пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plivachki-maraton/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plivachki-maraton/ 32 32 Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-deneska-ohrid-ke-pulsira-vo-znakot-na-sportovite-na-voda-kruna-na-ohrid-water-festival-ke-bide-ohridskiot-plivachki-maraton/ Fri, 23 Aug 2024 11:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=809427

Од денеска до крајот на август Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода, преку настаните и содржините на второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“.

Целта на фестивалот на вода е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава.

Како што посочи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, концептот штој беше успешно реализиран минатото лето прераснува во една платформа за промоција на природната убавина на градот и езерото и спортска традиција што ги отвора вратите кон нови спортски авантури.

- Сите напори и целиот труд околу подготовка на програмата ја потврдуваат заедничката посветеност и ја покажуваат големата љубов кон водените спортови. Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи овие денови ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече Пецаков на денешната прес-конференција свикана по повод манифестацијата.

На презентацијата на програмата и содржините на Фестивалот на вода, покрај спортските настани, предвидени се и богати социјално-едукативни содржини со низа интересни и забавни активности, што ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“.

- Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, рече Пецаков.

Јоне Станкоски од Организацискиот одбор на Фестивалот на вода посочи дека се работи за стратегиски проект што на Охридското Езеро ќе ги врати подзаборавените спортови на вода што отсекогаш биле белег на градот.

- Оваа година на манифестацијата има повеќе од 20 настани од спортско-рекреативен карактер, од кои повеќето се од меѓународен карактер. Во деновите што следат охриѓани и гостите ќе можат да проследат регати во кајак, веслање, трки во пливање, суп-трки, пливачки митинг, регата од Европскиот куп во едрење, но и водени лудории, трки со педалинки и табланет под вода, рече Станкоски.

Во рамки на програмата на Фестивалот се предвидени и бројни едукативни содржини, изложби.

Целата манифестација ќе биде збогатена со забавна програма, со презентации на традиционална храна и локални специјалитети, настапи на ди-џеи, концерти на познати уметници за сите генерации, од „Златно славејче“ преку настапи на ученици на Општинското музичко училиште, до концертите на „Суперхикс“, Наум Петрески и други.

Круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август.

The post Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Од денеска до крајот на август Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода, преку настаните и содржините на второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“. Целта на фестивалот на вода е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. Како што посочи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, концептот штој беше успешно реализиран минатото лето прераснува во една платформа за промоција на природната убавина на градот и езерото и спортска традиција што ги отвора вратите кон нови спортски авантури. - Сите напори и целиот труд околу подготовка на програмата ја потврдуваат заедничката посветеност и ја покажуваат големата љубов кон водените спортови. Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи овие денови ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече Пецаков на денешната прес-конференција свикана по повод манифестацијата. На презентацијата на програмата и содржините на Фестивалот на вода, покрај спортските настани, предвидени се и богати социјално-едукативни содржини со низа интересни и забавни активности, што ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“. - Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, рече Пецаков. Јоне Станкоски од Организацискиот одбор на Фестивалот на вода посочи дека се работи за стратегиски проект што на Охридското Езеро ќе ги врати подзаборавените спортови на вода што отсекогаш биле белег на градот. - Оваа година на манифестацијата има повеќе од 20 настани од спортско-рекреативен карактер, од кои повеќето се од меѓународен карактер. Во деновите што следат охриѓани и гостите ќе можат да проследат регати во кајак, веслање, трки во пливање, суп-трки, пливачки митинг, регата од Европскиот куп во едрење, но и водени лудории, трки со педалинки и табланет под вода, рече Станкоски. Во рамки на програмата на Фестивалот се предвидени и бројни едукативни содржини, изложби. Целата манифестација ќе биде збогатена со забавна програма, со презентации на традиционална храна и локални специјалитети, настапи на ди-џеи, концерти на познати уметници за сите генерации, од „Златно славејче“ преку настапи на ученици на Општинското музичко училиште, до концертите на „Суперхикс“, Наум Петрески и други. Круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август.

The post Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон во Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sara-jankovik-i-petar-tsekov-pobednitsi-na-ilindenskiot-mal-plivachki-maraton-vo-ohrid/ Fri, 02 Aug 2024 09:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=796258

Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45. пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон во Охрид appeared first on Република.

]]>

Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45. пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро. Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид. Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид. Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

The post Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон во Охрид appeared first on Република.

]]>