пневмонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pnevmonija/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Nov 2023 07:56:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пневмонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pnevmonija/ 32 32 СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-kina-dade-podatotsi-za-respiratornite-zaboluvana-i-zharishtata-na-pnevmonija-kaj-detsata-ne-se-otkrieni-nevoobichaeni-patogeni/ Fri, 24 Nov 2023 07:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=715721

Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста.

Кина, во согласност со правилата, одговори на СЗО во рок од 24 часа.

СЗО побара и епидемиолошки и клинички информации, како и лабораториски резултати преку механизмот на меѓународните здравствени регулативи.

Според извештаите, податоците обезбедени од Кина укажуваат дека зголемувањето на респираторните заболувања е поврзано со укинувањето на ограничувањата наметнати поради коронавирусот, со циркулацијата на познати патогени како микоплазма пневмонија, бактеријата која предизвикува инфекција која обично ги погодува помалите деца, а циркулира од мај.

Одредени кинески медиуми претходно објавија дека детските болници во делови од земјата се полни со болни деца.

Кинеските власти го припишуваат наглиот пораст на заболувања слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави претходно Би-Би-Си.

The post СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени appeared first on Република.

]]>

Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста. Кина, во согласност со правилата, одговори на СЗО во рок од 24 часа. СЗО побара и епидемиолошки и клинички информации, како и лабораториски резултати преку механизмот на меѓународните здравствени регулативи. Според извештаите, податоците обезбедени од Кина укажуваат дека зголемувањето на респираторните заболувања е поврзано со укинувањето на ограничувањата наметнати поради коронавирусот, со циркулацијата на познати патогени како микоплазма пневмонија, бактеријата која предизвикува инфекција која обично ги погодува помалите деца, а циркулира од мај. Одредени кинески медиуми претходно објавија дека детските болници во делови од земјата се полни со болни деца. Кинеските власти го припишуваат наглиот пораст на заболувања слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави претходно Би-Би-Си.

The post СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени appeared first on Република.

]]>
СЗО следи случаи на „мистериозна пневмонија“ во Аргентина, има тројца починати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-sledi-sluchai-na-misteriozna-pnevmonija-vo-argentina-ima-trojca-pochinati/ Mon, 05 Sep 2022 07:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=547508

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде што досега се регистрирани три смртни случаи.

Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО, соопшти дека десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман.

Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението.

Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата.

Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.

The post СЗО следи случаи на „мистериозна пневмонија“ во Аргентина, има тројца починати appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде што досега се регистрирани три смртни случаи. Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО, соопшти дека десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман.
Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението.
Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата. Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.

The post СЗО следи случаи на „мистериозна пневмонија“ во Аргентина, има тројца починати appeared first on Република.

]]>