Плевнеш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plevnesh/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 17:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Плевнеш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plevnesh/ 32 32 Јордан Плевнеш: Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jordan-plevnesh-samo-sveti-kliment-mozhe-da-ve-blagoslovi-a-ohrid-da-ve-daruva-so-vechnost/ Fri, 08 Dec 2023 17:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=721095

Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност, рече амбасадорот Јордан Плевнеш кој годинава ја понесе Свети Климентовата награда за животно дело што ја доделува Општина Охрид во чест на заштитникот на градот Охрид, Св. Климент.

Сум добил многу награди, вели Плевнеш, но оваа највисока општинска награда за мене има посебно значење.

Имаше една голема церемонија во француската академија кога добив гран при за животно дело и тогаш беше возбудата многу голема,но кога прочитав и ми го испратија писмото од општината во името на градоначалникот и стручната комисија, во мене се роди едно чувство дека само Охрид може да ве дарува со вечност, рече амбасадорот Јордан Плевнеш

The post Јордан Плевнеш: Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/univerzitetot-europa-prima-skopje-stanuva-del-od-proektot-na-dzon-malkovich-potpishan-memorandum-so-kapital-partners/ Tue, 29 Nov 2022 20:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=579780

Филмски и музички студија ќе се градат во околината на Скопје. Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и компанијата што ќе го гради филмскиот град со најсовремена технологија, стануваат дел од проектот на актерот, продуцент и режисер Џон Малкович. Двете страни потпишаа меморандум за соработка. Аудиовизуелните и сценски уметности низ призмата на современите дигитални технологии кои се изучуваат на универзитетот, ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на едукативниот центар.

Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на владата, кој што се очекува во најскоро време. Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади што се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, велат од „Еуропа прима“.

Изградбата на технолошкиот парк треба да креира вработување на повеќе од 800 луѓе, кои сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, вели Иван Видаковиќ од СТП „Капитал партнерс“.

Интернационалниот универзитет „Еурппа прима“,по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови, рече Плевнеш.

Стартот на изградбата на филмскиот град ќе се реализира веднаш, откако Владата ќе му додели статус на стратешка инвестиција на долго најавуваниот проект.

Инаку, по стартот на овој проект, универзитет „Еуропа прима“, ќе го прогласи Џон Малкович за почесен доктор на науки на овој универзитет и ќе организира ретроспектива на неговите филмови.

The post Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ appeared first on Република.

]]>

Филмски и музички студија ќе се градат во околината на Скопје. Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и компанијата што ќе го гради филмскиот град со најсовремена технологија, стануваат дел од проектот на актерот, продуцент и режисер Џон Малкович. Двете страни потпишаа меморандум за соработка. Аудиовизуелните и сценски уметности низ призмата на современите дигитални технологии кои се изучуваат на универзитетот, ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на едукативниот центар.
Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на владата, кој што се очекува во најскоро време. Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади што се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, велат од „Еуропа прима“.
Изградбата на технолошкиот парк треба да креира вработување на повеќе од 800 луѓе, кои сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, вели Иван Видаковиќ од СТП „Капитал партнерс“.
Интернационалниот универзитет „Еурппа прима“,по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови, рече Плевнеш.
Стартот на изградбата на филмскиот град ќе се реализира веднаш, откако Владата ќе му додели статус на стратешка инвестиција на долго најавуваниот проект. Инаку, по стартот на овој проект, универзитет „Еуропа прима“, ќе го прогласи Џон Малкович за почесен доктор на науки на овој универзитет и ќе организира ретроспектива на неговите филмови.

The post Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ appeared first on Република.

]]>
Драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш објавена во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-posledniot-den-na-misirkov-od-jordan-plevnesh-objavena-vo-moskva/ Thu, 27 Oct 2022 10:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=566258

По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство” во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот” од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков” од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш.

Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последниве три децении има објавено преводи од врвните имиња на македонската литература. Книгата е со предговор на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Љупчо Коцарев.

Во чест на 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство” во издание на издавачката куќа „У Никитских ворот” од Москва излезе во превод на Олга Панкина, драмата „Последниот ден на Мисирков” од македонскиот литературен Херодот, Јордан Плевнеш, се наведува во предговорот.

Во книгата исто така е објавен опсежен поговор на академик Георги Старделов, под наслов „Дефиниција за Македонија”, во кого е направена една филозофско-поетичка трансферзала за значењето на Мисирков во балкански, европски и светски контекст.

Првите примероци од книгата утре пред јавноста ќе ги претстави претседателот на МАНУ Коцарев на научниот собир по повод јубилејот на „Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург” (МНЛД), каде учествуваат повеќе академици и научни работници од нашата држава.

Олга Панкина ќе jа презентира книгата во Русиjа во рамки на Театарскиот фестивал во Долгопрудни. Посебна промоција ќе биде одржана на 4 ноември 2022 година во Друштвото на писателите на Македонија.

The post Драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш објавена во Москва appeared first on Република.

]]>

По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство” во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот” од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков” од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последниве три децении има објавено преводи од врвните имиња на македонската литература. Книгата е со предговор на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Љупчо Коцарев.
Во чест на 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство” во издание на издавачката куќа „У Никитских ворот” од Москва излезе во превод на Олга Панкина, драмата „Последниот ден на Мисирков” од македонскиот литературен Херодот, Јордан Плевнеш, се наведува во предговорот.
Во книгата исто така е објавен опсежен поговор на академик Георги Старделов, под наслов „Дефиниција за Македонија”, во кого е направена една филозофско-поетичка трансферзала за значењето на Мисирков во балкански, европски и светски контекст. Првите примероци од книгата утре пред јавноста ќе ги претстави претседателот на МАНУ Коцарев на научниот собир по повод јубилејот на „Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург” (МНЛД), каде учествуваат повеќе академици и научни работници од нашата држава. Олга Панкина ќе jа презентира книгата во Русиjа во рамки на Театарскиот фестивал во Долгопрудни. Посебна промоција ќе биде одржана на 4 ноември 2022 година во Друштвото на писателите на Македонија.

The post Драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш објавена во Москва appeared first on Република.

]]>
Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jordan-plevnesh-izbran-za-pretsedatel-na-akademija-balkanika-europijana/ Thu, 31 Mar 2022 07:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=481243

Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана.

Изборот, како што соопшти прес-службата, е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акедемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон.

По изборот на претседател, отворен е повик за избор на нови членови на Академијата од областа на природните и општествените науки. Научно-истражувачкиот институт, кој ќе биде формиран од новоизбраните академици ќе работи во четири приоритетни области поврзани со проектот „Отворен Балкан“ – економија, екологија, медицина и обновливи енергетски извори, стои во информацијата на Академија Балканика.

Академијата има мисија да поттикнува нови врски меѓу балканските уметници, со цел промоција на активности и меѓународни културни проекти.

Изборот на Плевнеш, доаѓа по смртта на првиот претседател, Јон Карамитру избран во Букурешт на 29 октомври 2017 годиона.

Основачкиот комитет го предложи изборот на почесните членови: Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература, Вангелис – композитор и музичар, Марина Абрамовиќ – концептуален уметник, Светлана Броз, кардиолог и хуманитарен активист и Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската акедемија на науките, уметностите и книжевностите.

The post Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана.
Изборот, како што соопшти прес-службата, е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акедемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон.
 
По изборот на претседател, отворен е повик за избор на нови членови на Академијата од областа на природните и општествените науки. Научно-истражувачкиот институт, кој ќе биде формиран од новоизбраните академици ќе работи во четири приоритетни области поврзани со проектот „Отворен Балкан“ – економија, екологија, медицина и обновливи енергетски извори, стои во информацијата на Академија Балканика.
Академијата има мисија да поттикнува нови врски меѓу балканските уметници, со цел промоција на активности и меѓународни културни проекти. Изборот на Плевнеш, доаѓа по смртта на првиот претседател, Јон Карамитру избран во Букурешт на 29 октомври 2017 годиона. Основачкиот комитет го предложи изборот на почесните членови: Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература, Вангелис – композитор и музичар, Марина Абрамовиќ – концептуален уметник, Светлана Броз, кардиолог и хуманитарен активист и Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската акедемија на науките, уметностите и книжевностите.

The post Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана appeared first on Република.

]]>
Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-frankofonska-intelegencija-povekje-od-130-godini-na-evropskata-scena-ja-afirmirashe-idejata-za-makedonskiot-narod-kako-del-od-evropskata-zaednica/ Mon, 21 Feb 2022 12:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=461476

Денеска во Кабинетот на претседателот беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор.

Во годината во која Франција одбележува 400 години од раѓањето на великиот Молиер, овде меѓу нас е човек кој со своето дело и дух постојано и секаде го воспева и „јазикот на Молиер“, ја одржува жива франкофонијата на овие простори и ја промовира нераскинливата врска меѓу Балканот и Европа. Поводот за оваа наша средба е најдобрата рефлексија на она што сакаме да го негуваме, секогаш и секаде меѓу нас, а што Плевнеш постојано го нагласува: хуманоста, како основна вредност врз која културните и сите други разлики ќе бидат препознаени како богатство за кое вреди да се живее. И благодарам на Француската Академија што ја препозна универзалната порака во делото на нашиот Јордан Плевнеш, рече Пендаровски.

На свечениот прием се обратија и амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер, како и лауреатот на наградата, Јордан Плевнеш.

Посебно сум среќен што сум овде со вас денес, на оваа свеченост, бидејќи сакаме да Ви оддадеме почит, драг господине Плевнеш, за вашите достигнувања и заслуги. Вие сте добитник на Големата награда на Франкофонијата „Ерве Делиен“ што ја доделува Француската академија. Се радуваме за оваа голема чест преку пријателството кое го негуваме а наградата е уште позаслужена бидејќи вие сте несомнено најеминентниот франкофонски писател од Македонија. Вашата  работа и вашите дела се во служба на Франкофонијата во земјата, која и ние самите, со поддршка на Францускиот институт, ја спроведуваме за зачувување, зајакнување и унапредување на изучувањето  на францускиот јазик, подвлече амбасадорот Бомгартнер.

Лауреатот Јордан Плевнеш кој ја прими престижната награда на церемонијата под „Куполата на бесмртните” во француската академија минатата година, на денешниот прием изрази благодарност до претседателот Пендаровски за писмото кое го упати за време на церемонијата на доделување на наградата во Париз и изјави:

Ви благодарам од се срце претседателе што во истиот миг на доделувањето на мојата награда, упативте писмо чии зборови одекнаа меѓу бројните гости во Париз. Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница на народите, можеби инспириран од повикот на Виктор Иго за Соедитетите Држави на Европа.

The post Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница appeared first on Република.

]]>

Денеска во Кабинетот на претседателот беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година. Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор.