триумф стави Ана Боризоска во 61 минута.

Во вториот натпревар од второто коло во групата Б1, домаќинот Косово ја совлада Грузија со 2-0.

По стартниот триумф над Грузија од 5-0 на македонските фудбалерки ќе им биде доволен и бод во решавачкиот натпревар против Косово, в понеделник, за освојување на првото место во групата и враќањето во елитната А дивизија.

The post Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години освои втора победа откако ја порази Ерменија со 4-0 appeared first on Република.

]]>

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ја освојува втората победа на евроквалификацискиот турнир во Косово, откако попладнево ја совлада Ерменија со 4-0 (2-0) во рамки на 2. коло во Б1 групата. Македонските фудбалерки дојдоа во водство со голот на Меланија Грозданова во 18 минута, а до крајот на полувреме „црвено – жолтите“ ја зголемија предноста со автоголот на Сусана Сахакјан во 40 минута. По пет минути игра во вториот дел Калина Попески зголеми на 3-0, а печат на убедливиот триумф стави Ана Боризоска во 61 минута. Во вториот натпревар од второто коло во групата Б1, домаќинот Косово ја совлада Грузија со 2-0. По стартниот триумф над Грузија од 5-0 на македонските фудбалерки ќе им биде доволен и бод во решавачкиот натпревар против Косово, в понеделник, за освојување на првото место во групата и враќањето во елитната А дивизија.

The post Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години освои втора победа откако ја порази Ерменија со 4-0 appeared first on Република.

]]>
Хет-трик на Меланија Грозданова, македонските фудбалерки до 17 години ја декласираа Грузија со 5-0 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/het-trik-na-melanija-grozdanova-makedonskite-fudbalerki-do-17-godini-ja-deklasiraa-gruzija-so-5-0/ Tue, 03 Oct 2023 16:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=687587

Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на мечот и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа од 5:0.

Хет-трик постигна Меланија Грозданова, по еднаш погодија Трендова и Попески.

Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, Македонките на 6 октомври ќе се соочат со селекцијата на Ерменија.

The post Хет-трик на Меланија Грозданова, македонските фудбалерки до 17 години ја декласираа Грузија со 5-0 appeared first on Република.

]]>

Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово. Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на мечот и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа од 5:0. Хет-трик постигна Меланија Грозданова, по еднаш погодија Трендова и Попески. Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, Македонките на 6 октомври ќе се соочат со селекцијата на Ерменија.

The post Хет-трик на Меланија Грозданова, македонските фудбалерки до 17 години ја декласираа Грузија со 5-0 appeared first on Република.

]]>
„Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“ ечат среде Хрватска https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/biser-balkanski-i-zemjo-makedonska-echat-srede-hrvatska/ Fri, 11 Aug 2023 20:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=671262

Машката кадетска репрезентација на Македонија заврши на 9. позиција на Светското првенство во Хрватска. Избраниците на Раде Стојановиќ во вечерашниот дуел против Чешка одиграа на ниво и славеа со 28:22, со што остварија историски пласман.

Победата над Чешка и деветтото место беа прославени со легендарните песни – „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“…

извор: 24 ракомет

The post „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“ ечат среде Хрватска appeared first on Република.

]]>

Машката кадетска репрезентација на Македонија заврши на 9. позиција на Светското првенство во Хрватска. Избраниците на Раде Стојановиќ во вечерашниот дуел против Чешка одиграа на ниво и славеа со 28:22, со што остварија историски пласман. Победата над Чешка и деветтото место беа прославени со легендарните песни – „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“…
  извор: 24 ракомет

The post „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“ ечат среде Хрватска appeared first on Република.

]]>
Победа над Полска за македонските одбојкари во контролен натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pobeda-nad-polska-za-makedonskite-odbojkari-vo-kontrolen-natprevar/ Sun, 06 Aug 2023 06:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=669151

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Полска синоќа во Скопје во првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за претстојното Европското првенство.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски победија со 3:1, по сетови 25:23, 21:25, 25:18 и 25:21.

Пред овој натпревар двете репрезентации одржаа заеднички тренинг.

Македонската и романската репрезентација се подготвуваат за Европското првенство од 30 август до 6

септември на кое Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде коорганизатор.

The post Победа над Полска за македонските одбојкари во контролен натпревар appeared first on Република.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Полска синоќа во Скопје во првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за претстојното Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски победија со 3:1, по сетови 25:23, 21:25, 25:18 и 25:21. Пред овој натпревар двете репрезентации одржаа заеднички тренинг. Македонската и романската репрезентација се подготвуваат за Европското првенство од 30 август до 6 септември на кое Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде коорганизатор.

The post Победа над Полска за македонските одбојкари во контролен натпревар appeared first on Република.

]]>
Албанските социјалисти триумфираа на локалните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskite-sotsijalisti-triumfiraa-na-lokalnite-izbori/ Mon, 15 May 2023 17:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=641088

Според првичните нецелосни резултати албанските социјалисти на премиерот Еди Рама се победници и на вчера спроведените локални избори.

Од досега преброените гласови во 44 општини, кандидатите на Социјалистичката партија за градоначалници победија во 37, додека во шест општини кандидати на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“. Во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на грчкото калцинство, МЕГА.

Социјалистите победија и во општини кои до сега се сметаа за бастион на демократите.

Продолжува пребројувањето во преостанати, од вкупно 61 општина, при што во повеќето од нив во предност се кандидатите на Социјалситичката партија. Така, со дури 30 илјади гласови во предност е нивниот кандидат за градоначалник на Тирана Ерион Велиај, кој довербата ја бара по третпат.

Мнозинство социјалистите обезбедија и во Советите на општините.

Партискиот лидеер и актуелен премиер, Рама уште синоќа, по затрвораето на гласачките места објави на Фејсбук дека неговата партија е „победник во 50 општини, а за 11 се уште не се знае“.

Според претседателот на Централната изборна комисија, Илириан Целибаши, официјалните резултати од вчерашните избори, се очекува да бидат соопштени до крајот на денов.

На минататите избори, кои здружената опозиција ги бојкотираше, социјалистите застанаа на чело на 60 општини, освен општина Финиќ, каде и тогаш победи кандидатот на партијата МЕГА.

The post Албанските социјалисти триумфираа на локалните избори appeared first on Република.

]]>

Според првичните нецелосни резултати албанските социјалисти на премиерот Еди Рама се победници и на вчера спроведените локални избори. Од досега преброените гласови во 44 општини, кандидатите на Социјалистичката партија за градоначалници победија во 37, додека во шест општини кандидати на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“. Во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на грчкото калцинство, МЕГА. Социјалистите победија и во општини кои до сега се сметаа за бастион на демократите. Продолжува пребројувањето во преостанати, од вкупно 61 општина, при што во повеќето од нив во предност се кандидатите на Социјалситичката партија. Така, со дури 30 илјади гласови во предност е нивниот кандидат за градоначалник на Тирана Ерион Велиај, кој довербата ја бара по третпат. Мнозинство социјалистите обезбедија и во Советите на општините. Партискиот лидеер и актуелен премиер, Рама уште синоќа, по затрвораето на гласачките места објави на Фејсбук дека неговата партија е „победник во 50 општини, а за 11 се уште не се знае“. Според претседателот на Централната изборна комисија, Илириан Целибаши, официјалните резултати од вчерашните избори, се очекува да бидат соопштени до крајот на денов. На минататите избори, кои здружената опозиција ги бојкотираше, социјалистите застанаа на чело на 60 општини, освен општина Финиќ, каде и тогаш победи кандидатот на партијата МЕГА.

The post Албанските социјалисти триумфираа на локалните избори appeared first on Република.

]]>
Иџе со фантатична победа во Шпанија и нов рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-so-fantatichna-pobeda-vo-shpanija-i-nov-rekord/ Mon, 08 May 2023 07:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=638204

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да ја запише втората сезонска победа во ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа.

Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок.

Кога се работи за генералниот пласман сезонава, по три трки Иџе е при врвот. Со две победи и едно второ место Стефановски е меѓу водечките во сите конкуренции, откако беше најбрз и во Франција, а втор во Австрија.

The post Иџе со фантатична победа во Шпанија и нов рекорд appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да ја запише втората сезонска победа во ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа. Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок. Кога се работи за генералниот пласман сезонава, по три трки Иџе е при врвот. Со две победи и едно второ место Стефановски е меѓу водечките во сите конкуренции, откако беше најбрз и во Франција, а втор во Австрија.  

The post Иџе со фантатична победа во Шпанија и нов рекорд appeared first on Република.

]]>
Одличен старт за Стефановски и победа во Франција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/odlichen-start-za-stefanovski-i-pobeda-vo-frantsija/ Mon, 17 Apr 2023 07:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=631344

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.

The post Одличен старт за Стефановски и победа во Франција appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.
Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.
Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838. Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.  

The post Одличен старт за Стефановски и победа во Франција appeared first on Република.

]]>