плејбој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plejboj/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 10:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плејбој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plejboj/ 32 32 Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-plejboj-zvezda-na-31-godishna-vozrast-chekala-transplantatsija/ Mon, 21 Oct 2024 18:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=829557

Моделот на Плејбој и поранешна ТВ ѕвезда Вероника Морашкина починала на 31-годишна возраст.

Руската ѕвезда починала од белодробна болест додека чекала трансплантација, соопштено е.

Локалните медиуми објавија дека таа починала во четвртокот на 18 октомври.

Според извештаите, Вероника развила тешка болест по страшната сообраќајна несреќа во 2020 година.

Имено, по несреќата Вероника останала прикована за кревет и со тешко повредена нога. Нејзиниот имунолошки систем, исто така, ослабел, и развила белодробна болест.

The post Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација appeared first on Република.

]]>

Моделот на Плејбој и поранешна ТВ ѕвезда Вероника Морашкина починала на 31-годишна возраст. Руската ѕвезда починала од белодробна болест додека чекала трансплантација, соопштено е. Локалните медиуми објавија дека таа починала во четвртокот на 18 октомври. Според извештаите, Вероника развила тешка болест по страшната сообраќајна несреќа во 2020 година. Имено, по несреќата Вероника останала прикована за кревет и со тешко повредена нога. Нејзиниот имунолошки систем, исто така, ослабел, и развила белодробна болест.

The post Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација appeared first on Република.

]]>
Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuska-ministerka-se-slikashe-za-plejboj/ Wed, 19 Apr 2023 09:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=632012

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин.

Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не е гола, но списанието сепак беше „разграбано“, очигледно - поради нејзиното „зачинето“ интервју.

Шјапа предизвика многу контроверзии и критики во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“, додека Француската влада се соочува со жестоки демонстрации против пензиските реформи.

Министерката за социјална економија, инаку, позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и говори за феминизмот и правата на жените. Таа е и поранешна државна секретарка за родова еднаквост (2017 - 2020), а во интервјуто го брани правото на жените да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат.

Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание. Горда сум затоа што испишав „еротска литература“, рече таа.

Сегашната министерка задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината претходничка да даде интервју за „Плејбој“.

Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на „жената-објект“, рече Ром.

The post Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин. Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не е гола, но списанието сепак беше „разграбано“, очигледно - поради нејзиното „зачинето“ интервју. Шјапа предизвика многу контроверзии и критики во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“, додека Француската влада се соочува со жестоки демонстрации против пензиските реформи. Министерката за социјална економија, инаку, позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и говори за феминизмот и правата на жените. Таа е и поранешна државна секретарка за родова еднаквост (2017 - 2020), а во интервјуто го брани правото на жените да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат.
Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание. Горда сум затоа што испишав „еротска литература“, рече таа.
Сегашната министерка задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината претходничка да даде интервју за „Плејбој“.
Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на „жената-објект“, рече Ром.

The post Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>
Француска министерка разголена позираше за Плејбој https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/frantsuska-ministerka-razgolena-pozirashe-za-plejboj/ Sun, 09 Apr 2023 09:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=628922

Француската министерка Марлен Скиапа е цел на напади, дури и од членови на сопствената партија, откако застана разголена пред објективот на Плејбој. Четириесетгодишната Скиапа, долгогодишна активистка за правата на жените, позираше за насловната страница на „Плејбој“ и даде интервју на 12 страници за положбата на жената и ЛГБТ заедницата во Франција. Скиапа во моментов е министер за социјална економија, а претходно ја извршуваше должноста прв државен секретар за родова еднаквост. Се бори против семејното насилство и родовите напади, како и злоставувањето.

Иако Скиапа беше облечена на насловната страница на „Плејбој“, таа беше мета на критики од премиерката Елизабет Борн, а беше критикувана и од членовите на нејзината партија „La republique en marche“.

Борн ја критикуваше Скиапа, велејќи дека појавувањето во ова списание „воопшто не е соодветно, особено во овој момент“. Франција веќе некое време е во политичка и социјална криза, по одлуката на претседателот Емануел Макрон да го промени законот за пензионирање.

The post Француска министерка разголена позираше за Плејбој appeared first on Република.

]]>

Француската министерка Марлен Скиапа е цел на напади, дури и од членови на сопствената партија, откако застана разголена пред објективот на Плејбој. Четириесетгодишната Скиапа, долгогодишна активистка за правата на жените, позираше за насловната страница на „Плејбој“ и даде интервју на 12 страници за положбата на жената и ЛГБТ заедницата во Франција. Скиапа во моментов е министер за социјална економија, а претходно ја извршуваше должноста прв државен секретар за родова еднаквост. Се бори против семејното насилство и родовите напади, како и злоставувањето. Иако Скиапа беше облечена на насловната страница на „Плејбој“, таа беше мета на критики од премиерката Елизабет Борн, а беше критикувана и од членовите на нејзината партија „La republique en marche“. Борн ја критикуваше Скиапа, велејќи дека појавувањето во ова списание „воопшто не е соодветно, особено во овој момент“. Франција веќе некое време е во политичка и социјална криза, по одлуката на претседателот Емануел Макрон да го промени законот за пензионирање.

The post Француска министерка разголена позираше за Плејбој appeared first on Република.

]]>
Француска министерка ќе се појави на насловната страница на Плејбој https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuska-ministerka-ke-se-pojavi-na-naslovnata-stranitsa-na-plejboj/ Mon, 03 Apr 2023 10:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=626617

Француската министерка во владата на Емануел Макрон, Марлен Скиапа, ќе се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“. Таа ќе се појави целосно облечена во интервју кое ќе опфати дури 12 страници од француското издание на популарниот магазин.

Во априлското издание на магазинот тaa зборува за правата на жените и ЛГБТК луѓето.

Нејзината одлука да се појави на насловната страница беше критикувана од некои колеги политичари, кои во моментов се соочуваат со немири во јавноста поради пензиските реформи на Макрон.

Предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години предизвика масовни штрајкови и насилни протести какви што Франција не видела со години.

Француската премиерка Елизабет Борн наводно ѝ се јавила на колешката Скиапа за да ѝ каже дека „позирањето за насловната страница на Плејбој воопшто не е соодветно – особено во сегашните околности“. Сепак, Скиапа, која е и мајка на две деца, ја бранеше својата одлука на Твитер.

Ги бранам правата на жените да прават што сакаат со своето тело: секаде и секогаш. Во Франција жените се слободни. Без разлика дали тоа им пречи на уназадените и лицемерите или не, наведе таа.

Францускиот уредник на „Плејбој“, Жан-Кристоф Флорентин, рече дека Скиапа е „најкомпатибилна за Плејбој“ од нејзините колешки поради нејзините феминистички ставови. Изданието на магазинот со Скиапа на насловната ќе биде достапно во продажба од 8 април, пишува весникот Le Parisien.

Скиапа беше авторка и блогерка која се занимаваше со женски прашања, пред Макрон да ја назначи за министерка во 2017 година. Додека беше министерка за еднаквости, таа воведе закон со кој прозивките и уличното вознемирување се незаконски.

 

The post Француска министерка ќе се појави на насловната страница на Плејбој appeared first on Република.

]]>

Француската министерка во владата на Емануел Макрон, Марлен Скиапа, ќе се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“. Таа ќе се појави целосно облечена во интервју кое ќе опфати дури 12 страници од француското издание на популарниот магазин. Во априлското издание на магазинот тaa зборува за правата на жените и ЛГБТК луѓето. Нејзината одлука да се појави на насловната страница беше критикувана од некои колеги политичари, кои во моментов се соочуваат со немири во јавноста поради пензиските реформи на Макрон. Предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години предизвика масовни штрајкови и насилни протести какви што Франција не видела со години. Француската премиерка Елизабет Борн наводно ѝ се јавила на колешката Скиапа за да ѝ каже дека „позирањето за насловната страница на Плејбој воопшто не е соодветно – особено во сегашните околности“. Сепак, Скиапа, која е и мајка на две деца, ја бранеше својата одлука на Твитер.
Ги бранам правата на жените да прават што сакаат со своето тело: секаде и секогаш. Во Франција жените се слободни. Без разлика дали тоа им пречи на уназадените и лицемерите или не, наведе таа.
Францускиот уредник на „Плејбој“, Жан-Кристоф Флорентин, рече дека Скиапа е „најкомпатибилна за Плејбој“ од нејзините колешки поради нејзините феминистички ставови. Изданието на магазинот со Скиапа на насловната ќе биде достапно во продажба од 8 април, пишува весникот Le Parisien. Скиапа беше авторка и блогерка која се занимаваше со женски прашања, пред Макрон да ја назначи за министерка во 2017 година. Додека беше министерка за еднаквости, таа воведе закон со кој прозивките и уличното вознемирување се незаконски.  

The post Француска министерка ќе се појави на насловната страница на Плејбој appeared first on Република.

]]>
Некогаш позираше гола за насловна на „Плејбој“, денеска мава со јајца врз куќите на соседите по кавга https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/nekogash-pozirashe-gola-za-naslovna-na-plejboj-deneska-mava-so-jajca-po-kukjite-na-sosedite-posle-kavga/ Fri, 29 Jul 2022 18:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=534632

Поранешната зајачица на „Плејбој“, Енџи Еверхарт е обвинета дека по вербална расправија фрлала јајца кон куќата на нејзиниот сосед, пренесува TMZ.

Кристина Савар тврди дека поранешната манекенка им викала на нејзините деца затоа што не можела да заспијат поради лаењето на нивното семејно куче, што довело до жестока расправија. Савар изјавила и дека истиот ден, околу еден час по полноќ, некој заѕвонил на влезната врата, но таа не сакала да одговори. Следното утро открила дека нејзината куќа е прекриена со жолчки и лушпи од влезна врата до балконот.

Откако се јавила во полиција, Савар ја обвинила поранешната зајачица дека таа ги фрлила јајцата кон нејзината куќа. Сепак, портпаролот на манекенката изјави за Page Six дека Еверхарт нема никаква врска со дотичните јајца.

Енџи имаше корона и кучињата на нејзините соседи не престануваа да лаат од утро до вечер. Факт е дека дојде полицијата, но и дека не сакаа да напишат ниту извештај, соопшти тој додавајќи дека Еверхарт презела законски мерки за да добие забрана за приближување против Савар.

Моделот првпат се прослави во 1995 година откако се појави во неколку изданија на списанието Sports Illustrated во костими за капење. Во февруари 2000 година, таа позираше гола за „Плејбој“. Таа беше во неколку романтични врски во текот на годините, вклучувајќи кратки веридби со Силвестер Сталоне во 1995 година и Џо Пеши во 2000 година. Таа го дели 11-годишниот син Кајден со поранешното момче Чад Стенсбери. Таа исто така беше една од многуте жени кои излегоа со обвинувања против Харви Вајнштајн во 2017 година.

The post Некогаш позираше гола за насловна на „Плејбој“, денеска мава со јајца врз куќите на соседите по кавга appeared first on Република.

]]>

Поранешната зајачица на „Плејбој“, Енџи Еверхарт е обвинета дека по вербална расправија фрлала јајца кон куќата на нејзиниот сосед, пренесува TMZ. Кристина Савар тврди дека поранешната манекенка им викала на нејзините деца затоа што не можела да заспијат поради лаењето на нивното семејно куче, што довело до жестока расправија. Савар изјавила и дека истиот ден, околу еден час по полноќ, некој заѕвонил на влезната врата, но таа не сакала да одговори. Следното утро открила дека нејзината куќа е прекриена со жолчки и лушпи од влезна врата до балконот. Откако се јавила во полиција, Савар ја обвинила поранешната зајачица дека таа ги фрлила јајцата кон нејзината куќа. Сепак, портпаролот на манекенката изјави за Page Six дека Еверхарт нема никаква врска со дотичните јајца.
Енџи имаше корона и кучињата на нејзините соседи не престануваа да лаат од утро до вечер. Факт е дека дојде полицијата, но и дека не сакаа да напишат ниту извештај, соопшти тој додавајќи дека Еверхарт презела законски мерки за да добие забрана за приближување против Савар.
Моделот првпат се прослави во 1995 година откако се појави во неколку изданија на списанието Sports Illustrated во костими за капење. Во февруари 2000 година, таа позираше гола за „Плејбој“. Таа беше во неколку романтични врски во текот на годините, вклучувајќи кратки веридби со Силвестер Сталоне во 1995 година и Џо Пеши во 2000 година. Таа го дели 11-годишниот син Кајден со поранешното момче Чад Стенсбери. Таа исто така беше една од многуте жени кои излегоа со обвинувања против Харви Вајнштајн во 2017 година.

The post Некогаш позираше гола за насловна на „Плејбој“, денеска мава со јајца врз куќите на соседите по кавга appeared first on Република.

]]>
Даша Астафиева, украинска Плејбој зајачица волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/dasha-astafieva-ukrainska-plejboj-zajachica-volontira-vo-voenata-kujna-kade-se-podgotvuvaat-obroci-za-ukrainskite-vojnici/ Tue, 08 Mar 2022 11:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=469563

Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица Даша Астафиева во моментов волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници. Во фотка на својот Инстаграм таа објави како лупи компири, краставици и зеленчуци. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците, пренесува Б92.

Даша Астафиева е родена во Украина во 1985 година.

Таа беше прогласена за „Плејбој“ на годината за украинскиот Плејбој во 2007 година, а две години подоцна, во јануари 2009 година, Астафиева беше девојка на месецот на Плејбој. Таа беше и на насловната на спиаснието по повод 55 години од основањето на магазинот.

 

The post Даша Астафиева, украинска Плејбој зајачица волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници appeared first on Република.

]]>

Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица Даша Астафиева во моментов волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници. Во фотка на својот Инстаграм таа објави како лупи компири, краставици и зеленчуци. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците, пренесува Б92. Даша Астафиева е родена во Украина во 1985 година. Таа беше прогласена за „Плејбој“ на годината за украинскиот Плејбој во 2007 година, а две години подоцна, во јануари 2009 година, Астафиева беше девојка на месецот на Плејбој. Таа беше и на насловната на спиаснието по повод 55 години од основањето на магазинот.  

The post Даша Астафиева, украинска Плејбој зајачица волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници appeared first on Република.

]]>
Снежните кралици Џенин и Лиза позираа за „Плејбој“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sneznite-kralici-dzenin-i-liza-poziraa-za-plejboj/ Thu, 10 Feb 2022 07:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=456537

Џенин Флок и Лиза Буквиќ стекнаа голема популарност уште пред игрите во Кина  Вниманието на медиумите особено го привлекоа две натпреварувачки, Австријката Жанин Флок и Германката Лиза Буквиќ, бидејќи позираа за познатиот „Плејбој“.

Жанин Флок ќе ја претставува Австрија во скелетон, спорт во кој спортистите лежат на санки на стомак. Лиса Буквиќ ќе се натпреварува за Германија во боб двосед, откако го освои олимпиското злато на последните Игри.

Со своите разголени фотографии, двете спортистки сакаат да ги поттикнат другите жени да постигнат позитивна слика за своето тело. Рекоа дека пред камера почувствувале голем наплив на адреналин, како пред големо натпреварување.

The post Снежните кралици Џенин и Лиза позираа за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>

Џенин Флок и Лиза Буквиќ стекнаа голема популарност уште пред игрите во Кина  Вниманието на медиумите особено го привлекоа две натпреварувачки, Австријката Жанин Флок и Германката Лиза Буквиќ, бидејќи позираа за познатиот „Плејбој“. Жанин Флок ќе ја претставува Австрија во скелетон, спорт во кој спортистите лежат на санки на стомак. Лиса Буквиќ ќе се натпреварува за Германија во боб двосед, откако го освои олимпиското злато на последните Игри. Со своите разголени фотографии, двете спортистки сакаат да ги поттикнат другите жени да постигнат позитивна слика за своето тело. Рекоа дека пред камера почувствувале голем наплив на адреналин, како пред големо натпреварување.

The post Снежните кралици Џенин и Лиза позираа за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>